SlideShare une entreprise Scribd logo
1  sur  16
Télécharger pour lire hors ligne
ДОКТОР ОФБОЛИ – КОРНЕЈ ЧУКОВСКИ (по
повод светскиот ден на литературата за деца)
Прв дел – Патешествие во земјата на мајмуните
Глава 1
Докторот и неговите животни
Си бил некој доктор. Тој бил добар. Го викале Офболи. Тој имал и една зла сестра што се викала
Варвара.
Докторот најмногу од сè ги сакал животните.
Во неговата соба живееле зајци. Во шкафот живеела верверичка. Во бифето живеела врана. На
креветот живеел бодликавиот еж. Во сандакот, пак, бели глувчиња. Но од сите животни, доктор
Офболи најмногу ја сакал патката Кика, кучето Авко, малечкото прасе Хру-хру, папагалот Карудо и
Бувот Бумбо.
Неговата лоша сестра Варвара многу се лутела зашто во собата имало толку многу животни.
- Избркај ги веднаш, - врескала таа. – Само ја валкаат собата. Не сакам да живеам со тие валкани
суштества.
- Не, Варвара, тие не се валканаи! – велел докторот. – Многу сум среќен што тие се кај мене.
Кај докторот доаѓале да се лекуваат од сите страни овчари, болни рибари, дрвосечачи, селани и тој
секому му давал лек од кој веднаш закрепнувал. Ако некое селанче си ја удрило раката или си го
раскрварило носот, тоа веднаш трчало кај Офболи, па за десетина минути како ништо да не се
случило, и детето здраво и весело си играло со папагалот Карудо, а Бувот Бумбо го гоштевал со
бонбони и јаболка.
Еднаш кај докторот дошол еден тажен коњ и му рекол:
- Лама, воној, фифи, куку!
Докторот веднаш сфатил дека на јазикот на животните тоа значи:
“Ме болат очите. Ве молам, дајте ми очила.”
Докторот одамна го беше научил јазикот на животните. Тој му рекол на коњот:
- Капуку, капуки!
На јазикот на животните тоа значи:
“Седнете, ве молам”.
Коњот седнал. Докторот му ставил очила и претснале да го болат очите.
- Чака! – рекол коњот, замавнал со опашот и истрчал на улица.
“Чака” на јазикот на животните значи “Благодарам”.
Наскоро сите животни кои имале проблеми со очите добиле очила од доктор Офболи. Коњите
почнале да се шетаат со очила, кравите со очила, мачките и кучињата со очила. Дури и старите
гаврани не длетувале од гнездата без очила. Секој ден кај докторот доаѓале сè повеќе животни и
птици. Доаѓале желки, лисици и кози, долетувале жерави и орли. Доктор Офболи ги лекувал сите, но
не им земал пари зашто желките и орлите немаат пари! Набргу во шумата се појавиле натпис:
ОТВОРЕНА Е БОЛНИЦА ЗА ЖИВОТНИ И ПТИЦИ!
ПОБРЗАЈТЕ ТАМУ ЗА ДА СЕ ЛЕКУВАТЕ!
Тие натписи ги лепеле Вања и Тања, сосетските деца, кои докторот ги излекувал од мали и крупни
сипаници. Тие многу го сакаа докторот и затоа му помагаа.
Глава 2
МАЈМУНОТ ЧИЧИ
Една вечер додека животните спиеле некој затропал на вратата.
- Кој е? - прашал докторот.
- Јас сум - се зачул тивок глас.
Докторот ја отворил вратата и во собата влегол мајмун, многу слаб и валкан. Докторот го седнал на
креветот и го прашал:
- Што те боли?
- Вратот - одговорил мајмунот и заплакал.
Докторот видел дека мајмунот има врвка на вратот.
- Избегав од свирачот на вергл, - рекол мајмунот и повторно заплакал. - Свирачот ме тепаше, ме
мачеше и насекаде ме носеше врзан за врвката.
Докторот зел ножици, ја пресекол врвката и му го намачкал вратот на мајмунот со таква маст така што
веднаш престанало да боли. Потоа го избањал мајмунот во корито, му дал да јаде и му рекол:
- Остани кај мене, мајмунче. Не сакам да те повредуваат.
Мајмунот многу се израдувал. Но, додека таа си седела на масата и си јадела ореви со кои ја нагостил
докторот во собата влегол лошиот свирач.
- Врати ми го мајмунот! - вреснал тој. - Мајмунот е мој!
- Не три го враќам! - рекол докторот. - Нема шанси! Не сакам да го мачиш!
Лутиот свирач сакал да го фати доктор Офболи за гуша.
Но, докторот спокојно му рекол:
- Оди си веднаш! А, ако сакаш да ме тепаш ќе го викнам кучето Авко и тоа ќе те гризне!
Авко втрчало во куќата и му се заканило:
- Ррррр.....
На јазикот на животните тоа значи:
- Оди си оти ќе те гризнам!
Свирачот се исплашил и избегла без да се заврти. Мајмунот останал кај докторот. Животните многу
бргу го засакале и го нарекле Чичи. На јазикот на животните «чичи» значи «јунак».
Само што ја виделе Тања и Вања извикале:
- Лелем колку е убав! Колку е чудесен!
И во тој момент почнале да си играат со мајмунчето како со свое најдобро другарче. Си играле и
плочка и мижитатара, а потоа сите тројца се фатиле за раце и отрчале кон брегот на морето, а таму
мајмунот ги научил да го играат веселиот мајмунски танц кој на јазикот на животните се нарекува
«ткелла».
Глава 3
ДОКТОР ОФБОЛИ НА РАБОТА
Кај доктор Офболи секој ден доаѓале да се лекуваат лисици, зајчиња, фоки, магариња, камили. Некого
го болел стомакот, некого забот. Докторот им давал лекарства и тие веднаш закрепнувале.
Еднаш кај доктор Офболи дошол јарец без опашка и докторот му зашил нова.
Потоа оддалеку дошла некоја мечка сета облеана в солзи. Таа жално стенкала и офкала: на шепата &
се гледал голем трн. Докторот го извадил трнот и & ја намачкал шепата со чудотворната маст.
Истата минута на мечката & престанала болката.
- Чака! рекла мечката и весело отрчала дома, во пештерата кај своите мечиња.
Другпат кај докторот дошол болен зајак кого кучињата за малку не го изгризале.
Потоа дошол некој болен овен кој тешко настинал и кашлал. А, потоа дошле две пилиња и донеле
некој мисир кој се отрул со печурки.
Докторот на сите им давал лек и секој за миг закрепнувал, па секое животно му велело «чака». И на
крајот кога сите животни заминале доктор Офболи слушнал некаков шум зад вратата.
- Напред! - рекол докторот.
Во собата влегла тажна пеперуга:
- Си го изгорев крилцето на свеќа!
На доктор Офболи му станало жал за пеперугата. Тој ја ставил на дланката и почналд а & го
прегледува крилото. Потоа се насмевнал и & рекол:
- Не биди тажна, пеперуго! Легни на страна. Ќе ти зашијам друго, свилено, сино, ново, поубаво
крилце!
Отишол докторот во другата соба и донел еден куп парчиња од ткаенина - кадифени, атласни,
батистови, свилени. Парчињата биле шарени: сини, зелени, црни. Докторот долго пребарувал и на
крајот одбрал едно светло сино парче со пурпурни точки. Тогаш тој скроил едно крило и & го сошил
на пеперугата.
Се засмеала пеперугата. Одлетала кон барата, летала под брезите со другите пеперуги и водни
коњчиња. А, веселиот Офболи од прозорецот извикал:
«Весели се, весели се, само бегај од свеќи!»
И така работел докторот со своите болни до доцна навечер. А, кога дошла ноќта тој си легнал на
креветот и заспал, па сонувал мечки, елени, морнари.
Одеднаш некој затропал на вратата.
Глава 4
КРОКОДИЛ
Во тој град каде живеел докторот имало циркус, а во циркусот живеел еден голем крокодил, а луѓето
плаќале за да го видат.
Крокодилот го заболеле забите, па дошол кај доктор Офболи да се лекува. Докторот му дал
чудотворен лек и престанале да го болат забите.
- Колку е убаво кај вас! - рекол крокодилот гледајќи наоколу. - Колку зајци, птици и глувчиња имате!
Колку се дебелку и вкусни! Дозволете ми да останам засекогаш кај вас. Не сакам да се вратам во
циркусот. Газдата лошо ме храни, ме тепа, ме навредува.
- Остани! - рекол докторот. Само да знаеш, ако изедеш барем едно зајче или врапче ќе те избркам.
- Во ред, - рекол крокодилот и воздивнал. Ви бетувам, докторе, дека нема да јадам ни зајци, ни
верверички, ни птици.
И така крокодилот останал кај докторот.
Тој бил мирен. Никого не задевал и си лежел под креветот, но постојано мислел на своите браќа и
сестри кои живееле далку-далеку, во топлата Африка.
Докторот го засакал крокодилот и често си муабетел со него. Но, лошата Варвара не можела да го
смисли крокодилот и барала од докторот да го избрка.
- Не сакам да го видам! - врескала таа. - Одвратен е, со огромни заби! Згора на тоа што ќе пипне -
уништува. Вчера ми го изеде зеленото здолниште што беше закачено на прозорецот.
- Убаво направил, - рекол докторот. - Алиштата треба да се чуваат во шкаф, а не на прозорецот.
- Поради тој одвратен крокодил - продолжила Варвара - луѓето се плашат да дојдат. Доаѓаат само
бедните, а ти од нив не земаш пари, па толку осиромашивме што немаме ни за леб.
- Не ми требаат пари, - рекол Офболи. - И без нив ми е убаво. Животните ќе нè нахранат и мене и тебе.
Глава 5
Другарите му помагаат на докторот
Варвара имала право: докторот останал без парче леб. Три дена тој седел гладен. Немал пари.
Животните што живееле кај докторот виделе дека нема што да јаде, па решиле да го нахранат. Бувот
Бумба и прасето Хру-хру направиле бавча во дворот: прасето ринело земја, а Бумба садел компири.
Крават секое утро го гоштевала докторот со своето млеко, а кокошката му несла јајца.
И така сите почнале да се грижат за докторот. Кучето Авко ги метело подовите. Тања и Вања заедно со
Чичи му носеле вода од кладенецот.
Докторот бил многу задоволен.
- Никогаш не било олку чисто во мојот дом. Ви благодарам, деца и животно, за тоа што го сработивте!
Децата весело му се насмевнале, а животните во еден глас извикале:
- Карабуки, марабуки, бу!
На јазикот на животните тоа значи:
«Како да не ти служиме? Ти си ни најдобар пријател!»
А, кучто Авко го лизнало по образот и рекол:
- Абузо, мабузо, бах!
На јазикот на животните тоа значи:
«Никогаш нема да те оставиме и ќе бидеме твои верни пријатели».
Глава 6
ЛАСТОВИЧКАТА
Една вечер бувот Бумба рекол:
- Потивко! Некој гребе по вратата! Какод а е глувче!
Сите замолкнале, но ништо не се слушнало.
- Нема никој зад вратата! - рекол докторот. - Така ти се присторило.
- Не, не ми се присторило. - рекол бувот. Слушам како некој гребе. Тоа е глувче или птица. Верувајте
ми. Ние, бувовите, слушаме подобро од луѓето.
Бумба не се излажал.
Мајмунот ја отворил вратата и на прагот видел ластовичка.
Ластовичка на зима! Какво чудо! Па, ластовичките не поднесуваат ладно и само што ќе наближи
есента тие летаат во топлата Африка! Кутрата, колку & било ладно! Седела на снегот и се тресела!
- Ластовичка! - извикал докторот. - Влези во собата и згреј се.
На почетокот ластовичката се плашела. Таа видела дека во собата има крокодил и се плашела да не ја
изеде. Но, мајмунот Чичи & рекол дека крокодилот е добар. Тогаш ластовичката влетала во собата,
погледанал наоколу и прашала:
- Чируто, кисафа, мак?
На јазикот на животните тоа значи:
«Ве молам кажете ми, тука ли живее познатиот доктор Офболи?»
- Јас ум Офболи - рекол докторот.
- Имам молба до вас - рекла ластовичката. - Морате веднаш да тргнете во Африка. Јас оттаму долетав
само за да ве повикам. Таму живеат мајмуни кои сега се многу болни.
- Што ги боли? - прашал докторот.
- Стомакот - рекла ластовичката. - Лежат на земја и плачат. Само вие можете да ги спасите. Земете ги
лекарствата и да одиме во Африка. Ако не заминеме мајмуните ќе умрат!
- Кутрите мајмуни! - рекол крокодилот. - Ако докторот не оди во Африка сите ќе умрат. Само тој може
да ги излекува.
И крокодилот почнал да плаче, па се пролеале толку големи солзи што по подот почнале да течат два
извора.
Одеднаш доктор Офболи извикал:
- Добро, ќе одам во Африка! Ќе ги излекувам болните мајмуни! Сега ми текна дека мојот пријател,
стариот морнар Робинзон, кого го спасив од треска има прекрасен брод.
Тој ја зел шапката и отишол кај морнарот Робинзон:
- Здраво-живо, морнару Робизнон! - рекол тој. - Те молам дај ми го твојот брод. Сакам да одам во
Африка, недалеку од пустината Сахара, во чудесната Земја на мајмуните.
- Во ред! - рекол морнарот Робинзон. - Со задоволство ќе ти го дадам бродот. Ти ми го спаси животот и
ред е да те услужам. Но, гледај да ми го вратиш бродот зашто немам друг.
- Секако дека ќе ти го вратам - рекол докторот. - Не грижи се. Само да стасам во Африка.
- Земи го, земи го! - повторил Робинсон. - Само гледај да не го удриш од подводните карпи!
- Не грижи се, нема да го удрам, - рекол докторот, му се заблагодарил на морнарот Робинзон и отрчал
дома.
- Животни, соберете се! - рекол тој. - Утре одиме во Африка!
Животните многу се израдували, почНале да скокаат и да плескаат со шеите. Најмногу од сите се
израдувал мајмунот Чичи:
- Ќе одам во Африка! Во родниот крај! Африка, африка, земјо моја родна!
Но, нема да ги земам со мене сите животни - рекол доктор Офболи. Ежовите, лилјаците и зајаците
мораат да останат тука. Со нив ќе остане и коњот. Со себе ќе ги земем крокодилот, мајмунот Чичи и
папагалот Карудо зашто тие се родум од Африка, таму живеат нивните родители, нивните браќа и
сестри. Ќе ги земам и кучето Авко, Кика, Бумбо и прасето Хру-хру.
- А, нас? - извикале Тања и Вања. - И ние ли ќе останеме?
- Да! - рекол докторот и им ги стегнал рацете. - Догледање, драги пријатели! Останете тука, гледајте ја
бавчата и дворот. Многу бргу ќе се вратиме! Ќе ви донесам од Африка чудесен подарок.
Тања и Вања кимнале со главата. Но, се помислиле и рекле:
- Нема врска, ние сме мали. Среќен пат! А, кога ќе пораснеме обврзно ќе дојдеме со тебе на пат!
- И тоа како! - рекол Офболи. - Само треба малку да пораснете.
Глава 7
ВО АФРИКА
Животните се спакувале и тргнале на пат. Дома останале само зајците, ежовите и глувчињата.
Кога дошле на брегот од езерото животните виделе чудесен брод. На брегот стоел морнарот Робинзон.
Вања и Тња зедно со прасето Хру-Хру и мајмунот Чичи му помагале на докторот да ги натовари
куферите со лекарства.
Сите животни се качиле на бродот и само што сакале да тргнат докторот извикал:
- Почекајте, ве молам!
- Што се случило? - прашал крокодилот.
- Почекајте! Почекајте! - извикал докторот. - Не знам каде е Африка! Ќе морам да прашам!
Крокодилот се засмеал:
- Нема што да прашуваш! Смири се! Ластовичката ќе ти го покаже патот. Таа често оди за Африка.
Ластовиците секоја есен одат во Африка.
- Се разбира! - рекла ластовичката. - Со задоволство ќе ти го покажам патот.
И така таа полетала пред бродот, покажувајќи му го патот на доктор Офболи. Таа летала кон Африка,
а доктор Офболи го усмерувал бродот кон неа. Каде летала ластовичката - натаму пловел и бродот.
Навечер се стемнило и докторот не можел да ја види ластовичката, па затоа таа запалила еден фенер и
летала со него, па Офболи знаел накаде да плови.
Пловеле тие, пловеле, и виделе како еден жерав леат кон нив.
- Извинете, да не е на вашиот брод познатиот доктор Офболи?
- Да, - одговорил крокодилот. Познатиот доктор Офболи е на нашиот брод.
- Замолете го докторот да плови побргу, - рекол жеравот, - оти на мајмуните им станува сè полошо. Да
не не го фочекаат.
- Не грижете се! - рекол крокодилот. - Пловиме најбргу што можеме. Мајмуните нема долго да чекаат.
Жеравот се израдувал и полетал назад за да им каже на мајмуните дека доктор Офболи е близу.
Бродот се движел бргу по брановите. Крокодилот седел на палубата и одеднаш видел како наспроти
бродот плива еден делфин.
- Извинете, да не е на вашиот брод познатиот доктор Офболи? - прашал делфинот.
- Да, - одговорил крокодилот. Познатиот доктор Офболи е на нашиот брод.
- Замолете го докторот да плови побргу, - рекол жеравот, - оти на мајмуните им станува сè полошо. Да
не не го фочекаат.
- Не грижете се! - рекол крокодилот. - Пловиме најбргу што можеме. Мајмуните нема долго да чекаат.
Следното утро докторот му рекол на крокодилот:
- Што е она напред? Некоја голема земја. Мислам дека е тоа Африка.
- Да, тоа е Африка! - извикал крокодилот. - Африка! Африка! Наскоро ќе бидеме во Африка. Ги гледам
ноевите! Ги гледам носорозите! Ги гледам камилите! Ги гледам слоновите! Африка, африка, земјо
моја, Африка Африка, роднино моја!
Глава 8
БУРА
Но одеднаш се издигнала бура. Дожд! Ветар! Молња! Гром! Брановитре станале толку големи што
било страшно да се гледаат.
И одеднаш трах-тар-ра-рах! Се слушнал силен тресок и бродот се навалил на страна.
- Што е тоа? Што е тоа? - прашал докторот.
- Бро-до-лом! - извикал папагалот. - Бродот налета на карпа и се удри! Тонеме! Спасувај се кој може!
- Ама, јас не знам да пливам! - извикал Чичи.
- И јас не знам! - извикало прасето Хру-Хру.
Тие горко заплакале. За среќа крокодилот ги качил на своите широки плеќи и запливал по брановите
кон брегот.
Ура! Сите се спасени! Сите среќно стасаа во Африка! Но, нивниот брод беше потонал. Го удрил голем
бран и тој потонал.
Како ли ќе се вратат дома? ТА, немале друг брод. И што ли ќе му кажат на морнарот Робинзон?
Станало темно. На докторот и на сите животни им се спиело. Биле направени жива вода и биле многу
изморени.
Но, докторот не ни помислувал на одмор:
- Побрзо, побрзо, напред! Мораме да побрзаме! Треба да ги спасиме мајмуните! Кутрите тие се болни
и можеби нбема да дочекаат да ги излекувам!
Глава 9
Докторот во незгода
Во тој момент кај докторот долетал Бумба со растреперен глас:
- Потивко! Потивко! Некој доаѓа! Слушам чекори!
Сите замолкнале и почнале да слушаат.
Од шумата излегол некој старец со долга седа брада и извикал:
- Што правите тука? Кои сте вие? Зошто сте дојдени?
- Јас сум доктор Офболи, - рекол докторот. - Дојдов во Африка за да ги излекувам болните мајмуни.
- Ха-ха-ха! - се засмеал старецот. - Да ги излекува болните мајмуни! А, знаете ли каде сте дошле?
- Не! - рекол докторот. - КАде?
- Кај разбојникот Бармалеј!
- Кај Бармалеј! - извикал докторот. - Бармалеј е најлошиот човек на светот! Подобро ќе умреме, но на
разбојникот нема да му се предадеме! Мораме побргу да одиме кај болните мајмуни. Тие плачат, нè
чекаат, треба да ги излекуваме.
- Не! - рекол старецот и почнал да се смее уште погласно. - Оттука нема бегање! Бармалеј го убива
секој оној што ќе му падне в раце!
- Одиме! - викнал докторот. - Одиме! Можеме да се спасиме! Ќе се спасиме!
Но, пред нив се појавил лично Бармалеј, почнал да мавта со сабјата и да вика:
- Слуги мои верни, фатете го глупавиот доктор и неговите глупави животни и ставете ги в затвор! Утре
ќе се справам со нив!
Потрчале злите слуги на Бармалеј, го фатиле докторот, го фатиле крокодилот, ги фатиле сите
животни и ги повеле в затвор. Докторот храбро им се спротиставувал. Животните касале, гребеле, се
оттргнувале, но имало толку многу непријатели кои воедно биле и силни. Тие ги фрлиле
заробениците во затвор, а старецот ги заклучил. КлучОт му го дал на Бармаеј, кој, пак, го зел со себе и
го ставил под својата перница.
- Кутрите ние! - рекол Чичи. Никогаш нема да излеземе од овие зандани. Ѕидовите се дебели, вратите
железни. Повеќе никогаш нема да го видиме сонцето, цветовите, дрвјата. Кутрите ние!
Прасето почнало да 'рчи, кучето да завива, а крокодилот заплакал и пролил толку големи солзи што
се направило бара.
Глава 10
Подвигот на папагалот Карудо
Но, докторот им рекол на животните:
- Пријатели мои, не треба да тажиме! Мораме да се извлечеме од оваа проклета зандана зашто нè
чекаат болните мајмуни! Престанете да плачете! АЈде да размислиме како да се спасиме.
- Не, драг докторе, - рекол крокодилот и заплакал уште посилно. - Не можеме да се спасиме.
Изгинавме! Вратите од затворот се направено од цврсто железо. Да не мислиш дека можеме да ја
турнеме вратата? Утре кога сонцето ќе изгрее Бармалеј ќе нè убие сите до еден.
