SlideShare une entreprise Scribd logo
1  sur  16
СОЦИОЛОШКИ ПОИМ ЗА СОВРЕМЕНОТО
     ЕВРОПСКО СЕОПШТЕСТВО
Ние живееме во Европски свет
Ако сега се запрашаме што го сочинува современото
Европско опшество ќе забележиме една бескрајно
сложена слика, која сепак, Европа ја прави да биде
препознатлива во современиот свет
И они луѓе кои физички не се наоѓаат во Европа
живеат во општества кои се повеќе се базирани на
Европската културна традиција или биле под
секојдневно влијание на нормите и вредностите на
таа културна традиција.
Иако Европејците ја поминаа патеката на економска,
социјална и политичка интеграција, дефинирањето
на Европа останува двосмислено поради неколку
причини.
Прво
Само неколку од европските земји се културно
хомогени и не постои нешто како ,,европска раса,,.
Постојаното преуредување на држаните граници, во
текот на времето создало ситуации во која секоја
Европска држава има национални малцинства.
Многу држави, во последните 40-50 години
забележаа голем прилив на имигранти како што се
Алжирците во Франција, Турците во Германија и т.н.
и сето тоа направи во Европа да не се чувствува
постоење на некаква доминантна култура и сите
Европски народи љубоморно работат на очувување
на својот културен идентитет.
Второ
Жителите на Европа зборуваат на 36 јазици,
кои се заштитени како симболи на
националните идентитети и претставуваат
постојан потсетник на разликите меѓу
Европјаните.
Тука треба да напоменеме дека еден од
факторите кој го олесни развојот на САД
беше постоењето на еден јазик.
Но исто така се забележува и доминацијата
на Англискиот јазик, кој како јазик на
глобалната трговија и дипломатија постепено
станува и јазик на Европа.
Трето
Историите на Европските држави се
исполнети со меѓусебни војни, формирање на
алијанси и освојување и колонизирање на
разни земји и народи во светот.
Дури и денес Англија, Франција, Шпанија и
Португалија одржуваат блиски врски со
нивните поранешни колонии, додека
Германија поради некои други причини има
интереси во источна Европа.
Четврто
Тешкотијата околу дефинирањето на Европа доаѓа и од таму
што за разлика од другите континенти кои се обиколени со
вода, Европа нема јасна источна граница.
На источната граница на Европа се наоѓа Русија чија само една
четвртина се смета како дел на Европа а три четвртини
припаѓаат на Азискиот континент.
Исто така, тука е и Турција која што само со 4% од својата
територија и припаѓа на Европа и на која повеќето Европјани
гледаат како на дел дел од Исламската свера на влијание.
Тука би можеле да го споменеме и Балканот, кој географски
целосно припаѓа на Европа, но како да зазема една
двосмислена позиција помеѓу Европа и Азија. Тој долго време
од Европејците се сметал како продолжеток на Мала Азија и
често се опишувал како Блиски исток. Балканот се смета за
гранична зона меѓу Исламот, Католицизмот и Православието.
Балканот бил и граница и меѓу источната и западната Римска
империја, граница меѓу Хабсбурговската и Отоманската
империја а многу скоро и меѓу т.н. ,,политички исток и запад,,.
Политичките системи на
     Европските држави
Повеќето Европски земји имаат политички системи
базирани на варијации на парламентарна власт со
претседателски или монархистички номинален водач
и огромна извршна моќ во рацете на избраниот
премиер кој е лидер на најголемата политичка
партија во националниот парламент.
Осум Европски држави се уште имаат монархии:
Белгија, Данска, Луксембург, Холандија, Норвешка,
Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство.
Сите овие се конституционални монархии што значи
дека монарсите имаат незначителна политичка моќ и
власта се извршува во нивно име. Сите се
ограничени со церемонијални улоги и им се дадени
малку можности да влијаат или да ги советуваат
избраните шефови на влади.
Повеќе други Европски држави за номинален
водач имаат председател кој има слични
права и углед на оние на монархот, но
наместо наследување на работата според
случајот на раѓање тие се избрани само со
одреден мандат.
Неколку земји имаат двоен извршен или
комбиниран претседателски-парламентарен
систем на влада. Тука се вклучени
Белорусија, Финска, Франција, Исланд,
Полска, Португалија, Русија и Украина.
Извршната власт е во рацете на
председателот кој е директно избран од
луѓето но законодавната власт е во рацете на
законодавното тело-парламентот
Извршната моќ во повеќе Европски држави е во
рацете на владата т.е. премиерот како на пример во
Македонија, Италија и др. или канцеларот во
Германија и Австрија. Главното право на премиерите
е содржано во нивниот практичен монопол врз
назначување на свои блиски луѓе на повисоки
владини позиции и фактот дека тие можат да се
