Ce diaporama a bien été signalé.
Nous utilisons votre profil LinkedIn et vos données d’activité pour vous proposer des publicités personnalisées et pertinentes. Vous pouvez changer vos préférences de publicités à tout moment.

Патогените бактерии околу нас

3 318 vues

Publié le

Publié dans : Santé & Médecine
  • Dating for everyone is here: ❤❤❤ http://bit.ly/39mQKz3 ❤❤❤
       Répondre 
    Voulez-vous vraiment ?  Oui  Non
    Votre message apparaîtra ici
  • Sex in your area is here: ❤❤❤ http://bit.ly/39mQKz3 ❤❤❤
       Répondre 
    Voulez-vous vraiment ?  Oui  Non
    Votre message apparaîtra ici

Патогените бактерии околу нас

  1. 1. ОУ “ХРИСТО УЗУНОВ” ОХРИД Предмет: Биологија Тема: Патогените бактерии околу нас Истражувачки проект Ученик: Наставник:Ѓоко Маркоски Владо Андрески Охрид 2013
  2. 2. Содржина1. Вовед2. Брисеви за контрола на чистота на површини o Метод на работа o Процесот низ слики o Резултати од испистувањата3. Испитување на воздух o Метод на работа o Слики од процесот на испитување o Резултати добиени од анализите4. Заклучок и предлог мерки за заштита и превенција5. Користена литература
  3. 3. Вовед “Биолошката разновидност не е никаде подраматично изразена отколку вомикробиологијата. Tие мали организми кои се невидливи со голо око се насекаде околу нас” -ова беше мислата која го потикна целото наше истражување. Целта на ова истражување беше да се дознае што се крие во воздухот кој не опкружува и наповршината од предметите кои секојдневно и најчесто ги користиме, следено прекумикробиолошки параметри и индикатори. Предмет на истражувањето беше контрола на чистота на површини и воздух преку следењена присуството и број на мезофилни бактерии - растат на тем. од 35˚C – 37˚C за време одинкубација од 24 – 48 ч. За да се спроведе вакво истражување потребни се соодветни материјали за работа,посебни лабораториски услови и апарати. За среќа, сето тоа ни беше овозможено од ЈЗУ˝Центар за Јавно здравје” - Охрид – оддел Лабораториска дејност, отсек Микробиологија.Претходно, една седмица се запознавав со работата во микробиолошката лабораторија.Откако го разбрав принципот на работа, ја поставив целта и се запрашав кои се предметитекои се најчесто користени при секојдневните активности на децата, го формирав концептот заова истражување и започнав со активностите. Сл.1 Работа во лабораторија
  4. 4. 2. Брисеви за контрола на чистота на површини Во текот на истражувањето ги следев микробиолошките правила кои се важнизаради валидноста на резултатите. Користев стерилни брисеви, внимавав при ракувањето иземав матријал за испитување според микробиолошките правила, и секако ги следев и другитенасоки за заштита и правилно работење дадени од персоналот со кој работев на оваистражување. Во ова истражување предмет на анализа беа брисеви од следните површини:  далечински управувач  мобилен телефон  компјутерска тастатура  квака (училиште - главен влез)  квака (училница)  маус  прекинувач за струја  ограда на главни училишни скали  раце  славина од чешма  клупа  апарат за сапун во WC Според микробиолошките принципи, се препорачува примероците за испитување да сезасејат максимум до 2 часа од земањето. Ние го следевме тоа правило, и веднаш илинајдоцна до околу 20 минути од земањето на првиот брис, брисевите ги носевме волабораторија да се засејат. Засејувањето се врши на соодветни хранливи подлоги во зависност од каде потекнувапримерок за анализа и што се очекува да се изолира. Брисевите кои беа предмет на истражување ги засејувавме на соодветна хранливаподлога, во овој случај како почетна и соодветна хранителна подлога беше крвен агар( сл.2 исл. 7).
  5. 5. Петриевите плочи со хранлива подлога од крвен агар со засејаниот материјал гиставивме на инкубација во специјален апарат – Термостат (сл.3) , на температура од 37 º C вопериод од 24 часа. Инкубацијата се врши на оваа температура бидејќи цел и предмет нанашето истражување се патогените бактерии, а за патогените бактерии кои го напаѓаатчовекот соодветна температура за раст и развој е температурата на човечкто тело. Сл.2 Петриеви плочи со подлога од крвен агар Сл.3 Термостат со тем. 37˚C По инкубација од 24 часа, се изврши првично читање, преглед на плочите, се констатирарастот на колониите со бактерии, се извршија анализи и се продолжи со работа на ониепримероци во кои се сомневавме за присуство на патогени бактерии. Истите беа пресадени од примарната подлогата со крвен агар на друга соодветна подлога -UTI подлога – (селективна подлога за хромогено одредување на микроорганизми, сл. 11 и 19). После повторната инкубација од 24 ч. на пресадените колонии бактерии на UTI подлоги(сега веќе вкупно 48 ч.), беше успешно извршена идентификација на патогените бактерии, аисто тако за поголема сигурност направивме дополнителни биохемиски реакации иавтоматизирано идентификување со помош на апаратот Siemens Walk Away