Патката Кика залипала. Чичи длабоко воздивнал. Но, докторот скокнал и со весела насмевка рекол:
- Ќе се спасиме од занданава!
Тој го повикал папагалот Карудо и му шепнал нешто, но толку тивко што никој друг не можел да чуе.
Папагалот кимнал со главата, се засмеал и рекол:
- Во ред!
Потоа тргнал кон решетките, се протнал, излегол на улица и полетал кој Бармалеј.
Бармалеј си спиел цврсто во креветот, а под неговата перница бил скриен големиот клуч, оној од
вратата во затворот.
Папагалот се прикрал тивко и го извадил клучОт од под перницата. Ако се разбудел разбојникот тој
веднаш би ја убил храбрата птица.
Но, за среќа тој цврсто спиел.
Храбриот Карудо го зел клучот и полетал назад кон затворот.
Леле, колку бил тежок клучот! Карудо за малку ќе го испуштел по пат. Но, како и да е долетал до
затворот и се пикнал низ прозорецот кај доктор Офболи. Колку се израдувал докторот кога видел дека
папагалот го донел клучот!
- Ура! Спасени сме! - извикал тој. - Да бегаме дури Бамалеј не се разбудил!
Докторот го зел клучОт, ја отклучил вратата и истрчал на улица, а по него истрчале и животните.
Слобода! Слобода! Ура!
- Ти благодарам, храбар Карудо! - рекол докторот. Нè спаси од смрт. Да не беше ти ќе изгиневме, а
заедно со нас ќе изгинеа и болните мајмуни.
- Не! - рекол Карудо. - Ти ми кажа што треба да направам за да излеземе од затворотЖ
- Побрзо, да одиме кај болните мајмуни! - рекол докторот и брзо тргнал низ шумата, а по него и
неговите животни.
Глава 11
ПО МАЈМУНСКИОТ МОСТ
Кога Бармалеј дознал дека доктор Офболи избегал од затворот тој многу се налутил, очИте му
засветкале и тој удрил со ногата по земја.
- Еј, слуги мои верни! - свикал тој. - Одете по докторот! Фатате го и доведете ми го тука!
Слугите птрчале во густата шума и почнале да го бараат доктор Офболи. А, за тоа време доктор
Офболи со своите животни низ Африка одел кон Земјата на Мајмуните. Тој одел бргу. Прасето Хру-
Хру, кое имало кратки нозе, не можело да ги стаса. Докторот го зел в раце. Прасето било тешко, така
што докторот се изморил.
- Леле, колку сакам да се одморам! - рекол тој. - Само побргу да стасаме во Земјата на Мајмуните.
Чичи се искачил на едно високо дрво и почнал да вика:
- Ја гледам Земјата на Мајмуните! Земјата на Мајмуните е близу! Наскоро ќе бидеме во Земјата на
Мајмуните!
Докторот се израдувал и побрзал напред.
Болните мајмуни оддалеку го виделе докторот и весело почнале да плескаат со шепите:
- Ура! Дојде доктор Офболи! Доктор Офболи сега ќе не лекува и утре ќе бидеме здрави!
Но, во тој момент од густата шума истрчале слугите на Бармалеј и почнале да го бркаат докторот.
- Држете го! Држете го! - викале тие.
Докторот трчал колку што можел. И одеднаш пред него се подала река. Било невозможно да се
продолжи понатаму. Реката била широка, не можело да се преплива. Слугите на Бармалеј му биле зад
петици! Ах, да имаше мост докторот би преминал преку него и би се нашол во Земјата на Мајмуните!
- Кутрите ние! - извикало прасето Хрѕ-Хру. - Како ќе преминеме на другата страна? Уште малку ќе нè
фатат и повторно ќе нè однесат в затвор.
Тогаш еден од мајмуните извикал:
- Мост! Мост! Правете мост! Побргу! Не губете време! Правете мост! Мост!
Докторот погледнал наоколу. Мајмуните немале ни железо ни камен. Од што ли ќе направат мост?
Но, мајмуните направиле мост, и тоа не од железо, не од камен, ами од живи мајмуни. На брегот на
реката растело некое дрво. Еден мајмун се фатил за дрвото, а за неговата опашка друг мајмун. И така
сите мајмуни се фатиле еден за друг и направиле цела верига што се простирала од едниот до другиот
крај на реката.
- Еве мост, трчај! - му викнале тие на докторот.
Докторот, пак, го зел бувот Бумба и потрчал по мајмуните, по нивните глави и по нивните плеќи, а по
него и сите негови животни.
- Побрзо! - викале мајмуните. - Поибрзо! Побрзо!
Било тешко да се оди по жив мајмунски мост. Животните се плашеле дека ќе се препнат и оти ќе
паднат во вода.
Ама, не, мостот бил цврст, мајмуните цврсто се држеле еден за друг така што докторот бргу се нашол
од другата страна на реката, а со него и животните.
- Бргу напред! - викал докторот. - Не смееме да запреме ни за момент. Ќе нè фатат непријателите. И
тие трчаат по мајмунскиот мост. Наскоро ќе бидат тука! Бргу! Бргу!
Ама што е тоа? Што се случило? Гледајте: на средина од мостот еден мајмун ги раширил прстите,
мостот се скршил и слугите на Бармалеј од голема висина паднале право во реката.
- Ура! - извикале мајмуните. - Ура! Доктор Офболи е спасен! Сега нема од што да се плаши! Ура!
Непријателите не го фатија! Сега тој ќе ги излекува болните мајмуни! Тие се тука, во близина,
лелекаат и плачат!
Глава 12
ГЛУПАВИТЕ ЖИВОТНИ
Доктор Офболи поитал кон болните мајмуни.
Тие лежеле на земја и лелекале. Биле многу болни.
Докторот почнал да ги лекува мајмуните. На секој од нив требало да му се даде лек: на еден капки, на
друг апчиња. На секој мајмун требало да му се стави ладна облога на главата, а на грбот и на градите
топла.
Само еден не можел да постигне со таа работа.
Кика, крокодилот, Карудо и Чичи со сите сили му помагале, но и тие набргу се замориле, па на
докторот му требале и други помошници.
Тој тргнал во пустината каде живеел лавот.
- Ве молам, - му рекол тој на лавот, - помогнете ми да ги излекуваме мајмуните.
Лавот бил многу наперчен и со заканувачки поглед му рекол на Офболи:
- Знаеш ли кој сум јас? Јас сум лав, јас сум царот на животните! И ти се дрзнуваш да ме молиш да ги
лекувам тие погани заморци?
Тогаш докторот отишл кај носорозите.
- Носоросзи, носорози! - рекол тој. Помогнете ми да ги излекувам мајмуните! Ги има многу, а јас сум
еден. Не можам сам да се справам.
Носорозите само се засмеале и му рекле:
- Како не ќе ти помогнеме! Биди среќен што не сме те заболе со своите рогови!
Многу им се налутил докторот на злите носорози и отрчал во соседната шума каде живееле тигрите.
- Тигри! Тигри! Помогнете ми да ги излекувам мајмуните!
- Ррррр! - одговориле тигрите. - Оди си додека си цел!
Докторот заминал тажен откај нив.
Но, наскоро лошите ѕверови биле казнети.
Кога лавот се вратил дома, лавицата му рекла:
- Нашето синче се раболе, цел ден офка и плаче. Колку тажно што во Африка го нема познатиот
доктор Офболи! Тој чудесно лекува. Не за џабе сите го сакаат. Тој ќе го излекуваше нашиот син.
- Доктор Офболи е тука, - рекол лавот. - Онаму е, зад палмите, во Земјата на Мајмуните! Само што
разговарав со него!
- Каква среќа! - извикала лавицата. - Трчај по него и викни го.
- Не, - рекол лавот, - не одам по него. Тој нема да го лекува нашиот син зашто го налутив.
- Си го налутил доктор Офболи! Што ќе правиме сега? Знаеш ли ти дека доктор Офболи е најдобриот
и најпознатиот доктор? Само тој од луѓето знае да зборува на животински јазик. Тој лекува тигри,
крокодили, зајци, мајмуни и жаби. Да, да, тој дури и жаби лекува зашто е добар. И ти најде таков
човек да налутиш! И тоа токму сега кога син ти е болен! Што ќе правиш сега?
Лавот занемел. Не знаел што да каже.
- Оди кај докторот, - почНала да вика лавицата, - и побарај прошка од него. Помагај му како знаеш!
Прави сè што ќе ти каже и моли го да ни го излекува синот.
Немало што да се прави, Лавот отишол кај доктор Офболи.
- Добар ден! - рекол тој. - Дојдов да ви се извинам што бев груб. Подготвен сум да ви помогнам. Ќе им
давам лекови на мајмуните и ќе им ставам облоги.
Така лавот почнал да му помага на Офболи. Три дена и три ноќи тој ги гледал болните мајмуни, а
потоа му се приближил на доктор Офболи и срамежливо му рекол:
- Син ми е болен, а јас него многу го сакам. Ве молам, излекувајте го моето лавче.
- Во ред! - рекол докторот. - Уште денес ќе го излекувам.
Тој отишол во пештерата и му дал на синот таков лек што по еден час бил здрав.
Лавот се израдувал, но му било срам што го навредил докторот.
А, потоа се разболеле децата на тигрите и носорозите. Офболи веднаШ ги излекувал. Тогаш тигрите и
носорозите му рекле:
- Многу ни е жал што те навредивме!
- Ништо, ништо. - рекол докторот. Но, следниотпат бидете поразумни. А, сега дојдете по мене да ги
лекуваме мајмуните.
Глава 13
ПОДАРОК
Животните толку добро му помагале на докторот така што мајмуните мошне бргу закрепнале.
- Треба да сме му благодарни на докторот, - рекле тие. Тој нè излекува од ужасната болест и треба да
му подариме нешто убаво. Да му подариме такво животно какво луѓето до сега немаат видено. Какво
што нема ниту во циркус, ниту во зоолошка градина.
- Да му подариме камила! - извикал еден мајмун.
- Не, - рекол Чичи, - не му треба камила. Тој видел камили. Сите луѓе имаат видено камили. Ги има и
во зоолошка и на улица.
- Па, тогаш ној! - извикал друг мајмун. - Да му подариме ној!
- Не, - рекол Чичи, - и ноеви има видено.
- А, има ли видено тргнибутни? - прашал трет мајмун.
- А, не, тргнибутни нема видено, - рекол Чичи. - Не постои човек што видел тргнибутни.
- Супер, - рекле мајмуните. - Сега знаеме што да му подариме на докторот, ќе му подариме
тргнибутни!
Глава 14
ТРГНИБУТНИ
Луѓето никогаш немале видено тргнибутни зашто тие се плашеле од нив и кога ќе виделе човек
веднаш се криеле во грмушките.
Други животни можат да се фатат кога тие ќе заспијат и ќе ги затворат очите. Ќе им се прикрадете
одзади и ќе ги фатите за опаш. Но, не можете да им се прикрадете на тргнибутните зашто тие имаат
глава и напред и одзади.
Да, тие имаат две глави: една однапред, една одзади. Кога сака да спие прво спие едната глава, а потоа
другата. Никогаш не спијат одеднаш двете. Едната глава спие, а другата набљудува за да не се
прикраде некој ловџија. Ете затоа ниту еден ловџија не успеал да фати тргнибутни и затоа такво
животно нема во ниту еден циркус и во ниту една зоолошка.
Мајмуните решиле да фатат еден тргнибутни за доктор Офболи.
Тие отишле во најгустата шума и таму нашле место каде се одмарал еден тргнибутни.
Тој ги видел и почнал да бега, но тие го опколиле, го фатиле за рогот и му рекле:
- Драг Тргнибутни! Сакаш ли да одиш и да живееш далеку-далеку со доктор Офболи и со неговите
животни? Таму ќе ти биде убаво, ќе имаш што да јадеш и ќе ти биде весело.
Тргнибутнито замавнал со двете глави и со двете грла рекол:
- Не!
- Докторот е добар, - му рекле мајмуните. - Тој ќе те храни со медени колачиња, а ако се разболеш тој
ќе те излекува од секаква болест.
- Сеедно! - рекол тргнибутни. - Сакам да си останам тука.
Три дена мајмуните го убедувале и на крајот тргнубутни им рекол:
- Покажете ми го тој доктор што толку го фалите. Сакам да го видам.
Мајмуните го однеле тргнибутнито во куќата во која живеел доктор Офболи и тропнале на вратата.
- Влезете, - рекла Кика.
Чичи горделиво го внела двоглавото животно.
- Што е ова? - прашал восхитено докторот.
Дотогаш тој немал видено такво чудо.
- Ова е тргнибутни, - одговорил Чичи. - Сака да се запознае со тебе. Тргнибутни е најреткото животно
во нашите африкански шуми. Земи го со себе на бродот и поведи го да живее со тебе.
- А, ќе сака ли да дојде со мене?
- Со задоволство ќе дојдам, - неочкувано рекол тргнибутни. Веднаш сфатив дека си добар зашто имаш
добри очи. Животните многу те сакаат и знам дека и ти ги сакаш. Но, сакам да ми ветиш: ако ми биде
здодевно кај тебе дека ќе ме пуштиш да се вратам.
- Секако дека ќе те пуштам, - рекол докторот. - Но, толку ќе ти биде убаво кај мене што нема да сакаш
да заминеш.
- Така е! - извикал Чичи. - Нашиот доктор е мошне весел, мошне добар! Сите своеволно живееме во
неговата куќа. А, во близина, на два чекори, живеат Тања и Вања и ќе видиш дека и тие ќе те засакаат
и ќе ти станат најдобри пријатели.
- Ако е така се согласувам! Одам! - весело рекол тргнибутни и долго кимал те со едната, те со другата
глава.
Глава 15
МАЈМУНИТЕ СЕ ПРОШТЕВААТ СО ДОКТОРОТ
Во тој момент кај Офболи дошле мајмуните и го повикале да вечераат. Тие му приготвиле многу убави
проштелни јадења: јаболки, мед, банана, урми, кајсии, портокали, ореви, суво грозје!
- Да живее доктор Офболи! - викале тие. - Тој е најдобриот човек на Земјата.
Потоа мајмуните отрчале во шумата и оттаму дотерале огромен, тежок камен.
- Овој камен, - рекле тие, - ќе стои на местото каде доктор Офболи ги лекуваше болните. Тоа ќе биде
споменик на добриот доктор.
Докторот ја симнал шапката, им се поклонил на мајмуните и им рекол:
- Догледање, драги пријатели! Ви благодарам за вашата љубов. Наскоро повторно ќе дојдам. А, до
тогаш ви ги оставам крокодилот, папагалот Карудо и мајмунот Чичи. Тие се родени во Африка, па
нека останат тука. Тука живеат нивните браќа и сестри. До гледање!
- Не, не! - извикале во ист глас крокодилот, Карудо и Чичи. - Ние сги сакаме нашите браќа и сестри,
но не сакаме да се разделуваме од тебе.
- И мене ќе ми биде тешко без вас, - рекол докторот. - Но нема да останете тука засекогаш. За три-
четири месеци ќе се вратам и ќе ве земам. Тогаш повторно ќе живееме и ќе работиме зедно.
- Ако е така ќе останеме, - рекле животните. - Но дојди по нас побргу.
Докторот другарски се простил со сите и со бодар чкор тргнал по патот. Мајмуните тргнале по него за
да го испратат. Секој мајмун сакал да му подаде рака на доктор Офболи. И бидејќи имало многу
мајмуни тие се поздравувале сè до вечерта. Докторот го заболела раката.
А, вечерта се случила несреќа.
Само што докторот ја преминал реката повторно се нашол во земјата на разбојникот Бармалеј.
- Тссссс! - шепнал Бумба. - Зборувајте потивко! Ако не повторно ќе нè фатат.
Глава 16
НОВИ НЕЗГОДИ И РАДОСТИ
Не се ни докажал бувот, кога од темната шума истрчале слугите на Бармалеј и му се нафрлиле на
добриот доктор. Тие одамна го чекале.
- А-ха! - извикале тие. - На крајот те фативме! Сега нема да ни избегаш!
Што да се прави? Каде да се скрие докторот од злите непријатели?
Но. докторот не се исплашил. Тој скокнал врз тргнибутни, а тој летнал да трча како најбрз коњ.
Слугите на Бармалеј тргнале по нив. Но, бидејќи тргнибутни имал две глава тој го каснувал секој што
ќе пробал да го нападне одзади, а други пак ги удирал со рогот и ги фрлал во грмушките.
Секако, само тргнибутни не можел да го спаси докторот. На помош дотрчале и неговите пријатели.
Однекаде се појавил крокодилот и почнал да ги гризе разбојниците. Кучето Авко 'ржел на нив и ги
буткал на земја заривајќи им ги своите заби в грло. А, горе, по гранките, се префрлал мајмунот Чичи и
ги удирал разбојниците со големи ореви.
Разбојниците паѓале, лелекале и на крајот морале да се откажат, па избегале во густата шума.
- Ура! - извикал Офболи.
- Ура! - извикале животните.
А, прасето Хру-хру рекло:
Сега можеме да се одмориме! Ајде да легнеме на тревава. Изморени сме, Ни се спие.
- Не, пријатели мои! - рекол докторот. - Мораме да брзаме. Ако се бавиме нема да се спасиме.
Така тие потрчале напред. Насбргу тргнибутни го довел докторот на брегот од морето. Таму бил
вкотвен голем и убав брод. Тоа бил бродот на Бармалеј.
- Спасени сме! - се израдувал докторот.
На бродот немало жива душа. Докторот со сите свои животни се качил на бродот, ги кренал едрата ис
акал да се впушти во отвореното море. Но, само што се одалечил од брегот од шумата дотрчал
Бармалеј.
- Стој! - извикал тој. - Стој! Каде ми го носиш бродот? Веднаш врати се!
- Не! - му одговорил докторот на разбојникот. - Не сакам да се вратам кај тебе. Ти си зол! Ги мачеше
моите животни! Ме фрли в зандана. Сакаше да ме убиеш. Ти си ми непријател! Те мразам! Ќе ти го
земам бродот за да не напаѓаш повеќе на море! За да не ги ограбуваш незаштитените бродови што
минуваат покрај твојот брег.
Многу се налутил Бармалеј: тој трчал по брегот, викал, се заканувал и фрлал огромни камења во
водата. Но, доктор Офболи само се смеел. Тој тргнал со бродот на Бармалеј кон својата земја и по
неколку дена се вкотвил во родниот брег.
Глава 17
ТРГНИБУТНИ И ВАРВАРА
Авко, Бумба, Кика и Хру-хру биле многу среќни што се вратиле дома. На брегот тие ги виделе Тања и
Вања, кои скокале и играле од радост. До нив стоел и морнарот Робинзон.
- Добар ден, морнару Робинзон! - извикал доктор Офболи од бродот.
- Добар ден, докторе! - одговорил морнарот Робинзон. - Добро ли патуваше? Ги излекува ли
мајмуните? А, каде ми е бродот?
- Ах, - одговорил докторот, - твојот брод се урна! Удри во карпа на брегот од Африка. Но, ти донесов
нов, поубав од твојот.
- Ти благодарам! - рекол Робинзон. - Гледам дека бродот е одличен. И мојот беше добар, но овој е
толку поголем и убав!
Докторот се збогувал со Робинзон, се качил на тргнибутни и тргнал по улиците на градот, право во
својот дом.
Втор дел
ПЕНТА И МОРСКИТЕ ПИРАТИ
Доктор Офболи многу сакал да шета. Еднаш за време на прошетката, на брегот на морето видел
пештера. Тој и животните сакале да влезат во неа, но пештерата била затворена. На вратата имало
голем катанец.
- Треба да го најдеме клучот, - рекол докторот. - Одете да го побарате.
Животните се растрчале на сите страни и почНале да го бараат клучОт од пештерата. Тие ѕиркале под
секој камен, под секоја грмушка, но клучот не можеле да го најдат.
Тогаш тие повторно се приближиле кон заклучената врата и почнале да ѕиркаат низ дупчето. Но, во
пештерата било темно и ништо не се гледало. Одеднаш бувот Бумба рекол:
- Потивко! Ми се чини дека има некој во пештерата. Или е чОвек или е животно.
- Што слушаш? - прашал доктор Офболи.
- Како некој чОвек си ја ставил раката в џеб.
- Ете ти чудо! - рекол докторот. - Не знаев дека имаш толку добар слух. Слушни уште еднаш,
Слушам како на тој човек му се тркала солза по образите.
- Солза! - извикал докторот. - Солза! Да не плаче таму некој? Да не му е потребна помош на тој чОвек?
Изгледа настрадал. Не сакам кога некој плаче. Дајте ми секира. Ќе ја скршам вратата.
Тргнибуни отрчал дома по секира и му ја донел на докторот. Докторот, пак, замавнал и со сета сила
удрил по заклучената врата. Еднаш! УШте еднаш! Вратата се разлетала на парчиња и докторот влегол
во пештерата.
Пештерата била темна, ладна и влажна. И колку ли само непријатно мирисало!
Докторот запалил едно киубритче. Леле, колку било валкано и неудобно! Ни маса, ни клупа, ни стол!
На земја имало само куп гнила слама, а на неа седело едно момченце и плачело.
- Се викам Пента. Знаете ли каде е татко ми?
- Не знам, - одговорил докторот. - Каде ли може да е татко ти? Кази ми како изгледа?
- Татко ми е рибар, - рекол Пента. Вчера отидовме да ловиме риба во морето, јас и тој на едно кајче.
Одеднаш кајчето го нападнаа морски разбојници и нè пленија. Оттогаш не го имам видено татко ми.
Каде е? Што му направиле? Најверојатно го фрлиле во морето и тој потонал.
Момченцето повторно заплакало.
- Не плачи! - рекол докторот. - Со солзи ништо не ќе направиш. Подобро да размислиме како да го
спасиме татко ти од разбојниците. Кажи ми каков е тој?
- Тој има жолтоцрвена коса и многу долга брада.
Доктор Офболи ја повикал кај себе патката Кика и тивко и кажал на уво:
- Чари - бари, чава - чам!
- Чука - чук! - му одговорила Кика.
- Што Ч кажавте на патката?
- И реков да ги повика делфините.
Патката отрчала на брегот и извикал на цел глас:
