SlideShare une entreprise Scribd logo
1  sur  18
28 август 1749 - 22 март 1832
         Германија
Ова дело има своја подлога од животот на Гете.
Во 1772 година тој се преселил во Вецлар, каде работел
како писар, и требало по желба на татка си да се
оддаде на правничката кариера. Во романот ја опишал
кралската судска институција во која работел. Таму тој
се запознал со двајцата секретари Кестнер и Јерусалем.
Меѓу нив се случила историјата што послужила како
основа за делото.
Кестнер тајно се верил со 15 годишната Лота, која Гете
ја запознал и се вљубил во неа. Но кога дознал дека е
вереница на пријателот, се обидел да ги контролира
своите чувства, и тие продолжиле да другаруваат, иако
Кестнер и Лота забележале што се случува во душата
на поетот. Во моментот кога Гете веќе не бил во
состојба да се бори со себе, заминал од Вецлар,
оставајќи му трогателно писмо на својот пријател. Се
вратил во Франкфурт, и додека се обидувал на своите
впечатоци да им даде уметничка форма, добива вест за
самоубиството на Јерусалем. Сето ова послужило како
тема на познатиот роман.
Младиот Вертер во книжевноста е првиот поголем
претставник на сфаќањето на светот што се нарекува
„светска тага“, и кое во почетокот на 19 век завладеало
во Европа. Вертер е прототип на оние јунаци кои ја
прекриле Европа, дури до Русија, со таен печат на
челото, со своите несфатливи страдања, потресувајќи
ги чувствителните женски срца. Вертер е возбудлив,
чувствителен, фантазер. Тој е личност која стои на
граница од нашето време и епохата во која владееле
традицијата и авторитетот.
Вертер се запознава со Лота на еден бал, која е ќерка
на судија. Тој се вљубува во неа, но таа е веќе
свршеница на Алберт. Алберт е добар човек, и не е
љубоморен. Тие тројца се дружат, и нивниот живот
наликува на Вецларскиот период од животот на Гете.
Но, Вертер е многу почувствителен од својот творец:
неговите страсти се граничат со безумие, и додека Гете
успеал смирено да излезе од тие чувства, карактерот
на Вертер уште на почетокот навестува трагедија.
Во вториот дел од романот, Вертер се наоѓа во служба.
Тој е аташе. Тука се развива слика на канцелариски
педантизам,   ситничарско     и    празно   друштво.
Предизвикан од еден непријатен случај, Вертер
поднесува оставка и се враќа кај Лота која веќе е
мажена за Алберт. Во душата на Вертер започнува
тешка драма, борба меѓу несовладливото чувство кон
Лота, и висока свест за должноста. Оваа борба
завршува со силен изблик, кој ја решава судбината на
Вертер.
Кога Вертер ѝ читал на
Лота од книгата на Осијан,
неговите чувства избиваат
на површина. Додека Лота
се наведнала кон него со
голема тага, насетувајќи
што се случува во неговата
душа, тој ја прегрнал и ја
опсипал со бакнежи. Лота
го одбила, тресејќи се од
негодување, и излегла од
собата.    Другата    ноќ,
Вертер се самоубива.
За симбол на чисто романтичарска душа е прикажан
Вертер, претставник на граѓанската класа. Иако тој е
интелектуалец и талентиран уметник сепак прилично
неодговорно се однесува во младоста, изразувајќи
незадоволство и во својата работа. Води распуштен живот
кој набрзо ќе му здодее и решава да го напушти градот, кој
е симбол на цивилизираното опшество, со цел да се
подобри. Заминува во природата, чувствувајќи ја како
божја рајска градина и кон истата гледа со восхит.
Посакувал да има иста таква божја сила како бог творец за
да може таа убавина да ја пренесе на хартија поради тоа
што после долго време му се јавува творечкиот импулс.
Живеејќи во осаменост од далеку го набљудува народот и
враќајќи се кон традицијата тој им се восхитува на луѓето.
А луѓето се претставени како добри, вредни, едноставни и
простодушни со пратријахално воспитување. Во ваквата
изолација опкружен со вакви луѓе Вертер се чувствува
прекрасно. Книгите-симбол на формалното образование
тој страствено ги одбива бидејќи тоа сепак за него
