SlideShare une entreprise Scribd logo
1  sur  29
 Кошарката е тимски спорт во кој пет играчи од
два различни тимови се обидуваат да постигнат
што повеќе поени преку давање кош, односно
преку уфрлање на топката низ хоризонтален
обрач, на височина од 3 метра. Од едната
страна на теренот до другата, топката
се преносува преку топкање и подавање на
останатите членови на тимот. Во 1891,
Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измисли играта
кошарка, со 7 правила од кои 6 сеуште се
користат денес. Најсмит беше важен пропонент
за развитокот на женскатa кошарка, и за
раширувањето на играта низ Северна Америка.
Две најсилни кошаркарски лиги во светот се
Европската Евролига и Северно-американската
Национална Кошаркарска Асоцијација.
Кошарката е распространета на сите континенти
и е најбрзо-растечкиот спорт на земјата. Во
Македонија, најсилната кошаркарска лига е
Македонската Прва Лига.
1.Организатор на игра, разигрувач или плејмејкер е назив за позиција на
играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со голема
брзина, добра техника и водење на топката. Често во кошарката оваа
позиција се бележи со „единица“ поточно со бројот 1.
Од самиот назив кој на англиски значи „раководител на игра“, може да се
свати и неговата улога.
Најпознат играч на оваа позиција се смета дека бил Меџик Џонсон.
2.Бек е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е
резервирана за играчи со добар шут и голема брзина. Често во кошарката
оваа позиција се бележи со „двојка“ поточно со бројот 2.
Основната улога на овој играч е да постигне поени од дистанца, така што
често за оваа позиција се кажува дека е и шутерска.
Најпознат играч кој што ја играл оваа позиција е Мајкл Џордан.
3.Крило е назив за позиција на играч во кошарката.Оваа позиција е
резервирана за играчи со добар шут и нешто поголема висина. Често во
кошарката оваа позиција се бележи со “тројка” поточно со бројот 3.
Основната улога на овој играч е поентирање на голем број поени. Сепак
покрај тоа, доста е важен и во одбраната затоа што крилото е играч кој може
добро да ги чува сите позиции.
Најпознати играчи на оваа позиција биле Лари Берд и Скоти Пипен.
4.Крилни центар е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа
позиција е резервирана за играчи со голема сила и придвижување.
Често во кошарката оваа позиција се бележи со “четворка” поточно со
бројот 4. Една од основните улоги на овој играч е помош на центарот
во рекетот, како и во напад така и во одбраната.
Најпознат играч на оваа позиција бил Карл Малон, но исто така биле
познати и Чарлс Баркли, Кевин Гарнет, како и Тим Данкан.
5.Центар е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е
резервирана за играчи со голема сила и висина. Често во кошарката
оваа позиција се бележи со “пет” поточно со бројот 5. Една од
основните улоги на овој играч е игра во рекетот, како во фаза на
напад така и во одбраната. Еден од од најпознатите играчи на оваа
позиција бил Карим Абдул-Џабар, а тука е и Шекил О’Нил.
 Едно специфичното координирано движење во кошарката е
движењето во кошаркарски став. Истиот треба коректно да се
совлада уште во најрана возраст. Движењето во кошаркарски став
на играчите им овозможува многу предности во однос на
класичното движење. Играчот обезбедува поголема потпорна
површина , подобра рамнотежа на телото и подобро завземање на
просторот со што моментално може да започне акцијата, потоа
брза промена на улогите од одбрана во контранапад и на крајот
на акцијата се обезбедува сигурно запирање и стабилност. Во
зависност од положбата на рамениците во однос на стaпалата
разликуваме два ставови и тоа : дијагонален и паралелен. И
едниот и другиот може успешно да се применува во одбрана и
напад. Но преовладува мислењето дека дијагоналниот став
повеќе се користи во одбрана, а паралелниот во напад. Кај
паралелниот став полесно се движиме во една и друга страна, а и
поаѓањето напред е по брзо од паралелен став.
Овој став се нарекува паралелен затоа што
осовините со кои се спојуваат телото во однос на стaпалата се
паралелни. Стaпалата се паралелни, а растојанието помеѓу
едното и другото стопало е приближно една стапка, односно тоа е
најмалото растојание, а тоа се зголемува во зависност од акцијата
која следи, како и од висината на играчот, односно неговата
конституција. Тежината на телото подеднакво е распоредена на
обете нозе (на предниот дел од стапалата). Нозете се благо
свиени во колената (агол помал од 90 степени, затоа што ќе
немаме можност за брз старт), карлицата е повлечена наназад,
како компензација за подобра рамнотежа. Телото е наведнато
малку кон напред, главата е подогната за да имаме подобра
рамнотежа. Рацете се свиени во лактовите, а во одбрана косо кон
горе или пак едната косо, а другата косо доле со дланките свртени
кон горе. Во нападот рацете ќе бидат пред телото спремни за
примање на топка. Кај одбрамбениот став растојанието помегу
стaпaлата, како и свиеноста на колената мора да биде поголема.
Сето ова се реализира за да добиеме поголема стабилност и
подвижност.
 Овој став е карактеристичен по тоа што колковите и
рамениците не се насочени во ист правец. Колковите се
косо во однос на правецот на движење. Стaпалата се
свртени кон иста страна, со растојание како и кај
паралениот став, но со тоа што стaпалото од левата нога е
нешто понапред од стaпалото на деснта нога, т.е. прстите
треба да се наогаат приближно во висина на петата на
исчекорената нога. Рамениците се малку свртени во
правецот на движење. Поради тоа потребно е телото да го
засукаме во страна на исчекорената нога. Кај дијагоналниот
кошаркарски став, имаме поголема можност за
