1. • ОУ ,,Ѓерѓ Кастриот – Скендер бег“ с. Арачиново
одд. 7 – деветолетка
Наставник : Искра Грашеска
• Наставен предмет : македонски јазик
• НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Говорно и
писмено изразување на тема
• ,, Моето семејство “
2. Цели :
• Да примени претходно стекнати знаења
• да ги развива самостојноста и креативноста
• да добива самодоверба за сопствените
способности
• потикнување на љубовта кон мајката
• да се соглда пожртвуваноста на мајката и
нејзината љубов кон детето.
• треба да се има почит кон мајката и таткото
• Семејството е основна клетка во секое
општество, а среќно семејство е важен услов за
правилен развој на личноста.
4. Семејство
Раката ја дава најголемата топлина. Љубовта го
дава најдолгиот живот. Семејството ги дава
најубавите мигови. Без љубов во семејството и без
подавање рака меѓусебно, тоа не може да опстои.
6. • Децата учат од она што го доживуваат!
• Детето кое доживува непријателско однесување, учи
да се кара.
• Детето кое доживува рамнодушност, ќе учи да биде
осамено.
• Детето кое доживува критика, ќе учи да ги осудува
другите.
• Детето на кое често му се приговара, не може да
примети дека околината го сака.
• Ако некој на детето му се подсмева, тоа ќе учи да
биде повлечено.
• Детето кое доживува срам, ќе учи да се срами од
самото себе.
7. Љубовта претставува сè на светов. Ако немаш никој
што те сака, тогаш што ќе ти е животот? Не е добро да
се живее без љубов. Тоа е како да седиш во мрачна
соба без ниту еден зрак светлина, потполно сам. А
семејството е најсвето нешто. Мајка, татко.
Најдобрите луѓе. Оние од кои учиш, кои ти даваат
совети, те образуваат, те караат и те сакаат .
9. Мајчината љубов не признава закони, ниту
граници, ниту пак се поклонува пред каков и
да е господар освен пред себеси!
10. • Детето кое доживува толеранција, ќе учи да биде стрпливо.
• Доколку го охрабрувате детето, тоа ќе учи да има самодоверба и
сигурност.
• Доколку детето доживува пофалби, тоа ќе учи да ги приметува и
цени добрите работи.
• Доколку детето живее со чувство на сигурност, тоа ќе учи да има
доверба.
• Детето со кое се разговара, учи смо да размислува.
• Детето кое доживува неговите родители да се сакаат, учи дека
семејството е заедница на љубовта.
• Ако детето живее со прифаќање и задоволство, тоа ќе учи да
пронаоѓа љубов во целиот свет.
11. Сираче ја нацртало својата мајка со
креда и легнало во нејзината
прегратка
12. Малечко момче од еден дом за
незгрижени деца сонува само за
едно: да има мајка.
Детенцето од домот за незгрижени
деца во Ирак, на подот, со креда ја
нацртало својата мајка и потоа
легнало во нејзината замислена
прегратка. Сите зборови на светот не
би можеле да искажат колку му
недостига мајчинската љубов и
заштита.
14. • Навистина вреди да се живее за убавите
работи за кои знаеме дека постојат и дека
не окружуваат. Без оглед на тоа како ќе го
потрошите денот и што ве очекува утре,
имајте ги на ум овие неколку реченици.
Животот е еден и уживајте во него!
• Постојат луѓе на кои вие сте им целиот
свет!
• Секој од нас има повеќе од една причина
за да се разбуди наутро!
• Вашата насмевка секому може да му
донесе радост.
• Секој ден некој помислува на вас. И тоа не
само еднаш
17. Мајчиниот глас прави чуда !!!
Мајчиниот глас прави чуда, најбрзо го
смирува детето, му ги намалува
евентуалните болки и го охрабрува. Во
комбинација со прегратка, мајчиниот глас
е лековит, делотворно влијае на
емоционалниот и психофизичкиот развој
на детето.
„ Мајките знаат како да го смират детето,
дури и ако не се близу, за да го прегрнат.
На децата им е доволно да го слушнат
нивниот глас и веднаш се чувствуваат
посигурно“,