претставува симбол на буржоарско граѓанско опшество
кое пак на човекот му дава чувство на сигурност, но ја
задушува неговата креативност и слобода. Вертер овде се
чувствува слободен од сите ограничувања во животот, а
самата романтичарска душа Гете ке ја отслика преку
неговата љубов кон Лота.
Вертер се заљубува во неа, пред се поради нејзините добри
особини. Таа е многу добра жена, грижлива сестра, која што
по смртта на нејзината мајка го одржува своето ветување и
ги одгледува своите сестри и браќа. Храбра, лојална и
секогаш спремна да им помогне на другите. За Вертер таа
претставува идеална љубов, но платонска бидејќи помеѓу
нив нема ништо повеќе од духовен однос. Вертер како
романтичар својата идеална љубов постојано ја именува
како ангел и ја смета за нова цел за неговиот живот. Нема
минута кога не мисли на неа. Ја доживаува како светост,
како божја убавина за неговата душа, ја сака до таа мера што
го засакува и секој предмет што ке го допре таа. Неговата
љубов нема граници. Вертер би оправдал и убиство ако е
поради искрени чувства на љубов, за разлика од Алберт
свршеникот на Лота, кој се води по законот.
Алберт е нотар кој ја претставува граѓанската класа и
истовремено е симбол на разумот. Секој чекор во неговиот
живот е премислен. Непосредно пред да дојде Алберт
Вертер е сигурен дека љубовта кон Лота му е возвратена,
дури никогаш не го гледал Алберт како противник. По
извесно време тој станува љубоморен поради желбата
саканата да биде само негова. Поради тоа чувствува грижа
на совест и донесува одлука да замине во друг град каде
добива службеничка работа преку мајка му. Оди во друг град
само за да избега од Лота и да ја запостави деноноќната
мисла за неа. Но таквиот живот не го привлекувало и не бил
воопшто заинтересиран за работата. Присуствува на вечера
опкружен со луѓе кои што се припадници на
аристократската класа и молбата од грофот да ја напушти
вечерата поради неговото неаристократско потекло крајно
го разочарува Вертер.
Тој повторно се враќа кај својата Лота, а притоа
согледува дека Лота веќе е мажена. Ја губи целата своја
надеж и решава да си се врати во својот роден крај.
Вертер неможел да се пронајде себеси. Поради
изгубената надеж во љубовта која веќе неможе да ја
оствари тој останува пријателски настроен со Лота која
му подарува грижа и љубов како најдобар пријател.
Спас за неговата душа нема и тој се самоубива со
пиштолите      кои    му    припаѓаа     на   Алберт.
Гете во ова дело ни приучтува да согледаме дека
романтичарските души не се прифатени во
опшеството. Таквата опшествента заедница која е
помоќна од поединците ги убива нив... Нивните срца,
нивната чувственост и искрените души како што беше
душата на младиот Вертер.
Страдањата на младиот Вертер е  најголемиот 
љубовен роман на Гете во светстката книжевност. Тоа е 
драматична приказна за едно пасивно и сентиментално 
незадоволство  на  пречувствително  момче,  херој  на 
своето  време,  кое  бега  од  светот  но  не  може  да  ги 
избегне  цврстите  окови  што  му  ги  наметнува 
општеството. Затоа, младиот Вертер наполно му го врти 
грбот  на  тоа  општество  бегајќи  од  луѓето  и  се  повеќе 
тонејќи  во  природата.  Страдањата на младиот
Вертер е  роман  со  лирска  исповед  за  најнежните  и 
најскриените  душевни  расположенија  и  најдлабоката 
духовна  болка  на  младата  кревка  душа  за  која  пред  тоа 
не се знаело, а ниту после тоа ќе се слушне!
Гете  успеал  на  неспоредлив  начин  во  описот  на  една 
љубовна трагедија да ги собере сите големи проблеми 
на своето време во борбата за правилниот развиток на 
младата  личност.  Затоа, Страдањата на младиот
Вертер е безвременска приказна која ќе му помогне на 
секој  млад  човек,  девојка  или  момче,  да  ги  прескокне 
бездните, што се создаваат во еден период на животот, 
меѓу  силното  тело  на  младоста  и  нежните  нишки  на 
духот.
страдањата на младиот вертер