  6. 6. Процесот низ слики Сл.4 Земање брис Сл.5 Засејување на материјалитеСл. 6 Ставање на засадените плочи Сл.7 1-далечински, 2-мобилен, 4-тастатура хранливите подлоги во термостат Сл.8 Сл.9 Сл. 7,8 и 9 - После 24 часа примарна инкубација на засадените плочи
  7. 7. Сл.10 Сл.11 Сл. 10 и 11 - После 24 часа реинкубација (досега 48 часа) од пресадувањето на UTI - +Сл. 12 Ескулин реакција (Биохемиски тест) направена Сл.13 IMVC серија, е серија од 4 сомостојнибиохемиски за потврдување на enterococccus реакции. С Сл.14 Микроскопски препарати обоени по Грам, кои ги користевме за идентификација
  8. 8. Резултати од брисеви за контрола на чистота на површиниПосле неколку дневна работа анализите беа комплетно завршени, а завршена беше иидентификацијата на микроорганизмите. Мора да се напомене дека следниве резултати сеоднесуваат за конкретно испитуваните примероци, а резултатите се: E.coli се појавува во розеви  Далечински управувач колонии на UTI подлога Staphilococcus aureus (препарат избоен по Грам)  Мобилен телефон Не беа пронајдени патогени бактерии  Компјутерска тастатура Escherichia coli (IMVC, + + - - , сл.15) Enterococus (Agglutination, сл)  Квака на главен влез Не беа пронајдени патогени бактерии  Квака училница Сл.15 Не беа пронајдени патогени бактерии Enterococus на UTI подлога  Компјутерско глувче ( маус) се појавува во сини колонии E.coli (IMVC, + + - - )  Прекинувач за струја Не беа пронајдени патогени бактерии  Ограда училишни скали Не беа пронајдени патогени бактерии  Брис од прсти Не беа пронајдени патогени бактерии  Славина од чешма Stenotrophomonas maltophila (Gr. -, потврдено со Siemens Walk Away) Сл.16 Оваа бактерии не е секогаш патогена  Училишна клупа Не беа пронајдени патогени бактерии  Апарат за сапун во WC Не беа пронајдени патогени бактерии Staphilococcus аureus на крвна плоча Сл. 17 .
  9. 9. Испитување на воздух Воздухот е составен од гасови, променлива количина вода во вид на водена пареа ицврсти честички. Секој примерок на воздух содржи суспендирани материи, кои се состојат од:прашина, бактерии, габи, мувли, поленов прав итн.Воздухот не е погодна средина за живот на микроорганизмите. Поради тоа, воздухот немасвоја микрофлора ниту своја фауна. Микроорганизмите остануваат во воздухот само кратковреме, но затоа пак воздухот е едно од најчестите средства за трансмисија на причинителина многу заразни болести.Има повеќе методи за испитување на чистотата на возухот. Ние ќе го користиме методот соизложување на отворени петриеви плочи со подлога од крвен агар, без капак, во одреденатапросторија која е предмет на истражување и на неколку позиции и висини. Зошто се важнипозициите и висините? Тоа се активни места, места каде се вршат интервенции, каде иманајмногу задржување и сл. И важно е да бидат во различни висини бидејќи интезитетот иначинот на работа, кружењето на воздухот и сл. не е еднаков низ целата просторија. При тоа на плочата со хранлива подлога ќе налегне све што циркулира во воздухот одконкретната просторија и позиција, а истата ќе се обработи микробиолошки и според разниправилници ќе се издаде резултатот.За да направиме тестирање со овој метод треба да ставиме отворена петриева плоча соподлога од крвен агар, без капак, во времетрање од 2-6 часа во просторијата каде штосакаме да ја испитаме чистотата на воздухот.После неколкучасовното изложување, плочата се затвора, се обележува, се носи вомикробиолошката лабораторија и реди на инкубација за 72 h. на тем. од 37˚Ц.Ваквите испитувања особено се важни за болниците, производство на медицински апарати иматријали за работа, производство и испитување на лекови, производство и испитување навсленските матријали, производство на храна и пијалоци и сл.
