2. FACEBOOK ПЛАТЕНИ РЕКЛАМИ
Сподели ја твојата легендарна приказна гласно!
#галамџии
(Наградни игри, видеа, релевантни слики, аутфит стајлинзи, дружби со модниот свет, едукативна
содржина и морален и етички кодекс за повисока свест за брендот )
Фејзбук е моќна, разноврсна и ефективна адвертајзинг платформа. Фејзбук
е уникатен по тоа што не ги таргетира корисниците врз основа на
релевантна содржина или клучни зборови, туку според генерирани
кориснички информации за секој корисник посебно. Нашата цел за Tally
Weijl е постојано да ја зголемуваме мрежата на одлично таргетирани и
органските посетители и да ги насочиме директно кон фазата на купување
од самиот бренд. Последните истражувања, потврдуваат дека тинејџерите
во Македонија најголемиот дел од своето време го минуваат токму на
оваа социјална платформа
3. • ЗЕМЈА – Македонија ;
• ИНТЕРЕСИ – социјални активности (кафе со пријатели, журки, концерти, кинo, спорт ), музика,
нова предмети, сакаат брзи промени ( постојани апдејти со нова содржина која ќе поттикне на акција),
хумор, љубов.
• ВОЗРАСТ – 15-25 – женски пол ( во придружба со мајка )
• ОДНЕСУВАЊЕ - непостојани, брзи, егоцентрични, галамџии, опсесирани се со споделување, се
грижат за туѓото мислење, сакаат да бидат инволвирани, сакаат слобода, споделување со пријатели,
уживаат во популарност;
Таргетираното рекламирање претставува форма на адвертајзинг која се фокусира на
карактеристични црти на купувачот. Овие црти (аспекти) можат да бидат поврзани или со
продуктот или со типот на купувач кој брендот го промовира. Таргетот се лоцира според
области со кој претпоставуваме дека нашиот таргет најчесто се поврзува.
Откако ќе ја лоцираме публиката со која најуспешно комуницираме и шерува како луда,
буквално можеме да ја клонираме истата. Ова можеме да го направиме со алатката
наречена “lookalike audiences”, каде земаме публика која самите си ја креираме според
горнонаведените потреби а Фејзбук ни ги влече сите исти или слични профили со кој
претходно сме се привлекле. Исто така, оваа клонирана публика може да биде изградена
преку редовна анализа на дата базата на фан пејџот на Tally Weijl. Оваа алатка е одлична
можност да привлечеме релевантна публика, затоа што не сакаме да трошиме пари и
енергија на публика која не може да се поврзе со женски, тинејџерски бренд.
КОЈ СЕ НАШИ ТАРГЕТИРАНИ КУПУВАЧИ?
4. Најважната работа што мора да се запамети кога продаваме на тинејџерите е дека
тинејџерски ум е непостојан и тинејџерите експресно ги преуредат нивните преференции
според она што е онлајн наспроти она што го имаат во гардероберот. Тинејџерите ги
дознаваат најновите и најголемите информации од социјалните медиуми, а бидејќи
ситуацијата е таква каква што е, наша одговорност е редовно (3 пати на ден) да ажурираме
на фан-страната од каде што тие ќе се инспирираат со нови, кул и корисни информации
околу нивниот сезонски стајлинг (она со што се преокупирани во школо). Објавување на
нови слики, нови рекламни видеа, примамливи промоции, потсетување за наградна игра,
корисни видеа што подучуват и корисничко искуство кое поддржува позитивни
општествени вредности се идеална комбинација.
Традиционално, маркетингот за тинејџери започнува со размислување околу основните
демографски карактеристики на тинејџерска публика. Овие демографски карактеристики
вклучуваат нешта како што се пол, раса, социо-економски статус, возраст, религија и
локација. Денес, онлајн светот не се потпира толку многу врз традиционалните демографски
карактеристики на купувачот, кога има за цел да го натера да купи. Не. Наместо да ги
дефинираме сите видови на луѓе врз основа на нивниот пол или социо-економски статус,
треба да започнеме со групирање на тинејџерската публика според нивното однесување и
интереси
На пример, некои од испробаните и точни информации за поголемиот дел од младите е
дека:
1. Тинејџерите се опседнати со размена на информации преку социјалните медиуми;
2. Тинејџери се подеднакво заинтересирани за откривање на информациите исто
колку што се за споделувањето на истите;
3. Тинејџери сакаат содржина која е доставена во реално време;
4. Тинејџери сакаат да учествуваат и да бидат вклучени;
5. Тинејџерите се често егоцентричени; и
6. Тинејџерите се грижат за она што другите луѓе го мислат за нив.