- Делфини, допливајте тука! Ве вика доктор Офболи!
Тогаш делфините допливале до брегот.
- Добар ден, докторе! - извикале тие. - Што ви треба?
- Се случи несреќа, - рекол докторот. - Вчера наутро пиратите нападнале еден рибар, го истепале и
најверојатно го фрлиле во водата. Се плашам дека потонал. Ве молам пребарајте го морското дно,
можеби ќе го најдете.
Делфините впливале во морето и почнале да го бараат рибарот. Следното утро допливале на брегот и
му рекле на доктор Офболи:
- Не го најдовме твојот рибар. Цела ноќ баравме но на морското дно го нема.
Момчето многу се израдувало кога слушнало што рекле делфините.
- Значи татко ми е жив! Жив! - викало тоа, скокало и плескало со рацете.
Но, потоа Пента цело време бил тажен. Дури ни јавањето на тргнибутни не го развеселувало. На
крајот тој го прашал докторот:
- Како ќе го најдеш татко ми?
- Ќе ги повикам орлите, - рекол докторот. - Орлите имаат многу добар вид и можаат да гледаат многу
далеки. Кога летаат под облаците тие ја гледаат секоја бубалка што лази по земјата. Ќе ги замолам да
ја прегледаат цела земја, сите шуми, сите полиња и гори, сите села, насекаде да го бараат татко ти.
Орлите го познавале докторот, па затоа и долетале.
- Добар ден, докторе! Што ви треба?
- Летајте по сите краеви, - рекол докторот, - и најдете го рибарот со жолтоцрвена коса и долга
жолтоцрвена брада.
Така тие полетале високо-високо над шумите. над полињата, над горите. Сите тие внимателно гледале
да не најдат рибар со жолтоцрвена коса и долга жолтоцрвена брада.
Следниот ден орлите долетале и му рекле на докторот:
- Ја изгледавме цела земја, но никаде не можевме да го најдеме рибарот, а ако ние не сме го виделе
значи дека го нема на земјата.
- Што да правиме? - прашала Кика. - Мораме да го најдеме рибарот оти Пента постојано плаче. Тажно
му е без татко му.
- Јас ќе го најдам, - рекол Авко.
- Ама, како ќе го најдеш? - прашам тргнибутни. - Ако орлите не го најдоа, никој не може да го најде.
- Докторе! - рекол Авка. - КАжи му на Пента да ти даде некоја работа што ја држел татко му в раце.
Докторот отишол кај момченцето и му рекол:
- Да не имаш некој предмет што татко ти го држел в рака?
- Еве, - рекло момченцето и од џебот извадило големо марамче за нос.
Кучето дотрчало кај марамчето и почнало да го душка. Потоа тргнало да бара.
Доцна навечер Авко дотрчал кај докторот кој спиел заедно со Пента.
- Станувај! Станувај! - почнало да вика кучето. Од морето дува западен ветар и ја чувствувам
миризбата на рибарот! Тој е на оној брег! Побрзо да одиме таму!
Најпрво тие го зеле повторно бродот од морнарот Робинзон и тргнале кон местот. Долго пловеле и
кога стигнале виделе некој човек како спие. Докторот го потегнал за ракавот и му рекол:
- Разбудете се, ве молам! Многу долго ве баравме! Многу сте ни потребен! Како се вика син ви? -
прашал докторот.
- Пента, - одговорил рибарот.
- Дојдете со мене, му рекол докторот.
Пента видел дека татко му доаѓа накај него потрчал и му се фрлил в прегратка, па викнал:
- Го најдовме! Го најдовме! Ура!
И така тие тргнале дома. Бродот се движел бргу по брановите. На третиот ден од патувањето
патниците виделе некаков пуст остров. На него немало ниту дрвја, ниту животни, ниту луѓе - само
песок и огромни камења. Но, зад камењата се криеле страшни пирати. Кога некој брод ќе поминел
покрај островот тие го напаѓале, ги ограбувале и ги убивале луѓето, а бродот го потонувале. Пиратите
многу му биле лути на докторот зашто го нашол рибарот со црвеножолта коса и го спасил, па одамна
го барале.
Пиратите имале голем брод кој го криеле зад големата карпа. Докторот не ги видел ни пиратите, ни
бродот. Времето било прекрасно, сонцето силно светело. Докторот бил многу среќен. Одеднаш прасето
Хру-хру рекло:
- Видете го оној брод!
Докторот видел дека им се приближува брод со црни едра.
- Не ми се допаѓаат едрата! - рекло прасето. - Зошто се црни, а не бели? Само пиратските бродови
имаат црни едра!
Хру-хру сфатило дека под црните едра се кријат разбојници. Тие сакале да го фатат доктор Офболи и
да ми се одмаздат што ги спасил рибарот и Пента.
- Побрзо! Побрзо! - извикал докторот. - Отворете ги сите едра!
Но, пиратите биле сè поблизу и поблизу.
- Ќе не стасаат! - викала Кика. - Близу се. Им ги гледам страшните лица. Колку зли очи имаат! Што да
правиме? Каде да бегаме? Ќе нè фатат и ќе не фрлат в море!
- Гледај, - рекол Авко, - кој стои таму! Не го познаваш ли? Тоа е неранимајкото Бармалеј! Во едната
рака држи сабја, а во другата пиштол. Сака да нè погуби, да нè застрела, да нè уништи!
Но, докторот се насмевнал и рекол:
- Не плашете се, мили мои пријатели, нема да им успее! Имам добар план! Ја гледате ластовичката
што лета над брановите? Таа ќе ни помогне да се спасиме од разбојниците.
Тој почнал силно да вика: На-за-се! На-за-се! КАрачуј! Карабун!
На јазикот на животните тоа значи:
Ластовичке! Ластовичке! Нè гонат пирати. Сакаат да нè убијат и да нè фрлат в море.
Ластовичката се спуштила на бродот.
- ЛАстовичке, мораш да ни помогнеш! - рекол докторот. - Карафу, марафу, дук!
На јазикот на животните тоа значи:
Летај побргу и повикај ги жеравите!
Ластовичката одлетала и по една минута се вратила заедно со жеравите.
- Добар ден, доктор Офболи! - извикале жеравите. - Не грижи се, сега ќе те извлечеме.
Докторот заврзал јаже на носот од бродот, жеравите го фатиле и го повлекле бродот нанапред.
Имало многу жерави и тие летале напред бргу влечејќи го бродот кој летал како стрела. Докторот
морал да си ја држи шапката за да не му падне. КОга животните се завртеле виделе дека пиратскиот
брод е далеку зад нив.
- Ви благодарам, жерави! - рекол докторот. - Нè спасивте од пиратите! Да не бевте вие сега ќе лежевме
на дното на моерто!
На жеравите воопшто не им било лесно да го тегнат тешкиот брод. По неколку часа тие толку се
измориле што речиси не паднале во морето. Тогаш тие го повлекле бродот кон брегот, се збогувале со
докторот и одлетале во родната бара.
Тогаш бувот Бумба дошол кај докторот и му рекол:
- Погледни онаму! Ги гледаш ли стаорците на палубата? Тие скокаат од бродот право в море и еден по
друг пливаат кон брегот.
- Убаво! - рекол докторот. - Стаорците се лоши и не ги сакам.
- Не, тоа не ќе е на арно! - со воздишка рекол Бумба. - Стаорците живеат долу на бродот и кога ќе
видат дека некаде протекува тие скокаат во морето и пливаат кон брегот. Тоа значи дека нашиот брод
ќе потоне. Еве, самиот слушни што велат стаорците.
Во тоа време од долниот дел на бродот излегувале два стаорца. Постариот стаорец му кажал на
помладиот:
- Вчеравечер си одам јас во својата дупка и гледам целата е мокра. И си мислам, треба да се бега. Утре
ќе потоне бродов. Бегај и ти додека не е доцна.
И двата стаорца се фрлиле во вода.
- Да, да, - извикал докторот, - ми текна! Стаорците секогаш бегаат пред да потоне бродот, И ние ќе
мораме да бегаме зашто ќе потонеме сосе него! Животни, по мене! Побргу! Побргу!
Тој ги собрал своите работи и бргу избегал на брегот, Животните поитале по него. Тие долго оделе по
песочниот брег и многу се измориле.
- Да седнеме и да се одмориме, - рекол докторот. - И да размислиме што ќе правиме.
- Тука ли ќе останеме за цел живот? - рекол тргнибутни и заплакал.
Од четирите негови очи се пролиле крупни солзи.
И така сите животни почнале да плачат зашто сите сакале да се вратат дома.
И од некаде долетала една ластовичка.
- Докторе, докторе! - извикала таа. - Се случИ голема несреќа - пиратите ти го запленија бродот!
Докторот рипнал на нозе.
- Што прават тие на мојот брод? - прашал тој.
- Сакаат да го ограбат, - одговорила ластовичката. - Трчај побргу и избркај ги!
- Не, - рекол докторот со весела насмевка, - не треба да ги бркам. Нека пловат на мојот брод. Нема да
отпловат далеку, ќе видиш! Подобро да одиме додека не нè виделе и да го земеме нивниот брод. Да
одиме и да го заплениме бродот на пиратите!
Така докторот тргнал по брегот, а по него тргнибутни и сите негови животни.
И ете го и пиратскиот брод.
На него немало никој! Сите биле на бродот на Офболи!
- Потивко, не вревете! - рекол докторот. - Тивко ќе се искачиме на пиратскиот брод за никој да не нè
види.
Животните тивко се искачиле на бродот, тивко ги отвориле црните едра и тивко запловиле по
брановите. Пиратите ништо не забележале.
И одеднаш се случила голема несреќа.
Работата била во тоа што прасето Хру-хру настинало. Во моментот кога докторот сакал нечујно да го
одмине бродот на кој биле пиратите, Хру-хру гласно кивнал. И уште еднаш, и уште еднаш.
Пиратите слушнале како некој кива. Тие потрчале на палубата и виделе дека докторот им го пленил
бродот.
- Стој! Стој! - извикале тие и почнале да го бркаат.
Докторот ги распуштил едрата. И малку фалело пиратите да го фатат. Но бродот почнал да се движи
напред, а поратите малку по малку останувале позади.
- Ура! Спасени сме! - извикал докторот.
Но во тој момент страшниот пират Бармалеј го извадил својот пиштол и испукал куршум кој завршил
право во градите на тргнибутни. Тогаш тргнибутни се затетеравил и паднал во водата.
- Докторе, докторе, помогнете ми! Ќе потонам!
- Кутриот тргнибутни! - извикал докторот. - Држи се! Сега ќе ти помогнам!
Докторот го запрел бродот и му фрлил јаже на тргнибутни.
Тргнибутни се фатил за јажето со забите. Докторот го извадил ранетото животно на палубата, му ја
преврзал раната и го продолжил патот. Но, веќе било доцна, пиратите пловеле многу бргу!
- На крајот ќе те фатиме! - викале тие. - И тебе и твоите животни! Ене, на платформата седи една
патка, наскоро ќе ја фатиме и ќе ја испечеме. Колку вкусна вечера ќе имаме! И прасето ќе го испечеме.
Одамна шунка не сме јаделе! За вечера ќе имаме свински котлети. Хо-хо-хо! А, тебе, докторче, ќе те
фрлиме во морето кај забестите ајкули.
Хру-хру ги слушнал тие зборови и заплакал.
- Кутриот јас! - велел тој. - Не сакам да ме испечат и да ме изедадат пиратите.
Авко исто така заплакал. Му било жал за докторот:
- Не сакам ајкулите да го изедат!
Само бувот Бумба не се исплашил од пиратите. Тој мирно им кажал на Авко и на Хру-хру:
- Колку сте глупави! Од што се плашите? Зарем не знаете дека бродот на кој се наоѓаат пиратите
наскоро ќе потоне? Ви текнува што рече стаорецот? Тој рече дека бродот секако ќе потоне. Има голема
дупка и полн е со вода. А, заедно со бродот ќе потонат и пиратите. Од што се плашите? Пиратите ќе
потонат, а ние ќе бидеме здрави и живи.
Но, хру-хру продолжил да плаче:
- Додке апотонат пиратите ќе нè испечат и мене и Кика! - велел тој.
А, пиратите биле сè поблизу и поблизу! Напред, на клунот на бродот стоел главниот пират Бармалеј.
Тој мавтал со сабјата и викал:
- Еј, ти, мајмунски доктору! Не ти останува уште многу време за лекување мајмуни, наскоро ќе те
џитнеме в море. Таму ќе те проголтаат ајкулите!
А, докторот му одговорил:
- Гледај тебе да не те проголтаат! Во твојот брод протекува и наскоро сите ќе бидете на дното.
- Лажеш! - извикал Бармалеј. - Ако тонеше мојот брод од него ќе скокаа стаорците!
- Стаорците одамна избегаа и наскоро ќе бидеш на дното заедно со твоите пирати!
Во тој момент пиратите забележале дека нивниот брод полека пропаѓа во вода. Тие почнале да трчаат
по палубата, да плачат и да врескаат:
- Спасете нè!
Но, никој не сакал да ги спаси.
Бродот се спуштал кон дното сè повеќе и повеќе. Набргу пиратите се нашле во вода. Тие се препелкале
по брановите и не престанувале да викаат:
- Помогнете ни, тонеме!
Бармалеј допливал до бродот на кој пловел докторот и почнал да се искачува по едно јаже. Но, кучето
Авко му ги покажало забите и со заканувачки тон му рекло: Ррррр!
Бармалеј се исплашил, вреснал и со главата одлетал повторно во морето.
- Помогнете ми! - врескал тој - Спасете ме! Извадете ме од вода!
Одеднаш во морето се појавиле ајкулите - големи, страшни риби со остри заби и со широко отворена
уста.
Тие почнале да ги бргаат пиратите и набргу ги проголтале сите до еден.
- Таму им е местото! - рекол докторот. - Тие ограбуваа, мачеа и убиваа невини луѓе. Така и платија за
своите злодела.
Долго пловел докторот по бурното море. Одеднаш слушнал како некој вреска:
- Боен! Боен! Баравен! Бавен!
На јазикот на животните тоа значи:
«Докторе, докторе, запрете го бродот!»
Докторот ги спуштил едрата. Бродот застанал и сите го виделе папагалот Карудо. Тој летал брзо над
морето.
- Карудо! Ти ли си? - извикал докторот. - Колку ми е мило што те гледам! Дојди тука, дојди!
Карудо долетал до бродот и извикал:
- Гледај кој плива по мене! Ене, онаму, на самиот хоризонт, на запад!
Докторот погледанл кон морето и видел дека по морето плива крокодилот, а на неговите плеќи седи
мајмунот Чичи. Тој мавтал со лист од палма и се смеел.
Докторот веднаш го усмерил бродот кон крокодилот и Чичи и им пуштил јаже од бродот.
Тие се искачиле на палубата, му се фрлиле на докторот и почнале да го бакнуваат на усни, во образи,
по брадата, по очите.
- Како се најдовте насред море? - ги прашал докторот.
Тој бил среќен што пвторно ги гледа старите пријатели.
- Ах, докторе! - рекол крокодилот. - Ни беше многу здодевно без тебе во нашата Африка! Ни беше
здодевно без Кика, без Авко, без Бумба, нез милиот Хру-хру! Многу сакавме да се вратиме во твојот
дом, каде во шкафот живеат верверичките, на креветот ежот, а во комодата зајакот и зајчицата.
Решивме да ја напуштиме Африка, да го препливаме морето и да се преселиме кај тебе за цел живот.
- Повелете, - рекол докторот. - Многу ќе ми биде мило.
- Ура! - зивикал Бумба.
- Ура! - извикале сите животни.
А, потоа се фатиле за раце и почнале да играат:
- Шита рита, тита дрита! Шивандада, шиванда! НАшиот Офболи никогаш не ќе го напуштиме!
Само мајмунот Чичи седел на страна и тажно воздивнувал.
- Што ти е? - прашал тргнибутни.
- Ми текна на лошата Варвара! Таа повторно ќе нè навредува и ќе нè мачи!
- Не плаши се, - извикал тргнибутни. - Варвара повеќе не живее со нас! Ја фрлив во морето и сега таа
живее на еден пуст остров.
- На пуст остров?
- Да!
Сите се израдувале - и Чичи и крокодилот и Карудо: Варвара живее на пуст остров!
- Да живее тргнубутни! - извикале тие и повторно почнале да танцуваат:
- Шивандари, шивандари, фундуклеј и дундуклеј! Убаво што Варавара ја нема! Без варвара е повесело!
Тргнибутни кимал со обете глави и двете усни му се насмевнувале.
Бродот се движел со полна сила и кога наближила вечерта патката Кика, се поткачила и го видела
родниот брег.
- Стасавме! - извикала таа. Уште малку и ќе бидеме дома! Ене го нашиот град Пиндемонте! Што е она?
Гледајте! Пожар! Сиот град е во оган! И нашата куЌа ли гори? Ах, каков ужас! Каква несреќа!
Над градот Пиндемонте се гледало големо огнено руменило.
- Побргу кон брегот! - наредил докторот. - Мораме да го изгаснеме пламенот! Земете кофи и фрлајте
вода!
Но, во тој момент слетал папагалот Карудо. Тој погледнал низ дурбинот и толку гласно се насмеал што
сите со чудење го погледнале.
- Не треба да го гаснете пламенот, - рекол тој, - тоа воопшто не е пожар.
- Е, па што е? - прашал доктор Офболи.
- И-лу-ми-на-ци-ја! - одговорил Карудо.
- А, што значи тоа? - прашал Хру-хру. - Никогаш не сум слушнал за такво нешто.
- Сега ќе дознаеш, - рекол папагалот. - Почекај уште десет минути.
По десет минути, кога бродот се приближил кон брегот сите сфатиле што е тоа илуминација. На сите
домови и покриви, на крајбрежните карпи, на дрвјата - насекаде светеле фенери: црвени, зелени,
жолти, а на брегот гореле огнови со големи пламени што се извишувале до небото.
Жените, мажите и децата во празнична, убава облека играле околу тие огнови и пееле весели песни.
Само што виделе како се вкотвува бродот со кој докторот дошол од своето патешествие тие почнале да
плескаат со рацете, се засмеале и се втурнале да го поздрават.
- Да живее доктор Офболи! - викале тие. - Да живее доктор Офболи!
Докторот бил восхитен. Тој не се надевал на таков пречек Тој мислел дека ќе го пречекаат само Тања и
Вања и можеби стариот морнар Робинзон, а него дошле да го пречекаат сите од градот со факели, со
музика и со весели песни. Во што е работата? Зошто го слават? Зошто го празнуваат неговото
враќање?
Тој сакал да седне на тргнибутни и да си оди дома, но толпата го кренала и го понела право на
широкиот приморски плоштад.
Од сите прозорци гледале луѓе и фрлале цвеќиња.
Докторот се насмевнувал, се поклонувал и видел како низ топлата се пробиваат Тања и Вања.
Кога дошле до него, тој ги прегрнал, ги бакнал и ги прашал:
- Од каде знаете дека го победив Бармалеј?
- Пента ни кажа, - одговориле Тања и Вања. - Пента дојде во нашиот град и ни раскажа како сте го
ослободиле и како сте го спасиле татко му од разбојниците.
Тогаш докторот видел дека на една стрмнина, далеку-далеку, стои Пента и му мафта со црвеното
татково шамивче.
- Здраво, Пента! - извикал докторот.
Во тој момент му се доближил насмевнуваќи му се, стариот морнар Робинзон, цврсто му ја стегнал
раката и гласно, за да го чуе сиот плоштад, рекол:
- Драг, Офболи! Многу сме ти благодарни што го исчисти морето од лутите пирати кои ги ограбуваа
нашите бродови. До сега не смеевме да одиме на далечни патувања зашто ни се закануваа пиратите. А,
сега можеме слободно да пловиме со нашите бродови. Ние сме горди што во нашиот град живее таков
храбар херој. Ние ти изградивме чудесен брод и дозволи ни да ти го подариме.
- Да живее нашиот сакан, нашиот храбар доктор Офболи! - во еден глас извикала толпата. - Ти
благодариме!
Докторот & се поклонил на толпата и рекол:
- Ви благодарам за топлиот пречек! Многу сум среќен што ме сакате. Но, јас никогаш не ќе успеев да
се справам со морските пирати ако не ми помогнеа моите верни пријатели, моите животни. Тие се
тука со мене и сакам од сè срце да ги поздравам и да им заблагодарама за саможртвената дружба!
- Ура! - извикала топлата. - Да живеат храбрите животни на Офболи!
По тој празничен пречек докторот седнал на тргнибутни и заедно со другите животни тргнал дома.
Му се израдувале зајците, верверичките, ежовите и лилјаците!
Но, не успеал ни да се поздрави со нив кога од небото слушнал некаков шум. Докторот излегол на
прозорецот и видел дека летаат жерави. Тие долетале до неговата куќа и ништо не велејќи му дале
голема кошница со прекрасни овошја: урми, јаболка, круши, банани, праски, грозје, портокали!
- Ова е за тебе, докторе, од Земјата на Мајмуните!
Докторот им заблагодарил, а тие одлетале назад.
По еден час во дворот на докторот почнала голема гозба. На долгите клупи, на долгата маса, на
светлината од фенерите седнале сите пријатели на Офболи: и Тања, и Вања, и Пента, и стариот рибар
Робинсон, и ластовичката, и Хру-хру, и Чичи, и Кика, и Карудо, и Бумба, и тргнибутни, и Авко, и
верверичКите, и зајците, и ежовите и лилјаците.
Докторот ги нагостил со мед, со бонбони и со колачи, а исто така и со она слатко овошје што му го
испратиле од Земјата на Мајмуните.
Забавата траела долго. Сите се шегувале, се смееле и пееле, а потоа станале и почнале да танцуваат во
дворот под светлото од фенерите.

