2. 25.9.2016
13
Диференцијална дијагноза на акутните одонтогени инфекции
Во диференцијалната дијагноза на акутните одонтогени инфекции треба да се
разграничат, пред се, воспаленија од друга етиологија : лимфаденитис, посттрауматска
инфекција, фоликулитис, неодонтогено воспаление на синусот, инфламиран атером,
сијалоаденитис, сијалодохитис и сијалолитијаза, потоа едемите – посттрауматски,
постоперативни и алергиски. За диференцијална дијагноза во предвид доаѓаат и
емфизем, хематом, цисти на вратот, ретенциони цисти на плунковите жлезди...На крај,
посебно важно е од инфекција да се диференцираат бенигните и малигните тумори на
оваа регија.
_
а) воспалителни процеси од неодонтогена етиологија
Dd : б) едеми
в) бенигни и малигни тумори
3. 25.9.2016
Воспалителни промени од неодо нто ге на етиологија
-лимфаденитис ---------------->
-посттрауматска инфекција
-инфламиран атером
-неодонтоген синузит
-сијалоаденитис
-сијалодохитис
-сијалолитијазис
(калкулуси)
-фоликулитис --------->
Едеми
-посттрауматски едем
-постоперативен едем
-алергиски едем
-емфизем
-хематом
-цистични едеми (тироглосна циста, сублингвална дермоидна
циста, брахијална циста )
-едеми на врат од вирусно потекло
(рубеола,инфективна мононуклеоза, токсоплазмоза)
-едеми ( акутна леукемија,генерализирана
лимфопатија)
14
4. 25.9.2016
Tерапија на АОИ
Терапијата на акутните одонтогени инфекции може да се одвива:
конзервативно и хируршки.
Конзервативните мерки на лечење имаат за цел да ги
сузбијат општите и локалните симптоми на
инфекцијата и да ја санираат со сочувување на
интегритетот на ткивата, а во случај на дентогена инфекција и
евентуално сочувување на забот
.
Покрај примената на антибиотици, како основни и најважни мерки, под
конзервативно лекување се подразбира апликација на аналгетици,
антипиретици, супституциона терапија. Сите овие мерки првенствено
имаат за цел да ја подигнат и ојачат одбранбената сила на
организмот во борбата против инфективниот агенс.
15
Бенигни и малигни тумори
Во орофацијалната регија може да се појават голем број бенигни и
малигни тумори, како примарни (со потекло од локалните ткива) така и
метастатски. Потреба од дополнителни лабораториски, хистолошки и
бактериолошки испитувања, како и интердисциплинарна соработка со
други медицински специјалности.
5. 25.9.2016
16
Пронаоѓањето на пеницилинот,како прв антибиотик,претставуваше револуција во
лекувањето на одонтогените инфекции. Денес, во клиничката пракса се користат
различни модификации на природниот пеницилин, како и антибиотици од други групи и
хемиотерапевтици, синтетизирани,како што се : цефалоспорини,аминогликозиди,
сулфонамиди, макролиди, тетрациклини, хлорамфеникол и др.
Според ефикасноста и начинот на дејство, антибиотиците се делат на антибиотици со
бактерицидно и антибиотици со бактериостатско дејство. Следува табела со преглед на
најчесто користените бактерицидни и бактериостатски антибиотици.
6. 25.9.2016
17
И ндик ац ии за примена на антибиотици во лекувањето на АОИ се :
• тешка општа и локална клиничка слика на инфекцијата, со зголемена телесна
температура, знаци на интоксикација и малаксаност на пациентот.
• клинички брз тек на болеста, со нагло влошување на општата состојба.
• инфекции кај пациенти со загрозена одбрана на организмот, кога хируршките и
другите локални мерки не даваат задоволувачки резултати.
• лекување на хронични болни и болни кои претставуваат ризична група,поради
можен развој на локални и оддалечени компликации.
• инфекции на средната лицева третина, fossa canina, подот на усната празнина,
длабоките и површинските простори на главата.
• акутен остеомиелитис, акутен максиларен синузитис и сл.
Основни принципи при употреба на антибиотици:
- Изборот на антибиотикот треба да се базира врз основа на
микробиолошки наод и антибиограм ;
- Антибиотикот се применува во доволно висока доза и најефикасен начин
на внесување ( per os – парентерално ) ;
- Антибиотикот се ординира доволно долго, т.е. уште 2-3 дена по
повлекувањето на клиничките симптоми ( се спречува појава на
рецидиви ) ;