Откако ќе се разбере дека тинејџерските потреби се многу уникатни во споредба со
возрасните, можеме да започнеме со маркетинг стратегијата попрофесионално. На пример,
ќе треба да се прилагодат сите наши маркетинг напори во центарот и околу потребите на
тинејџерите. И најважно од се - да создадеме возбуда и интерес за моделите кој што ги
продаваме. Емоциите и хуморот се најдобриот пристап и не смееме да заборавиме дека
самите тие се оспеднати со себе (па тие се селфи генерација)
МАРКЕТИНГ ЗА ТИНЕЈЏЕРИ: ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ?
5. Рекламирањето на Фејзбук за Македонија не е скапо – Цените се движат во
зависност од бројот на публика до која сакаме да стигнеме –да не види. Најдобро
решение е по 300 ден. секој втор ден ( Boost Post или Sponsored Link )
Ќе постираме постојано – За да добиеме поголем ангажман (engagement), мораме да
се држиме до рамката која ќе си ја зададеме. Најдобрата опција е да постираме 2 пати
на ден, во време кога нашата публика е најмногу присутна на фејзбук. Оттука се
поставува прашањето: ,,КОЕ Е НАЈДОБРОТО ВРЕМЕ ВО ДЕНОТ ЗА ДА ПОСТИРАМЕ И
ДА СТИГНЕМЕ ДО ШТО Е МОЖНО ПОГОЛЕМА ПУБЛИКА?“ Можеби најдобриот
одговор кој можеме да го добиеме е...дека зависи. Зависи од таргетираната публика и
целите кој сакаме да ги постигнеме. Според некој истражувања 86% од постовите се
објавуваат во текот на работната недела со најголем ангажман во Вторник и Петок. Во
корелација “индексот на среќа” е за 10% поголем во Петок отколку во Вторник. Затоа,
објавите во Петок треба да алудираат на среќа и коцкање ( наградна игра-заради
зголемоното ниво на тестостерон и ендорфин )
BOOST POST - на секоја објава поврзана со наградната игра и на секоја објава од
модните блогерки со хаштагот #галамџии.
КАКО ДА ЈА ПРОМОВИРАМЕ НАГРАДНАТА ИГРА TALLYПЕТОК ?
6. Односот со клиенти е неопходен на Фејзбук Не мора да ја правиме социјалната
страна наш примарен извор за поддршка на корисници, но би требало да одговараме
на потребите, прашањата и барањата на нашите фанови најбрзо што можеме, како би
имале успешна интеракција со нив. Со ваквите брзи реакции од наша страна, ние им
покажуваме на фановите дека пред се сме луѓе и дека навистина се грижиме за
НАЈДОБРОТО ВРЕМЕ ВО ДЕНОТ ЗА ДА ПОСТИРАМЕ
Најоптимално време за постирање е околу 11 часот – во зависност од
временската зона каде што продаваме – во случајов во Македонија
За најмногу споделувања
За најмногу
кликови
Поширок предлог на било
кој термин од овие два
FUNPAGE KARMA е супер алатка која ќе помогне да се најде оптималното
време за постирање за нашата таргет група – тинејџери и студенти
7. нивните мислења, потреби и желби. На овој начин, значително се подобрува
квалитетот на односот со корисниците/купувачите.
Купувачите можат да кликнат на “download now” икона и да симнат супер-стилска
модна содржина од која ќе имаат корист– Вашата стратегија треба да се се движи
кон тоа да објавувате содржина околу која фановите ќе бидат возбудени. Доколку не
сме сигурни околу типот на содржина што фановите ја сакаат ( совети, комбинации,
трендови, натпревари ), најбезболно би било да се истестира на почетокот. Исто така,
добар совет е константно и редовно да се проверува Facebook Insights, за да можете
да имате точен преглед врз она што најдобро допира до фановите и што тие најмногу
сакаат да видат од Tally Wеjl.
Релевантни видеа – Во 2016, СЕ Е ОКОЛУ ВИДЕАТА, од причина што онлајн публиката
сака да гледа нешто “живо и вистинско”. Добра идеја е да се прават кратки видеа што
ќе презентираат што е ново во продавницата, мини интервјуа со модни блогерки (
совети, трендови, комбинации и сл ).
Да се сликаат парчиња кој се хит за престојната сезона. – Знаеме дека сезоната има
целосна моќ да влијае врз стилскиот избор на купувачот, неговото расположение – и
најважно за нас- да го натера да го освежи плакарот со нешто што е тренди сезоната.