Contenu connexe

Tendances

вежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прироквежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прирокDaniela Hris
 
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdf
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdfПрирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdf
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdfNatasa Durtanoska
 
работен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMработен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMBiljana CM
 
Техники на учење .pptx
Техники на учење .pptxТехники на учење .pptx
Техники на учење .pptxLarisaMitovski
 
поделба на зборовите на слогови вежби
поделба на зборовите на слогови вежбиподелба на зборовите на слогови вежби
поделба на зборовите на слогови вежбиbrane71
 
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavkiKontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavkiNatasa Durtanoska
 
Работен лист проценти / дропки / децимали
Работен лист   проценти / дропки / децималиРаботен лист   проценти / дропки / децимали
Работен лист проценти / дропки / децималиBiljana CM
 
техники на учење презентација
техники на учење  презентацијатехники на учење  презентација
техники на учење презентацијаBiljana Ilioska
 
работен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементинаработен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементинаVioletka Spasevska
 
Makedonski jazik
Makedonski jazikMakedonski jazik
Makedonski jazikcaci123
 
нл еквивалентни дропки
нл еквивалентни дропкинл еквивалентни дропки
нл еквивалентни дропкиVioletka Spasevska
 
шематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именкишематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именкиVioletka Spasevska
 
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016Biljana CM
 
Безрбетни животни
Безрбетни животни Безрбетни животни
Безрбетни животни Andrijana Aleksovska
 

Tendances (20)

вежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прироквежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прирок
 
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdf
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdfПрирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdf
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdf
 
работен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMработен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCM
 
Делови од цело- Дропки
Делови од цело- ДропкиДелови од цело- Дропки
Делови од цело- Дропки
 
Техники на учење .pptx
Техники на учење .pptxТехники на учење .pptx
Техники на учење .pptx
 
Tabeli do 1000
Tabeli do 1000Tabeli do 1000
Tabeli do 1000
 
поделба на зборовите на слогови вежби
поделба на зборовите на слогови вежбиподелба на зборовите на слогови вежби
поделба на зборовите на слогови вежби
 
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavkiKontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
 
Ednakvi dropki
Ednakvi dropkiEdnakvi dropki
Ednakvi dropki
 
Dvizenje
DvizenjeDvizenje
Dvizenje
 
Грдото пајче-лектира
Грдото пајче-лектираГрдото пајче-лектира
Грдото пајче-лектира
 
Direkten i indirekten govor
Direkten i indirekten govorDirekten i indirekten govor
Direkten i indirekten govor
 
Работен лист проценти / дропки / децимали
Работен лист   проценти / дропки / децималиРаботен лист   проценти / дропки / децимали
Работен лист проценти / дропки / децимали
 
техники на учење презентација
техники на учење  презентацијатехники на учење  презентација
техники на учење презентација
 
работен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементинаработен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементина
 