потпрат на парлаентарното мнозинство што ги прави
сигурни дека ќе бидат прифатени нивните законски
предлози и проекти.
Скоро сите Европски законодавни тела се во вид на
парламент каде што се претставуваат законите, се
дискутира за нив, се додаваат амандмани, и се
усвојуваат или се одбиваат. Неколку Европски
парламенти имаат два дома, понизок но помоќен дом
кој директно е избран од народот, и повисок и обично
помалку важен дом чии членови можат да бидат
избрани директно или индиректно (назначени) како
што е на пример Австрија, Англија, Германија,
Холандија и др.
Европската економија
Европа е еден од најбогатите региони во
светот.
Нејзините 800 милиони луѓе претставуваат
скоро 10 проценти од светската популација и
живеат на само 5 проценти од светската
копнена област, но тие произведуваат околу
31 процент од светското економско
богатство.
Скоро целото тоа богатство е концентрирано
во Западна Европа.
Економскиот систем во Европа
 Денес сите Европски држави се претежно
 слободно-пазарни капиталистички системи
 што значи дека поголемиот дел од
 економските активности зависи од цените,
 понудата и побарувачката а владите ја имаат
 лимитирано својата интервенција на пазарот.
 Бројот на јавните сектори во повеќето
 Европски земји сеуште се намалува и
 иницијативата на слободниот пазар и
 конкуренцијата се зголемува.
Она што се забележува е тоа дека западно
Европските држави се претежно постиндустриски,
што значи дека нивните економии минале низа
транзиции од земјоделство во индустрија и до силно
потпирање на услугите.
Последниве се такви економски активности кои не
произведуваат опипливи стоки но токму тие го
сочинуваат околу 65-70% од бруто домашниот
производ (БДП), индустријата обезбедува приближно
околу 25-30% од БДП и земјоделието служи за
рамнотежа.
Посиромашните Европски држави настојуваат да
имаат најголеми земјоделски сектори па така на
пример 18-23% од Грчкото население работат во
земјоделието или 12-15% Ирци работат во
земјоделието а од друга страна само 1-5% од
Англичаните, Данците, Германците и Швеѓаните се
слично ангажирани.
Исто така се забележува дека нивоата
на развој на националните економии е
доста различен и моќта е насочена во
корист на четирите големи западно
Европски држави Германија, Англија,
Франција и Италија во кои живеат околу
44% од населението на Европа а
создаваат околу 65% од БДП на цела
Европа.
Општо гледано и кажано Европа има жаришта на
економска динамика и развој. Највисока активност се
забележува во Рајнската област, околу северно
Италијанските градови и околу Париз, Ротердам и
Лондон.
Од друга страна периферијата на Европа (посебно
источната) е доста неразвиена поради тоа што
имала недостаток на адекватни инвестиции затоа
што земјите од овие реони се некако позафрлени и
ретко населени или затоа што се помалку
индустријализирани и се уште страдаат од ефектите
на централното планирање во ,,советски,, стил.
Во исто време единствениот Европски пазар исто
така помогна во унапредувањето на трансевропските
корпоративни интеграции и заедничките ризични
потези, подобрувајки ги економиите до степен на кој
најголемите Европски корпорации се сега во можност
да им конкурираат поефективно на оние од САД.
Демографската слика на
          Европа
Економските разлики се рефлектираат во бројот на
населението. Западна Европа е еден од најгусто
населените региони во светот.
Глобалната густина на населението е околу 115 луѓе
на километар квадратен споредено со 30 луѓе на
метар квадратен во САД и 9 луѓе по метар квадратен
во Русија.
Најгусто населени делови од Европа се меѓу
најбогатите земји како што се северна Италија,
западна Германија, земјите од Бенелукс и
југоисточна Англија.
Најретко населени земји се и најсиромашни или
најстудени како што се поголемиот дел од источна
Европа, централна Шпанија, северозападна Шкотска,
Исланд и северна Скандинавија.
Сеуште постојат многу работи
    кои ги делат Европјаните
Постојат различни јазици, различни културни традиции,
законски, образовни и здравствени заштитни системи,
кујни, начини на разонода, различни стилови на
облекување, начин на планирање и градење на
населби, начини на трошење на слободното време па
дури и различни страни на возење по патот.
Меѓутоа се повеќе се зголемува бројката на оние работи
кои се заеднички за Европјаните. Економските и
социјалните интеграции кои се спроведоа под
покровителство на ЕУ и нејзините предходници ги
направија поблиски Европјаните.
Сето тоа го потикна остатокот од светот да не гледа на
Европа како на територија на која постојат голем број
различни држави туку се повеќе да гледа како еден
економски блок кој оди во правец и на политичко
обединување.

