КОМУНИКАЦИСКА ЦЕЛ ИЛИ ЗОШТО КОМУНИЦИРАМЕ Што сакаме да постигнеме ? Дали сакаме да ги информираме граѓаните, дали сакаме да ги едуцираме, дали очекуваме промена во однесувањето на граѓаните или советот на општината, дали нè интересира ставот и мислењето на граѓаните, дали очекуваме поддршка од граѓаните, дали сакаме поддршка од советот или само сакаме да се пофалиме со добрата работа.
КОМУНИКАЦИСКА ЦЕЛ ИЛИ ЗОШТО КОМУНИЦИРАМЕ ВАЖНО!!!! К омуникациските цели не се деловните/програмските цели на Комисијата, но секогаш треба да бидат во согласност со деловните/програмските цели.
КОМУНИКАЦИСКА ЦЕЛ ИЛИ ЗОШТО КОМУНИЦИРАМЕ Комуникациската цел е темелот врз кој ги планираме комуникациите, односно односите со јавноста. Од целта зависи со кои јавности или групи граѓани треба да комуницираме, кои начини на комуникација можеме да ги користиме, каков јазик и пораки ќе користиме и кога треба да го направиме тоа.
КОМУНИКАЦИСКА ЦЕЛ ИЛИ ЗОШТО КОМУНИЦИРАМЕ S (specific) – со специфични карактеристики, квалитативно и квантитативно определени M (measurable) – мерливи според однапред определени критериуми A (attained) – реално можни и остварливи R (relevant) – значајни, и за Комисијата, и за целните јавности T (timeframe) – можат да се реализираат во реален временски период.
КОМУНИКАЦИСКА ЦЕЛ ИЛИ ЗОШТО КОМУНИЦИРАМЕ Комуникациската цел мора да даде очекуван специфичен резултат, треба јасно да се обраќа до една или до повеќе целни јавности, да биде мерлива, да ја надополнува крајната деловна/програмска цел и да може да се оствари во временската рамка на процесот на комуницирање.
КОМУНИКАЦИСКА ЦЕЛ ИЛИ ЗОШТО КОМУНИЦИРАМЕ Пример: Усвојување Програма за приближување на децата од различни етнички заедници Поради зачестената појава на тепачки меѓи групи од различни етнички заедници, на спортски натпревари и во училиштата во општината, Комисијата за односи меѓу заедниците сака општината да подготви и усвои Програма за приближување на децата од различни етнички заедници. Во овој случај, подготовката и усвојувањето на Програмата од страна на Советот на општината е деловна/програмска цел на комисијата..
КОМУНИКАЦИСКА ЦЕЛ ИЛИ ЗОШТО КОМУНИЦИРАМЕ Пример: Усвојување Програма за приближување на децата од различни етнички заедници Комуникациската цел ќе биде информирање на 100 отсто од членовите на Советот, како и информирање на градоначалникот. Самото дефинирање на комуникациската цел веќе ни ја дава главната целна јавност – Советот на општината. Целта е важна, и за општината, и за целната јавност, а бројката од 100 отсто информирани советници е реална и остварлива.
КОМУНИКАЦИСКА ЦЕЛ ИЛИ ЗОШТО КОМУНИЦИРАМЕ Комуникациската цел треба да ја отсликува суштината на она што сакаме да го постигнеме: да оствари разбирање , да го надмине неразбирањето или апатијата , да ги поттикне граѓаните да се вклучат во процесот на креирање на општинските политики, да о ствари свесност , да и нформира , да го р азви е знаењето , да ги о тстрани предрасудите , да го о храбри (поддржи) верувањето , да ја п отврди или промени п ретставата за определено прашање, да п редизвика специфично однесување ...