Ce diaporama a bien été signalé.
Nous utilisons votre profil LinkedIn et vos données d’activité pour vous proposer des publicités personnalisées et pertinentes. Vous pouvez changer vos préférences de publicités à tout moment.

Polovi Bolesti

13 448 vues

Publié le

Taseska Marija
SOU "NIKO NESTOR" Struga

Publié dans : Santé & Médecine
  • Dating for everyone is here: ❤❤❤ http://bit.ly/39pMlLF ❤❤❤
       Répondre 
    Voulez-vous vraiment ?  Oui  Non
    Votre message apparaîtra ici
  • Dating direct: ❶❶❶ http://bit.ly/39pMlLF ❶❶❶
       Répondre 
    Voulez-vous vraiment ?  Oui  Non
    Votre message apparaîtra ici

Polovi Bolesti

  1. 1. ПОЛОВИ БОЛЕСТИ СИДА-ХИВ СИФИЛИС ГОНОРЕЈА ТРИХОМОНИЈАЗА ГЕНИТАЛЕН ХЕРПЕС КОЛПИТИС
  2. 2. Сида-хив Болеста ја предизвикува вирус на хумана имунодефициенција ( human immunodeficiency virus-hiv ) . СИДА или синдромот на стекнат имунолошки дефицит (на англиски AIDS од Acquired Immune Deficiency Syndrome ) е глобална човечка епидемија . Кога ХИВ долго време се борел со имунолошкиот систем и тој се исцрпил , почнуваат да се јавуваат инфекции и други болести , со тешки последици за организмот и на крајот со смрт . Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза .
  3. 3. Начини на пренесување на ХИВ вирусот ХИВ може да се пренесе на 3 начини : 1. Преку сексуален однос 2. Преку крв ( наркоманија , пирсинг ) 3. Од мајка на потомство
  4. 4. ПРЕВЕНЦИЈА Сидата е смртоносна болест која не може да се лечи . Треба да се избегнуваат сексуални односи со ХИВ- ЗАРАЗЕНИ лица . Треба да се користи презерватив при сексуален однос , посебно ако партнерот не се познава добро . Треба да се користи сопствен прибор за лична хигиена . Мора да се испитаат сите доброволни дарители на крв .
  5. 5. ЛЕКУВАЊЕ За СИДА лек не е откриен , но сепак се вршат разни испитувања и тестирања со лекови . Најчесто луѓето заболени од СИДА примаат антибиотски и антивирусни лекови со цел да си го продолжат животот за неколку години . Оваа болест секогаш завршува со СМРТ .
  6. 6. СИФИЛИС СИФИЛИС или ЛУЕС е заразна полова болест која ја предизвикува бактерија спирохета . Може да се добие преку полов пат или при допир со инфицирано лице . Се шири преку отворени рани и осипи кои содржат бактерии кои можат да поминат низ мукозните мембрани на гениталиите , устата и анусот како и други делови од телото кои се повредени . Не остава траен имунитет и може да се појави повторно .
  7. 7. РАЗВОЈ НА БОЛЕСТА <ul><li>Примарен стадиум </li></ul><ul><li>Секундарен стадиум </li></ul><ul><li>Латентен стадиум </li></ul><ul><li>Доцен стадиум </li></ul>
  8. 8. ДИЈАГНОЗА И ЛЕЧЕЊЕ Сифилисот може да се дијагностицира и да се лечи во било кој стадиум од болеста . Се лечи со ПЕНИЦИЛИН . Првите три стадиуми се лечат без никакви трајни оштетувања , а во последниот стадиум можат да останат трајни оштетувања .
  9. 9. ПРЕВЕНЦИЈА Треба да се избегнуваат сексуални односи со инфицирани лица и задолжително користење презервативи . Исто така да не се користи заеднички прибор за јадење и за лична хигиена .
  10. 10. ГОНОРЕ J А Гонорејата е една од најчестите полови бактериски болести , а најчесто се пренесува преку полов контакт вклучувајќи вагинален , орален и анален секс . Најчесто се јавува кај мажи . Често се јавува во големи градови кај млади меѓу 15 и 29 години . Ризична популација се оние кои често ги менуваат партнерите за сексуален однос и не користат кондоми .
  11. 11. симптоми • Зачестено мокрење • Неможност за задржување на мокрача • Гноен исцедок од анус • Болки при мокрење • Црвенило и воспаленост на пенисот • Зголемена осетливост на тестиси
