2. УПРАВУВАЊЕ СО НАСТАНИ Организираме настани со една единствена цел - да се привлече вниманието на јавноста
3. УПРАВУВАЊЕ СО НАСТАНИ Промотивни - настани за промоција на новини и измени во услугите и начинот на работа на општината Културно-забавни - фестивали, изложби, концерти, забави и др. Специјални - саеми, конференции, дебати со невладините организации и бизнис-заедницата, јавни расправи, состаноци со урбаните и руралните заедници, тренинзи и работилници и др. Хуманитарни - собирање добротворни прилози и донации, добротворни аукции и др. Медиумски - брифинзи, прес-конференции, посети на новинари и др. Спортски - натпревари, специјални олимпијади и др. Работни - состаноци, отворени денови за посета Протоколарни – коктели, свечености, доделувања награди и признанија и др.
4. УПРАВУВАЊЕ СО НАСТАНИ Пред да започнете со организација на настанот треба точно да знаете зошто го организирате, кого ќе поканите, дали имате доволно време и финансии за организирање на настанот, каква вест ќе креира настанот и кои се придобивките за општината од организацијата на настанот.