Contenu connexe

Tendances

(2,6) grupniot identitet i grupnata pripadnost
(2,6) grupniot identitet i grupnata pripadnost(2,6) grupniot identitet i grupnata pripadnost
(2,6) grupniot identitet i grupnata pripadnost
neebitno
 
константин миладинов
константин миладиновконстантин миладинов
константин миладинов
skate99
 
вежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прироквежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прирок
Daniela Hris
 
Po tekot na rekata Vardar 1
Po tekot na rekata Vardar 1Po tekot na rekata Vardar 1
Po tekot na rekata Vardar 1
Rodna Sarenkoska
 
Загадување и заштита на животната средина
Загадување и заштита на животната срединаЗагадување и заштита на животната средина
Загадување и заштита на животната средина
Marija Nedelkovska
 

Tendances (20)

Стилски Фигури
Стилски ФигуриСтилски Фигури
Стилски Фигури
 
идно време
идно времеидно време
идно време
 
Jазик
JазикJазик
Jазик
 
(2,6) grupniot identitet i grupnata pripadnost
(2,6) grupniot identitet i grupnata pripadnost(2,6) grupniot identitet i grupnata pripadnost
(2,6) grupniot identitet i grupnata pripadnost
 
константин миладинов
константин миладиновконстантин миладинов
константин миладинов
 
вежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прироквежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прирок
 
Po tekot na rekata Vardar 1
Po tekot na rekata Vardar 1Po tekot na rekata Vardar 1
Po tekot na rekata Vardar 1
 
Делови на растението
Делови на растениетоДелови на растението
Делови на растението
 
Лични и показни заменки
Лични и показни заменкиЛични и показни заменки
Лични и показни заменки
 
Загадување и заштита на животната средина
Загадување и заштита на животната срединаЗагадување и заштита на животната средина
Загадување и заштита на животната средина
 
Kameno и metalno vreme
Kameno и metalno vremeKameno и metalno vreme
Kameno и metalno vreme
 
работен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементинаработен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементина
 
Prizma piramida konus
Prizma piramida konusPrizma piramida konus
Prizma piramida konus
 
Cerepen mozok
Cerepen mozokCerepen mozok
Cerepen mozok
 
Лексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеЛексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовите
 
претворање на број во процент и обратно...
претворање на број во процент и обратно...претворање на број во процент и обратно...
претворање на број во процент и обратно...
 
Периметар на триаголникот
Периметар на триаголникотПериметар на триаголникот
Периметар на триаголникот
 
Техники на учење .pptx
Техники на учење .pptxТехники на учење .pptx
Техники на учење .pptx
 
Рефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане Тодоровски
Рефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане ТодоровскиРефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане Тодоровски
Рефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане Тодоровски
 
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војниБитово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
 

