SlideShare une entreprise Scribd logo
1  sur  19
Télécharger pour lire hors ligne
Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (,,Службен весник
на Република Северна Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08,167/10 и 51/11) и член 30 став 3 од Законот за основното образование
(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/2019 ) министерот за образование и наука ја утврди наставната
програма по наставниот предмет англиски јазик за II (второ) одделение на деветгодишното основно образование.
1
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО
Наставна програма
АНГЛИСКИ ЈАЗИК
за II (второ) одделение
Скопје, 2019 година
2
Назив на наставната програмa Англиски јазик за второ одделение за деветгодишно основно образование
Тип на наставна програма Прв странски јазик
Одделение II (второ) одделение
Број на часови неделно/годишно за
реализација на наставната програма
2/72
Цели на наставна програма1
Ученикот/ ученичката:
- да се оспособи слухово и визуелно да препознава конкретни лексички единици поврзани со дадените теми;
- да репродуцира говорно засебни лексички единици и куси искази од најнепосреден интерес со правилен
изговор и интонација;
- да воспостави основен општествен контакт со користење на наједноставните облици на формално и
неформално поздравување и збогување, како и формите на учтиво изразување и моделите на културно
однесување;
- да воспостави и води едноставна комуникација (говорна интеракција) со примена на усвоените лексички
единици, граматички структури и јазични функции соодветни за возраста;
- да развива свест за вредностите на сопствената и почит кон другите култури и традиции
(мултикултурализам), правата и обврските на детето, грижата за животната средина, како и свест за
одредени универзални животни вредности;
- да се оспособи да работи во пар или помала група, придонесувајќи со свој удел и преземајќи одговорност за
своите дејства, со цел заедничка соработка и градење врски со соучениците.
1
Целите на наставната програма за второ одделение се дел од целите предвидени во првата развојна фаза за изучување странски јазик (I - III одделение) во која се
предвидува учениците делумно да го достигнат подготвителното рамниште А1 за владеење на јазикот (согласно Заедничката европска референтна рамка за јазици)
прогресирајќи од одделение во одделение преку постепено зголемување на бројот на лексичките единици, видот на јазичните функции и сложеноста на граматичките
структури.
3
Материјално-технички и просторни
услови
Програмата во однос на просторните услови за реализација се темели на Нормативот за простор, опрема и наставни
средства за деветгодишното основно образование.
Просторните услови и опременоста на училниците за успешна реализација на наставната програма за второ одделение
треба да се во согласност со општиот норматив за опременост за реализирање на наставните програми.
Поттикнувајќи рамноправност на сите ученици, инклузија на ученици со посебни образовни потреби, како и полесен
визуелен и комуникативен контакт помеѓу сите ученици, се препорачува клупите да се постават во форма на буквата
П или во круг, со што секој ученик ќе биде ученик од прв ред. По потреба, клупите може да се прегрупираат за
соодветна реализација на различни активности, на пример работа во мали мешани инклузивни групи, симулација,
драматизација и слично.
Норматив за наставен кадар
- завршени студии по англиски јазик и книжевност/литература - наставна насока, VII/1 или VIA според МРК
и 240 ЕКТС;
- завршени студии по англиски јазик и книжевност (со звање професор по англиски јазик и книжевност), VII/1
или VIA според МРК и 240 ЕКТС;
- завршени студии по англиски јазик и книжевност/литература - друга насока и со здобиена соодветна
педагошко-психолошка и методска подготовка на акредитирани високообразовни установи, VII/1 или VIA
според МРК и 240 ЕКТС;
- завршени студии за одделенска настава со модул за англиски јазик – VII/1 или VIA според МРК и 240 ЕКТС.
4
ТЕМА 1: ЈАС И ДРУГИТЕ ВО ДОМOT2
Ред.
број
Резултати од учење Содржини и поими Активности и пристапи/методи Стандарди на оценување
1 Ученикот/ученичката Ученикот/ученичката
ќе биде способен/а да: може да:
1.1. Разбере значење на слушнати
лексички единици на теми
поврзани со членовите на
потесното и поширокото
семејство, просториите во
домот и предметите во нив и
истите да ги репродуцира;
а) Јазични функции:
Поздравување / збогување
(неформално): Hi! Hey! Hello! Bye! See
you!
Претставување себеси и членови на
семејство: What’s your name? My name
is Sibel. / This is my cousin. / How old
are you? I’m seven.
Заповедување: Open (close) your book /
Be quiet / Look at this / Sit down / Point
up (down) / Stand up! / Touch your nose!
б) Лексички единици:
Членови на потесно и пошироко
семејство: mother, father, grandparents,
aunt, uncle, cousin
Активности:
● Бура на идеи
(brainstorming).
