Ce diaporama a bien été signalé.
Nous utilisons votre profil LinkedIn et vos données d’activité pour vous proposer des publicités personnalisées et pertinentes. Vous pouvez changer vos préférences de publicités à tout moment.

промена на пулс на крвен притисок

:)

  • Soyez le premier à commenter

  • Soyez le premier à aimer ceci

промена на пулс на крвен притисок

  1. 1. Промена на пулс на крвен притисок
  2. 2. Крвен притисок е притисок на крвта врз ѕидовите накрвните садови и е еден од основните витални знаци.Крвниот притисок е резултат на две сили: едната есоздадена од срцето кое пумпа крв низциркулаторниот систем, а другата е силата наартериите кои се спротиставуваат не крвотокот. Завреме на секое чукање на срцето, крвниот притисок семенува од максимален (систолен) до минимален(дијастолен). Средниот крвен притисок, зарадипумпањето на срцето и отпорот во крвните садови, сенамалува како што крвта којашто кружи се движи одсрцето низ артериите. Тој има најголем пад во малитеартерии и артериолите и продолжува да се намалувакако што крвта се движи низ капиларите и назад досрцето преку вените.
  3. 3. Висок крвен притисокВисокиот крвен притисок е многу честаздравствена состојба која треба да се смета засериозна прикриена закана за здравјето. Уштесе нарекува и тивок убиец, затоа што непредизвикува забележливи симптоми илипредупредувачки знаци сè додека не серазвијат компликации. Покачениот крвенпритисок, кој се означува со терминотхипертензија, го зголемува ризикот одкардиоваскуларни заболувања, мозочен удар,па дури и проблеми со бубрезите.
  4. 4. ХипертензијаХипертензијата се карактеризира со систоленкрвен притисок (високата вредност) над140mmHg и дијастолен крвен притисок(ниската вредност) над 90mmHg. Споредподатоци на Светската здравственаорганизација, на глобално ниво една милијардалуѓе имаат висок крвен притисок и ситуацијатасамо се влошува. Се проценува дека до 2025година 1,5 милијарди возрасни лица ќе живеатсо хипертензија.
  5. 5. На луѓето кои страдаат од хипертензија често имсе потребни лекови за регулирање на крвниотпритисок. Но, промените во начинот на живот иисхраната можат значително да придонесат заподобрување на состојбата. Многумина успеваатна природен начин да го контролираат крвниотпритисок и кај нив исчезнува неопходноста одупотреба на медикаментозна терапија. Евенеколку ефективни природни начини зарегулирање на крвниот притисок:
  6. 6. 1. Консумирајте банани.Бананите се богат извор накалиум, а докторитепорачуваат дека калиумот еособено полезен за лицатакои страдаат од висок крвенпритисок. Освен банани, сепрепорачува и консумирањена неизлупени печеникомпири, свеж сок одпортокал и јогурт со низокпроцент на масти.
  7. 7. 2. Намалете го внесувањетона сол до 5 грама дневно.Крвниот притисок на некои луѓе е многупочувствителен на натриум. Познато е деканајмногу натриум внесуваме преку солта, паограничувањето на консумираното количествосол може да им помогне на одреденииндивидуи за намалување на крвниотпритисок. Наместо сол, за приготвување најадењата користете други зачини.Преработената храна многу често содржимногу сол, па внимателно читајте ги етикетитена производите.
  8. 8. 3. Умерено консумирајте темночоколадо со минимум 70%какао. Вкусен метод за намалување на крвниот притисок е консумирањето на темно чоколадо. Научниците во неколку наврати докажале дека чоколадото кое содржи минимум 70% какао помага за намалување на крвниот притисок кај луѓето кои имаат хипертензија. Препорачаната дневна доза е 100 грама.
  9. 9. 4. Вежбајте 30 минути во повеќето денови од неделата.Изберете каква билоактивност и барем 4-5 денанеделно практикувајте ја пополовина час. Во согласностсо вашите можности, можетеда изберете пешачење, возењевелосипед, трчање, пливањеили аеробик. Кардиолозитетврдат дека луѓето кои гопрекинале заседнатиот начинна живот и започнале да серекреираат со аеробик вежбиуспеваат да го снижат крвниотпритисок со 4-9 mmHg.
  10. 10. 5.Одржувајте здрава телеснатежинаЗголемувањето на телеснататежина е поврзано созголемувањето на крвниотпритисок. Ако имате проблеми сотежината, вложете напори да гоизгубите вишокот килограми. Какошто ќе ја намалувате телеснататежина, така ќе се намалува ивашиот притисок. Имајте вопредвид дека луѓето кои имаатмногу масти на стомакот сеизложени на поголем ризик одхипертензија..
  11. 11. 6. Уживајте со мала количинаалкохол и никогаш непретерувајте. Во мали количини алкохолот може да биде полезен и да го намали крвниот притисок .Но, во големи количини не само што не носи бенефиции, туку има и негативен ефект. Никогаш не пијте повеќе од еден пијалак дневно ако сте жена и два ако сте маж. Тоа значи дека 150ml вино дневно се во границите на дозволеното. Ако досега не сте консумирале алкохол, не треба да започнувате да го правите тоа со идеја да го намалите крвниот притисок.
  12. 12. 7. Заборавете на цигаритеЗголемувањето на крвниот притисок е само еднаод лошите последици на пушењето. Вдишувањетона чадот го зголемува крвниот притисок со околу10mmHg и го одржува покачен во текот на еденчас по пушењето на цигарата. Ако сте страстенпушач и пушите постојано, тоа значи дека крвниотпритисок ви останува покачен во текот на целиотден. Пасивното пушење исто така треба да гогледате како закана за здравјето.
  13. 13. 8. Намалете го кофеинотСè уште не може да се каже со сигурност даликофеинот долготрајно го зголемува крвниотпритисок или има само краткотраен ефект. Ипокрај тоа, медицинските експертипрепорачуваат намалување на внесувањето накофеин преку кафе или други пијалаци. Неконсумирајте повеќе од две кафиња дневно.
  14. 14. 9. Релаксирајте се сокласична музика.Хармоничните мелодии на класичната музикаможат да дејствуваат како терапија за лицата совисок крвен притисок. Експертитепрепорачуваат секојдневна 30-минутнарелаксација со слушање на класична или другтип на релаксирачка музика и длабоко дишењеза контролирање на хипертензијата.
  15. 15. 10. Намалете го стресот.Не напразно се вели дека стресот е најголемиотпричинител на болести. Експертите предупредуваат декаима голема поврзаност помеѓу стресот и анксиозноста икрвниот притисок. Кога сте под стрес, во телото сепроизведуваат хормони кои привремено го зголемувааткрвниот притисок, бидејќи предизвикуваат забрзанритам на срцето и стеснување на крвните садови. Затоа,стремете се што повеќе да го редуцирате стресот вовашиот живот. Техниките за длабоко дишење ифизичката активност се одлични методи за намалувањена вознемиреноста и напнатоста. Голем број медицинскилица препорачуваат јога или медитација како ефективниначини за минимизирање на стресот.
  16. 16. Поради фактот што високиот крвен притисокне покажува симптоми, многу се важниредовните мерења. Особено внимателни требада бидат луѓето кои страдаат од дијабетес, затоашто 60% од нив имаат и висок крвен притисок.

×