2. БИСЕРА
Бисеро моме, Бисеро,
шчо носиш бисер на грло?
Твоето грло хубаво
и от дробнаго бисера
хилјада пати побело.
Бисеро моме, Бисеро,
зашчо со бисер покриваш
твоето грло хубаво?
Ја нејку бисер да баца,
тук сака твоето грло.
Бисеро моме, Бисеро,
за кого нижиш бисерот?
За кого готвиш дарои?
Ја дарој бисер не сака,
тук сака мома Бисера.
3. АНАЛИЗА
Мотив: љубовен
Форма: три строфи од по пет стиха-осмерци
Изразни средства: -епитет
-реторско прашање
-реторско обраќање
-рефрен, градација, хипербола
Во првата строфа поетот ја прашува Бисера зошто носи бисери,
кога не и се потребни да ја разубават, нејзиното грло е побело и
од бисер.
Во втората строфа поетот ја открива својата намера да го
бакнува нејзиното грло, односно ја открива својата љубов.
Во третата строфа поетот и кажува на Бисера дека ја сака само
неа, дека не му се потребни никакви материјални богатства.
4. ЖЕЛАНИЕ
Кога ке доит при мене
Кога ке седнит до мене
Така си велеф ката ден.
Ја кога дојде у мене -
как ке излеза пред неја
Да не би дошла никога
5. АНАЛИЗА
Мотив: љубовен
Форма: две строфи од по три стиха - осмерци
Изразни средства: -симплоха
-реторско прашање
Во првата строфа поетот го изразува својот копнеж по саканата
и исчекувањето да ја види.
Во втората строфа се појавува и колебање, поетот почнува и да
се плаши од средбата (можеби смета дека не е доволно добар за
неа и не знае како би се однесувал). На крај одлучува дека
најдобро е да не се сретнат и посакува таа воопшто да не дојде.
6. ГОЛАПЧЕ
Голапче, мало хубаво, голапче златокрилесто,
кога ти дојде при мене? И кога в часот побегна?
Уште ја глас ти не слушнаф, уште те арно не видоф.
Дан' ми се, мило налјути? Дан' ми се добро насрди
заш не ти хубост пофалиф? заш не ти крилја помазниф?
Ела ми, мило, ела ми, ела ми сега при мене.
Ја ке ти хубос пофалам, и ке ти крилја помазнам,
ја ке те тебе назобам се со дробнаго бисера,
ја ке те чува секога, мое ми мило, в пазува!
7. АНАЛИЗА
Мотив: обраќање кон саканата
Форма: две строфи, по пет и четири стиха -
шеснаесетерци
Изразни средства:-епитет
-реторско прашање
-симбол
-анафора
Во првата строфа поетот го прашува гулапчето зошто
избегало, и се обвинува себеси дека поради тоа што не
му обрнал доволно внимание тоа му се налутило.
Во втората строфа го моли да се врати, и дека ако се
врати ќе му надомести, ќе го сака и чува засекогаш.