  10. 10. Јас одлучив за оваа задача да го тестирам воздухот од следните простории:  Училница - висина на клупа  Училница - висина на уста  Канцеларија - висина на клупаОткако крвните плочи ги поставив отворени за време од 2 часа во горенаведените простории,ги затворив, обележав и ги однесов во микробиолошката лабораторија да се обработат.По 3 дневна инкубација на 37˚Ц имаше што да се види. Сликата во продолжение говориповеќе од сẻ. Сл. 18После инкубација од 72 h. на тем. од 37˚C , матријалите беа прочитани и колониите сосуспектни бактерии беа пресадени на друга хранлива идентификациона подлога - UTI подлога.Истата беше ставена на инкубација од нови 24 ч. на тем. од 37˚C и после тоа беше извршенаидентификација на микроорганизмите со дополнителни биохемиски анализи и апарат заавтоматизирана идентифкација.
  11. 11. Резултати од испитувањето на контрола на чистота на воздухРезултатите се следниве:  Училница (висина на уста), 160 бб. Staphylococus aureus (Gr+ коки како грозд ) Enterococus (Gr+ коки како синџирче) Мувли  Училница (висина на клупа) 250 бб. Staphylococus citreus (Gr+ коки) Мувли  Канцеларија (висина на клупа) Staphylococus aureus E. coli Enterococus UTI подлога Долу, лево - училница Висина на клупа Долу, десно- Канцеларија Висина на клупа Горе- Училница Висина на уста Сл. 19
  12. 12. Хемиски реакцииСледните хемиски реакции беа користени за потврдување на бактериите:  INVIC серија (серија од 5 тестови: Клиглеров шеќер, индол, метил-рот, вогес проскауер и цитрат )  Автоматизирано идентификување со Walk Away  Аглутинација  Боење по Грам и гледање под микроскоп  Ескулин реакција Опис на бактериитеStaphylococus aureus - е грам-позитивна (Gr+) бактерија и коагулаза-позитивна(коагулаза ехемиска реакција кој се користи за потврдување на бактерии) бактерија, која најчесто ераспоредена во гроздови. Расте брзо на многу типови хранливи подлоги. Скоро секој човек вотекот на живото имал инфекција предизвикана од оваа бактериа, која варираат од не толкуопасна до живото загрозувачки.Escherichia coli (E.coli) е индол позитивен (индол е хемиска реакција кој се користи запотврдување на бактерии, дел е од IMVIC серијата), грам негативна бацил. Оваа бактеријаспаѓа во нормалната цревна флора, значи оваа бактерија може да се пренеси на другиповршини поради нередовно миење на рацете. E.coli на UTI подлога се појавува во розевиколонии.Stenotrophomonas maltophilia е аеробна, грам-негативна бактерија. Оваа бактериа екаталаза-позитивна, а оксидаза-негативна. Присутна е во водени средини, растениа и почва.Кај имунокомпромитирани пациенти (пациенти со слаб имунитет) може да предизвиканозокомијални (или интрахоспитални инфекции се инфекции настанати во болница) инфекции.Enterococus, постојат 12 различни видови од оваа бактериа, но во 85-90% од изолациите наентерококус се разботи за enterococus faecium, оваа бактериа е позната како причинител занозокомијални (интрахоспитални) инфекции. Најчести инфицирани места се: уринарен тракт,рани и крв.Staphylococus citreus е сапрофитна бактерија, која не е патогена, на хранлива подлога одкрвен агар се појавува во жолта боја како лимон. Не ферментира шеќер и коагулаза.
  13. 13. 4. Заклучок и предлог мерки за заштита и превенцијаОд спроведеното истражување заклучив дека во нашето опкружување не постои стерилнасредина. Микроорганизмите патогени или непатогени ги има на секаде и во сė. Тие сенераскинлив дел од синџирот на животот и иако знаат да направат големи проблеми, без нивнема живот.Затоа треба да научиме како да живееме заедно со нив, да ги контролираме и да гиискористуваме нивните позитивни страни како на пример во производството на храна, лекови,генетски инжинеринг и сл.Можам само да предложам неколку начини со кои би се заштитиле, а со тоа би ги превениралепотенцијалните опасности од зараза. 1. Редовно и правилно миење раце 2. Често проветрување 3. Редовното и правилно одржување на личната хигиена 4. Редовно и правилно одржување на хигиена во домот и работното место (училиште) Заедно сите претходно наброени препораки се целина која е важна за здравјето и квалитетот на живеењето и работењето( учењето) на поединецот, на неговото семејство, на соработниците и на сите од неговото опкружување.
  14. 14. 5. Користена литератураMedicinska Mikrobiologija - Geo F. Brooks, Janet S.Butel и L.Nicholas OrnstonНозокомијлани инфекции – Каќа Поповска- ЈованоскаПрактикум по медицинска микробиологија и паразитологија – Проф. Д-рМилена ПетровскаМикробиологија на храната, водата и воздухот – Александар АнгелевскиThe Short Textbook of Medical Microbiology – Satish Gupte Благодарност За крај сакам да искажам голема голема благодарност до луѓето без кои овај проект немаше да премине во реалност:  Директорот на моето училиште Дијана Јулоска  Наставникот по биологија Владо Андрески  Директорот и вработените во Ј.З.У “Центар за јавно здравје” Охрид  Мојата Мајка

×