Вардар има навистина композитна речна долина поради
редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение.
Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во
северозападниот дел на Македонија.
Клисура на река Вардар Река Вардар:
Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полoг каде се
влеваат неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита.
Потоа преку Дервенската Клисура навлегува во Скопската Котлина
каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и Маркова Река и минува
низ Скопје. Минувајќи низ Таорската Клисура каде се влева Кадина Река,
Вардар навлегува во малата Велешка Котлина и минува низ Велес.
Позната е приказната дека реката го добила ова име во чест на римскиот
префект на Скупи, кој се викал Варда Склир и кој го регулирал течението на
реката и со тоа го спасил градот од поплави.
Името Вардар е слично со имињата на други реки што течат во
Средна Азија - Сир Дарjа, Аму Дарjа и Чебдар. Зборот барја е персиски и
значи „река“, море или океан.
Хидронимот Вардар веројатно потекнува од готскиот збор „Vordol“,
кој е даден на реката кога Готите биле на овие простори (V век).
Вардар води потекло од истоимениот тракиски збор што значи „црна вода“.
Песни во кои е опеан Вардар
Ој Вардаре македонски
Ој Вардаре Македонски
Среде Скопје Вардар врви,
Вардар река распеана.
Ој, Вардаре македонски
од извора дур' до Солуна.
Ој, Вардаре македонски,
ти ја красиш Македонија.
Твојте градој како бисери
ти закитиле брегови.
Ој, Вардаре македонски
од извора дур' до Солуна.
Ој, Вардаре македонски,
ти ја красиш Македонија.
Лути рани на јунаци
твојта вода ги лекува.
Ој, Вардаре македонски
од извора дур' до Солуна.
Ој, Вардаре македонски,
ти ја красиш Македонија.
Каде Вардар поминуваш
среќа, радост донесуваш.
Ој, Вардаре македонски
од извора дур' до Солуна.
Ој, Вардаре македонски,
ти ја красиш Македонија
Море сокол пие
Море сокол пие
Вода на Вардарот.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.
Море ој соколе,
Ти јуначко пиле.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.
Море нели виде
Јунак да помине,
Јунак да помине,
С'девет лути рани.
Јане,Јане ле бело грло,
Јане,Јане ле кротко јагне.
Јунак да помине
С'девет лути рани,
С'девет лути рани,
Сите куршумлии.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.
А дестта рана,
Со нож прободена.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.