1. Одговорност и претставување – ОТВОРЕНИ ИЛИ ЗАТВОРЕНИ КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ? Национална научна конференција Скопје, 23 март 2010 год.
2.
3.
4. Панел дискусија- “Отворени и затворени кандидатски листи – импликациите за демократскиот развој на Македонија”
5.
6. ОД Z ИВ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО НА РМ ВО ИСПИТУВАЊЕТО 106 Одговорени прашалници од 120 доставени прашалници 14 Неодговорени прашалници од 120 доставени прашалници Анкетата е спроведена во период од 1 - ви до 19 - ти март 2010 година
8. ДАЛИ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ИЗБОРЕН МОДЕЛ СО ОТВОРЕНИ КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ БИ БИЛ ДОБАР ЗА ИЗБОРИТЕ ВО РМ ?
9. ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА ВОВЕДУВАЊЕТО НА МОДЕЛ СО ОТВОРЕНИ КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ ЌЕ ВЛИЈАЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИ ?
10. ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА ПРАТЕНИЦИТЕ ИЗБРАНИ ПРЕКУ ОТВОРЕНИ КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ ЌЕ БИДАТ ПОВЕЌЕ ПОСВЕТЕНИ НА ЗАСТАПУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ГЛАСАЧИТЕ КОИ ГИ ИЗБРАЛЕ?
16. Генерално, дали би се согласиле или не би се согласиле со оваа промена на изборниот систем?
Notes de l'éditeur
Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) работи во Македонија од 1993 година, во главно со политичките партии и Собранието на РМ со цел поттикнување на оддржлива, цврста и динамична мултикултурна демократија. Водени од принципот на партнерство, програмите на НДИ ги вклучуваат сите аспекти на демократскиот процес, вклучувајќи и програми за граѓанскиот сектор, медиумски и теренски кампањи кои се воделе или се водат околу Кодексот за фер и демократски избори. Неколкуте кампањи за Кодексот за фер и демократски избори поттикнаа многубројни дискусии околу изборниот процес, фокусирајќи се на теми како должноста на избраните претставници на граѓаните, нивната отвореност, отеченост и претставување на интересите на граѓаните. Како резултат на таквите дискусии во последните неколку изборни циклуси дојде до дебата помеѓу засегнатите страни за поставеноста на изборниот модел, специфично за позитивните и негативните аспекти од воведување на принципот на отворени кандидатски листи, односно продолжување со сегашната пракса на затворени листи. Со цел продолжување на таквата дебата, во Март 2010 година, НДИ ја организира првата национална, научна конференција, со финансиска поддршка од УСАИД, на тема- Одговорност и претставување ОТВОРЕНИ ИЛИ ЗАТВОРЕНИ КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ? Нашата цел тогаш, како и сега, е да ја иницираме дебата на национално ниво за тоа кои се придобивките и недостатоците од изборните системи со отворени и затворени кандидатски листи.
Како што кажав оваа конференција беше академска. За таа цел НДИ издаде повик за доставување на научни трудови во националниот печат. Со цел поширока распространетост на оваа тема и стимулирање на дебата помеѓу помладата популација, во склоп на конференцијата организиравме и натпревар за најдобар студентски есеј на додипломски и пост-дипломско ниво.
За жал денес немаме многу време да навлегуваме во деталите околу конференцијата, но истата беше многу успешна. Конференцијата беше отворена од страна на поранешната премиерка на Канада Ким Кембел, а учествуваа преку 400 учесници , вклучувајќи пратеници, политичари, професори и научни работници, медиуми, студенти и претставници од граѓански организации. За целите на конференцијата 14 научни трудови беа презентирани на различните панел дискусии.
На неколкуте работни панели професори претставници од политичките партии и медиумите дискутираа на темата. Дебатата беше збогатена со споделување на искуствата од страна на експерти од Косово, Словачка и Шведска. За прв пат на оваа конференција публиката можеше да учествуваа во дебата не само со дискусија и прашања, туку и преку директно гласање на прашања поврзани со тематиката на панелот. За резултатите од истражувањата на НДИ на пратениците, публиката на конференцијата и јавноста ќе разговараме подоцна....
НДИ истражување на мислењето на пратениците (анонимно) Мислењето на публиката на конференцијата ИРИ испитување на јавното мислење-2009
106 од 120 анонимни одговори одговори, односно 88%, што е многу солидна бројка за било каква анкета.
Политичка, етничка припадност и род на патениците кои одговорија на прашалникот на НДИ Беа поставени 14 различни прашања, но јас ќе ви презентирам одговорите на само 3тите најсуштински прашања до пратениците.
ЗА-54,7 %
ЗА-57,6 %
ЗА- 55%
Како што напоменав на конференцијата и учесниците имаа прилика да го кажат своето мислење дали се за отворени или затворени кандидатски листи. Пред самиот почеток на конференцијата учесниците симболично го дадоа својот глас за отворени или затворени листи.
Прашањето беше.... Дали би се согласиле да поддржите изборен модел со отворени кандидатски листи за парламентарни избори? 5 опции
Резултатите пред почетокот на конференцијата кажаа дека учесниците претпочитаат да гласаат за специфична личност во дадената кандидатска листа.
Ова се резултатите на истото прашања кое беше поставено до публиката на крајот од конференцијата. Тоа што е интересно тука е фактот што процентот на луѓе кои делумно и целосно се согласуваат остана непроменет од утринската анкета, односно на висок 87% Тоа што може да се заклучи е дека како резултат на дискусиите на конференцијата, дел од луѓето кои биле делумно за отворени листи, преминаа во целосно се согласувам. Процентот на тие што се против останал скоро непроменет и релативно мал.
За време на подготовките за оваа конференција во тората половина на 2009 година, НДИ соработуваше со сестринскиот Меѓународен републикански институт (ИРИ), со цел да се испита јавното мнение на оваа тема.
Што можеме да заклучиме од сите овие бројки : Повеќе од половината пратеници во претходниот состав се искажаа за отворени кандидатски листи Учесниците на конференцијата во 2010 исто така Бројките на ИРИ покажаа дека во 2009 мнозинството граѓани се за отворени листи. Овие бројки се доволни да укажат на потребата за поширока дебата во Македонија на темата отворени или затворени кандидатки листи. ( и драго ми е што денес сме тука да ја продолжиме дебата која започна во 2010) За крај ќе ви дадам само уште една статистика- На изборите во јуни 2011- 72 нови пратеници влегоа во Собранието, а само 51 беа реизбрани . А сепак ова беа предвремени избори на кои двете владејачки партии повторно беа победници. Зошто тогаш толкава промена во редовите на пратениците? Дали тоа беше поради внатре-партискиот демократски процес на селектирање на кандидати? Или, тоа беше одлука на лидерството на партијата некој да награди, а некој не. Доколку изборот беше на граѓаните а не на партијата можеби ќе имаше еден поинаков процес на одредување кој се ќе се најде на листата на кандидати...