2. Рециклирање е всушност селекција на одредени
материјали од отпадот и нивно повторно
искористување. Рециклирањето вклучува
собирање, издвојување, преработка и изработка на
нови прозиводи од искористени материјали и
предмети.
Важно е добро да се процени што се може да се
рециклира, односно повторно да се искористи.
Рециклирањето е само еден од начините за
зачувување на околината затоа што голем дел од
материјалите во денешно време не се
биоразградливи.
4. Хартија
Хартијата се добива со преработка на дрвото со
различни хемиски средства. Со секојдневното
производство на хартија и производи од хартија се
уништуваат бројни шуми. Затоа, постои можност да се
рециклира старата хартија која веќе не ја користиме, а
со тоа многу се придонесува во заштитата на околината.
Сиот непотребен канцелариски материјал, весници,
хартиени ќеси, хартиени амбалажи, хартија за
пишување - сето тоа може да се рециклира. Притоа, се
заштедува дури до 60% од енергијата за производство
на нова хартија, 15% помалку вода, се намалува
загадувањето на реките и сечата на шумите.
5. Стакло
Секојдневно го користиме - тегли, шишиња, чаши,
прозори, огледала. Се добива со топење на песокот
(и некои други материи) на многу високи
температури, при што се троши многу енергија и се
испушта голема количина на штетни гасови. Со
рециклирањето може да се заштеди многу
енергија, да се намали испуштањето на штетните
гасови и да се поштедат реките од чии корита се
вади песокот за производство на стакло. Може
бескрајно да се рециклира.
6. Метал (алуминиум, бакар, железо)
Од метал се изработуваат многу предмети кои
ни се секојдневно неопходни (превозните
средства, бела техника, лименки, кутии...) - сите
тие може да се рециклираат за да се спречи
експлоатирањето на рудите и уништувањето на
околината, како и огромната потрошувачка на
енергија.
7. Пластика
Се добива при преработка на нафтата. А
светските резерви на нафта за брзо време ќе
бидат потрошени. Освен тоа, пластиката не е
биоразградлива, останува во земјата и ја
загадува. Многу е застапена во секојдневниот
живот, препорачливо е да се рециклира и за
намалување на количеството на отпад.
8. Подарувањето на старата облека е еден вид
рециклажа - зошто нешто што е здраво, иако
старо, да се фрли? Исто така, органските
остатоци од ѓубрето (од храната) може да се
искористат за подобрување на плодноста на
земјата.