● Вежби за интонација,
невербални елементи,
итн.
● Слушање аудио /
видеоснимки и говорот
на наставникот.
● Именување по визуелни
прикази (флеш карти,
постер) или реалиа
(realia).
● Конкретно (не)вербално
посочување на лица и
предмети.
● Слушање искази и
реагирање на нив со
гестови и цртежи.
● Игри на меморија
(memory games).
● Игри на асоцијации
(association games).
1.1.1. Следи едноставни
инструкции и невербално
реагира на истите;
1.1.2. Идентификува и
разликува усвоени лексички
единици на теми поврзани со
членовите на потесното и
поширокото семејство,
просториите во домот и
предметите во нив по слушнат
исказ;
1.1.3. Репродуцира и самостојно
продуцира усвоени лексички
едници на теми поврзани со
членовите на потесното и
поширокото семејство,
просториите во домот и
предметите во нив.
2
Темите се формулирани според четирите широки подрачја: јавниот домен, личниот домен, образовниот домен и професионалниот домен. Истите се прилагодени на
возраста на учениците и подготвителното рамниште А1 за владеење на јазикот (согласно Заедничката европска референтна рамка за јазици) и може да бидат именувани
на различен начин.
5
1.2.
1.3.
Поздравува / се збогува на
неформален начин и да се
претстави себеси и членовите
на своето семејство при
остварување прв контакт со
соговорници со цел
воспоставување позитивни
врски;
Даде опис на својот дом.
Простории (соби) во домот: a bedroom,
a bathroom, a living room, a dining
room, а kitchen
Предмети во домот: a chair, a bed, a
table, a lamp, a mirror, a cabinet, a toy
box, a window
в) Граматички структури:
Лични заменки: I, you, he, she, it, they
Показни заменки: This is…
Предлози за место: on, in, under
Присвојни придавки: my, your, his, her,
its, their / My aunt / His grandmother
Present Simple Tense of TO BE: I am /
You are / He is / She is / They are
Present Simple of TO HAVE / HAVE
GOT: I have got two brothers. / You have
got four chairs in the dining room.
г) Интеркултурни содржини и
медиумска писменост:
Halloween: dark, trick-or-treating, a
ghost, a broom, a bat, candy, costumes,
scared
Happy Halloween!
Trick or treat!
● Игри со погодување
(guessing games).
● Игри како: Bingo, Simon
says, Hot potato, Musical
chairs, Treasure Hunt,
What’s in the box?
● Репродуцирање на
слушната лексичка
единица (drills).
● Одговарање на прашања
од типот точно / неточно
или отворени прашања.
● Вежби со користење
пантомима.
● Драмска импровизација,
куклена театарска
претстава.
● Nursery rhymes, песнички
со повторливи зборови
(chants) и песнички, како:
One Little Finger; Trick or
Treat Song.
● Боење.
● Изработки: 3Д
моделирање (пластелин,
глина), отпечаток од
раце, шаблони од сунѓер
(crafts).
Пристапи/методи:
● Учење во заедница
(Community Language
Learning).
● Комуникативен
(Communicative).
1.2.1. Воспостави прв контакт
на неформален начин и да се
претстави себеси и членовите
на своето семејство;
1.2.2. Зема учество во кус
дијалог преку соодветно
возвраќање (надоврзување) на
неформални поздрави,
внимателно следејќи го
соговорникот, под услов
другото лице да зборува бавно
и јасно, со прилагодено темпо
соодветно на возраста на
учениците;
1.2.3. Одговара на едноставни
прашања поврзани со
информации за себе и
членовите на своето семејство
преку правилна примена на
граматичките структури и
основните реченични модели.
1.3.1. Го опише својот дом со
усвоените лексички единици и
основните реченични модели;
1.3.2. Зема учество во кус
дијалог на теми поврзани со
својот дом под услов другото
лице да зборува бавно и јасно,
со прилагодено темпо
соодветно на возраста на
учениците;
6
1.4. Даде и одговори на кратка
заповед.
Boo!
● Настава базирана на
содржина (Content-Based
Instruction).
● Лексички (Lexical).
● Природен (Natural).
● Структурален
(Structural).
● Невро-лингвистичко
програмирање (Neuro-
Linguistic Programming).
● Настава базирана на
задача (Task-Based
Language Teaching).
● Еклектичен (Eclectic).
● Аудио-лингвален (Audio-
Lingual).
● Аудио-визуелен (Audio-
Visual).
● Ситуациски (Situational
Language Teaching).
● Сугестологија
(Suggestopedia).
● Метод на целосен
физички одговор (TPR).
● Директен (Direct).
1.3.3. Одговара на едноставни
прашања на теми поврзани со
својот дом преку правилна
примена на граматичките
структури и основните
реченични модели.
