Како дополнителни мерки во даночниот систем за враќање на средната класа, најавуваме: ПРОЕКТ „ДДВ ВИКЕНД“ СДСМ планира да спроведе проект што го нарековме „ДДВ викенд“. Се планира еден викенд во годината, на почетокот на месец септември – пред почетокот на есента и новата учебна година – да биде викенд без наплаќање на ДДВ за сите потреби (купувања) за домаќинствата (облека, покуќнина, училишен прибор и сл.). Во тој викенд сите овие набавки ќе бидат ослободени од давачката Данок на додадена вредност. Во тој викенд сите продавници (бизниси) коишто тргуваат со такви производи, како и сите банки, ќе имаат дозволено работно време од 24 часа. Со овој проект, се предвидува подобрување на животниот стандард на граѓаните, особено на ранливите категории граѓани, како и на припадниците на средната класа кон чие враќање сме фокусирани со сите мерки во Програмата. ПРОЕКТ „ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ“ СДСМ планира да спроведе проект што го нарековме: „Потрошувачки кредит“. За неговото остварување од Буџетот ќе бидат издвоени средства до 5 милиони евра годишно, што ќе бидат наменети за делумно субвенционирање на каматата на потрошувачките кредити кои ги користат граѓаните. Притоа, каматната стапка ќе биде ограничена, а Владата би субвенционирала до една четвртина од трошоците за каматата. По корисник, кредитот ќе биде лимитиран на износ до три илјади евра, а ќе биде наменет за граѓани кои имаат месечна нето плата под 20 илјади денари. Останатите услови на кредитот ќе бидат договорени со банките. Во мерките за поттикнување на вработувањето, дополнително предвидуваме: - Ослободување на работодавачите, во период од 1 година, од обврската за плаќање на придонесите при прво вработување на млади лица до 27 годишна возраст, под услов тие да останат вработени уште минимум 2 години, - Ќе воведеме месечна финансиска поддршка, за период од 6 месеци, при вработување на евидентирани невработени млади лица до 27 години, со обврска работодавачот да ги задржи на работа, дополнителни, минумум 12 месеци, - Идната Влада на СДСМ планира да даде поддршка за стажирање на невработени млади до 27 годишна возраст, - Ќе спороведеме Програма за практикантство – финансиска поддршка за стажир