пренесување на тежината на телото од една на друга нога и
со тоа ја зголемуваме подвижноста на телото косо напред и
косо назад. Положбата на телото, рацете и свиеноста на
колената одговара на моментите како и кај паралелниот
став.
 Шутирањето претставува обид да се постигнат бодови со
фрлање на топката низ баскетот. Методите на шутирање може
да варираат кај играчите и во различни ситуации, но
најопштата техника може во најкратки црти да се види овде.
 Играчот треба да биде позициониран така што ќе биде насочен
кон обрачот, со нозете одалечени од рамото, колената се малку
свиткани, а грбот е исправен. Играчот ја држи топката во
доминантната рака (раката со која шутира), малку горе над
главата, со другата рака од другата страна на топката. За да ја
нишани топката, лакот на играчот треба да биде подреден
вертикално, а однапред да се насочи кон баскетот. Топката се
шутира со свиткување и продолжување на раката со која се
шутира, за да се исправи. Топката се тркала на краевите од
прстите, додека рачниот зглоб е полусвиткан надолу. Кога
раката со која се шутира е фиксирана моментално, а топката е
исфрлена, тоа значи дека следи удар. Сето тоа е поврзано за
да се обезбеди прецизност.
Општо, раката со која не се шутира се употребува само за да води
шутот, но не и да го реализира. Играчите често се обидуваат постојано
да ја вртат топката да го намалат влијанието од нејзин удар.
Совршенета траекторија на шутот е доста дискутабилна, но стрелците
можат да употребуваат табла за да ја пренасочат топката во баскетот.
Двете најопшти шутирања кои погоре беа објаснети се поставен шут
и шут од скок. Поставениот шут е реализиран од стоечка позиција, кога
ниедна нога не го напушта подот, а обично се употребува за слободни
фрлања. Шутот од скок се реализира во воздух, при највисок скок. Ова
обезбедува поголема сила и простор, а исто така му дозволува на
играчот да се подигне над дефанзивецот. Неуспехот да се исфрли
топката пред играчот да се врати на теренот се нарекува патувачки
прекршок.
Друг општ шут се нарекува приковен шут. Овој шут бара од
играчот да биде во движење околу баскетот и да ја прикови
топката во баскетот, обично надвор од таблата (слободна табла,
верзија на ниско фрлање се нарекува тркалење низ прсти).
Најомилениот шут на публиката со најголем степен на
прецизност е забивањето, во кој играчот скокнува многу високо и
ја шутира топката надолу, право низ обрачот.
Друг општ шут е вкрстениот шут. Овој шут е со низок процент и
се исфрла или се забива во обрачот, додека играчот нема
рамнотежа, е во воздух, паѓа и/или е свртен од баскетот. Шут кој
ги промашува работ и таблата на баскетот, се вели дека
е воздушна топка. Посебно лош шут, или оној шут кој само ја
удира таблата, шеговито се нарекува тула.
 Шутирањето на топка преку глава од страна или хорог. Може да
се шутира од место во скок или од движење. Фрлањето на
топката може да биде параболично или праволиниско.
Фрлањето го започнуваме во дијагонален став со спротивната
нога од раката со која што фрламе да е одразна. Телотото
треба да е бочно свртено, во однос на правецот на додавање.
Топката ја држиме со двете раце напред пред телото и малку
во страна. За деснаците , со левата рака ја потиснуваме
топката, заедно со десната испружена рака косо доле и во
страна. Дланката од десната рака на почеток се наога малку
под топката , а потоа со целата рака се свртуваме во рамото
така што дланката да дојде под топката. Од таа положба
го започнуваме исфрлањето на топката. Во попчетокот
дланката ја потиснува топката од подлактицата, која дава
поголема сигурност.
Скоро испружената рака лачно започнува да се движи,
потиснувајки ја топката во правец над главата , а претечката рака
ја напушта топката нешто над десното рамото. Натамошните
движења на фрлањето на кош се реализира со свиена рака во
подлактицата, дланката и прстите. Паралелно со тоа се
реализира и снажно замавнување со десната надколеница
нагоре и свивање на подколеницата во коленото, додека пак со
левата нога играчот се одразува во височина. Моментот на
напуштање на топката, а со тоа и нејзината патека ја одредува
дланката и прстите. Ако предвреме ја твориме дланката и
прстите топката ќе се движи по повисока парабола, а ако тоа го
сториме покасно, патеката ќе биде поблиску до праволиниско
движење.
 Топката се одбива од подлогата, десната рака е
благо свиткана и насочена надолу, шаката зафрлена наназад
со благо свиткани прсти. Првиот контакт се стварува преку
прстите и топката влегува во дланката и со потискување на
шаката се врши потиснување кон подот. Амортизацијата на
топката завршува во висина на колкот, од каде што започнува
фазата на потискување на топката кон подот. При потиснување
на топката подлактицата се пружа во лакотниот зглоб, а
завршното дејство врз топката го има дланката, а рамото оди
предрачно кон долу. Кога нема противнички играч левата рака
е благо свиткана во лактот и спуштена крај телото. Кога постои
дуел, левата рака се поставува бочно во хоризонтала свиена
во лактот со што се држи растојание од противникот.
Левата нога се поставува помегу противникот и топката, со што се
врши заштита од нејзино одбивање или одземање.Кај ниското
водење на топка тежиштето на телото е спуштено пониско,
колената свиени повеке и скратен е патот на потиснување и
одбивање на топката. Ова водење се користи најчесто во дуел игра
со противник и се овозможува целосна заштита на топката.
Ниското водење предизвикува замор и се применува кога има
директен дуел со противникот. Кога противникот се наога на
поголемо растојание се користи високо водење. Тогаш има