1.4.1. Одговара со невербален
јазик на кратки заповедни
реченици;
1.4.2. Невербално прикаже
усвоени кратки заповедни
реченици со соодветни
движења на телото;
1.4.3. Репродуцира и
самостојно продуцира усвоени
кратки заповедни реченици.
ТЕМА 2. ЈАС И ДРУГИТЕ ВО УЧИЛИШНАТА СРЕДИНА
Ред.
број
Резултати од учење Содржини и поими Активности и пристапи/методи Стандарди на оценување
2 Ученикот/ученичката Ученикот/ученичката
ќе биде способен/а да: може да:
7
2.1.
2.2.
Разбере значење на слушнати
лексички единици на теми
поврзани со училишната
средина, облека и геометриски
форми (облици) и истите да ги
репродуцира;
Поздравува / се збогува на
формален начин со примена
на моделите на културно
однесување и да се претстави
себеси при остварување прв
контакт со соговорници со цел
воспоставување позитивни
врски;
а) Јазични функции:
Поздравување / збогување
(формално): Good morning,
Miss/Mr/Mrs Jones! Have a good day!
Good afternoon! Good evening! Good
night!
Модели на културно однесување: How
are you today? I`m fine, thank you. And
you? / How do you do?
Претставување себеси: My name is… /
I come from…. / I live in…
Броење до 20: one, two, three…
б) Лексички единици:
Училиште: a board, a clock, a ruler, a
crayon, a desk
Облека: a school uniform, trainers,
shoes, a T-shirt, a skirt, jeans, (a pair of)
trousers, a hat
Геометриски форми (облици): circle,
triangle, rectangle, ball, pyramid
в) Граматички структури:
Лични заменки (вклучувајќи и трето
лице еднина/множина): I, you,
he/she/it, they
Активности:
● Бура на идеи
(brainstorming).
● Вежби за интонација,
невербални елементи,
итн.
● Слушање аудио /
видеоснимки и говорот на
наставникот.
● Именување по визуелни
прикази (флеш карти,
постер) или реалиа
(realia).
● Конкретно (не)вербално
посочување на лица и
предмети.
● Слушање искази и
реагирање на нив со
гестови и цртежи.
● Игри на меморија
(memory games).
● Игри на асоцијации
(association games).
● Игри со погодување
(guessing games).
● Игри како: Bingo, Simon
says, Hot potato, Musical
chairs, Treasure Hunt,
What’s in the box?
● Репродуцирање на
слушната лексичка
единица (drills).
● Одговарање на прашања
од типот точно / неточно
или отворени прашања.
2.1.1. Следи едноставни
инструкции и соодветно
реагира на истите;
2.1.2. Идентификува и
разликува лексички единици на
теми поврзани со училишната
средина, облека и геометриски
форми (облици) по кус
слушнат исказ;
2.1.3. Репродуцира и
самостојно продуцира усвоени
лексички едници на теми
поврзани со училишната
средина, облека и геометриски
форми (облици).
2.2.1. Воспостави прв контакт
на формален начин и да се
претстави себеси;
2.2.2. Зема учество во кус
дијалог преку соодветно
возвраќање (надоврзување) на
формални поздрави со примена
на моделите на културно
однесување, внимателно
следејќи го соговорникот, под
услов другото лице да зборува
бавно и јасно, со прилагодено
темпо соодветно на возраста на
учениците;
8
2.3.
2.4.
Брои од 1 до 20;
Повикува на активност преку
реченици со LET’S.
Присвојни придавки: My, your, his,
her, its, their
Глаголи: jump, shake, catch, kick
Present Simple tense of TO BE: I am /
You are / She is / He is / It is / They are
Present Simple tense of TO HAVE /
HAVE GOT: I have a crayon on my
desk. / I have got 3 hats. / She has got
new trainers!
Едноставни исказни реченици
(повикување на активност) со LET’S:
Let`s sit! Let`s sing! Let`s dance!
г) Интеркултурни содржини и
медиумска писменост:
Christmas: lights, a candy cane,
Christmas carols, angel, bells, cookies
and milk, elf, hot chocolate
Merry Christmas!
Happy New Year!
● Вежби со користење
пантомима.
● Драмска импровизација,
куклена театарска
претстава.
● Nursery rhymes, песнички
со повторливи зборови
(chants) и песнички, како:
Shapes Song; How Many
Fingers?
● Боење.
● Изработки: 3Д
моделирање (пластелин,
глина), отпечаток од раце,
шаблони од сунѓер
(crafts).
Пристапи/методи:
● Учење во заедница
(Community Language
Learning).
● Комуникативен
(Communicative).
