Publicité
Сашо Трајкоски: „МЕЃАШИ се калеше низ многу солзи и успеси, низ препреки и достигнувања“
Сашо Трајкоски: „МЕЃАШИ се калеше низ многу солзи и успеси, низ препреки и достигнувања“
Prochain SlideShare
Душко Арсовски, новинар МЕЃАШИ - меѓник за една генерација.pdfДушко Арсовски, новинар МЕЃАШИ - меѓник за една генерација.pdf
Chargement dans ... 3
1 sur 2
Publicité

Contenu connexe

Plus de First Children's Embassy in the World(20)

Publicité

Сашо Трајкоски: „МЕЃАШИ се калеше низ многу солзи и успеси, низ препреки и достигнувања“

  1. Сашо Трајкоски: „МЕЃАШИ се калеше низ многу солзи и успеси, низ препреки и достигнувања“ (Менаџмент-консултант, член на Собранието) Триесет години Меѓаши. Кога поминаа? Се обидувам да се сетам на првата информација што ја имав за МЕЃАШИ, на првата средба, на првата активност... Многу слики ми се мешаат, зашто се испреплетиле и со моите и со заедничките и со целиот изминат живот на Детската амбасада од нејзината колепка, преку детството, зреењето, мудроста.. .А, не беше ни малку лесен тој живот. Се калеше низ многу солзи и успеси, низ препреки и достигнувања, низ безброј активности, акции и заложби за посреќно детство на секое дете. Не се забораваат случувањата од деведесеттите, на самото раѓање на идејата и посветата на организацијата, на воените слики од аеродромот во Сараево при повлекувањето и спасувањето на многу деца и нивните мајки, на пресретнувањето од страна на вооружените банди во Албанија, на хуманитарниот конвој кој го организираше Детската амбасада за помош на тамошните страдалници… Беше многу тешко да се преброди едно такво детство на организација што тогаш почнуваше силно и прагматично да го моделира своето влијание кон заштита на детските права. Следуваат слики од Скопје, од каравани низ Македонија, од пресконференции од организација на свечено Собрание во Драмскиот театар, (баш пред некој ден, претурајќи низ личната архива го најдов и сценариото за тој настан), од пишувањето на билтенот, од создавањето и презентирањето на првиот алтернативен извештај за состојбата со детските права во
  2. Македонија… слики од дружби, разговори, од споделување убави монети за раѓањата и достигнувањата на нашите деца, слики од нашето зреење низ виорот на едно минато време... А токму од целиот тој виор се изнаредија и храброста и одважноста, кои им помогнаа на нејзините клучни луѓе да истраат кон посветата на една доследна борба за детските права и правото на благосостојба на секое дете. И се редат слики и за оние години кога веќе не бев активен член на веселата дружина во МЕЃАШИ, убави моменти на повторни средби, разговори со Драги, Горде, со сите што се или беа дел од Амбасадата, и секако, тука се и оние моменти на личната гордост кога ги читам написите или дознавам за постигнатите цели, за достигнувањата, за влијанието и моќта на Зборот на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ . **** Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa
Publicité