Нашата цел е постанеме професионалци кога станува збор за Фејзбук постовите. Тие
мора да се поклопуваат со она што модерните тинејџери сакаат да го носат и како ТИЕ
се чувствуваат околу нивните стилски комбинации ( по пригода, сезона, дали би
носеле чисми до глужд во лето и тн.)
Капитализација за време на празници – За време на празнична сезона, супер идеја е
да се хостираат игри и натпревари (имаат вирална природа) по социјалната мрежа
Фејзбук или Инстаграм(преку PR).
Мораме да останеме во тек, да слушаме и да одговараме на нашите купувачи, да се
забавуваме, да не зборуваме за нас пречесто и да бидеме вистински трендсетери кога
станува збор за тинејџерската мода. Ќе обрнеме внимение на она што нашите фанови го
сакаат и на популарноста, видливоста и посетеноста на фан пејџот на TALLY WEIJL
SkopjeCityMall.
FB
8. ДЕН
Кој ќе
објавува
Во колку часот
Каква
техника
Што содржина
Дневни
трошоци
Понеделник Драгана 10:00,15:00,19:30 BoostPost
BACK TO SCHOOL
комбинација,
потсетување за наградна
игра
/
Вторник Маја 11:20, 16:00 BoostPost
Соработка со
инфлуенсер, наградна
игра
600 ден
Среда Драгана 11:20, 18:00 BoostPost Наградна игра, /
Четврок Драгана BoostPost Натпревар?/закачалката/ /
Петок Маја 9:00, 13:00, 19:00 BoostPost
Кој е среќен добитник,
картончето со порака,
Објава од картонче
300 ден.
Сабота Драгана 12:00, 14:30, 18:30 BoostPost
Oбјава од картончето,
наградната игра.
/
Недела Драгана 12:00, 14:30, 16:30 BoostPost
Соработка со
инфлуенцер. Објава нa
карт.
300 ден.
ФЕЈЗБУК –ОПЕРАТИВЕН ПЛАН НА ДНЕВНИ ОБЈАВИ
9. КАКО ЌЕ ГИ ПОПУЛАРИЗИРАМЕ #ГАЛАМЏИИ И ПЕРСОНАЛИЗИРАНИТЕ
ПОРАКИ ЗА ИНТЕРАКЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Хаштаговите се корисни само ако се користат правилно. Во нашиот случај, хаштагот се
користи за да се создаде слика дека производите што ги продаваме се најдобрата опција за
младите и дека е “шема” да се поседува модно парче од Tally Weijl.
Доколку сакаме да поттикнеме конверзација ИЛИ култура поврзана со некоја тема или
таргет, најдедноставно би било да се користи еден главен хаштаг (затоа што е мерлив ). Во
нашиот случај хаштагот #галамџии ќе биде универзален и лицето на брендот TALLY WEIJL.
Зошто галмаџии? Затоа што таргетот на кој продаваме се тинејџер – а на нив целиот живот
им се врти околу “галамата”. Се е околу трачарењето, споделувањето, екипата, друштвата,
лудоста, храброста, изгледот и сл што директно се усогласува со пораките кој ги испраќа
самиот бренд.
1. PR – Oдносите со јавноста се клучни за организациите кога:
Имаат за цел да создадат јавна слика за брендот;
Имаат за цел да подобрат корисничко искуство ;
Имаат за цел да создадат специфична култура поврзана со нивното бренд лице
(личност) ;
Како ќе го насочуваме PR от ?
Односите со јавност ќе ги водиме со помош на лицата кој се влијателни по
социјалните медиуми а ја засегаат нашата таргет група. Првенствено, треба да се
започне соработка со влијателни модни блогерки кој се популарни по социјалните
мрежи Instagram и Facebook.
-
Каква порака ќе пренесеме преку модните блогерки?
Врз основа на нашата првична анкета од 141 релевантни испитаника, согледавме дека
вредноста на парчињата (= на самиот бренд Tally Weijl) е опадната и онлајн
присуството е слабо развиено. Почувствуваме дека само адвертајзинг не е доволен за
да се зголеми продажбата, туку е потребен еден вид на ребрендирање на имиџот –
преку costumer expirience во самата продавница и зголемен brand awarеness надвор
од неа.
10. Како ќе ги популаризираме персонализираните пораки и корисничкото искуство во
продавницата?
1. Адвертајзинг на фан страната на Фејбук (BoostPost на објавите поврзани со
наградната игра, објави со пораките од парчињата, хаштагот #галмџии, натпревари,
попусти, соработки) ;
2. Соработки со модни блогери ;
3. Соработка со млади, влијателни лица на Инстаграм и Фејзбук
Целта е таргетираната публика да согледа
дека сите влијателни лица од нејзините
кругови се воодушевени од новото
емотивно корисничко искуство во
продавницата, дека истите сакаат да
купуваат од таму и дека го користат
хаштагот #галамџии затоа што е кул.