растеретување на мускулатурата и полесно движење и
одземањето на топката е намаелено. Водењето е успешно
совладано кога ученикот може: да води подеднакво со лева и
десна, да не ја гледа топката (слепо водење), да води и во трчање
со промена на правец и брзина, да има добар преглед при водење
и кога има крај себе противнички играч.
 За оваа одбрана може слободно да се каже дека е
најзастапена во современата кошарка и претставува
колективна одбрана, без разлика на името. Кај овој вид на
одбрана секој играч е задолжен да држи (чува) еден точно
определен играч независно од тоа каде се наога топката.
Распоредот на играчите во голема мера е во зависност од
поставата која е во игра, односно индивидуалните
способности на играчите од одбраната и нападот.
Вообичаено е да највисоките одбранбени играчи да ги
чуваат највисокоте противнички играчи (центар – центар,
крило – крило), но често пати условите на игра
предизвикуваат отстапувања од вообичаената практика (се
случува повисок играч да е задолжен за понизок) , што не
значи дека не постојат строго пропишани норми.
Во зависност од начинот и просторот на кој се игра може да биде:
– одбрана “човек на човек” во зоната на шутот
– одбрана “човек на човек” на својата половина
– пресинг игра – на цел терен, на три четвртини од теренот или
половина терен
Одбрана “човек на човек” во зоната на шутот
Овој вид на одбрана се организира околу полето за три поени и
најчесто се игра против екипи кои немаат добри шутери од поголемо
растојание. Секој одбрамбен играч го следи играчот за кој е
задолжен, при тоа внимавајки да не наиде на поставената блокада и
да биде спремен во секое време да изврши превземање на
противнички играч. Ваквата одбрана го отежнува нападот и создава
услови за успешна скок игра под сопствениот кош.
Човек на човек на половина терен
Кај ваквиот начин на одбрана, противничките играчи се чуваат од
моментот кога ќе ја поминат средната линија. Врз играчот со топка
се оди агресивно за да му се намали маневарскиот простор.
Одбрамбените играчи треба да настојуваат да го наведе
противникот со топка кон аглите на средината на теренот, со што ќе
се создадат услови за негово удвојување со најблискиот соиграч.
Останатите играчи во ваква ситуација се поставуват мегу играчите
од нападот и играчот со топка и го попречуваат додавањето
односно приемот на топката. Оваа одбрана е многу ефективна
против екипи кои имаат добри шутери од големи растојанија и
уиграни комбинации против екипи кои се технички неподготвени.
Лоши страни на оваа одбрана се тие што е намамлена можноста
за прев-земање на противнички играч, се прават многу лични
грешки.
Тоа е нај активна и нај агресивна форма на организирање
на играта во одбрана. Одбранбените играчи треба да го
попречуваат внесувањето на топката од крајните линии или
со повлекување да го оневозможуваат додавањето. За да се
постигне оваа цел, одбранбените играчи мора да бидат
поставени мегу напагачот и топката. Кога се чува играчот со
топка, тој треба да се принудува да води со послабата рака
и да биде усмеруван кон аглите или страничните линии, со
што ќе се создаваат услови за негово делување. Ако
пресингот се игра на три четвртини од игралишт ето,
активното дејство на одбранбените играчи започнуваатпред
линијата за три поени. Кога се игра пресинг на сопствената
половина, активните дејствија започнуваат штом
противникот ја помионе средишната линија на теренот
.
Пресингот е многу ефикасен кога:противникот е физички слабо
подготвен, не владее добро со техничките елементи на водење
и додавање, тактички слабо подготвен. Пресингот овозможува
брз пресврт на резултатот и затоа често се применува на крајот
на натпреварот. Слаби страни на пресингот се: од играчите се
бара голема физичка подготвеност, ја отежнува соработката во
одбраната, условува правење на голем број на лични грешки,
потребно е големо време за обука и подготовка на играчите за
употреба на пресингот.
 Во кошарката има повеќе видови на напад како на
пример позиционен напад,напад на зона 2-2-1,и
напад на зона 2-3.Позициониот напад е најчесто
игран,додека нападот на зона зависи и од одбраната
на противничките играчи.Кога противничката
одбрана е поставена во зона Потребно е да се знаат
карак-теристиките на одбраната. Слабости на
зонскатаодбран се :
– неможност за спротивставување на екипи кои
имаат добри шутери од
големо растојание.
– можност за нејзино развлекување, со што се
нарушува нејзината непробивност
-нејзинио оптоварување (со уфрлање на еден играч)
со што се постигнува бројчана предност на еден дел
од одбраната. Зонската одбрана треба да се напага
ако е можно додека не е формирана. Најефикасен
напад против зонската одбрана е контранападот, кој
поради големата брзина не дозволува да се
формира зоната и нејзини
консолидирање. Ефикасно средство за разбивање
на зонската одбрана е шутот од растојание или полу
растојание.
Кај нападот на зонската одбрана постојат две
фази: подготвителна и извршна.
 Подготвителната фаза се одликува со брзи
додавања на топката, со цел да се наруши
рамнотежата на зонската одбрана при што доаѓа
до создавање на пукнатини кои би овозможиле
лесно влегување во неа.
 Извршната фаза започнува во оној момент кога
играчите од нападот влегуваат во зоната и се
поставуваат на позициите кои се нај опасни за
противничкиот кош или во моментот кога
играчот од нападот успеал да прими топка во
поволна позиција за шут или продор кон кошот.
Во зависност од видот на поставеноста на
зонската одбрана се организира и нападот
против неа. На следните два цртежа прикажани
се почетните формации на нападот против
зонска одбрана
ЗОНА 2-3
ЗОНА2-3
Зона 2-3 Зона 2-2-1

