2. 1. Мускулите кои
учествуваат во
свиткувањето на зглобот
се мускулни флексори =
превиткувачи на зглобот
(мускулите на предната страна на
раката, кога бицепсот е стегнат,
зглобот се свиткува и подлакотот
се подигнува).
2. Мускулите кои
овозмoжуваат исправање
на зглобот се наречени
екстензори.
СКЕЛЕТНО – МУСКУЛНА ИНТЕРАКЦИЈАСКЕЛЕТНО – МУСКУЛНА ИНТЕРАКЦИЈА
3. 3. Антагонистите се
мускули кои
истовремено вршат
спротивни движења.
Пр: мускулите на
предната и на
задната страна на
надлакотот
истовремено вршат
спротивни движења.
4. 4. Синергистите истовремено се движат во
иста насока (два или повеќе мускули
предизвикуваат едно движење).
Пр: мускулите на предната страна на
надлакотот и подлакотот, при
превиткување на раката.
5. • Саркомерите се контрактилни единици во чија
структура влегуваат контрактилните протеини (актин
и миозин).
МУСКУЛНА КОНТРАКЦИЈАМУСКУЛНА КОНТРАКЦИЈА
6. • Движењето на мускулите
е последица на
контракција и
релаксација на
саркомерите.
• При релаксација се
оддалечуваат актин
филаментите, со што
мускулното влакно се
издолжува.
• Актин филаментите се
лизгаат врз миозин
филаментите, со што
при контракција се
скусува мускулното
влакно.
• Контракцијата на
скелетната мускулатура
се објаснува со теоријата
на лизгање на
филаментите.
7.
8. • Контракциите на мускулите се стимулираат
со импулси кои доаѓаат од черепниот и
‘рбетниот мозок и од вегетативниот нервен
систем.
• Телото на човекот содржи околу 250 милиони
мускулни клетки и околу 420 илјади нервни
клетки.
Пр: моторниот нерв надразнува 650
мускулни влакна во ногата.
• Секој мускул за да се контрахира треба да
прими нервен импулс од централниот нервен
систем.
ВИДОВИ МУСКУЛНИ КОНТРАКЦИИВИДОВИ МУСКУЛНИ КОНТРАКЦИИ
9. • Во зависнот од тоа колку нервни импулси доаѓаат до
мускулот, тој може да извршува два типа на
мускулни контракции:
А) поединечните мускулни контракции –
вршат мускули до кои доаѓа еден нервен импулс и кај
кои по примената дразба мускулот еднаш се
контрахира и релаксира.
-Кај скелетните мускули брзината на контракцијата
изнесува неколку милисекунди (ms), па затоа се
именуваат како брзи мускули.
-Кај висцеларните мускули, движењата се бавни и може
да трае и до 100 ms, од каде им доаѓа името бавни
мускули. Пр: мускулите на цревата (со бавни
контракции ја буткаат храната од желудникот кон
10. Б) сложени контракции = тетанус
До скелетниот мускул доаѓаат, едноподруго, повеќе
импулси, така што секој следен импулс дејствува пред
да заврши претходниот.
-Тетанусот е сложена мускулна контракција која настанува
со зачестени нервни стимулации, кои го држат подолго
време мускулот згрчен.
-Со тоа контракцијата трае подолго и се развива четири пати
поголема мускулна сила.
-Ако временското растојание меѓу дразбите е подолго и
следната дразба доаѓа во моментот кога мускулот е
опуштен, тогаш ќе дојде до непотполн тетанус (т.н. назабен
тетанус).
-Кај човек, за да се постигне целосен тетанус, потребно е до
мускулот да стигнат 40 зачестени дразби во една секунда.
-Тетанусната контракција по 15-20 секунди почнува да опаѓа,
како резултат на појавата на замор на мускулите.
11. • Максималната мускулна сила е
максималната тежина што мускулот може да
ја подигне.
• Апсолутната мускулна сила се дефинира како
однос меѓу максималната сила на мускулите
што се развива на површина од 1см2.
се изразува во килограми (kg) или њутни (N), а се
мери со динамометар.
силата на мускулот зависи од бројот на
мускулните влакна, како и од увежбаноста на
мускулите.
МУСКУЛНА СИЛАМУСКУЛНА СИЛА
12. МУСКУЛНА РАБОТАМУСКУЛНА РАБОТА
• Скелетните мускули и во услови на мирување се во
постојан тонус (згрчени). Во зависност од мускулната
активност, тие извршуваат:
А) ДИНАМИЧКА РАБОТА – како мускулите на
екстремитетите кога се во движење при кои учествуваат
цела група на мускули. Притоа, мускулите ја менуваат
својата должина, а тонусот останува непроменет. Овој тип
на контракција на скелетните мускули се нарекува
изотонична контракција.
- При динамичка работа мускулите побавно се заморуваат,
мускулите се снабдуваат со потребната енергија за
работа и се забрзува елиминирањето на непотребните
продукти од метаболизмот.
13. Б) СТАТИЧКА РАБОТА – вршат мускулите кои го држат
телото во исправена положба, во услови на мирување
(стоење на едно место) или седење.
-Изометриска контаркција се врши во услови на мирување,
при што се менува тонусот на мускулите, а должината е
непроменета (на пример: мускулите на вратот кои ја држат
главата исправено при гледање на телевизија, работа на
компјутер, читање и сл.).
-Овие мускули во услови на мирување, седење или држење
на исправена положба, брзо се заморуваат, заради
притисокот што го вршат мускулите врз крвните садови и го
забавуваат протокот на крвта низ нив.
14. • ЗАМОР = привремено намалување на работната
способност на некои мускули или на целиот организам.
• Кога ќе настапи заморот, зависи од работоспособноста
на човекот, кондицијата и тежината на работата.
• Заморот најчесто настанува како последица на физички
напор, но се манифестира и врз активноста на ЦНС,
што се забележува низ бројни манифестации: забавени
рефлексни движења, потешко помнење, намалена
концентрација, зголемена нервна напнатост, мускулна
слабост и исцрпеност.
ЗОШТО МУСКУЛИТЕ СЕ ЗАМОРУВААТЗОШТО МУСКУЛИТЕ СЕ ЗАМОРУВААТ
15. Причини за појава на замор:
А) замор на нервните центри кои постојано испраќаат
наредби за соодветни движења на мускулите;
Б) хемиските промени на ткивата и крвта, како
последица на натрупување на млечна и фосфорна
киселина и СО2 во мускулите;
В) осиромашување на мускулните клетки со гликоген,
кој е основен извор на обезбедување со енергија во
активните ткива и др.
Кога човекот е заморен, многу почесто греши во
работата.