11. 1. Идентификување на релевантни #галамџии
Нашиот план е да се најдат лицата чии стил и порака што ја праќаат на јавноста се
усогласува со нашата. Идеални се оние кој се веќе признаени од целната публика –
односно имаат голем број на followers на Instagram и лајкови на Facebook. Алатката,
Traackr може да биде неверојатно корисна во процесот на откривање на релевантни
инфлуенсери врз основа на нашите целни клучни зборови. Според некој истражувања,
нашиот прв чекор треба да биде привлекување на една поголема група на влијателни
личности, па потоа да ги одбереме нарелевантните кој ќе го презентираат Tally како
што ние сакаме. (“да изгледа природно”)
2. Ангажирање на инфлуенсерите
Откако ќе ги пронајдеме и исконтактираме релевантните луѓе, треба имаме в пред
вид дека целта е да се направи соработката што е можно полесна за нив за да
учествуваат. Што треба да направиме ние ?
Да имаме однапред подготвени, готови содржини ( текст за над слика + цел на
објава ) кои ќе им ги подготвиме за секоја објава поединечно ;
Договорот да содржи објавување 2 пати неделно на Фејзбук и Инстаграм ;
Задолжително користење на #галамџии и слика од картончињата со пораки (
#НосиМеНаКафе сликано во кафетерија и сл. ) ;
Рандом слика со #галамџии. Да не почувствува крајната публика дека е реклама;
Да им обезбедиме квалитетен фотограф ( по потреба ) ;
Да обезбедиме 2 парчиња + ваучер со попуст како компензација за соработката ;
3. Да ги поттикнеме да споделуваат
Нашето маркетинг присуство на пазарот може да биде успешно само ако се споделува
и се конзумира од страна на тартгетираната публика, на вистински начин.
3 ЕСЕНЦИЈАЛНИ МАРКЕТИНГ ЧЕКОРИ СО ВЛИЈАТЕЛНИ #ГАЛАМЏИИ
12. 1.ОНЛАЈН НАТПРЕВАРИ (CALL –TO-ACTION)
Што се добива со натпреварите? Engagement, интеракција, се форсира
хаштагот #галамџии
Како ќе популаризираат? Boost Post, споделување од трети лица
БИДИ И ТИ ДЕЛ ОД РЕДОВНАТА НАГРАДНА ИГРА КОЈА TALLY WEIJL ЈА ОРГАНИЗИРА ЗА
СВОИТЕ ОМИЛЕНИ #ГАЛАМЏИИ. ЗА САМО 1 ДЕНАР КОЈ ГО ОСТАВАШ ЗА УЧЕСТВО ВО
НАГРАДНАТА ИГРА, СТАНУВАШ ПОТЕНЦИЈАЛЕН ДОБИТНИК НА НАГРАДА КОЈА ЈА
ДОДЕЛУВАМЕ СЕКОЈ ПЕТОК! ПЛУС, НИКОЈ НЕ СИ ЗАМИНУВА БЕЗ СУПЕР
ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ДЕВОЈКИТЕ НА КАСА! ЗАРЕМ ИМА НЕКОЈ КОЈ НЕСАКА БЕСПЛАТЕН
ПОДАРОК ?! ( важно е да се одговара на коментарите на оние кој ќе коментираат на
постот ) – Boost Post
Сподели ЛЕГЕНДАРНА слика од тебе и твојата женска екипа и играј за целосен аутфит
од новата колекција на TALLY WEIJL! Многу е едноставно! Употреби го хаштагот
#галамџии и сподели ја омилената друштвена слика што ја имаш во телефон, и
сподели ја како коментар на оваа објава. Најлакуваната “галамџиска слика ” ќе ја
добие наградата.
Бидејќи и ние сме против нефер натпревари и онлајн наптревари по интернет,
резултатите ќе бидат целосно транспарентни и видливи за секого.