Contenu connexe

Tendances

Principios Ofensivos
Principios OfensivosPrincipios Ofensivos
Principios OfensivosRob
 
Voleibol na escola
Voleibol na escolaVoleibol na escola
Voleibol na escolaevandrolhp
 
Propósito e Design Thinking. O que isso tem a ver com você.
Propósito e Design Thinking. O que isso tem a ver com você. Propósito e Design Thinking. O que isso tem a ver com você.
Propósito e Design Thinking. O que isso tem a ver com você. Frederico Abreu
 
seminário sobre Voleibol
seminário sobre Voleibol seminário sobre Voleibol
seminário sobre Voleibol Ronaldo Junior
 
Liderança e a Inteligência Emocional
Liderança e a Inteligência EmocionalLiderança e a Inteligência Emocional
Liderança e a Inteligência EmocionalRafael Taguchi
 
Modelo de Jogo e Morfociclo Padrão de Carlo Ancelotti
Modelo de Jogo e Morfociclo Padrão de Carlo AncelottiModelo de Jogo e Morfociclo Padrão de Carlo Ancelotti
Modelo de Jogo e Morfociclo Padrão de Carlo AncelottiFundação Real Madrid
 
Organização defensiva aula_braga2008_nivel_2_joão carlos costa
Organização defensiva aula_braga2008_nivel_2_joão carlos costaOrganização defensiva aula_braga2008_nivel_2_joão carlos costa
Organização defensiva aula_braga2008_nivel_2_joão carlos costaJoão Carlos Costa
 
Slide de futsal para aula de ed. física
Slide de futsal para aula de ed. físicaSlide de futsal para aula de ed. física
Slide de futsal para aula de ed. físicaLisleia Macedo
 
Tabela jogos escolares
Tabela jogos escolaresTabela jogos escolares
Tabela jogos escolaresprefeitodeipu
 
Análise Tática de Futebol
Análise Tática de FutebolAnálise Tática de Futebol
Análise Tática de FutebolClaudio Roberto
 
Rozwój inteligencji piłkarskiej wg koncepcji Weina
Rozwój inteligencji piłkarskiej wg koncepcji WeinaRozwój inteligencji piłkarskiej wg koncepcji Weina
Rozwój inteligencji piłkarskiej wg koncepcji WeinaWojciech Makowski
 
Styl gry jako implikacja do budowy procesu szkolenia
Styl gry jako implikacja do budowy procesu szkoleniaStyl gry jako implikacja do budowy procesu szkolenia
Styl gry jako implikacja do budowy procesu szkoleniaOstoja Skierbieszów Kids
 