Contenu connexe

Plus de Angela Krstevska

(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam
Angela Krstevska
 
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
Angela Krstevska
 
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
Angela Krstevska
 
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
Angela Krstevska
 
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
Angela Krstevska
 
(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje
Angela Krstevska
 
(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija
Angela Krstevska
 

Plus de Angela Krstevska (9)

(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam
 
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
 
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
 
(5,1) ideologija
(5,1) ideologija(5,1) ideologija
(5,1) ideologija
 
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
 
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
 
(4) podelba na vlasta
(4) podelba na vlasta(4) podelba na vlasta
(4) podelba na vlasta
 
(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje
 
(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija
 

(8,2) sovremeno evropsko seostestvo

  • 1. СОЦИОЛОШКИ ПОИМ ЗА СОВРЕМЕНОТО ЕВРОПСКО СЕОПШТЕСТВО
  • 2. Ние живееме во Европски свет Ако сега се запрашаме што го сочинува современото Европско опшество ќе забележиме една бескрајно сложена слика, која сепак, Европа ја прави да биде препознатлива во современиот свет И они луѓе кои физички не се наоѓаат во Европа живеат во општества кои се повеќе се базирани на Европската културна традиција или биле под секојдневно влијание на нормите и вредностите на таа културна традиција. Иако Европејците ја поминаа патеката на економска, социјална и политичка интеграција, дефинирањето на Европа останува двосмислено поради неколку причини.
  • 3. Прво Само неколку од европските земји се културно хомогени и не постои нешто како ,,европска раса,,. Постојаното преуредување на држаните граници, во текот на времето создало ситуации во која секоја Европска држава има национални малцинства. Многу држави, во последните 40-50 години забележаа голем прилив на имигранти како што се Алжирците во Франција, Турците во Германија и т.н. и сето тоа направи во Европа да не се чувствува постоење на некаква доминантна култура и сите Европски народи љубоморно работат на очувување на својот културен идентитет.
  • 4. Второ Жителите на Европа зборуваат на 36 јазици, кои се заштитени како симболи на националните идентитети и претставуваат постојан потсетник на разликите меѓу Европјаните. Тука треба да напоменеме дека еден од факторите кој го олесни развојот на САД беше постоењето на еден јазик. Но исто така се забележува и доминацијата на Англискиот јазик, кој како јазик на глобалната трговија и дипломатија постепено станува и јазик на Европа.
  • 5. Трето Историите на Европските држави се исполнети со меѓусебни војни, формирање на алијанси и освојување и колонизирање на разни земји и народи во светот. Дури и денес Англија, Франција, Шпанија и Португалија одржуваат блиски врски со нивните поранешни колонии, додека Германија поради некои други причини има интереси во источна Европа.
  • 6. Четврто Тешкотијата околу дефинирањето на Европа доаѓа и од таму што за разлика од другите континенти кои се обиколени со вода, Европа нема јасна источна граница. На источната граница на Европа се наоѓа Русија чија само една четвртина се смета како дел на Европа а три четвртини припаѓаат на Азискиот континент. Исто така, тука е и Турција која што само со 4% од својата територија и припаѓа на Европа и на која повеќето Европјани гледаат како на дел дел од Исламската свера на влијание. Тука би можеле да го споменеме и Балканот, кој географски целосно припаѓа на Европа, но како да зазема една двосмислена позиција помеѓу Европа и Азија. Тој долго време од Европејците се сметал како продолжеток на Мала Азија и често се опишувал како Блиски исток. Балканот се смета за гранична зона меѓу Исламот, Католицизмот и Православието. Балканот бил и граница и меѓу источната и западната Римска империја, граница меѓу Хабсбурговската и Отоманската империја а многу скоро и меѓу т.н. ,,политички исток и запад,,.
  • 7. Политичките системи на Европските држави Повеќето Европски земји имаат политички системи базирани на варијации на парламентарна власт со претседателски или монархистички номинален водач и огромна извршна моќ во рацете на избраниот премиер кој е лидер на најголемата политичка партија во националниот парламент. Осум Европски држави се уште имаат монархии: Белгија, Данска, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство. Сите овие се конституционални монархии што значи дека монарсите имаат незначителна политичка моќ и власта се извршува во нивно име. Сите се ограничени со церемонијални улоги и им се дадени малку можности да влијаат или да ги советуваат избраните шефови на влади.
  • 8. Повеќе други Европски држави за номинален водач имаат председател кој има слични права и углед на оние на монархот, но наместо наследување на работата според случајот на раѓање тие се избрани само со одреден мандат. Неколку земји имаат двоен извршен или комбиниран претседателски-парламентарен систем на влада. Тука се вклучени Белорусија, Финска, Франција, Исланд, Полска, Португалија, Русија и Украина. Извршната власт е во рацете на председателот кој е директно избран од луѓето но законодавната власт е во рацете на законодавното тело-парламентот
