дијана јовановска човечкото око како оптички уред (1)
опасност и заштита од струен удар
1. ОПАСНОСТ И ЗАШТИТА ОД
СТРУЕН УДАР
Содржина :
• Што е струен удар?
• Опасности од струен удар
• Постапки при помош на настрадан од струен удар
• Опасност на кратките врски и преоптоварувањата на
струјниот круг
• Заштита од струен удар
• Осигурувачи
• Полезно дејство на струјните удари
2. Што е струен удар?
Струјниот удар
претставува збир од
ефекти на електрична
струја кога човекот ќе
стане дел од струен
круг и низ него ќе
помине електрична
струја. Ефектите покрај
оштетувањето на
делови од човековиот
организам, можат да
бидат и со смртни
последици.
Лице погодено од струен
удар
3. Опасности од струен удар
Човечкото тело е добар спроводник на електрична
струја, затоа што телесната течност во клетките и
просторот околу нив е одреден вид на електролит којшто
ја спроведува електричната струја. Многу е опасно кога
електричната струја минува низ срцето и низ мозокот.
Јачината на електричната струја над 10 мили ампери
предизвикува силно грчење на мускулите и при тоа се
губи контролата над нив. Ако се фатиме со рака за
оштетен спроводник има опасност да не можеме да се
ослободиме од него. При јачина од 100-200 мили
ампери, грчењето на мускулите е толку силно, што
срцето може да престане со својата работа. При оваа
јачина на електрична струја се јавуваат и големи
тешкотии во дишењето. Во опасност човекот може да се
најде и на отворен простор, ако се случи невреме. При
тоа има силно електрично празнење меѓу облаците и
земјата (гром).
5. Постапки при помош на
настрадан од струен удар
При укажувањето на помош прво треба да се исклучи
струјниот круг чиј дел станал несреќниот. При тоа
спасителот треба многу внимателно да работи за да не
настрада и тој. Прво, треба електрички да се изолира од
подот со ставање на изолаторска подлога (гума или
пластика), ако во близина нема таква подлога може да
застане на палто или свиткан покривач. Повредениот и
спроводниците под напон не смеат директно да се
допираат. Затоа е потребно со предмет од изолатор
(дрво или пластика) да се отстранат од несреќниот.
6. Постапки при помош на
настрадан од струен удар
Сликовито објаснување за тоа како да помогнеме на
настрадан од струен удар
7. Опасност на кратките врски и
преоптоварувањата на струјниот
круг
Ако се сврзат двата пола на батерија со спроводник со
мал електричен отпор, согласно Омовиот закон ќе
протече јака електрична струја. За кратко време ќе се
ослободи големо количество на енергија и прескокнува
искра. Батеријата може да се оштети, а може да
предизвика и пожар на електричната инсталација.
Таквото сврзување се нарекува кратка врска.Опасност
од електричен пожар може да настани ако се
преоптовари инсталацијата. До тоа може да дојде ако на
еден приклучок се сврзат повеќе потрошувачи.
8. Заштита од струен удар
Заземјувањето е ефикасна заштита од струен удар. За заштита од
струен удар најосновно е никогаш да не се допре незаштитен
спроводник којшто е дел од електрично струјно коло. Меѓутоа како
дополнителна заштита скоро кај сите апарати е заземјувањето на
надворешните метални делови. Апаратите во домаќинството - нивните
надворешни делови се изолирани од спроводниците низ коишто тече
електрична струја, но во случај на оштетување на тие спороводници
надворешните метални делови можат да се сврзат со изворот на
електрична струја. Тогаш дејствува заземјувањето. Тоа заземјување се
вика заштитно заземјување. Заземјувањето на сите апарати се врши
на тој начин што се поврзуваат надворешните делови со закопана
метална плоча преку соодветни спроводници. Врската со
заземјувањето се остварува на тој начин што не се употребуваат
обични, туку шуко-приклучок, прекинувачи и приклучувачи.
Натикачот преку контактна лимена плоча е во врска со куќиштето на
апаратот. Од завртката на заштитниот контакт во натикачот тргнува
спроводник на заземјувањето , кој се појавува како една жила на
повеќежилен свивлив спроводник. Водот до заземјувањето води до
соодветниот вод во утикачот....
10. Осигурувачи
Осигурувачите ги штитат апаратите од
опасностите и штетите што можат да
настанат поради кратка врска или
преоптоварување на струјниот круг. Со
тоа директно придонесуваат за
намалување на можностите од струен
удар. Во праксата се користат
најразновидни осигурувачи со различна
конструкција, а иста функција.
12. Полезно дејство на струјните
удари
Електричните струјни удари при кои што низ
организмот претекуваат електрични струи со
мали јачини - до 0,5 мили ампери имаат и
корисно дејство кај човечкиот организам.
Затоа, најчесто се користат во медицинската
терапија при лечење на некои болести.