PERIODIZACIÓN TÁCTICA - INEFC LLEIDA
PERIODIZACIÓN TÁCTICA - INEFC LLEIDA PERIODIZACIÓN TÁCTICA - INEFC LLEIDA
PERIODIZACIÓN TÁCTICA - INEFC LLEIDA ernestcat
 

Tendances (20)

Principios Ofensivos
Principios OfensivosPrincipios Ofensivos
Principios Ofensivos
 
Voleibol na escola
Voleibol na escolaVoleibol na escola
Voleibol na escola
 
Voleibol cycyro
Voleibol cycyroVoleibol cycyro
Voleibol cycyro
 
Propósito e Design Thinking. O que isso tem a ver com você.
Propósito e Design Thinking. O que isso tem a ver com você. Propósito e Design Thinking. O que isso tem a ver com você.
Propósito e Design Thinking. O que isso tem a ver com você.
 
seminário sobre Voleibol
seminário sobre Voleibol seminário sobre Voleibol
seminário sobre Voleibol
 
Liderança e a Inteligência Emocional
Liderança e a Inteligência EmocionalLiderança e a Inteligência Emocional
Liderança e a Inteligência Emocional
 
Modelo de Jogo e Morfociclo Padrão de Carlo Ancelotti
Modelo de Jogo e Morfociclo Padrão de Carlo AncelottiModelo de Jogo e Morfociclo Padrão de Carlo Ancelotti
Modelo de Jogo e Morfociclo Padrão de Carlo Ancelotti
 
Organização defensiva aula_braga2008_nivel_2_joão carlos costa
Organização defensiva aula_braga2008_nivel_2_joão carlos costaOrganização defensiva aula_braga2008_nivel_2_joão carlos costa
Organização defensiva aula_braga2008_nivel_2_joão carlos costa
 
Voleibol
VoleibolVoleibol
Voleibol
 
Slide de futsal para aula de ed. física
Slide de futsal para aula de ed. físicaSlide de futsal para aula de ed. física
Slide de futsal para aula de ed. física
 
Art 17 saque
Art 17 saqueArt 17 saque
Art 17 saque
 
Tabela jogos escolares
Tabela jogos escolaresTabela jogos escolares
Tabela jogos escolares
 
Análise Tática de Futebol
Análise Tática de FutebolAnálise Tática de Futebol
Análise Tática de Futebol
 
Dinâmica Castelo de Cartas
Dinâmica Castelo de CartasDinâmica Castelo de Cartas
Dinâmica Castelo de Cartas
 
Rozwój inteligencji piłkarskiej wg koncepcji Weina
Rozwój inteligencji piłkarskiej wg koncepcji WeinaRozwój inteligencji piłkarskiej wg koncepcji Weina
Rozwój inteligencji piłkarskiej wg koncepcji Weina
 
Styl gry jako implikacja do budowy procesu szkolenia
Styl gry jako implikacja do budowy procesu szkoleniaStyl gry jako implikacja do budowy procesu szkolenia
Styl gry jako implikacja do budowy procesu szkolenia
 
PERIODIZACIÓN TÁCTICA - INEFC LLEIDA
PERIODIZACIÓN TÁCTICA - INEFC LLEIDA PERIODIZACIÓN TÁCTICA - INEFC LLEIDA
PERIODIZACIÓN TÁCTICA - INEFC LLEIDA
 
Jogos motores de invasão
Jogos motores de invasãoJogos motores de invasão
Jogos motores de invasão
 
A Historia do Voleibol
A Historia do Voleibol A Historia do Voleibol
A Historia do Voleibol
 