  • 9. Извршната моќ во повеќе Европски држави е во рацете на владата т.е. премиерот како на пример во Македонија, Италија и др. или канцеларот во Германија и Австрија. Главното право на премиерите е содржано во нивниот практичен монопол врз назначување на свои блиски луѓе на повисоки владини позиции и фактот дека тие можат да се потпрат на парлаентарното мнозинство што ги прави сигурни дека ќе бидат прифатени нивните законски предлози и проекти. Скоро сите Европски законодавни тела се во вид на парламент каде што се претставуваат законите, се дискутира за нив, се додаваат амандмани, и се усвојуваат или се одбиваат. Неколку Европски парламенти имаат два дома, понизок но помоќен дом кој директно е избран од народот, и повисок и обично помалку важен дом чии членови можат да бидат избрани директно или индиректно (назначени) како што е на пример Австрија, Англија, Германија, Холандија и др.
  • 10. Европската економија Европа е еден од најбогатите региони во светот. Нејзините 800 милиони луѓе претставуваат скоро 10 проценти од светската популација и живеат на само 5 проценти од светската копнена област, но тие произведуваат околу 31 процент од светското економско богатство. Скоро целото тоа богатство е концентрирано во Западна Европа.
  • 11. Економскиот систем во Европа Денес сите Европски држави се претежно слободно-пазарни капиталистички системи што значи дека поголемиот дел од економските активности зависи од цените, понудата и побарувачката а владите ја имаат лимитирано својата интервенција на пазарот. Бројот на јавните сектори во повеќето Европски земји сеуште се намалува и иницијативата на слободниот пазар и конкуренцијата се зголемува.
  • 12. Она што се забележува е тоа дека западно Европските држави се претежно постиндустриски, што значи дека нивните економии минале низа транзиции од земјоделство во индустрија и до силно потпирање на услугите. Последниве се такви економски активности кои не произведуваат опипливи стоки но токму тие го сочинуваат околу 65-70% од бруто домашниот производ (БДП), индустријата обезбедува приближно околу 25-30% од БДП и земјоделието служи за рамнотежа. Посиромашните Европски држави настојуваат да имаат најголеми земјоделски сектори па така на пример 18-23% од Грчкото население работат во земјоделието или 12-15% Ирци работат во земјоделието а од друга страна само 1-5% од Англичаните, Данците, Германците и Швеѓаните се слично ангажирани.
  • 13. Исто така се забележува дека нивоата на развој на националните економии е доста различен и моќта е насочена во корист на четирите големи западно Европски држави Германија, Англија, Франција и Италија во кои живеат околу 44% од населението на Европа а создаваат околу 65% од БДП на цела Европа.
  • 14. Општо гледано и кажано Европа има жаришта на економска динамика и развој. Највисока активност се забележува во Рајнската област, околу северно Италијанските градови и околу Париз, Ротердам и Лондон. Од друга страна периферијата на Европа (посебно источната) е доста неразвиена поради тоа што имала недостаток на адекватни инвестиции затоа што земјите од овие реони се некако позафрлени и ретко населени или затоа што се помалку индустријализирани и се уште страдаат од ефектите на централното планирање во ,,советски,, стил. Во исто време единствениот Европски пазар исто така помогна во унапредувањето на трансевропските корпоративни интеграции и заедничките ризични потези, подобрувајки ги економиите до степен на кој најголемите Европски корпорации се сега во можност да им конкурираат поефективно на оние од САД.
  • 15. Демографската слика на Европа Економските разлики се рефлектираат во бројот на населението. Западна Европа е еден од најгусто населените региони во светот. Глобалната густина на населението е околу 115 луѓе на километар квадратен споредено со 30 луѓе на метар квадратен во САД и 9 луѓе по метар квадратен во Русија. Најгусто населени делови од Европа се меѓу најбогатите земји како што се северна Италија, западна Германија, земјите од Бенелукс и југоисточна Англија. Најретко населени земји се и најсиромашни или најстудени како што се поголемиот дел од источна Европа, централна Шпанија, северозападна Шкотска, Исланд и северна Скандинавија.
  • 16. Сеуште постојат многу работи кои ги делат Европјаните Постојат различни јазици, различни културни традиции, законски, образовни и здравствени заштитни системи, кујни, начини на разонода, различни стилови на облекување, начин на планирање и градење на населби, начини на трошење на слободното време па дури и различни страни на возење по патот. Меѓутоа се повеќе се зголемува бројката на оние работи кои се заеднички за Европјаните. Економските и социјалните интеграции кои се спроведоа под покровителство на ЕУ и нејзините предходници ги направија поблиски Европјаните. Сето тоа го потикна остатокот од светот да не гледа на Европа како на територија на која постојат голем број различни држави туку се повеќе да гледа како еден економски блок кој оди во правец и на политичко обединување.