2. Кај цицачите, а и кај повеќето ‘рбетници, системот за дишење е составен од спроводен дел и дишен дел. Спроводниот дел од респираторниот систем го сочинуваат: носот, голтникот, гркланот, душникот, бронхијата и бронхиолите, каде што воздухот поминува низ нив по редоследот по кој се напишани. Дишниот дел е претставен со белите дробови.
3. Од физичка гледна точка, белите дробови се кеси, непропустливи за воздухот, кои само преку трахеите се поврзани со атмосферата.
4. Вдишувањето е состојба при која притисокот на воздухот во белите дробови е помал од атмосферскиот. При издишувањето , состојбата е обратна.
5. Живите организми, во текот на својата еволуција, успеале да се адаптираат на атмосферскиот притисок, и ја стекнале способноста да можат лесно да се адаптираат на бевните и не многу големи промени во атмосферскиот притисок.