El voleibol
El voleibol El voleibol
El voleibol
 

Kosharka Makedonija

  • 1.
  • 2.  Кошарката е тимски спорт во кој пет играчи од два различни тимови се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлање на топката низ хоризонтален обрач, на височина од 3 метра. Од едната страна на теренот до другата, топката се преносува преку топкање и подавање на останатите членови на тимот. Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измисли играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сеуште се користат денес. Најсмит беше важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка, и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Две најсилни кошаркарски лиги во светот се Европската Евролига и Северно-американската Национална Кошаркарска Асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзо-растечкиот спорт на земјата. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
  • 3. 1.Организатор на игра, разигрувач или плејмејкер е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со голема брзина, добра техника и водење на топката. Често во кошарката оваа позиција се бележи со „единица“ поточно со бројот 1. Од самиот назив кој на англиски значи „раководител на игра“, може да се свати и неговата улога. Најпознат играч на оваа позиција се смета дека бил Меџик Џонсон. 2.Бек е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со добар шут и голема брзина. Често во кошарката оваа позиција се бележи со „двојка“ поточно со бројот 2. Основната улога на овој играч е да постигне поени од дистанца, така што често за оваа позиција се кажува дека е и шутерска. Најпознат играч кој што ја играл оваа позиција е Мајкл Џордан. 3.Крило е назив за позиција на играч во кошарката.Оваа позиција е резервирана за играчи со добар шут и нешто поголема висина. Често во кошарката оваа позиција се бележи со “тројка” поточно со бројот 3. Основната улога на овој играч е поентирање на голем број поени. Сепак покрај тоа, доста е важен и во одбраната затоа што крилото е играч кој може добро да ги чува сите позиции. Најпознати играчи на оваа позиција биле Лари Берд и Скоти Пипен.
  • 4. 4.Крилни центар е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со голема сила и придвижување. Често во кошарката оваа позиција се бележи со “четворка” поточно со бројот 4. Една од основните улоги на овој играч е помош на центарот во рекетот, како и во напад така и во одбраната. Најпознат играч на оваа позиција бил Карл Малон, но исто така биле познати и Чарлс Баркли, Кевин Гарнет, како и Тим Данкан. 5.Центар е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со голема сила и висина. Често во кошарката оваа позиција се бележи со “пет” поточно со бројот 5. Една од основните улоги на овој играч е игра во рекетот, како во фаза на напад така и во одбраната. Еден од од најпознатите играчи на оваа позиција бил Карим Абдул-Џабар, а тука е и Шекил О’Нил.
  • 5.
  • 6.
  • 7.
  • 8.  Едно специфичното координирано движење во кошарката е движењето во кошаркарски став. Истиот треба коректно да се совлада уште во најрана возраст. Движењето во кошаркарски став на играчите им овозможува многу предности во однос на класичното движење. Играчот обезбедува поголема потпорна површина , подобра рамнотежа на телото и подобро завземање на просторот со што моментално може да започне акцијата, потоа брза промена на улогите од одбрана во контранапад и на крајот на акцијата се обезбедува сигурно запирање и стабилност. Во зависност од положбата на рамениците во однос на стaпалата разликуваме два ставови и тоа : дијагонален и паралелен. И едниот и другиот може успешно да се применува во одбрана и напад. Но преовладува мислењето дека дијагоналниот став повеќе се користи во одбрана, а паралелниот во напад. Кај паралелниот став полесно се движиме во една и друга страна, а и поаѓањето напред е по брзо од паралелен став.
  • 9. Овој став се нарекува паралелен затоа што осовините со кои се спојуваат телото во однос на стaпалата се паралелни. Стaпалата се паралелни, а растојанието помеѓу едното и другото стопало е приближно една стапка, односно тоа е најмалото растојание, а тоа се зголемува во зависност од акцијата која следи, како и од висината на играчот, односно неговата конституција. Тежината на телото подеднакво е распоредена на обете нозе (на предниот дел од стапалата). Нозете се благо свиени во колената (агол помал од 90 степени, затоа што ќе немаме можност за брз старт), карлицата е повлечена наназад, како компензација за подобра рамнотежа. Телото е наведнато малку кон напред, главата е подогната за да имаме подобра рамнотежа. Рацете се свиени во лактовите, а во одбрана косо кон горе или пак едната косо, а другата косо доле со дланките свртени кон горе. Во нападот рацете ќе бидат пред телото спремни за примање на топка. Кај одбрамбениот став растојанието помегу стaпaлата, како и свиеноста на колената мора да биде поголема. Сето ова се реализира за да добиеме поголема стабилност и подвижност.
  • 10.  Овој став е карактеристичен по тоа што колковите и рамениците не се насочени во ист правец. Колковите се косо во однос на правецот на движење. Стaпалата се свртени кон иста страна, со растојание како и кај паралениот став, но со тоа што стaпалото од левата нога е нешто понапред од стaпалото на деснта нога, т.е. прстите треба да се наогаат приближно во висина на петата на исчекорената нога. Рамениците се малку свртени во правецот на движење. Поради тоа потребно е телото да го засукаме во страна на исчекорената нога. Кај дијагоналниот кошаркарски став, имаме поголема можност за пренесување на тежината на телото од една на друга нога и со тоа ја зголемуваме подвижноста на телото косо напред и косо назад. Положбата на телото, рацете и свиеноста на колената одговара на моментите како и кај паралелниот став.
