Publicité

РЕКОА:Коле Ангеловски, Драган Мијалковски, Мариа ДоневскаВлатко Стефановски,Весна Петрушевска,Благоја Чоревски,Васка Бојаџи, Иџет Мемети

President/CEO&Founder at First Children's Embassy in the World MEGJASHI à First Children's Embassy in the World
14 Jun 2022
РЕКОА:Коле Ангеловски, Драган Мијалковски, Мариа ДоневскаВлатко Стефановски,Весна Петрушевска,Благоја Чоревски,Васка Бојаџи, Иџет Мемети
РЕКОА:Коле Ангеловски, Драган Мијалковски, Мариа ДоневскаВлатко Стефановски,Весна Петрушевска,Благоја Чоревски,Васка Бојаџи, Иџет Мемети
Prochain SlideShare
МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022
Chargement dans ... 3
1 sur 2
Publicité

Contenu connexe

Similaire à РЕКОА:Коле Ангеловски, Драган Мијалковски, Мариа ДоневскаВлатко Стефановски,Весна Петрушевска,Благоја Чоревски,Васка Бојаџи, Иџет Мемети(20)

Plus de First Children's Embassy in the World(20)

Publicité

РЕКОА:Коле Ангеловски, Драган Мијалковски, Мариа ДоневскаВлатко Стефановски,Весна Петрушевска,Благоја Чоревски,Васка Бојаџи, Иџет Мемети

  1. РЕКОА: „Скопје има неколку значајни места коишто мене ми се многу драги, а тоа е Камениот мост на Вардар, црквата Свети Спас со прекрасниот иконостас, Калето и Првата детска амбасада МЕЃАШИ. Многу сум горд што сум јас дел од еден таков тим. Првата детска амбасада прерасна од една хуманитарна организација во една професионална невладина организација.“ Коле Ангеловски, амбасадор, режисер **** „Ова е светско движење, светски проект. Во тие први денови, бурни, зборувам за времето кога беше конфликтот во Босна, од каде што директно за неколку дена дојдоа голема група мајки со деца, честопати возев со комбито и пелени и хигиенски средства и што не. Столбот, сепак, беа Гордана и Драги Змијанац, на нивниот грб многу нешто помина, сето тоа херојски го поднеле.“ Драган Мијалковски, вицеконзул 1992- 1996, естраден уметник **** „Тоа што научив од нив и што се восхитувам до ден денеска, пред сè, е број еден брзата реакција на потребата на детето, и за време на воената криза на Македонија и за време на катастрофалната непогода која беше пред неколку години во Скопје. Детска амбасада МЕЃАШИ делува веднаш, не
  2. чека некој да ги организира, сами преземаат активност.“, д-р Мариа Доневска, почесен член на Собранието на Детската амбасада МЕЃАШИ **** „Ние не сме ја наследиле оваа планета од нашите родители, туку им ја должиме на нашите Деца. Детето е Татко на човештвото, децата се копнеж на животот самиот за себе. Знам дека оваа нивна задача и мисија е прилично тешка и дека подразбира многу, многу активности за барем малку да се помрдне работата на добро.“ Влатко Стефановски, музичар **** „...Веќе сте големи и знаете што правите. Она што последно ме воодушевува кај вас е што се спротивставувате на целиот систем, притоа нагласувајќи колку е важно да се дознае биолошкиот родител на оние коишто се посвоени дечиња и, исто така, се борите за подеднакво старателство по разводот. Секогаш ќе ве поддржувам затоа што сте искрени, трпеливи, воспитани и секогаш знаете што сакате.“ Весна Петрушевска, актерка **** „Да бидеш во МЕЃАШИ и да придонесуваш барем малку за подобро на децата претставува чест, претставува гордост. Јас се вљубив во ентузијазмот, во она што ми го презентираат како Прва детска амбасада. И додека ме држат нозете и умот, се разбира, ќе бидам таму и колку можам ќе придонесувам.“ Благоја Чоревски, актер **** „Детската амбасада и нејзините основачи за мене се симбол на борбеност, на истрајност, на една посветеност и искреност во работењето. Човек да има прилика да биде инволвиран на било каков начин во целата инспиративна атмосфера и работа на МЕЃАШИ претставува едно посебно животно искуство.“ Васка Бојаџи, член на детска делегација во презентација на детскиот алтернативен извештај при Комитетот на ООН во Женева **** „Слободно, нема да згрешам, ако кажам дека на некој начин МЕЃАШИ е гласот на децата. Децата ја препознаваат таа организација и комуницираат со неа. Таа како невладина организација остави белег на сериозна организација која ѝ беше потребна во Република Македонија.“ Иџет Мемети, Народен правобранител на РМ Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa
Publicité