Makedonski jazik
Makedonski jazikMakedonski jazik
Makedonski jazik
 
нл еквивалентни дропки
нл еквивалентни дропкинл еквивалентни дропки
нл еквивалентни дропки
 
шематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именкишематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именки
 
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016
Лектира пајажината на Климентина Билјана Чурлевска Маневска 2016
 
Безрбетни животни
Безрбетни животни Безрбетни животни
Безрбетни животни
 

Plus de Zivko Petrovski

Marika vo svetot na muzikata
Marika vo svetot  na muzikata Marika vo svetot  na muzikata
Marika vo svetot na muzikata Zivko Petrovski
 
презентација животни
презентација   животни презентација   животни
презентација животни Zivko Petrovski
 
одземање со премин
одземање со преминодземање со премин
одземање со преминZivko Petrovski
 
марика, јован и снешко
марика, јован и снешкомарика, јован и снешко
марика, јован и снешкоZivko Petrovski
 
петар пан квиз
петар пан квизпетар пан квиз
петар пан квизZivko Petrovski
 
анализа по гледан филм натавно ливче хари потер
анализа по гледан филм натавно ливче хари потеранализа по гледан филм натавно ливче хари потер
анализа по гледан филм натавно ливче хари потерZivko Petrovski
 
тематски тест пеоридизација на македонија
тематски тест пеоридизација на македонијатематски тест пеоридизација на македонија
тематски тест пеоридизација на македонијаZivko Petrovski
 
анализа на лектира бела грива
анализа на лектира бела гриваанализа на лектира бела грива
анализа на лектира бела гриваZivko Petrovski
 
тематски тест геометриски
тематски тест геометрискитематски тест геометриски
тематски тест геометрискиZivko Petrovski
 
тематски тест земја
тематски тест земјатематски тест земја
тематски тест земјаZivko Petrovski
 
полугодишен тест музичко 4 одд
полугодишен тест музичко 4 оддполугодишен тест музичко 4 одд
полугодишен тест музичко 4 оддZivko Petrovski
 
тематски тест основи на техничко за 4 одд
тематски тест основи на техничко за 4 оддтематски тест основи на техничко за 4 одд
тематски тест основи на техничко за 4 оддZivko Petrovski
 
тематски тест информации
тематски тест информациитематски тест информации
тематски тест информацииZivko Petrovski
 
тематски тест материјали и енергија за 4 одд.
тематски тест материјали и енергија за 4 одд.тематски тест материјали и енергија за 4 одд.
тематски тест материјали и енергија за 4 одд.Zivko Petrovski
 
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000Zivko Petrovski
 

Plus de Zivko Petrovski (20)

Broime i sporeduvame 2
Broime i sporeduvame 2Broime i sporeduvame 2
Broime i sporeduvame 2
 
pismeno delenje voved
pismeno  delenje voved pismeno  delenje voved
pismeno delenje voved
 
Marika vo svetot na muzikata
Marika vo svetot  na muzikata Marika vo svetot  na muzikata
Marika vo svetot na muzikata
 
презентација животни
презентација   животни презентација   животни
презентација животни
 
одземање со премин
одземање со преминодземање со премин
одземање со премин
 
Za boite
Za boiteZa boite
Za boite
 
марика, јован и снешко
марика, јован и снешкомарика, јован и снешко
марика, јован и снешко
 
петар пан квиз
петар пан квизпетар пан квиз
петар пан квиз
 
петар пан
петар панпетар пан
петар пан
 
Aнтица
AнтицаAнтица
Aнтица
 
анализа по гледан филм натавно ливче хари потер
анализа по гледан филм натавно ливче хари потеранализа по гледан филм натавно ливче хари потер
анализа по гледан филм натавно ливче хари потер
 
тематски тест пеоридизација на македонија
тематски тест пеоридизација на македонијатематски тест пеоридизација на македонија
тематски тест пеоридизација на македонија
 
анализа на лектира бела грива
анализа на лектира бела гриваанализа на лектира бела грива
анализа на лектира бела грива
 
тематски тест геометриски
тематски тест геометрискитематски тест геометриски
тематски тест геометриски
 
тематски тест земја
тематски тест земјатематски тест земја
тематски тест земја
 
полугодишен тест музичко 4 одд
полугодишен тест музичко 4 оддполугодишен тест музичко 4 одд
полугодишен тест музичко 4 одд
 
тематски тест основи на техничко за 4 одд
тематски тест основи на техничко за 4 оддтематски тест основи на техничко за 4 одд
тематски тест основи на техничко за 4 одд
 
тематски тест информации
тематски тест информациитематски тест информации
тематски тест информации
 
тематски тест материјали и енергија за 4 одд.
тематски тест материјали и енергија за 4 одд.тематски тест материјали и енергија за 4 одд.
тематски тест материјали и енергија за 4 одд.
 