  • 11.  Шутирањето претставува обид да се постигнат бодови со фрлање на топката низ баскетот. Методите на шутирање може да варираат кај играчите и во различни ситуации, но најопштата техника може во најкратки црти да се види овде.  Играчот треба да биде позициониран така што ќе биде насочен кон обрачот, со нозете одалечени од рамото, колената се малку свиткани, а грбот е исправен. Играчот ја држи топката во доминантната рака (раката со која шутира), малку горе над главата, со другата рака од другата страна на топката. За да ја нишани топката, лакот на играчот треба да биде подреден вертикално, а однапред да се насочи кон баскетот. Топката се шутира со свиткување и продолжување на раката со која се шутира, за да се исправи. Топката се тркала на краевите од прстите, додека рачниот зглоб е полусвиткан надолу. Кога раката со која се шутира е фиксирана моментално, а топката е исфрлена, тоа значи дека следи удар. Сето тоа е поврзано за да се обезбеди прецизност.
  • 12. Општо, раката со која не се шутира се употребува само за да води шутот, но не и да го реализира. Играчите често се обидуваат постојано да ја вртат топката да го намалат влијанието од нејзин удар. Совршенета траекторија на шутот е доста дискутабилна, но стрелците можат да употребуваат табла за да ја пренасочат топката во баскетот. Двете најопшти шутирања кои погоре беа објаснети се поставен шут и шут од скок. Поставениот шут е реализиран од стоечка позиција, кога ниедна нога не го напушта подот, а обично се употребува за слободни фрлања. Шутот од скок се реализира во воздух, при највисок скок. Ова обезбедува поголема сила и простор, а исто така му дозволува на играчот да се подигне над дефанзивецот. Неуспехот да се исфрли топката пред играчот да се врати на теренот се нарекува патувачки прекршок.
  • 13. Друг општ шут се нарекува приковен шут. Овој шут бара од играчот да биде во движење околу баскетот и да ја прикови топката во баскетот, обично надвор од таблата (слободна табла, верзија на ниско фрлање се нарекува тркалење низ прсти). Најомилениот шут на публиката со најголем степен на прецизност е забивањето, во кој играчот скокнува многу високо и ја шутира топката надолу, право низ обрачот. Друг општ шут е вкрстениот шут. Овој шут е со низок процент и се исфрла или се забива во обрачот, додека играчот нема рамнотежа, е во воздух, паѓа и/или е свртен од баскетот. Шут кој ги промашува работ и таблата на баскетот, се вели дека е воздушна топка. Посебно лош шут, или оној шут кој само ја удира таблата, шеговито се нарекува тула.
  • 14.
  • 15.  Шутирањето на топка преку глава од страна или хорог. Може да се шутира од место во скок или од движење. Фрлањето на топката може да биде параболично или праволиниско. Фрлањето го започнуваме во дијагонален став со спротивната нога од раката со која што фрламе да е одразна. Телотото треба да е бочно свртено, во однос на правецот на додавање. Топката ја држиме со двете раце напред пред телото и малку во страна. За деснаците , со левата рака ја потиснуваме топката, заедно со десната испружена рака косо доле и во страна. Дланката од десната рака на почеток се наога малку под топката , а потоа со целата рака се свртуваме во рамото така што дланката да дојде под топката. Од таа положба го започнуваме исфрлањето на топката. Во попчетокот дланката ја потиснува топката од подлактицата, која дава поголема сигурност.
  • 16. Скоро испружената рака лачно започнува да се движи, потиснувајки ја топката во правец над главата , а претечката рака ја напушта топката нешто над десното рамото. Натамошните движења на фрлањето на кош се реализира со свиена рака во подлактицата, дланката и прстите. Паралелно со тоа се реализира и снажно замавнување со десната надколеница нагоре и свивање на подколеницата во коленото, додека пак со левата нога играчот се одразува во височина. Моментот на напуштање на топката, а со тоа и нејзината патека ја одредува дланката и прстите. Ако предвреме ја твориме дланката и прстите топката ќе се движи по повисока парабола, а ако тоа го сториме покасно, патеката ќе биде поблиску до праволиниско движење.
  • 17.  Топката се одбива од подлогата, десната рака е благо свиткана и насочена надолу, шаката зафрлена наназад со благо свиткани прсти. Првиот контакт се стварува преку прстите и топката влегува во дланката и со потискување на шаката се врши потиснување кон подот. Амортизацијата на топката завршува во висина на колкот, од каде што започнува фазата на потискување на топката кон подот. При потиснување на топката подлактицата се пружа во лакотниот зглоб, а завршното дејство врз топката го има дланката, а рамото оди предрачно кон долу. Кога нема противнички играч левата рака е благо свиткана во лактот и спуштена крај телото. Кога постои дуел, левата рака се поставува бочно во хоризонтала свиена во лактот со што се држи растојание од противникот.
  • 18. Левата нога се поставува помегу противникот и топката, со што се врши заштита од нејзино одбивање или одземање.Кај ниското водење на топка тежиштето на телото е спуштено пониско, колената свиени повеке и скратен е патот на потиснување и одбивање на топката. Ова водење се користи најчесто во дуел игра со противник и се овозможува целосна заштита на топката. Ниското водење предизвикува замор и се применува кога има директен дуел со противникот. Кога противникот се наога на поголемо растојание се користи високо водење. Тогаш има растеретување на мускулатурата и полесно движење и одземањето на топката е намаелено. Водењето е успешно совладано кога ученикот може: да води подеднакво со лева и десна, да не ја гледа топката (слепо водење), да води и во трчање со промена на правец и брзина, да има добар преглед при водење и кога има крај себе противнички играч.