  12. 12. ЛЕЧЕЊЕ Лечењето се однесува на земање антибиотици . Кој антибиотик му одговара на заболениот одлучува лекарот . Земање лекови на своја рака може да доведе до компликација на болеста и да го отежни лечењето . Во последно време се јавуваат бактерии кои не можат да се излечат со вообичаена терапија . Познавањето на појавата на гонореја е значајно за успешно избегнување на болеста .
  13. 13. ПРЕВЕНЦИЈА Немањето полови односи е потполно сигурен начин за да се заштитите од гонореја како и останати полови болести вклучувајќи и ХИВ . Сигурен секс и одговорно сексуално однесување го намалуваат ризикот . Со употреба на кондоми се намалува ризикот , притоа треба да се користи правилно .
  14. 14. ТРИХОМОНИЈАЗА Полова болест предизвикана од паразитот Trichomonas vaginalis . Покрај преку полов однос може да се пренесе и со користење на иста облека и крпа . Паразитот е неотровен на надворешна средина и не може да се зарази човек преку капење во исти базени и во сауна .
  15. 15. СИМПТОМИ МАЖИ : симптомите се јавуваат многу ретко кај заболените мажи без клиничка манифестација и не знаат дека можат да ја пренесат болеста на својата партнерка . ЖЕНИ : вагинално печење , зелен или жолт вагинален секрет со непријатен мирис , болно мокрење .
  16. 16. ПРЕВЕНЦИЈА Користење на кондоми , па дури и ако партнерот изгледа здраво зошто инфекцијата може да биде асимптоматска . Печење во пределот на гениталиите е знак за да се посети лекар бидејќи овој симптом може да биде последица на некоја претуморска состојба или тумор .
  17. 17. ГЕНИТАЛЕН ХЕРПЕС ГЕНИТ A ЛЕН ХЕРПЕС Гениталниот херпес е инфекција предизвикана од Herpes simplex вируси , HSV1 i HSV2 . Извор на инфекција е заразен човек и се пренесува преку бакнеж како и преку полов однос . До инфекција на плодот може да дојде преку постелката или при самиот пораѓај .
  18. 18. ПРЕВЕНЦИЈА - Избегнување на односи со заболени особено не со нивни излачувања ( бакнеж , сексуален контакт ) или херпетична промена . - И секако користење на кондоми иако партнерот изгледа потполно здрав може да биде инфициран .
  19. 19. КОЛПИТИС Оваа полова болест ( се нарекува и kandidijaza ) се јавува кај жени предизвикана е од микроорганизми . Може да биде многу незгодна , но не претставува голема опасност . Најмногу се јавува за време на бременост , кај пациенти со шеќерна болест и голема употреба на антибиотици .
  20. 20. СИМПТОМИ Оваа болест се карактеризира со исцедок кој има бела боја, густ , сирест и има специфичен мирис . Родницата е црвена , отечена , надразнета и сето тоа е проследено со болка . При полов однос овие жени имаат големи болки . За време на болеста исто така се чувствува болка и печење .
  21. 21. ДИЈАГНОЗА Дијагнозата се поставува со гинеколошки преглед и тоа со микроскопски преглед на исцедокот . Понекогаш се прави PAPA -тест со што би се исклучиле туморските промени на матката . Ако вратот на матката изгледа чудно се прави колпоскопија или пак се прави биопсија .
  22. 22. ЛЕЧЕЊЕ Се користат антибиотици и тоа : clotrimazol , nistatin , amfotericin , natamicin , flukonazol , itrakonazol и други . Исто така се препорачува растителна храна , млеко и млечни производи , како и избегнување на јаглехидрати .
  23. 23. КОМПЛИКАЦИИ Повторувањето на оваа инфекција е многу често , а кај лица со слаб имунитет може да се прошири по телото и да инфицира и други органи и органски системи .
  24. 24. ПРЕВЕНЦИЈА - Избегнувајте синтетичка долна облека - Носете памбучни гаќи - Избегнувајте танга гаќи - Избегнувајте често влажнење на гениталниот регион - Не носете влажни бикини - Редовно перете ја долната облека - Избегнувајте јаглехидрати и алкохол - Пиете јогурт за време на примање на антибиотици
  25. 25. САМО СО ЗАЕДНИЧКА ГРИЖА И СОРАБОТКА МОЖЕМЕ ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ И ДА ГО СПРЕЧИМЕ ШИРЕЊЕТО НА ОВИЕ БОЛЕСТИ КОИ ЈА МАЧАТ ДЕНЕШНИНАТА

×