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000
 

Доктор офболи

  • 1. ДОКТОР ОФБОЛИ – КОРНЕЈ ЧУКОВСКИ (по повод светскиот ден на литературата за деца) Прв дел – Патешествие во земјата на мајмуните Глава 1 Докторот и неговите животни Си бил некој доктор. Тој бил добар. Го викале Офболи. Тој имал и една зла сестра што се викала Варвара. Докторот најмногу од сè ги сакал животните. Во неговата соба живееле зајци. Во шкафот живеела верверичка. Во бифето живеела врана. На креветот живеел бодликавиот еж. Во сандакот, пак, бели глувчиња. Но од сите животни, доктор Офболи најмногу ја сакал патката Кика, кучето Авко, малечкото прасе Хру-хру, папагалот Карудо и Бувот Бумбо. Неговата лоша сестра Варвара многу се лутела зашто во собата имало толку многу животни. - Избркај ги веднаш, - врескала таа. – Само ја валкаат собата. Не сакам да живеам со тие валкани суштества. - Не, Варвара, тие не се валканаи! – велел докторот. – Многу сум среќен што тие се кај мене. Кај докторот доаѓале да се лекуваат од сите страни овчари, болни рибари, дрвосечачи, селани и тој секому му давал лек од кој веднаш закрепнувал. Ако некое селанче си ја удрило раката или си го раскрварило носот, тоа веднаш трчало кај Офболи, па за десетина минути како ништо да не се случило, и детето здраво и весело си играло со папагалот Карудо, а Бувот Бумбо го гоштевал со бонбони и јаболка. Еднаш кај докторот дошол еден тажен коњ и му рекол: - Лама, воној, фифи, куку! Докторот веднаш сфатил дека на јазикот на животните тоа значи: “Ме болат очите. Ве молам, дајте ми очила.” Докторот одамна го беше научил јазикот на животните. Тој му рекол на коњот: - Капуку, капуки! На јазикот на животните тоа значи: “Седнете, ве молам”. Коњот седнал. Докторот му ставил очила и претснале да го болат очите. - Чака! – рекол коњот, замавнал со опашот и истрчал на улица. “Чака” на јазикот на животните значи “Благодарам”. Наскоро сите животни кои имале проблеми со очите добиле очила од доктор Офболи. Коњите почнале да се шетаат со очила, кравите со очила, мачките и кучињата со очила. Дури и старите гаврани не длетувале од гнездата без очила. Секој ден кај докторот доаѓале сè повеќе животни и птици. Доаѓале желки, лисици и кози, долетувале жерави и орли. Доктор Офболи ги лекувал сите, но не им земал пари зашто желките и орлите немаат пари! Набргу во шумата се појавиле натпис: ОТВОРЕНА Е БОЛНИЦА ЗА ЖИВОТНИ И ПТИЦИ! ПОБРЗАЈТЕ ТАМУ ЗА ДА СЕ ЛЕКУВАТЕ!
  • 2. Тие натписи ги лепеле Вања и Тања, сосетските деца, кои докторот ги излекувал од мали и крупни сипаници. Тие многу го сакаа докторот и затоа му помагаа. Глава 2 МАЈМУНОТ ЧИЧИ Една вечер додека животните спиеле некој затропал на вратата. - Кој е? - прашал докторот. - Јас сум - се зачул тивок глас. Докторот ја отворил вратата и во собата влегол мајмун, многу слаб и валкан. Докторот го седнал на креветот и го прашал: - Што те боли? - Вратот - одговорил мајмунот и заплакал. Докторот видел дека мајмунот има врвка на вратот. - Избегав од свирачот на вергл, - рекол мајмунот и повторно заплакал. - Свирачот ме тепаше, ме мачеше и насекаде ме носеше врзан за врвката. Докторот зел ножици, ја пресекол врвката и му го намачкал вратот на мајмунот со таква маст така што веднаш престанало да боли. Потоа го избањал мајмунот во корито, му дал да јаде и му рекол: - Остани кај мене, мајмунче. Не сакам да те повредуваат. Мајмунот многу се израдувал. Но, додека таа си седела на масата и си јадела ореви со кои ја нагостил докторот во собата влегол лошиот свирач. - Врати ми го мајмунот! - вреснал тој. - Мајмунот е мој! - Не три го враќам! - рекол докторот. - Нема шанси! Не сакам да го мачиш! Лутиот свирач сакал да го фати доктор Офболи за гуша. Но, докторот спокојно му рекол: - Оди си веднаш! А, ако сакаш да ме тепаш ќе го викнам кучето Авко и тоа ќе те гризне! Авко втрчало во куќата и му се заканило: - Ррррр..... На јазикот на животните тоа значи: - Оди си оти ќе те гризнам! Свирачот се исплашил и избегла без да се заврти. Мајмунот останал кај докторот. Животните многу бргу го засакале и го нарекле Чичи. На јазикот на животните «чичи» значи «јунак». Само што ја виделе Тања и Вања извикале: - Лелем колку е убав! Колку е чудесен! И во тој момент почнале да си играат со мајмунчето како со свое најдобро другарче. Си играле и плочка и мижитатара, а потоа сите тројца се фатиле за раце и отрчале кон брегот на морето, а таму мајмунот ги научил да го играат веселиот мајмунски танц кој на јазикот на животните се нарекува «ткелла». Глава 3 ДОКТОР ОФБОЛИ НА РАБОТА Кај доктор Офболи секој ден доаѓале да се лекуваат лисици, зајчиња, фоки, магариња, камили. Некого го болел стомакот, некого забот. Докторот им давал лекарства и тие веднаш закрепнувале. Еднаш кај доктор Офболи дошол јарец без опашка и докторот му зашил нова. Потоа оддалеку дошла некоја мечка сета облеана в солзи. Таа жално стенкала и офкала: на шепата & се гледал голем трн. Докторот го извадил трнот и & ја намачкал шепата со чудотворната маст. Истата минута на мечката & престанала болката. - Чака! рекла мечката и весело отрчала дома, во пештерата кај своите мечиња. Другпат кај докторот дошол болен зајак кого кучињата за малку не го изгризале. Потоа дошол некој болен овен кој тешко настинал и кашлал. А, потоа дошле две пилиња и донеле некој мисир кој се отрул со печурки. Докторот на сите им давал лек и секој за миг закрепнувал, па секое животно му велело «чака». И на крајот кога сите животни заминале доктор Офболи слушнал некаков шум зад вратата. - Напред! - рекол докторот. Во собата влегла тажна пеперуга: - Си го изгорев крилцето на свеќа! На доктор Офболи му станало жал за пеперугата. Тој ја ставил на дланката и почналд а & го прегледува крилото. Потоа се насмевнал и & рекол: - Не биди тажна, пеперуго! Легни на страна. Ќе ти зашијам друго, свилено, сино, ново, поубаво
  • 3. крилце! Отишол докторот во другата соба и донел еден куп парчиња од ткаенина - кадифени, атласни, батистови, свилени. Парчињата биле шарени: сини, зелени, црни. Докторот долго пребарувал и на крајот одбрал едно светло сино парче со пурпурни точки. Тогаш тој скроил едно крило и & го сошил на пеперугата. Се засмеала пеперугата. Одлетала кон барата, летала под брезите со другите пеперуги и водни коњчиња. А, веселиот Офболи од прозорецот извикал: «Весели се, весели се, само бегај од свеќи!» И така работел докторот со своите болни до доцна навечер. А, кога дошла ноќта тој си легнал на креветот и заспал, па сонувал мечки, елени, морнари. Одеднаш некој затропал на вратата. Глава 4 КРОКОДИЛ Во тој град каде живеел докторот имало циркус, а во циркусот живеел еден голем крокодил, а луѓето плаќале за да го видат. Крокодилот го заболеле забите, па дошол кај доктор Офболи да се лекува. Докторот му дал чудотворен лек и престанале да го болат забите. - Колку е убаво кај вас! - рекол крокодилот гледајќи наоколу. - Колку зајци, птици и глувчиња имате! Колку се дебелку и вкусни! Дозволете ми да останам засекогаш кај вас. Не сакам да се вратам во циркусот. Газдата лошо ме храни, ме тепа, ме навредува. - Остани! - рекол докторот. Само да знаеш, ако изедеш барем едно зајче или врапче ќе те избркам. - Во ред, - рекол крокодилот и воздивнал. Ви бетувам, докторе, дека нема да јадам ни зајци, ни верверички, ни птици. И така крокодилот останал кај докторот. Тој бил мирен. Никого не задевал и си лежел под креветот, но постојано мислел на своите браќа и сестри кои живееле далку-далеку, во топлата Африка. Докторот го засакал крокодилот и често си муабетел со него. Но, лошата Варвара не можела да го смисли крокодилот и барала од докторот да го избрка. - Не сакам да го видам! - врескала таа. - Одвратен е, со огромни заби! Згора на тоа што ќе пипне - уништува. Вчера ми го изеде зеленото здолниште што беше закачено на прозорецот. - Убаво направил, - рекол докторот. - Алиштата треба да се чуваат во шкаф, а не на прозорецот. - Поради тој одвратен крокодил - продолжила Варвара - луѓето се плашат да дојдат. Доаѓаат само бедните, а ти од нив не земаш пари, па толку осиромашивме што немаме ни за леб. - Не ми требаат пари, - рекол Офболи. - И без нив ми е убаво. Животните ќе нè нахранат и мене и тебе. Глава 5 Другарите му помагаат на докторот Варвара имала право: докторот останал без парче леб. Три дена тој седел гладен. Немал пари. Животните што живееле кај докторот виделе дека нема што да јаде, па решиле да го нахранат. Бувот Бумба и прасето Хру-хру направиле бавча во дворот: прасето ринело земја, а Бумба садел компири. Крават секое утро го гоштевала докторот со своето млеко, а кокошката му несла јајца. И така сите почнале да се грижат за докторот. Кучето Авко ги метело подовите. Тања и Вања заедно со Чичи му носеле вода од кладенецот. Докторот бил многу задоволен. - Никогаш не било олку чисто во мојот дом. Ви благодарам, деца и животно, за тоа што го сработивте! Децата весело му се насмевнале, а животните во еден глас извикале: - Карабуки, марабуки, бу! На јазикот на животните тоа значи: «Како да не ти служиме? Ти си ни најдобар пријател!» А, кучто Авко го лизнало по образот и рекол: - Абузо, мабузо, бах! На јазикот на животните тоа значи: «Никогаш нема да те оставиме и ќе бидеме твои верни пријатели». Глава 6
  • 4. ЛАСТОВИЧКАТА Една вечер бувот Бумба рекол: - Потивко! Некој гребе по вратата! Какод а е глувче! Сите замолкнале, но ништо не се слушнало. - Нема никој зад вратата! - рекол докторот. - Така ти се присторило. - Не, не ми се присторило. - рекол бувот. Слушам како некој гребе. Тоа е глувче или птица. Верувајте ми. Ние, бувовите, слушаме подобро од луѓето. Бумба не се излажал. Мајмунот ја отворил вратата и на прагот видел ластовичка. Ластовичка на зима! Какво чудо! Па, ластовичките не поднесуваат ладно и само што ќе наближи есента тие летаат во топлата Африка! Кутрата, колку & било ладно! Седела на снегот и се тресела! - Ластовичка! - извикал докторот. - Влези во собата и згреј се. На почетокот ластовичката се плашела. Таа видела дека во собата има крокодил и се плашела да не ја изеде. Но, мајмунот Чичи & рекол дека крокодилот е добар. Тогаш ластовичката влетала во собата, погледанал наоколу и прашала: - Чируто, кисафа, мак? На јазикот на животните тоа значи: «Ве молам кажете ми, тука ли живее познатиот доктор Офболи?» - Јас ум Офболи - рекол докторот. - Имам молба до вас - рекла ластовичката. - Морате веднаш да тргнете во Африка. Јас оттаму долетав само за да ве повикам. Таму живеат мајмуни кои сега се многу болни. - Што ги боли? - прашал докторот. - Стомакот - рекла ластовичката. - Лежат на земја и плачат. Само вие можете да ги спасите. Земете ги лекарствата и да одиме во Африка. Ако не заминеме мајмуните ќе умрат! - Кутрите мајмуни! - рекол крокодилот. - Ако докторот не оди во Африка сите ќе умрат. Само тој може да ги излекува. И крокодилот почнал да плаче, па се пролеале толку големи солзи што по подот почнале да течат два извора. Одеднаш доктор Офболи извикал: - Добро, ќе одам во Африка! Ќе ги излекувам болните мајмуни! Сега ми текна дека мојот пријател, стариот морнар Робинзон, кого го спасив од треска има прекрасен брод. Тој ја зел шапката и отишол кај морнарот Робинзон: - Здраво-живо, морнару Робизнон! - рекол тој. - Те молам дај ми го твојот брод. Сакам да одам во Африка, недалеку од пустината Сахара, во чудесната Земја на мајмуните. - Во ред! - рекол морнарот Робинзон. - Со задоволство ќе ти го дадам бродот. Ти ми го спаси животот и ред е да те услужам. Но, гледај да ми го вратиш бродот зашто немам друг. - Секако дека ќе ти го вратам - рекол докторот. - Не грижи се. Само да стасам во Африка. - Земи го, земи го! - повторил Робинсон. - Само гледај да не го удриш од подводните карпи! - Не грижи се, нема да го удрам, - рекол докторот, му се заблагодарил на морнарот Робинзон и отрчал дома. - Животни, соберете се! - рекол тој. - Утре одиме во Африка! Животните многу се израдували, почНале да скокаат и да плескаат со шеите. Најмногу од сите се израдувал мајмунот Чичи: - Ќе одам во Африка! Во родниот крај! Африка, африка, земјо моја родна! Но, нема да ги земам со мене сите животни - рекол доктор Офболи. Ежовите, лилјаците и зајаците мораат да останат тука. Со нив ќе остане и коњот. Со себе ќе ги земем крокодилот, мајмунот Чичи и папагалот Карудо зашто тие се родум од Африка, таму живеат нивните родители, нивните браќа и сестри. Ќе ги земам и кучето Авко, Кика, Бумбо и прасето Хру-хру. - А, нас? - извикале Тања и Вања. - И ние ли ќе останеме? - Да! - рекол докторот и им ги стегнал рацете. - Догледање, драги пријатели! Останете тука, гледајте ја бавчата и дворот. Многу бргу ќе се вратиме! Ќе ви донесам од Африка чудесен подарок. Тања и Вања кимнале со главата. Но, се помислиле и рекле: - Нема врска, ние сме мали. Среќен пат! А, кога ќе пораснеме обврзно ќе дојдеме со тебе на пат! - И тоа како! - рекол Офболи. - Само треба малку да пораснете. Глава 7 ВО АФРИКА Животните се спакувале и тргнале на пат. Дома останале само зајците, ежовите и глувчињата.
  • 5. Кога дошле на брегот од езерото животните виделе чудесен брод. На брегот стоел морнарот Робинзон. Вања и Тња зедно со прасето Хру-Хру и мајмунот Чичи му помагале на докторот да ги натовари куферите со лекарства. Сите животни се качиле на бродот и само што сакале да тргнат докторот извикал: - Почекајте, ве молам! - Што се случило? - прашал крокодилот. - Почекајте! Почекајте! - извикал докторот. - Не знам каде е Африка! Ќе морам да прашам! Крокодилот се засмеал: - Нема што да прашуваш! Смири се! Ластовичката ќе ти го покаже патот. Таа често оди за Африка. Ластовиците секоја есен одат во Африка. - Се разбира! - рекла ластовичката. - Со задоволство ќе ти го покажам патот. И така таа полетала пред бродот, покажувајќи му го патот на доктор Офболи. Таа летала кон Африка, а доктор Офболи го усмерувал бродот кон неа. Каде летала ластовичката - натаму пловел и бродот. Навечер се стемнило и докторот не можел да ја види ластовичката, па затоа таа запалила еден фенер и летала со него, па Офболи знаел накаде да плови. Пловеле тие, пловеле, и виделе како еден жерав леат кон нив. - Извинете, да не е на вашиот брод познатиот доктор Офболи? - Да, - одговорил крокодилот. Познатиот доктор Офболи е на нашиот брод. - Замолете го докторот да плови побргу, - рекол жеравот, - оти на мајмуните им станува сè полошо. Да не не го фочекаат. - Не грижете се! - рекол крокодилот. - Пловиме најбргу што можеме. Мајмуните нема долго да чекаат. Жеравот се израдувал и полетал назад за да им каже на мајмуните дека доктор Офболи е близу. Бродот се движел бргу по брановите. Крокодилот седел на палубата и одеднаш видел како наспроти бродот плива еден делфин. - Извинете, да не е на вашиот брод познатиот доктор Офболи? - прашал делфинот. - Да, - одговорил крокодилот. Познатиот доктор Офболи е на нашиот брод. - Замолете го докторот да плови побргу, - рекол жеравот, - оти на мајмуните им станува сè полошо. Да не не го фочекаат. - Не грижете се! - рекол крокодилот. - Пловиме најбргу што можеме. Мајмуните нема долго да чекаат. Следното утро докторот му рекол на крокодилот: - Што е она напред? Некоја голема земја. Мислам дека е тоа Африка. - Да, тоа е Африка! - извикал крокодилот. - Африка! Африка! Наскоро ќе бидеме во Африка. Ги гледам ноевите! Ги гледам носорозите! Ги гледам камилите! Ги гледам слоновите! Африка, африка, земјо моја, Африка Африка, роднино моја! Глава 8 БУРА Но одеднаш се издигнала бура. Дожд! Ветар! Молња! Гром! Брановитре станале толку големи што било страшно да се гледаат. И одеднаш трах-тар-ра-рах! Се слушнал силен тресок и бродот се навалил на страна. - Што е тоа? Што е тоа? - прашал докторот. - Бро-до-лом! - извикал папагалот. - Бродот налета на карпа и се удри! Тонеме! Спасувај се кој може! - Ама, јас не знам да пливам! - извикал Чичи. - И јас не знам! - извикало прасето Хру-Хру. Тие горко заплакале. За среќа крокодилот ги качил на своите широки плеќи и запливал по брановите кон брегот. Ура! Сите се спасени! Сите среќно стасаа во Африка! Но, нивниот брод беше потонал. Го удрил голем бран и тој потонал. Како ли ќе се вратат дома? ТА, немале друг брод. И што ли ќе му кажат на морнарот Робинзон? Станало темно. На докторот и на сите животни им се спиело. Биле направени жива вода и биле многу изморени. Но, докторот не ни помислувал на одмор: - Побрзо, побрзо, напред! Мораме да побрзаме! Треба да ги спасиме мајмуните! Кутрите тие се болни и можеби нбема да дочекаат да ги излекувам! Глава 9 Докторот во незгода Во тој момент кај докторот долетал Бумба со растреперен глас:
  • 6. - Потивко! Потивко! Некој доаѓа! Слушам чекори! Сите замолкнале и почнале да слушаат. Од шумата излегол некој старец со долга седа брада и извикал: - Што правите тука? Кои сте вие? Зошто сте дојдени? - Јас сум доктор Офболи, - рекол докторот. - Дојдов во Африка за да ги излекувам болните мајмуни. - Ха-ха-ха! - се засмеал старецот. - Да ги излекува болните мајмуни! А, знаете ли каде сте дошле? - Не! - рекол докторот. - КАде? - Кај разбојникот Бармалеј! - Кај Бармалеј! - извикал докторот. - Бармалеј е најлошиот човек на светот! Подобро ќе умреме, но на разбојникот нема да му се предадеме! Мораме побргу да одиме кај болните мајмуни. Тие плачат, нè чекаат, треба да ги излекуваме. - Не! - рекол старецот и почнал да се смее уште погласно. - Оттука нема бегање! Бармалеј го убива секој оној што ќе му падне в раце! - Одиме! - викнал докторот. - Одиме! Можеме да се спасиме! Ќе се спасиме! Но, пред нив се појавил лично Бармалеј, почнал да мавта со сабјата и да вика: - Слуги мои верни, фатете го глупавиот доктор и неговите глупави животни и ставете ги в затвор! Утре ќе се справам со нив! Потрчале злите слуги на Бармалеј, го фатиле докторот, го фатиле крокодилот, ги фатиле сите животни и ги повеле в затвор. Докторот храбро им се спротиставувал. Животните касале, гребеле, се оттргнувале, но имало толку многу непријатели кои воедно биле и силни. Тие ги фрлиле заробениците во затвор, а старецот ги заклучил. КлучОт му го дал на Бармаеј, кој, пак, го зел со себе и го ставил под својата перница. - Кутрите ние! - рекол Чичи. Никогаш нема да излеземе од овие зандани. Ѕидовите се дебели, вратите железни. Повеќе никогаш нема да го видиме сонцето, цветовите, дрвјата. Кутрите ние! Прасето почнало да 'рчи, кучето да завива, а крокодилот заплакал и пролил толку големи солзи што се направило бара. Глава 10 Подвигот на папагалот Карудо Но, докторот им рекол на животните: - Пријатели мои, не треба да тажиме! Мораме да се извлечеме од оваа проклета зандана зашто нè чекаат болните мајмуни! Престанете да плачете! АЈде да размислиме како да се спасиме. - Не, драг докторе, - рекол крокодилот и заплакал уште посилно. - Не можеме да се спасиме. Изгинавме! Вратите од затворот се направено од цврсто железо. Да не мислиш дека можеме да ја турнеме вратата? Утре кога сонцето ќе изгрее Бармалеј ќе нè убие сите до еден. Патката Кика залипала. Чичи длабоко воздивнал. Но, докторот скокнал и со весела насмевка рекол: - Ќе се спасиме од занданава! Тој го повикал папагалот Карудо и му шепнал нешто, но толку тивко што никој друг не можел да чуе. Папагалот кимнал со главата, се засмеал и рекол: - Во ред! Потоа тргнал кон решетките, се протнал, излегол на улица и полетал кој Бармалеј. Бармалеј си спиел цврсто во креветот, а под неговата перница бил скриен големиот клуч, оној од вратата во затворот. Папагалот се прикрал тивко и го извадил клучОт од под перницата. Ако се разбудел разбојникот тој веднаш би ја убил храбрата птица. Но, за среќа тој цврсто спиел. Храбриот Карудо го зел клучот и полетал назад кон затворот. Леле, колку бил тежок клучот! Карудо за малку ќе го испуштел по пат. Но, како и да е долетал до затворот и се пикнал низ прозорецот кај доктор Офболи. Колку се израдувал докторот кога видел дека папагалот го донел клучот! - Ура! Спасени сме! - извикал тој. - Да бегаме дури Бамалеј не се разбудил! Докторот го зел клучОт, ја отклучил вратата и истрчал на улица, а по него истрчале и животните. Слобода! Слобода! Ура! - Ти благодарам, храбар Карудо! - рекол докторот. Нè спаси од смрт. Да не беше ти ќе изгиневме, а заедно со нас ќе изгинеа и болните мајмуни. - Не! - рекол Карудо. - Ти ми кажа што треба да направам за да излеземе од затворотЖ - Побрзо, да одиме кај болните мајмуни! - рекол докторот и брзо тргнал низ шумата, а по него и неговите животни.