  • 19.
  • 20.  За оваа одбрана може слободно да се каже дека е најзастапена во современата кошарка и претставува колективна одбрана, без разлика на името. Кај овој вид на одбрана секој играч е задолжен да држи (чува) еден точно определен играч независно од тоа каде се наога топката. Распоредот на играчите во голема мера е во зависност од поставата која е во игра, односно индивидуалните способности на играчите од одбраната и нападот. Вообичаено е да највисоките одбранбени играчи да ги чуваат највисокоте противнички играчи (центар – центар, крило – крило), но често пати условите на игра предизвикуваат отстапувања од вообичаената практика (се случува повисок играч да е задолжен за понизок) , што не значи дека не постојат строго пропишани норми.
  • 21. Во зависност од начинот и просторот на кој се игра може да биде: – одбрана “човек на човек” во зоната на шутот – одбрана “човек на човек” на својата половина – пресинг игра – на цел терен, на три четвртини од теренот или половина терен Одбрана “човек на човек” во зоната на шутот Овој вид на одбрана се организира околу полето за три поени и најчесто се игра против екипи кои немаат добри шутери од поголемо растојание. Секој одбрамбен играч го следи играчот за кој е задолжен, при тоа внимавајки да не наиде на поставената блокада и да биде спремен во секое време да изврши превземање на противнички играч. Ваквата одбрана го отежнува нападот и создава услови за успешна скок игра под сопствениот кош.
  • 22. Човек на човек на половина терен Кај ваквиот начин на одбрана, противничките играчи се чуваат од моментот кога ќе ја поминат средната линија. Врз играчот со топка се оди агресивно за да му се намали маневарскиот простор. Одбрамбените играчи треба да настојуваат да го наведе противникот со топка кон аглите на средината на теренот, со што ќе се создадат услови за негово удвојување со најблискиот соиграч. Останатите играчи во ваква ситуација се поставуват мегу играчите од нападот и играчот со топка и го попречуваат додавањето односно приемот на топката. Оваа одбрана е многу ефективна против екипи кои имаат добри шутери од големи растојанија и уиграни комбинации против екипи кои се технички неподготвени. Лоши страни на оваа одбрана се тие што е намамлена можноста за прев-земање на противнички играч, се прават многу лични грешки.
  • 23.
  • 24. Тоа е нај активна и нај агресивна форма на организирање на играта во одбрана. Одбранбените играчи треба да го попречуваат внесувањето на топката од крајните линии или со повлекување да го оневозможуваат додавањето. За да се постигне оваа цел, одбранбените играчи мора да бидат поставени мегу напагачот и топката. Кога се чува играчот со топка, тој треба да се принудува да води со послабата рака и да биде усмеруван кон аглите или страничните линии, со што ќе се создаваат услови за негово делување. Ако пресингот се игра на три четвртини од игралишт ето, активното дејство на одбранбените играчи започнуваатпред линијата за три поени. Кога се игра пресинг на сопствената половина, активните дејствија започнуваат штом противникот ја помионе средишната линија на теренот
  • 25. . Пресингот е многу ефикасен кога:противникот е физички слабо подготвен, не владее добро со техничките елементи на водење и додавање, тактички слабо подготвен. Пресингот овозможува брз пресврт на резултатот и затоа често се применува на крајот на натпреварот. Слаби страни на пресингот се: од играчите се бара голема физичка подготвеност, ја отежнува соработката во одбраната, условува правење на голем број на лични грешки, потребно е големо време за обука и подготовка на играчите за употреба на пресингот.
  • 26.  Во кошарката има повеќе видови на напад како на пример позиционен напад,напад на зона 2-2-1,и напад на зона 2-3.Позициониот напад е најчесто игран,додека нападот на зона зависи и од одбраната на противничките играчи.Кога противничката одбрана е поставена во зона Потребно е да се знаат карак-теристиките на одбраната. Слабости на зонскатаодбран се : – неможност за спротивставување на екипи кои имаат добри шутери од големо растојание. – можност за нејзино развлекување, со што се нарушува нејзината непробивност
  • 27. -нејзинио оптоварување (со уфрлање на еден играч) со што се постигнува бројчана предност на еден дел од одбраната. Зонската одбрана треба да се напага ако е можно додека не е формирана. Најефикасен напад против зонската одбрана е контранападот, кој поради големата брзина не дозволува да се формира зоната и нејзини консолидирање. Ефикасно средство за разбивање на зонската одбрана е шутот од растојание или полу растојание. Кај нападот на зонската одбрана постојат две фази: подготвителна и извршна.
  • 28.  Подготвителната фаза се одликува со брзи додавања на топката, со цел да се наруши рамнотежата на зонската одбрана при што доаѓа до создавање на пукнатини кои би овозможиле лесно влегување во неа.  Извршната фаза започнува во оној момент кога играчите од нападот влегуваат во зоната и се поставуваат на позициите кои се нај опасни за противничкиот кош или во моментот кога играчот од нападот успеал да прими топка во поволна позиција за шут или продор кон кошот. Во зависност од видот на поставеноста на зонската одбрана се организира и нападот против неа. На следните два цртежа прикажани се почетните формации на нападот против зонска одбрана