5. АЧКА ГАЧКА – КАРАКАЧКА
Ачка Гачка – Каракачка
за појадок еже смачка...
До ручек уште брав и страчка,
две лисици и дива мачка.
За вечера волк и мечка,
печен слон сосе печка
Се што сретна смачка Ачка,
се што виде спастри Гачка
но пак е гладна Каракачка
- ненаситна Ачка Гачка.
Леле боже што да прави,
леле боже што да чини
гладот како да го смири!?
Се досети Ачка Гачка,
везден гладна каракачка:
Кога нема веќе страчки,
ежиња и диви мачки
кога нема веќе мечки
слонови и стари печки,
Ачка Гачка – Каракачка
реши сама да се смачка.
6.
7. ЧИРИ БУ – ЧИРИ БА
Чири бу – чири ба
Пес ќе прави колиба!
Желби силни место греди
Собрал вполе две - три педи,
Цел ден в сенка, ене, седи,
Во мислите сал ги реди.
Чири бу – чири ба,
Леле каква колиба!
Ветрец тивко штом ќе пирне
И низ гранки лач ќе ѕирне
Ќе го фати, ќе го скроти
Меѓу греди ќе го вплоти...
Чири бу – чири ба
Што ќе му е колиба!?
Два – три лакти густа сенка
Скаени под стара дренка
Покрив широк ќе му бидат
Дур горештини да минат.
Чири бу – чири ба
Пес ќе прави колиба!
8.
9. ОРТАКЛУК
Со мрзата се здружив лесно,
во креветот се пружив чесно:
хектар ипол вертер нива
изорав со мољња дива,
и пет коли магла густа
исплевив од гора пуста.
После тоа: три товари
ва греб фалби натоварив
па со сонот под перница
удрив страшна итаница
да ожнеам од улица
три шиника виулица,
да ја однесам воденица,
воденица – ветерница,
бело снеже да сомелам
гладни усти да нахранам.
Со мрзата се здружив лесно
на креветот се пружив чесно,
но креветот стар и лош
ме искриви ко прачка в кош
- го продавам за грош,
го продавам за грош...
10.
11. СТРАВ
Дур и болен јас сум голем,
Ептен силен ден штом згине.
Стодрам важен, ока страшен
Штом ќе слезеш в подрум мрачен.
Час сум студен, час, пак, студен,
В твојте мисли везден буден.
Ваму – таму сал се мувам
Бостан, лозје вредно чувам.
Шушкам, врескам, штрекам, ѕиркам
Низ прозорец ноќе ѕиркам.
Коски тропам, в срце копам
Мраз те мразнам и те потам.
Како лист те в гора тресам,
Ако в мракот сам те стрефам.
Уште можам – в мало дупче
Слон да втерам како глувче.
Се да слушнам, се да видам
Сегде носот да го пикнам.
Слава имам и кај лав
- јас сум, дете, чичко Страв.
12.
13. .
ЧУДНО МИ ЧУДО
Чудно ми чудо да дресираш брав,
Да скротиш тигар, да острижеш лав,
Но ај да те видам биди јунак здрав
Па скроти, да речеме, една ока страв.
На стравот ѕвонче, врзи му на вратот
Да трепери ѕвони ноќе крај патот,
И очила, две сонца, на очите клај му
И закон над закони ти ваков дај му:
„Дур ѕиркаш ноќе, в соба кај дете
На златни игли сон да му плетеш,
Од сенки ко плашила што играат в мракот
Барбики напрај, играчки накот!“
Е, ај да ТЕ видам дал си јунак здрав? (БАТКА)
14.
15. ОП ТРОП
Оп - трот
Грмна топ,
Удри в небо
дебел поп
- Попот рикна,
Сонце бликна,
Бело цвеќе
В поле никна...
Оп - троп
Не бил поп
Туку облак
Градски смог.
16.
17. ШУШ, ШУШ, ШУШУЛЧЕ
Шуш,шуш, шушулче
нешто шушна в грмувче...
Сет се смалив како зрно
сам пред тоа страшно чудо:
Што ли ќе е – волк ил мечка
или пострашна од нив ѕверка?
Ниту волк бил, ниту мечка,
ни пострашна од нив ѕверка,
туку простум оклоп влечка
една стара баба желка.
Шуш, шуш, шушулче,
баш сум мало будалче...
18.
19. ТРПИ, ТРПИ, ТРПАНЕ
Трпи, трпи, Трпане
На времето стопане!
Еден чичко на ѕид штрака:
штрака – трака, штрака – трака.
Дење – ноќе нешто брои
- вода стои, тој не стои.
Тика – така, тика така,
времето го в неврат враќа.
Будно око везден има
и во лето и во зима.
Тој на одмор право нема,
ниту секунда не дрема.
Зарем глава не го боли,
зарем сонот не го мори.
Штрака – трака, штрака – трака
отчукува на лева рака.
20.
21. РОДЕНДЕН СЕ СЛАВИ
Зошто денес денот светнал
толку јасно, толку силно,
зошто сончко в злато блеснал
- куќи, згради згрнал милно:
Зошто мама цел ден пее,
кај ќе мини радост сее,
нешто в кујна вкусно пече
ко немирна вода тече?
А пак, тато ита брза,
сегде стига тој без мрза
- полни торби пазар прави,
ко да нешто ќе се слави?
Зошто денес Мики само
да одмора има право,
на телефон врти, бира,
кај роднини телефонира?
Многу зошто уште можат
во недоглед да се сложат,
но одговор сал има еден
денес Мики слави роденден...
22.
23. НЕ Е ВИЦ НИТУ ШЕГА
Не е виц, ниту шега
пес пред зајак овде бега!
Кумчо волчо држи пости,
бело јагне милно гости.
Тетка лиса сее жито
да и биде петле сито.
На топола праски зреат,
штрк и жаба в дует пеат.
Среде лето снежец снежи,
мачор се од глувче ежи.
Не е виц, ниту шега,
што не било бива сега...
Од далечна Априлилија
поздрав праќа Емилија.
24.
25. НОВА ГОДИНА
Стара баба беззаба
во пензија ќе оди,
место неа година
нова ќе се роди.
Елката е стокмена
желби рој се ројат
полна санка дарови
в ноќта бела бродат
Весели сме сите
песна силно ечи:
здравје, радост, благодет,
секој нека сети,