  • 7. Глава 11 ПО МАЈМУНСКИОТ МОСТ Кога Бармалеј дознал дека доктор Офболи избегал од затворот тој многу се налутил, очИте му засветкале и тој удрил со ногата по земја. - Еј, слуги мои верни! - свикал тој. - Одете по докторот! Фатате го и доведете ми го тука! Слугите птрчале во густата шума и почнале да го бараат доктор Офболи. А, за тоа време доктор Офболи со своите животни низ Африка одел кон Земјата на Мајмуните. Тој одел бргу. Прасето Хру- Хру, кое имало кратки нозе, не можело да ги стаса. Докторот го зел в раце. Прасето било тешко, така што докторот се изморил. - Леле, колку сакам да се одморам! - рекол тој. - Само побргу да стасаме во Земјата на Мајмуните. Чичи се искачил на едно високо дрво и почнал да вика: - Ја гледам Земјата на Мајмуните! Земјата на Мајмуните е близу! Наскоро ќе бидеме во Земјата на Мајмуните! Докторот се израдувал и побрзал напред. Болните мајмуни оддалеку го виделе докторот и весело почнале да плескаат со шепите: - Ура! Дојде доктор Офболи! Доктор Офболи сега ќе не лекува и утре ќе бидеме здрави! Но, во тој момент од густата шума истрчале слугите на Бармалеј и почнале да го бркаат докторот. - Држете го! Држете го! - викале тие. Докторот трчал колку што можел. И одеднаш пред него се подала река. Било невозможно да се продолжи понатаму. Реката била широка, не можело да се преплива. Слугите на Бармалеј му биле зад петици! Ах, да имаше мост докторот би преминал преку него и би се нашол во Земјата на Мајмуните! - Кутрите ние! - извикало прасето Хрѕ-Хру. - Како ќе преминеме на другата страна? Уште малку ќе нè фатат и повторно ќе нè однесат в затвор. Тогаш еден од мајмуните извикал: - Мост! Мост! Правете мост! Побргу! Не губете време! Правете мост! Мост! Докторот погледнал наоколу. Мајмуните немале ни железо ни камен. Од што ли ќе направат мост? Но, мајмуните направиле мост, и тоа не од железо, не од камен, ами од живи мајмуни. На брегот на реката растело некое дрво. Еден мајмун се фатил за дрвото, а за неговата опашка друг мајмун. И така сите мајмуни се фатиле еден за друг и направиле цела верига што се простирала од едниот до другиот крај на реката. - Еве мост, трчај! - му викнале тие на докторот. Докторот, пак, го зел бувот Бумба и потрчал по мајмуните, по нивните глави и по нивните плеќи, а по него и сите негови животни. - Побрзо! - викале мајмуните. - Поибрзо! Побрзо! Било тешко да се оди по жив мајмунски мост. Животните се плашеле дека ќе се препнат и оти ќе паднат во вода. Ама, не, мостот бил цврст, мајмуните цврсто се држеле еден за друг така што докторот бргу се нашол од другата страна на реката, а со него и животните. - Бргу напред! - викал докторот. - Не смееме да запреме ни за момент. Ќе нè фатат непријателите. И тие трчаат по мајмунскиот мост. Наскоро ќе бидат тука! Бргу! Бргу! Ама што е тоа? Што се случило? Гледајте: на средина од мостот еден мајмун ги раширил прстите, мостот се скршил и слугите на Бармалеј од голема висина паднале право во реката. - Ура! - извикале мајмуните. - Ура! Доктор Офболи е спасен! Сега нема од што да се плаши! Ура! Непријателите не го фатија! Сега тој ќе ги излекува болните мајмуни! Тие се тука, во близина, лелекаат и плачат! Глава 12 ГЛУПАВИТЕ ЖИВОТНИ Доктор Офболи поитал кон болните мајмуни. Тие лежеле на земја и лелекале. Биле многу болни. Докторот почнал да ги лекува мајмуните. На секој од нив требало да му се даде лек: на еден капки, на друг апчиња. На секој мајмун требало да му се стави ладна облога на главата, а на грбот и на градите топла. Само еден не можел да постигне со таа работа. Кика, крокодилот, Карудо и Чичи со сите сили му помагале, но и тие набргу се замориле, па на докторот му требале и други помошници. Тој тргнал во пустината каде живеел лавот. - Ве молам, - му рекол тој на лавот, - помогнете ми да ги излекуваме мајмуните.
  • 8. Лавот бил многу наперчен и со заканувачки поглед му рекол на Офболи: - Знаеш ли кој сум јас? Јас сум лав, јас сум царот на животните! И ти се дрзнуваш да ме молиш да ги лекувам тие погани заморци? Тогаш докторот отишл кај носорозите. - Носоросзи, носорози! - рекол тој. Помогнете ми да ги излекувам мајмуните! Ги има многу, а јас сум еден. Не можам сам да се справам. Носорозите само се засмеале и му рекле: - Како не ќе ти помогнеме! Биди среќен што не сме те заболе со своите рогови! Многу им се налутил докторот на злите носорози и отрчал во соседната шума каде живееле тигрите. - Тигри! Тигри! Помогнете ми да ги излекувам мајмуните! - Ррррр! - одговориле тигрите. - Оди си додека си цел! Докторот заминал тажен откај нив. Но, наскоро лошите ѕверови биле казнети. Кога лавот се вратил дома, лавицата му рекла: - Нашето синче се раболе, цел ден офка и плаче. Колку тажно што во Африка го нема познатиот доктор Офболи! Тој чудесно лекува. Не за џабе сите го сакаат. Тој ќе го излекуваше нашиот син. - Доктор Офболи е тука, - рекол лавот. - Онаму е, зад палмите, во Земјата на Мајмуните! Само што разговарав со него! - Каква среќа! - извикала лавицата. - Трчај по него и викни го. - Не, - рекол лавот, - не одам по него. Тој нема да го лекува нашиот син зашто го налутив. - Си го налутил доктор Офболи! Што ќе правиме сега? Знаеш ли ти дека доктор Офболи е најдобриот и најпознатиот доктор? Само тој од луѓето знае да зборува на животински јазик. Тој лекува тигри, крокодили, зајци, мајмуни и жаби. Да, да, тој дури и жаби лекува зашто е добар. И ти најде таков човек да налутиш! И тоа токму сега кога син ти е болен! Што ќе правиш сега? Лавот занемел. Не знаел што да каже. - Оди кај докторот, - почНала да вика лавицата, - и побарај прошка од него. Помагај му како знаеш! Прави сè што ќе ти каже и моли го да ни го излекува синот. Немало што да се прави, Лавот отишол кај доктор Офболи. - Добар ден! - рекол тој. - Дојдов да ви се извинам што бев груб. Подготвен сум да ви помогнам. Ќе им давам лекови на мајмуните и ќе им ставам облоги. Така лавот почнал да му помага на Офболи. Три дена и три ноќи тој ги гледал болните мајмуни, а потоа му се приближил на доктор Офболи и срамежливо му рекол: - Син ми е болен, а јас него многу го сакам. Ве молам, излекувајте го моето лавче. - Во ред! - рекол докторот. - Уште денес ќе го излекувам. Тој отишол во пештерата и му дал на синот таков лек што по еден час бил здрав. Лавот се израдувал, но му било срам што го навредил докторот. А, потоа се разболеле децата на тигрите и носорозите. Офболи веднаШ ги излекувал. Тогаш тигрите и носорозите му рекле: - Многу ни е жал што те навредивме! - Ништо, ништо. - рекол докторот. Но, следниотпат бидете поразумни. А, сега дојдете по мене да ги лекуваме мајмуните. Глава 13 ПОДАРОК Животните толку добро му помагале на докторот така што мајмуните мошне бргу закрепнале. - Треба да сме му благодарни на докторот, - рекле тие. Тој нè излекува од ужасната болест и треба да му подариме нешто убаво. Да му подариме такво животно какво луѓето до сега немаат видено. Какво што нема ниту во циркус, ниту во зоолошка градина. - Да му подариме камила! - извикал еден мајмун. - Не, - рекол Чичи, - не му треба камила. Тој видел камили. Сите луѓе имаат видено камили. Ги има и во зоолошка и на улица. - Па, тогаш ној! - извикал друг мајмун. - Да му подариме ној! - Не, - рекол Чичи, - и ноеви има видено. - А, има ли видено тргнибутни? - прашал трет мајмун. - А, не, тргнибутни нема видено, - рекол Чичи. - Не постои човек што видел тргнибутни. - Супер, - рекле мајмуните. - Сега знаеме што да му подариме на докторот, ќе му подариме тргнибутни! Глава 14
  • 9. ТРГНИБУТНИ Луѓето никогаш немале видено тргнибутни зашто тие се плашеле од нив и кога ќе виделе човек веднаш се криеле во грмушките. Други животни можат да се фатат кога тие ќе заспијат и ќе ги затворат очите. Ќе им се прикрадете одзади и ќе ги фатите за опаш. Но, не можете да им се прикрадете на тргнибутните зашто тие имаат глава и напред и одзади. Да, тие имаат две глави: една однапред, една одзади. Кога сака да спие прво спие едната глава, а потоа другата. Никогаш не спијат одеднаш двете. Едната глава спие, а другата набљудува за да не се прикраде некој ловџија. Ете затоа ниту еден ловџија не успеал да фати тргнибутни и затоа такво животно нема во ниту еден циркус и во ниту една зоолошка. Мајмуните решиле да фатат еден тргнибутни за доктор Офболи. Тие отишле во најгустата шума и таму нашле место каде се одмарал еден тргнибутни. Тој ги видел и почнал да бега, но тие го опколиле, го фатиле за рогот и му рекле: - Драг Тргнибутни! Сакаш ли да одиш и да живееш далеку-далеку со доктор Офболи и со неговите животни? Таму ќе ти биде убаво, ќе имаш што да јадеш и ќе ти биде весело. Тргнибутнито замавнал со двете глави и со двете грла рекол: - Не! - Докторот е добар, - му рекле мајмуните. - Тој ќе те храни со медени колачиња, а ако се разболеш тој ќе те излекува од секаква болест. - Сеедно! - рекол тргнибутни. - Сакам да си останам тука. Три дена мајмуните го убедувале и на крајот тргнубутни им рекол: - Покажете ми го тој доктор што толку го фалите. Сакам да го видам. Мајмуните го однеле тргнибутнито во куќата во која живеел доктор Офболи и тропнале на вратата. - Влезете, - рекла Кика. Чичи горделиво го внела двоглавото животно. - Што е ова? - прашал восхитено докторот. Дотогаш тој немал видено такво чудо. - Ова е тргнибутни, - одговорил Чичи. - Сака да се запознае со тебе. Тргнибутни е најреткото животно во нашите африкански шуми. Земи го со себе на бродот и поведи го да живее со тебе. - А, ќе сака ли да дојде со мене? - Со задоволство ќе дојдам, - неочкувано рекол тргнибутни. Веднаш сфатив дека си добар зашто имаш добри очи. Животните многу те сакаат и знам дека и ти ги сакаш. Но, сакам да ми ветиш: ако ми биде здодевно кај тебе дека ќе ме пуштиш да се вратам. - Секако дека ќе те пуштам, - рекол докторот. - Но, толку ќе ти биде убаво кај мене што нема да сакаш да заминеш. - Така е! - извикал Чичи. - Нашиот доктор е мошне весел, мошне добар! Сите своеволно живееме во неговата куќа. А, во близина, на два чекори, живеат Тања и Вања и ќе видиш дека и тие ќе те засакаат и ќе ти станат најдобри пријатели. - Ако е така се согласувам! Одам! - весело рекол тргнибутни и долго кимал те со едната, те со другата глава. Глава 15 МАЈМУНИТЕ СЕ ПРОШТЕВААТ СО ДОКТОРОТ Во тој момент кај Офболи дошле мајмуните и го повикале да вечераат. Тие му приготвиле многу убави проштелни јадења: јаболки, мед, банана, урми, кајсии, портокали, ореви, суво грозје! - Да живее доктор Офболи! - викале тие. - Тој е најдобриот човек на Земјата. Потоа мајмуните отрчале во шумата и оттаму дотерале огромен, тежок камен. - Овој камен, - рекле тие, - ќе стои на местото каде доктор Офболи ги лекуваше болните. Тоа ќе биде споменик на добриот доктор. Докторот ја симнал шапката, им се поклонил на мајмуните и им рекол: - Догледање, драги пријатели! Ви благодарам за вашата љубов. Наскоро повторно ќе дојдам. А, до тогаш ви ги оставам крокодилот, папагалот Карудо и мајмунот Чичи. Тие се родени во Африка, па нека останат тука. Тука живеат нивните браќа и сестри. До гледање! - Не, не! - извикале во ист глас крокодилот, Карудо и Чичи. - Ние сги сакаме нашите браќа и сестри, но не сакаме да се разделуваме од тебе. - И мене ќе ми биде тешко без вас, - рекол докторот. - Но нема да останете тука засекогаш. За три- четири месеци ќе се вратам и ќе ве земам. Тогаш повторно ќе живееме и ќе работиме зедно. - Ако е така ќе останеме, - рекле животните. - Но дојди по нас побргу.
  • 10. Докторот другарски се простил со сите и со бодар чкор тргнал по патот. Мајмуните тргнале по него за да го испратат. Секој мајмун сакал да му подаде рака на доктор Офболи. И бидејќи имало многу мајмуни тие се поздравувале сè до вечерта. Докторот го заболела раката. А, вечерта се случила несреќа. Само што докторот ја преминал реката повторно се нашол во земјата на разбојникот Бармалеј. - Тссссс! - шепнал Бумба. - Зборувајте потивко! Ако не повторно ќе нè фатат. Глава 16 НОВИ НЕЗГОДИ И РАДОСТИ Не се ни докажал бувот, кога од темната шума истрчале слугите на Бармалеј и му се нафрлиле на добриот доктор. Тие одамна го чекале. - А-ха! - извикале тие. - На крајот те фативме! Сега нема да ни избегаш! Што да се прави? Каде да се скрие докторот од злите непријатели? Но. докторот не се исплашил. Тој скокнал врз тргнибутни, а тој летнал да трча како најбрз коњ. Слугите на Бармалеј тргнале по нив. Но, бидејќи тргнибутни имал две глава тој го каснувал секој што ќе пробал да го нападне одзади, а други пак ги удирал со рогот и ги фрлал во грмушките. Секако, само тргнибутни не можел да го спаси докторот. На помош дотрчале и неговите пријатели. Однекаде се појавил крокодилот и почнал да ги гризе разбојниците. Кучето Авко 'ржел на нив и ги буткал на земја заривајќи им ги своите заби в грло. А, горе, по гранките, се префрлал мајмунот Чичи и ги удирал разбојниците со големи ореви. Разбојниците паѓале, лелекале и на крајот морале да се откажат, па избегале во густата шума. - Ура! - извикал Офболи. - Ура! - извикале животните. А, прасето Хру-хру рекло: Сега можеме да се одмориме! Ајде да легнеме на тревава. Изморени сме, Ни се спие. - Не, пријатели мои! - рекол докторот. - Мораме да брзаме. Ако се бавиме нема да се спасиме. Така тие потрчале напред. Насбргу тргнибутни го довел докторот на брегот од морето. Таму бил вкотвен голем и убав брод. Тоа бил бродот на Бармалеј. - Спасени сме! - се израдувал докторот. На бродот немало жива душа. Докторот со сите свои животни се качил на бродот, ги кренал едрата ис акал да се впушти во отвореното море. Но, само што се одалечил од брегот од шумата дотрчал Бармалеј. - Стој! - извикал тој. - Стој! Каде ми го носиш бродот? Веднаш врати се! - Не! - му одговорил докторот на разбојникот. - Не сакам да се вратам кај тебе. Ти си зол! Ги мачеше моите животни! Ме фрли в зандана. Сакаше да ме убиеш. Ти си ми непријател! Те мразам! Ќе ти го земам бродот за да не напаѓаш повеќе на море! За да не ги ограбуваш незаштитените бродови што минуваат покрај твојот брег. Многу се налутил Бармалеј: тој трчал по брегот, викал, се заканувал и фрлал огромни камења во водата. Но, доктор Офболи само се смеел. Тој тргнал со бродот на Бармалеј кон својата земја и по неколку дена се вкотвил во родниот брег. Глава 17 ТРГНИБУТНИ И ВАРВАРА Авко, Бумба, Кика и Хру-хру биле многу среќни што се вратиле дома. На брегот тие ги виделе Тања и Вања, кои скокале и играле од радост. До нив стоел и морнарот Робинзон. - Добар ден, морнару Робинзон! - извикал доктор Офболи од бродот. - Добар ден, докторе! - одговорил морнарот Робинзон. - Добро ли патуваше? Ги излекува ли мајмуните? А, каде ми е бродот? - Ах, - одговорил докторот, - твојот брод се урна! Удри во карпа на брегот од Африка. Но, ти донесов нов, поубав од твојот. - Ти благодарам! - рекол Робинзон. - Гледам дека бродот е одличен. И мојот беше добар, но овој е толку поголем и убав! Докторот се збогувал со Робинзон, се качил на тргнибутни и тргнал по улиците на градот, право во својот дом. Втор дел
  • 11. ПЕНТА И МОРСКИТЕ ПИРАТИ Доктор Офболи многу сакал да шета. Еднаш за време на прошетката, на брегот на морето видел пештера. Тој и животните сакале да влезат во неа, но пештерата била затворена. На вратата имало голем катанец. - Треба да го најдеме клучот, - рекол докторот. - Одете да го побарате. Животните се растрчале на сите страни и почНале да го бараат клучОт од пештерата. Тие ѕиркале под секој камен, под секоја грмушка, но клучот не можеле да го најдат. Тогаш тие повторно се приближиле кон заклучената врата и почнале да ѕиркаат низ дупчето. Но, во пештерата било темно и ништо не се гледало. Одеднаш бувот Бумба рекол: - Потивко! Ми се чини дека има некој во пештерата. Или е чОвек или е животно. - Што слушаш? - прашал доктор Офболи. - Како некој чОвек си ја ставил раката в џеб. - Ете ти чудо! - рекол докторот. - Не знаев дека имаш толку добар слух. Слушни уште еднаш, Слушам како на тој човек му се тркала солза по образите. - Солза! - извикал докторот. - Солза! Да не плаче таму некој? Да не му е потребна помош на тој чОвек? Изгледа настрадал. Не сакам кога некој плаче. Дајте ми секира. Ќе ја скршам вратата. Тргнибуни отрчал дома по секира и му ја донел на докторот. Докторот, пак, замавнал и со сета сила удрил по заклучената врата. Еднаш! УШте еднаш! Вратата се разлетала на парчиња и докторот влегол во пештерата. Пештерата била темна, ладна и влажна. И колку ли само непријатно мирисало! Докторот запалил едно киубритче. Леле, колку било валкано и неудобно! Ни маса, ни клупа, ни стол! На земја имало само куп гнила слама, а на неа седело едно момченце и плачело. - Се викам Пента. Знаете ли каде е татко ми? - Не знам, - одговорил докторот. - Каде ли може да е татко ти? Кази ми како изгледа? - Татко ми е рибар, - рекол Пента. Вчера отидовме да ловиме риба во морето, јас и тој на едно кајче. Одеднаш кајчето го нападнаа морски разбојници и нè пленија. Оттогаш не го имам видено татко ми. Каде е? Што му направиле? Најверојатно го фрлиле во морето и тој потонал. Момченцето повторно заплакало. - Не плачи! - рекол докторот. - Со солзи ништо не ќе направиш. Подобро да размислиме како да го спасиме татко ти од разбојниците. Кажи ми каков е тој? - Тој има жолтоцрвена коса и многу долга брада. Доктор Офболи ја повикал кај себе патката Кика и тивко и кажал на уво: - Чари - бари, чава - чам! - Чука - чук! - му одговорила Кика. - Што Ч кажавте на патката? - И реков да ги повика делфините. Патката отрчала на брегот и извикал на цел глас: - Делфини, допливајте тука! Ве вика доктор Офболи! Тогаш делфините допливале до брегот. - Добар ден, докторе! - извикале тие. - Што ви треба? - Се случи несреќа, - рекол докторот. - Вчера наутро пиратите нападнале еден рибар, го истепале и најверојатно го фрлиле во водата. Се плашам дека потонал. Ве молам пребарајте го морското дно, можеби ќе го најдете. Делфините впливале во морето и почнале да го бараат рибарот. Следното утро допливале на брегот и му рекле на доктор Офболи: - Не го најдовме твојот рибар. Цела ноќ баравме но на морското дно го нема. Момчето многу се израдувало кога слушнало што рекле делфините. - Значи татко ми е жив! Жив! - викало тоа, скокало и плескало со рацете. Но, потоа Пента цело време бил тажен. Дури ни јавањето на тргнибутни не го развеселувало. На крајот тој го прашал докторот: - Како ќе го најдеш татко ми? - Ќе ги повикам орлите, - рекол докторот. - Орлите имаат многу добар вид и можаат да гледаат многу далеки. Кога летаат под облаците тие ја гледаат секоја бубалка што лази по земјата. Ќе ги замолам да ја прегледаат цела земја, сите шуми, сите полиња и гори, сите села, насекаде да го бараат татко ти. Орлите го познавале докторот, па затоа и долетале. - Добар ден, докторе! Што ви треба? - Летајте по сите краеви, - рекол докторот, - и најдете го рибарот со жолтоцрвена коса и долга жолтоцрвена брада. Така тие полетале високо-високо над шумите. над полињата, над горите. Сите тие внимателно гледале да не најдат рибар со жолтоцрвена коса и долга жолтоцрвена брада.
