Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Проектните цели се во насока на поттикнување на локалната самоуправа да креира градови и општини кои се пријателски за децата, вклучувајќи ја детската перспектива во процесот на планирање и јакнење на капацитетите на институциите во областа на детските права. Детската амбасада Меѓаши ќе го спроведува проектот во партнерство со организацијата Центар за семејно и детско згрижување (КМОП), во соработка со ЗЕЛС и општините Велес, Дебар, Виница, Гостивар и Кисела Вода. Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација која 30 години работи на полето на заштита на децата и нивните права. Веруваме дека со посветено и одговорно работење на предизвиците со кои се соочуваат децата можеме да направиме промени. Тимот на Меѓаши е инспириран од личните и организациски вредности како: емпатија, солидарност, ненасилство, личен интегритет, доверба, искреност, чесност, ентузијазам, отвореност и соработка, професионалност, правда, иновативност, почитување и достоинство, поддршка. Нашите вредности ставени во функција на организациската мисијата и визијата не движат кон креирање на општествените промени во најдобар интерес на децата.