Претставник на
романтизмот
Роден во Москва 1799
година, во благородничко
семејство
Бил воспитуван и
образуван од приватни
учители од кои го научил
францускиот јазик.
Неговата дадилка, пак,
му ја всадила љубовта кон
рускиот фолклор и народ.
Мајор
С.Л.Пушкин
татко
Надежда
Ганибалова
мајка
Се школувал во Лицејот во
Царско Село во близината
на Санкт Петерсбург
(училиште само за децата
на руските аристократи
каде се стекнал со солидна
наобразба).
Во 1820 тој ја издал својата
прва подолга
поема„Руслан и
Људмила“, која
предизвикала многу
контроверзи за нејзиниот
предмет и стил.
Пушкин во Лицејот
Пушкин станал приврзаник
на општествената реформа и
станал гласноговорник за
литературните радикали.
Ова ја налутило владата и
довело до негов трансфер од
главниот град.
Тој отишол во Кишинев во
1820, каде станал масон.
Останал во Кишинев до 1823
и по едно патување до Кавказ
и Крим напишал две поеми
кои му донеле поширока
слава — „Заробеникот од
Кавказ“ и „Фонтаната на
Во 1823, Пушкин се преселил во Одеса,
каде повторно се судрил со владата, која го
испратила во прогонство на имотот на
неговата мајка во северна Русија од 1824
до 1826.
Додека бил на имотот на мајка си, тој ја
напишал неговата најпозната драма
„Борис Годунов“, но не добил дозвола да ја
издаде, сè до пет години подоцна.
1830 година се случува
Болдинската есен – неговиот
најплоден творечки период,
кога со својата идна сопруга,
прекрасната Наталија
Гончарова, престојува во
селото Болдин. Тогаш ги
пишува последните глави од
„Евгениј Онегин“, триесетина
стихотворби, прозни и
драмски текстови.
Наталија Гончарова
По женидбата живее во
Царско Село во Санкт
Петербург, но неговите
конфликти со дворот
растат. (Кога царот му ја
доделил на Пушкин
најниската дворска
титула, поетот станал
бесен: почувствувал дека
ова не се случило само
поради неговата жена која
сакала да ги посетува
баловите во дворците (а
имала и многу обожувачи,
вклучувајќи го и самиот
цар), туку и поради тоа
дека тие сакале да го
понижуваат.
Во 1837, потпаѓајќи во сè поголемо и поголемо
сомневање во гласините кои велеле дека неговата
жена започнала скандалозна афера, Пушкин го
предизвикал наводниот љубовник на неговата жена,
Жорж д'Анте, на двобој.
Жорж д'Анте
Двобојот на Пушкин и
Жорж Д’Анте
По двобојот биле повредени и
двајцата.
Пушкин починува два дена по
дуелот, на 29 јануари 1837 година.
• Пушкин го сметаат
за зачетник на
новата руска
литература и
создавач на рускиот
литературен јазик.
• Во творештвото на
Пушкин има
неколку периоди.
Пушкин за првпат се почувствувал како поет во Лицејот. Тоа чувство
било полно со ентузијазам и лирска енергија. Во 1814 година, Пушкин
ја печати првата песна „На другарот стихотворец“, а наредната година
ја пишува песната-химна „Спомени од царското село“. Таа претставува
негов прв поголем официјален литературен успех. Ја читал на главниот
испит во Лицејот.
Михаиловско е пресудно за
творечките интересирања на
Пушкин, на прво место
интересот за фолклорот и
историјата. Со нескриено
љубопитство Пушкин ги
проучувал пазарите, имотите и
црквите, ги бележел гатанките,
поговорките, бајките. Во едно
писмо до својот брат, тој пишал:
…Навечер слушам бајки - и со
тоа го надополнувам
недостатокот од моето проклето
образование. Каква убавина се
тие бајки! Секоја од нив е
поема!...
Критиката ги смета многу од
неговите дела за ремек-дела, како
што е поемата „Бронзениот
коњаник“ и драмата „Камениот
гостин“.
Неговата кратка драма „Моцарт и
Салиери“ послужила како
либрето на истоимената опера од
Римски-Корсаков.
Самиот Пушкин ја преферирал
неговата новела во стихови
„Евгениј Онегин“, која ја
напишал по елементи на
неговиот живот