страдањата на младиот вертер

  • 1.
  • 2. 28 август 1749 - 22 март 1832 Германија
  • 3.
  • 4.
  • 5. Ова дело има своја подлога од животот на Гете. Во 1772 година тој се преселил во Вецлар, каде работел како писар, и требало по желба на татка си да се оддаде на правничката кариера. Во романот ја опишал кралската судска институција во која работел. Таму тој се запознал со двајцата секретари Кестнер и Јерусалем. Меѓу нив се случила историјата што послужила како основа за делото.
  • 6. Кестнер тајно се верил со 15 годишната Лота, која Гете ја запознал и се вљубил во неа. Но кога дознал дека е вереница на пријателот, се обидел да ги контролира своите чувства, и тие продолжиле да другаруваат, иако Кестнер и Лота забележале што се случува во душата на поетот. Во моментот кога Гете веќе не бил во состојба да се бори со себе, заминал од Вецлар, оставајќи му трогателно писмо на својот пријател. Се вратил во Франкфурт, и додека се обидувал на своите впечатоци да им даде уметничка форма, добива вест за самоубиството на Јерусалем. Сето ова послужило како тема на познатиот роман.
  • 7. Младиот Вертер во книжевноста е првиот поголем претставник на сфаќањето на светот што се нарекува „светска тага“, и кое во почетокот на 19 век завладеало во Европа. Вертер е прототип на оние јунаци кои ја прекриле Европа, дури до Русија, со таен печат на челото, со своите несфатливи страдања, потресувајќи ги чувствителните женски срца. Вертер е возбудлив, чувствителен, фантазер. Тој е личност која стои на граница од нашето време и епохата во која владееле традицијата и авторитетот.
  • 8. Вертер се запознава со Лота на еден бал, која е ќерка на судија. Тој се вљубува во неа, но таа е веќе свршеница на Алберт. Алберт е добар човек, и не е љубоморен. Тие тројца се дружат, и нивниот живот наликува на Вецларскиот период од животот на Гете. Но, Вертер е многу почувствителен од својот творец: неговите страсти се граничат со безумие, и додека Гете успеал смирено да излезе од тие чувства, карактерот на Вертер уште на почетокот навестува трагедија.
  • 9. Во вториот дел од романот, Вертер се наоѓа во служба. Тој е аташе. Тука се развива слика на канцелариски педантизам, ситничарско и празно друштво. Предизвикан од еден непријатен случај, Вертер поднесува оставка и се враќа кај Лота која веќе е мажена за Алберт. Во душата на Вертер започнува тешка драма, борба меѓу несовладливото чувство кон Лота, и висока свест за должноста. Оваа борба завршува со силен изблик, кој ја решава судбината на Вертер.
  • 10. Кога Вертер ѝ читал на Лота од книгата на Осијан, неговите чувства избиваат на површина. Додека Лота се наведнала кон него со голема тага, насетувајќи што се случува во неговата душа, тој ја прегрнал и ја опсипал со бакнежи. Лота го одбила, тресејќи се од негодување, и излегла од собата. Другата ноќ, Вертер се самоубива.
  • 11. За симбол на чисто романтичарска душа е прикажан Вертер, претставник на граѓанската класа. Иако тој е интелектуалец и талентиран уметник сепак прилично неодговорно се однесува во младоста, изразувајќи незадоволство и во својата работа. Води распуштен живот кој набрзо ќе му здодее и решава да го напушти градот, кој е симбол на цивилизираното опшество, со цел да се подобри. Заминува во природата, чувствувајќи ја како божја рајска градина и кон истата гледа со восхит. Посакувал да има иста таква божја сила како бог творец за да може таа убавина да ја пренесе на хартија поради тоа што после долго време му се јавува творечкиот импулс.
  • 12. Живеејќи во осаменост од далеку го набљудува народот и враќајќи се кон традицијата тој им се восхитува на луѓето. А луѓето се претставени како добри, вредни, едноставни и простодушни со пратријахално воспитување. Во ваквата изолација опкружен со вакви луѓе Вертер се чувствува прекрасно. Книгите-симбол на формалното образование тој страствено ги одбива бидејќи тоа сепак за него претставува симбол на буржоарско граѓанско опшество кое пак на човекот му дава чувство на сигурност, но ја задушува неговата креативност и слобода. Вертер овде се чувствува слободен од сите ограничувања во животот, а самата романтичарска душа Гете ке ја отслика преку неговата љубов кон Лота.