Моментот кога на секоја, ама на секоја селфи фотографија другарка ти изгледа
ПЕРФЕКТНО. Во која позната серија ова беше најчеста сцена? Одговорете ни во
коментар за можност да добиете Tally закачалка за марама HOW I MET YOUR MOTHER (
за brand awarnes, најдобро би било да направите своја, слична фотографија )
COPY WRITE CONTENT ЗА ФЕЈЗБУК ОБЈАВИТЕ НА ФАН СТРАНАТА НА TALLY
WEIJL
13. 2.BRAND AWARENESS ОБЈАВИ
•“ЈАС ИМ ВИКАМ... ВЕРУВАЈТЕ МИ ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ ГЛАВНИ ВО ГРАД! ЈАС ЗНАМ
ДЕКА ДЕЧКОТО ШТО ТЕ ШМЕКА ОД ШАНК СЕКОЈ ВИКЕНД, КОНЕЧНО ЌЕ ТИ ПРИЈДЕ
КОГА ЌЕ МЕ НОСИШ МЕНЕ” – ЗАТОА, АКО ТИ СЕ ДОПАЃАМ-КУПИ МЕ! #галамџии –
BOOST POST x2
ЈАС СУМ ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ И ЗНАМ ШТО ЗНАЧИ КОГА НЕМАШ СО КОГО ДА ОДИШ
ВО ТЕРЕТАНА...САКАШ “ДАТРЧАМЕЗАЕДНО” ? ( слика од тоа картонче со таа порака )
#ГАЛАМЏИИ - BOOST POST x2
14. ЕВЕ ГО ЈУНИ МЕСЕЦ ПОЛН СО РОДЕНДЕНИ! ЗОШТО ДА ГО ШЕТАШ ЦЕЛ СИТИ МОЛ,
КОГА МОЖЕШ ДА ДОЈДЕШ И ДА МЕ ОДБЕРЕШ MЕНЕ ЗА ДА МЕ ПОДАРИШ ЗА
РОДЕНДЕН? ТЕ УВЕРУВАМ ДЕКА НЕМА ДА ПОГРЕШИШ! “ПОДАРИМЕЗАРОДЕНДЕН”
#ГАЛАМЏИИ ( слика од картончето ) – BOOST POST x2
НЕ ТИ ТРЕБА ПАРТНЕР ЗА ДА ТЕ СТОПЛИ КОГА Е -1 НАДВОР. И ТАКА САМО НА
ПОЧЕТОКОТ СИТЕ СЕ ФИНИ. ЈАС ТРААМ. ВЕРЕН СУМ. И СЕКОГАШ ЌЕ СУМ ДО ТЕБЕ ВО
ДОБРО И ЛОШО! “ЈАСЌЕТЕТОПЛАМВОЗИМА” #галамџии ( слика од картончето )
Ова фустанче би бил вистински погодок кога би го комбинирале со рамни сандали,
нели?! ( слика од фустанчето со сандали на бела позадина + персонализираната
порака во фокус )
1. Овие фармерки врескаат #купиме во нашата продавница! Плус, супер цена е закачена
на нив! Посетете не уште денеска. #галамџии
2. Најпродавани must-have аксесоари кој врескаат “носименаплажа” #галамџии
3. Забавата е она што не прави да се чувствуваме млади. Ќе кажеме... СУПЕР Е додека се
уште ја има - тоа е знак дека сме ЖИВИ! #галамџики
15. 4. Спремни за на летен камп!? ( емотикони-сонце,плажа) ( летна комбинација) #галамџии
5. И оваа недела TALLY WEIJL ќе обезбеди супер почеток на викендот за ____________.
Честитки _______. Се надеваме те доведовме во одлично расположение. За да се
осигураме дека сте го добиле подарокот, Ве молиме тагнете не на вашата фејзбук објава
од подарокот (public). #галамџии
-Резултатите се добиени по случаен избор ( линк од апликацијата ) и истите се
објавени онлајн на фан страната на Tally Weijl.
16. Подаривте ли денеска нешто на некого? Нашите купувачи ги подаруваат TALLY WEIJL
закачалките за марами на своите најдраги личности без кој животот не би им бил ни
половина од тоа што им е денес! Имате ли Вие некого на ум? ( реална слика од
закачалката со закачена марама)
НЕМАТЕ ИДЕЈА ШТО ДА ПОСТИРАТЕ ДЕНЕСКА НА ИНСТАГРАМ, А САКАТЕ ДА
ПОСТИРАТЕ НЕШТО КУЛ И НОВО? ТОГАШ ЕВЕ ЕДНА СУПЕР ВЕСТ ЗА СИТЕ #ГАЛАМЏИИ
НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ! ПЕРСОНАЛИЗИРАНИТЕ ПОРАКИ КОЈ СЕ ЗАКАЧЕНИ НА СИТЕ
ПРОИЗВОДИ ВО НАШАТА ПОДАВНИЦА –МОЖАТ СЛОБОДНО ДА СЕ ФОТОГРАФИРААТ И
ВО ПРОДАВНИЦА! ( слика од девојка како фотографира картонче насмеана )
Модната блогерка ја сподели својата . Сосем случајно, од срце и галамџиски не објави
на својот инстаграм профил. Благодариме _________ !