  • 12. Следниот ден орлите долетале и му рекле на докторот: - Ја изгледавме цела земја, но никаде не можевме да го најдеме рибарот, а ако ние не сме го виделе значи дека го нема на земјата. - Што да правиме? - прашала Кика. - Мораме да го најдеме рибарот оти Пента постојано плаче. Тажно му е без татко му. - Јас ќе го најдам, - рекол Авко. - Ама, како ќе го најдеш? - прашам тргнибутни. - Ако орлите не го најдоа, никој не може да го најде. - Докторе! - рекол Авка. - КАжи му на Пента да ти даде некоја работа што ја држел татко му в раце. Докторот отишол кај момченцето и му рекол: - Да не имаш некој предмет што татко ти го држел в рака? - Еве, - рекло момченцето и од џебот извадило големо марамче за нос. Кучето дотрчало кај марамчето и почнало да го душка. Потоа тргнало да бара. Доцна навечер Авко дотрчал кај докторот кој спиел заедно со Пента. - Станувај! Станувај! - почнало да вика кучето. Од морето дува западен ветар и ја чувствувам миризбата на рибарот! Тој е на оној брег! Побрзо да одиме таму! Најпрво тие го зеле повторно бродот од морнарот Робинзон и тргнале кон местот. Долго пловеле и кога стигнале виделе некој човек како спие. Докторот го потегнал за ракавот и му рекол: - Разбудете се, ве молам! Многу долго ве баравме! Многу сте ни потребен! Како се вика син ви? - прашал докторот. - Пента, - одговорил рибарот. - Дојдете со мене, му рекол докторот. Пента видел дека татко му доаѓа накај него потрчал и му се фрлил в прегратка, па викнал: - Го најдовме! Го најдовме! Ура! И така тие тргнале дома. Бродот се движел бргу по брановите. На третиот ден од патувањето патниците виделе некаков пуст остров. На него немало ниту дрвја, ниту животни, ниту луѓе - само песок и огромни камења. Но, зад камењата се криеле страшни пирати. Кога некој брод ќе поминел покрај островот тие го напаѓале, ги ограбувале и ги убивале луѓето, а бродот го потонувале. Пиратите многу му биле лути на докторот зашто го нашол рибарот со црвеножолта коса и го спасил, па одамна го барале. Пиратите имале голем брод кој го криеле зад големата карпа. Докторот не ги видел ни пиратите, ни бродот. Времето било прекрасно, сонцето силно светело. Докторот бил многу среќен. Одеднаш прасето Хру-хру рекло: - Видете го оној брод! Докторот видел дека им се приближува брод со црни едра. - Не ми се допаѓаат едрата! - рекло прасето. - Зошто се црни, а не бели? Само пиратските бродови имаат црни едра! Хру-хру сфатило дека под црните едра се кријат разбојници. Тие сакале да го фатат доктор Офболи и да ми се одмаздат што ги спасил рибарот и Пента. - Побрзо! Побрзо! - извикал докторот. - Отворете ги сите едра! Но, пиратите биле сè поблизу и поблизу. - Ќе не стасаат! - викала Кика. - Близу се. Им ги гледам страшните лица. Колку зли очи имаат! Што да правиме? Каде да бегаме? Ќе нè фатат и ќе не фрлат в море! - Гледај, - рекол Авко, - кој стои таму! Не го познаваш ли? Тоа е неранимајкото Бармалеј! Во едната рака држи сабја, а во другата пиштол. Сака да нè погуби, да нè застрела, да нè уништи! Но, докторот се насмевнал и рекол: - Не плашете се, мили мои пријатели, нема да им успее! Имам добар план! Ја гледате ластовичката што лета над брановите? Таа ќе ни помогне да се спасиме од разбојниците. Тој почнал силно да вика: На-за-се! На-за-се! КАрачуј! Карабун! На јазикот на животните тоа значи: Ластовичке! Ластовичке! Нè гонат пирати. Сакаат да нè убијат и да нè фрлат в море. Ластовичката се спуштила на бродот. - ЛАстовичке, мораш да ни помогнеш! - рекол докторот. - Карафу, марафу, дук! На јазикот на животните тоа значи: Летај побргу и повикај ги жеравите! Ластовичката одлетала и по една минута се вратила заедно со жеравите. - Добар ден, доктор Офболи! - извикале жеравите. - Не грижи се, сега ќе те извлечеме. Докторот заврзал јаже на носот од бродот, жеравите го фатиле и го повлекле бродот нанапред. Имало многу жерави и тие летале напред бргу влечејќи го бродот кој летал како стрела. Докторот морал да си ја држи шапката за да не му падне. КОга животните се завртеле виделе дека пиратскиот брод е далеку зад нив. - Ви благодарам, жерави! - рекол докторот. - Нè спасивте од пиратите! Да не бевте вие сега ќе лежевме
  • 13. на дното на моерто! На жеравите воопшто не им било лесно да го тегнат тешкиот брод. По неколку часа тие толку се измориле што речиси не паднале во морето. Тогаш тие го повлекле бродот кон брегот, се збогувале со докторот и одлетале во родната бара. Тогаш бувот Бумба дошол кај докторот и му рекол: - Погледни онаму! Ги гледаш ли стаорците на палубата? Тие скокаат од бродот право в море и еден по друг пливаат кон брегот. - Убаво! - рекол докторот. - Стаорците се лоши и не ги сакам. - Не, тоа не ќе е на арно! - со воздишка рекол Бумба. - Стаорците живеат долу на бродот и кога ќе видат дека некаде протекува тие скокаат во морето и пливаат кон брегот. Тоа значи дека нашиот брод ќе потоне. Еве, самиот слушни што велат стаорците. Во тоа време од долниот дел на бродот излегувале два стаорца. Постариот стаорец му кажал на помладиот: - Вчеравечер си одам јас во својата дупка и гледам целата е мокра. И си мислам, треба да се бега. Утре ќе потоне бродов. Бегај и ти додека не е доцна. И двата стаорца се фрлиле во вода. - Да, да, - извикал докторот, - ми текна! Стаорците секогаш бегаат пред да потоне бродот, И ние ќе мораме да бегаме зашто ќе потонеме сосе него! Животни, по мене! Побргу! Побргу! Тој ги собрал своите работи и бргу избегал на брегот, Животните поитале по него. Тие долго оделе по песочниот брег и многу се измориле. - Да седнеме и да се одмориме, - рекол докторот. - И да размислиме што ќе правиме. - Тука ли ќе останеме за цел живот? - рекол тргнибутни и заплакал. Од четирите негови очи се пролиле крупни солзи. И така сите животни почнале да плачат зашто сите сакале да се вратат дома. И од некаде долетала една ластовичка. - Докторе, докторе! - извикала таа. - Се случИ голема несреќа - пиратите ти го запленија бродот! Докторот рипнал на нозе. - Што прават тие на мојот брод? - прашал тој. - Сакаат да го ограбат, - одговорила ластовичката. - Трчај побргу и избркај ги! - Не, - рекол докторот со весела насмевка, - не треба да ги бркам. Нека пловат на мојот брод. Нема да отпловат далеку, ќе видиш! Подобро да одиме додека не нè виделе и да го земеме нивниот брод. Да одиме и да го заплениме бродот на пиратите! Така докторот тргнал по брегот, а по него тргнибутни и сите негови животни. И ете го и пиратскиот брод. На него немало никој! Сите биле на бродот на Офболи! - Потивко, не вревете! - рекол докторот. - Тивко ќе се искачиме на пиратскиот брод за никој да не нè види. Животните тивко се искачиле на бродот, тивко ги отвориле црните едра и тивко запловиле по брановите. Пиратите ништо не забележале. И одеднаш се случила голема несреќа. Работата била во тоа што прасето Хру-хру настинало. Во моментот кога докторот сакал нечујно да го одмине бродот на кој биле пиратите, Хру-хру гласно кивнал. И уште еднаш, и уште еднаш. Пиратите слушнале како некој кива. Тие потрчале на палубата и виделе дека докторот им го пленил бродот. - Стој! Стој! - извикале тие и почнале да го бркаат. Докторот ги распуштил едрата. И малку фалело пиратите да го фатат. Но бродот почнал да се движи напред, а поратите малку по малку останувале позади. - Ура! Спасени сме! - извикал докторот. Но во тој момент страшниот пират Бармалеј го извадил својот пиштол и испукал куршум кој завршил право во градите на тргнибутни. Тогаш тргнибутни се затетеравил и паднал во водата. - Докторе, докторе, помогнете ми! Ќе потонам! - Кутриот тргнибутни! - извикал докторот. - Држи се! Сега ќе ти помогнам! Докторот го запрел бродот и му фрлил јаже на тргнибутни. Тргнибутни се фатил за јажето со забите. Докторот го извадил ранетото животно на палубата, му ја преврзал раната и го продолжил патот. Но, веќе било доцна, пиратите пловеле многу бргу! - На крајот ќе те фатиме! - викале тие. - И тебе и твоите животни! Ене, на платформата седи една патка, наскоро ќе ја фатиме и ќе ја испечеме. Колку вкусна вечера ќе имаме! И прасето ќе го испечеме. Одамна шунка не сме јаделе! За вечера ќе имаме свински котлети. Хо-хо-хо! А, тебе, докторче, ќе те фрлиме во морето кај забестите ајкули. Хру-хру ги слушнал тие зборови и заплакал. - Кутриот јас! - велел тој. - Не сакам да ме испечат и да ме изедадат пиратите.
  • 14. Авко исто така заплакал. Му било жал за докторот: - Не сакам ајкулите да го изедат! Само бувот Бумба не се исплашил од пиратите. Тој мирно им кажал на Авко и на Хру-хру: - Колку сте глупави! Од што се плашите? Зарем не знаете дека бродот на кој се наоѓаат пиратите наскоро ќе потоне? Ви текнува што рече стаорецот? Тој рече дека бродот секако ќе потоне. Има голема дупка и полн е со вода. А, заедно со бродот ќе потонат и пиратите. Од што се плашите? Пиратите ќе потонат, а ние ќе бидеме здрави и живи. Но, хру-хру продолжил да плаче: - Додке апотонат пиратите ќе нè испечат и мене и Кика! - велел тој. А, пиратите биле сè поблизу и поблизу! Напред, на клунот на бродот стоел главниот пират Бармалеј. Тој мавтал со сабјата и викал: - Еј, ти, мајмунски доктору! Не ти останува уште многу време за лекување мајмуни, наскоро ќе те џитнеме в море. Таму ќе те проголтаат ајкулите! А, докторот му одговорил: - Гледај тебе да не те проголтаат! Во твојот брод протекува и наскоро сите ќе бидете на дното. - Лажеш! - извикал Бармалеј. - Ако тонеше мојот брод од него ќе скокаа стаорците! - Стаорците одамна избегаа и наскоро ќе бидеш на дното заедно со твоите пирати! Во тој момент пиратите забележале дека нивниот брод полека пропаѓа во вода. Тие почнале да трчаат по палубата, да плачат и да врескаат: - Спасете нè! Но, никој не сакал да ги спаси. Бродот се спуштал кон дното сè повеќе и повеќе. Набргу пиратите се нашле во вода. Тие се препелкале по брановите и не престанувале да викаат: - Помогнете ни, тонеме! Бармалеј допливал до бродот на кој пловел докторот и почнал да се искачува по едно јаже. Но, кучето Авко му ги покажало забите и со заканувачки тон му рекло: Ррррр! Бармалеј се исплашил, вреснал и со главата одлетал повторно во морето. - Помогнете ми! - врескал тој - Спасете ме! Извадете ме од вода! Одеднаш во морето се појавиле ајкулите - големи, страшни риби со остри заби и со широко отворена уста. Тие почнале да ги бргаат пиратите и набргу ги проголтале сите до еден. - Таму им е местото! - рекол докторот. - Тие ограбуваа, мачеа и убиваа невини луѓе. Така и платија за своите злодела. Долго пловел докторот по бурното море. Одеднаш слушнал како некој вреска: - Боен! Боен! Баравен! Бавен! На јазикот на животните тоа значи: «Докторе, докторе, запрете го бродот!» Докторот ги спуштил едрата. Бродот застанал и сите го виделе папагалот Карудо. Тој летал брзо над морето. - Карудо! Ти ли си? - извикал докторот. - Колку ми е мило што те гледам! Дојди тука, дојди! Карудо долетал до бродот и извикал: - Гледај кој плива по мене! Ене, онаму, на самиот хоризонт, на запад! Докторот погледанл кон морето и видел дека по морето плива крокодилот, а на неговите плеќи седи мајмунот Чичи. Тој мавтал со лист од палма и се смеел. Докторот веднаш го усмерил бродот кон крокодилот и Чичи и им пуштил јаже од бродот. Тие се искачиле на палубата, му се фрлиле на докторот и почнале да го бакнуваат на усни, во образи, по брадата, по очите. - Како се најдовте насред море? - ги прашал докторот. Тој бил среќен што пвторно ги гледа старите пријатели. - Ах, докторе! - рекол крокодилот. - Ни беше многу здодевно без тебе во нашата Африка! Ни беше здодевно без Кика, без Авко, без Бумба, нез милиот Хру-хру! Многу сакавме да се вратиме во твојот дом, каде во шкафот живеат верверичките, на креветот ежот, а во комодата зајакот и зајчицата. Решивме да ја напуштиме Африка, да го препливаме морето и да се преселиме кај тебе за цел живот. - Повелете, - рекол докторот. - Многу ќе ми биде мило. - Ура! - зивикал Бумба. - Ура! - извикале сите животни. А, потоа се фатиле за раце и почнале да играат: - Шита рита, тита дрита! Шивандада, шиванда! НАшиот Офболи никогаш не ќе го напуштиме! Само мајмунот Чичи седел на страна и тажно воздивнувал. - Што ти е? - прашал тргнибутни. - Ми текна на лошата Варвара! Таа повторно ќе нè навредува и ќе нè мачи!
  • 15. - Не плаши се, - извикал тргнибутни. - Варвара повеќе не живее со нас! Ја фрлив во морето и сега таа живее на еден пуст остров. - На пуст остров? - Да! Сите се израдувале - и Чичи и крокодилот и Карудо: Варвара живее на пуст остров! - Да живее тргнубутни! - извикале тие и повторно почнале да танцуваат: - Шивандари, шивандари, фундуклеј и дундуклеј! Убаво што Варавара ја нема! Без варвара е повесело! Тргнибутни кимал со обете глави и двете усни му се насмевнувале. Бродот се движел со полна сила и кога наближила вечерта патката Кика, се поткачила и го видела родниот брег. - Стасавме! - извикала таа. Уште малку и ќе бидеме дома! Ене го нашиот град Пиндемонте! Што е она? Гледајте! Пожар! Сиот град е во оган! И нашата куЌа ли гори? Ах, каков ужас! Каква несреќа! Над градот Пиндемонте се гледало големо огнено руменило. - Побргу кон брегот! - наредил докторот. - Мораме да го изгаснеме пламенот! Земете кофи и фрлајте вода! Но, во тој момент слетал папагалот Карудо. Тој погледнал низ дурбинот и толку гласно се насмеал што сите со чудење го погледнале. - Не треба да го гаснете пламенот, - рекол тој, - тоа воопшто не е пожар. - Е, па што е? - прашал доктор Офболи. - И-лу-ми-на-ци-ја! - одговорил Карудо. - А, што значи тоа? - прашал Хру-хру. - Никогаш не сум слушнал за такво нешто. - Сега ќе дознаеш, - рекол папагалот. - Почекај уште десет минути. По десет минути, кога бродот се приближил кон брегот сите сфатиле што е тоа илуминација. На сите домови и покриви, на крајбрежните карпи, на дрвјата - насекаде светеле фенери: црвени, зелени, жолти, а на брегот гореле огнови со големи пламени што се извишувале до небото. Жените, мажите и децата во празнична, убава облека играле околу тие огнови и пееле весели песни. Само што виделе како се вкотвува бродот со кој докторот дошол од своето патешествие тие почнале да плескаат со рацете, се засмеале и се втурнале да го поздрават. - Да живее доктор Офболи! - викале тие. - Да живее доктор Офболи! Докторот бил восхитен. Тој не се надевал на таков пречек Тој мислел дека ќе го пречекаат само Тања и Вања и можеби стариот морнар Робинзон, а него дошле да го пречекаат сите од градот со факели, со музика и со весели песни. Во што е работата? Зошто го слават? Зошто го празнуваат неговото враќање? Тој сакал да седне на тргнибутни и да си оди дома, но толпата го кренала и го понела право на широкиот приморски плоштад. Од сите прозорци гледале луѓе и фрлале цвеќиња. Докторот се насмевнувал, се поклонувал и видел како низ топлата се пробиваат Тања и Вања. Кога дошле до него, тој ги прегрнал, ги бакнал и ги прашал: - Од каде знаете дека го победив Бармалеј? - Пента ни кажа, - одговориле Тања и Вања. - Пента дојде во нашиот град и ни раскажа како сте го ослободиле и како сте го спасиле татко му од разбојниците. Тогаш докторот видел дека на една стрмнина, далеку-далеку, стои Пента и му мафта со црвеното татково шамивче. - Здраво, Пента! - извикал докторот. Во тој момент му се доближил насмевнуваќи му се, стариот морнар Робинзон, цврсто му ја стегнал раката и гласно, за да го чуе сиот плоштад, рекол: - Драг, Офболи! Многу сме ти благодарни што го исчисти морето од лутите пирати кои ги ограбуваа нашите бродови. До сега не смеевме да одиме на далечни патувања зашто ни се закануваа пиратите. А, сега можеме слободно да пловиме со нашите бродови. Ние сме горди што во нашиот град живее таков храбар херој. Ние ти изградивме чудесен брод и дозволи ни да ти го подариме. - Да живее нашиот сакан, нашиот храбар доктор Офболи! - во еден глас извикала толпата. - Ти благодариме! Докторот & се поклонил на толпата и рекол: - Ви благодарам за топлиот пречек! Многу сум среќен што ме сакате. Но, јас никогаш не ќе успеев да се справам со морските пирати ако не ми помогнеа моите верни пријатели, моите животни. Тие се тука со мене и сакам од сè срце да ги поздравам и да им заблагодарама за саможртвената дружба! - Ура! - извикала топлата. - Да живеат храбрите животни на Офболи! По тој празничен пречек докторот седнал на тргнибутни и заедно со другите животни тргнал дома. Му се израдувале зајците, верверичките, ежовите и лилјаците! Но, не успеал ни да се поздрави со нив кога од небото слушнал некаков шум. Докторот излегол на прозорецот и видел дека летаат жерави. Тие долетале до неговата куќа и ништо не велејќи му дале
  • 16. голема кошница со прекрасни овошја: урми, јаболка, круши, банани, праски, грозје, портокали! - Ова е за тебе, докторе, од Земјата на Мајмуните! Докторот им заблагодарил, а тие одлетале назад. По еден час во дворот на докторот почнала голема гозба. На долгите клупи, на долгата маса, на светлината од фенерите седнале сите пријатели на Офболи: и Тања, и Вања, и Пента, и стариот рибар Робинсон, и ластовичката, и Хру-хру, и Чичи, и Кика, и Карудо, и Бумба, и тргнибутни, и Авко, и верверичКите, и зајците, и ежовите и лилјаците. Докторот ги нагостил со мед, со бонбони и со колачи, а исто така и со она слатко овошје што му го испратиле од Земјата на Мајмуните. Забавата траела долго. Сите се шегувале, се смееле и пееле, а потоа станале и почнале да танцуваат во дворот под светлото од фенерите.