  • 13. Вертер се заљубува во неа, пред се поради нејзините добри особини. Таа е многу добра жена, грижлива сестра, која што по смртта на нејзината мајка го одржува своето ветување и ги одгледува своите сестри и браќа. Храбра, лојална и секогаш спремна да им помогне на другите. За Вертер таа претставува идеална љубов, но платонска бидејќи помеѓу нив нема ништо повеќе од духовен однос. Вертер како романтичар својата идеална љубов постојано ја именува како ангел и ја смета за нова цел за неговиот живот. Нема минута кога не мисли на неа. Ја доживаува како светост, како божја убавина за неговата душа, ја сака до таа мера што го засакува и секој предмет што ке го допре таа. Неговата љубов нема граници. Вертер би оправдал и убиство ако е поради искрени чувства на љубов, за разлика од Алберт свршеникот на Лота, кој се води по законот.
  • 14. Алберт е нотар кој ја претставува граѓанската класа и истовремено е симбол на разумот. Секој чекор во неговиот живот е премислен. Непосредно пред да дојде Алберт Вертер е сигурен дека љубовта кон Лота му е возвратена, дури никогаш не го гледал Алберт како противник. По извесно време тој станува љубоморен поради желбата саканата да биде само негова. Поради тоа чувствува грижа на совест и донесува одлука да замине во друг град каде добива службеничка работа преку мајка му. Оди во друг град само за да избега од Лота и да ја запостави деноноќната мисла за неа. Но таквиот живот не го привлекувало и не бил воопшто заинтересиран за работата. Присуствува на вечера опкружен со луѓе кои што се припадници на аристократската класа и молбата од грофот да ја напушти вечерата поради неговото неаристократско потекло крајно го разочарува Вертер.
  • 15. Тој повторно се враќа кај својата Лота, а притоа согледува дека Лота веќе е мажена. Ја губи целата своја надеж и решава да си се врати во својот роден крај. Вертер неможел да се пронајде себеси. Поради изгубената надеж во љубовта која веќе неможе да ја оствари тој останува пријателски настроен со Лота која му подарува грижа и љубов како најдобар пријател. Спас за неговата душа нема и тој се самоубива со пиштолите кои му припаѓаа на Алберт. Гете во ова дело ни приучтува да согледаме дека романтичарските души не се прифатени во опшеството. Таквата опшествента заедница која е помоќна од поединците ги убива нив... Нивните срца, нивната чувственост и искрените души како што беше душата на младиот Вертер.
  • 16. Страдањата на младиот Вертер е  најголемиот  љубовен роман на Гете во светстката книжевност. Тоа е  драматична приказна за едно пасивно и сентиментално  незадоволство  на  пречувствително  момче,  херој  на  своето  време,  кое  бега  од  светот  но  не  може  да  ги  избегне  цврстите  окови  што  му  ги  наметнува  општеството. Затоа, младиот Вертер наполно му го врти  грбот  на  тоа  општество  бегајќи  од  луѓето  и  се  повеќе  тонејќи  во  природата.  Страдањата на младиот Вертер е  роман  со  лирска  исповед  за  најнежните  и  најскриените  душевни  расположенија  и  најдлабоката  духовна  болка  на  младата  кревка  душа  за  која  пред  тоа  не се знаело, а ниту после тоа ќе се слушне!
  • 17. Гете  успеал  на  неспоредлив  начин  во  описот  на  една  љубовна трагедија да ги собере сите големи проблеми  на своето време во борбата за правилниот развиток на  младата  личност.  Затоа, Страдањата на младиот Вертер е безвременска приказна која ќе му помогне на  секој  млад  човек,  девојка  или  момче,  да  ги  прескокне  бездните, што се создаваат во еден период на животот,  меѓу  силното  тело  на  младоста  и  нежните  нишки  на  духот.