● Настава базирана на
содржина (Content-Based
Instruction).
● Лексички (Lexical).
● Природен (Natural).
● Структурален (Structural).
● Невро-лингвистичко
програмирање (Neuro-
Linguistic Programming).
● Настава базирана на
задача (Task-Based
Language Teaching).
● Еклектичен (Eclectic).
2.2.3. Одговара на едноставни
прашања поврзани со
информации за себе и
присвојност преку правилна
примена на граматичките
структури и основните
реченични модели.
2.3.1. Одговара со невербален
јазик на поставена слушната
задача поврзана со броеви од 1
до 20.
2.3.2. Идентификува и
разликува броеви од 1 до 20 по
кус слушнат исказ.
2.3.3. Репродуцира и
самостојно продуцира усвоени
лексички единици поврзани со
броеви од 1 до 20 во
едноставни исказни реченици.
2.4.1. Одговара со невербален
јазик на едноставни реченици
со LET’S кои повикуваат на
активност;
2.4.2. Идентификува и
разликува глаголи кои
укажуваат на активност;
2.4.3. Репродуцира и
самостојно продуцира усвоени
реченици со LET’S кои
повикуваат на активност.
9
● Аудио-лингвален (Audio-
Lingual).
● Аудио-визуелен (Audio-
Visual).
● Ситуациски (Situational
Language Teaching).
● Сугестологија
(Suggestopedia).
● Метод на целосен
физички одговор (TPR).
● Директен (Direct).
ТЕМА 3. ЈАС И ДРУГИТЕ ВО МОЈАТА НЕПОСРЕДНА ОКОЛИНА
Ред.
број
Резултати од учење Содржини и поими Активности и пристапи/методи Стандарди на оценување
3 Ученикот/ученичката Ученикот/ученичката
ќе биде способен/а да: може да:
3.1. Разбере значење на слушнати
лексички единици на теми
поврзани со непосредната
околина / животни и нивните
малечки / прехранбени продукти
(храна, пијалоци и оброци) /
делови од телото, и истите да ги
репродуцира;
а) Јазични функции:
Претставување на животни и нивните
малечки: It is a cat. They are kittens.
Опишување на животни: My rabbit is
small. It is white. It has got a nose and
ears.
Опишување себеси: I have got small eyes.
I have got long hair.
Активности:
● Бура на идеи
(brainstorming).
● Вежби за интонација,
невербални елементи, итн.
● Слушање аудио /
видеоснимки и говорот на
наставникот.
● Именување по визуелни
прикази (флеш карти,
постер) или реалиа (realia).
3.1.1. Следи едноставни
инструкции и соодветно реагира
на истите;
3.1.2. Прикаже животни и
нивните малечки / прехранбени
продукти (храна, пијалоци и
оброци) / делови од телото преку
нивно цртање и правилно
обојување, како и гласовно
имитирање;
3.1.3. Репродуцира и самостојно
продуцира усвоени лексички
10
3.2.
3.3.
Даде опис на својата непосредна
околина;
Даде физички опис на себеси и
различни животни;
Искажување допаѓање / недопаѓање: I
like ice-cream. I don't like milk.
б) Лексички единици:
Места: a market, a supermarket, the
jungle, a zoo
Животни и нивните малечки: cat/kitten,
dog/puppy, hen/chicken, sheep/lamb, a
snake, a spider, an elephant, a tiger, a
crocodile, a frog
Прехранбени продукти (храна, пијалоци
и оброци): eggs, meat, pizza, sandwich,
pasta, apple, pear, banana, carrot, cheese,
chocolate, tomato, potato, watermelon,
water, milk, tea, breakfast, lunch, dinner,
snack
Делови од телото: head (eyes, ears, nose,
hair, mouth), shoulders, arms, hands,
fingers, legs, knees, feet, toes
в) Граматички структури:
Лични заменки: I, you, he, she, it, they
Еднина и правилна множина (именки):
banana/bananas, egg/eggs, finger/fingers -
единствено неправилна множина кај
foot/feet
Описни придавки: It is a big apple. / She
is a good friend. / I have ten small
chickens.
● Конкретно (не)вербално
посочување на лица и
предмети.
● Слушање искази и
реагирање на нив со гестови
и цртежи.
● Игри на меморија (memory
games).
● Игри на асоцијации
(association games).
● Игри со погодување
(guessing games).
● Игри како: Bingo, Simon
says, Hot potato, Musical
chairs, Treasure Hunt,
What’s in the box?
● Репродуцирање на
слушната лексичка единица
(drills).
● Одговарање на прашања од
типот точно / неточно или
отворени прашања.
● Вежби со користење
пантомима.
● Драмска импровизација,
куклена театарска
претстава.
● Nursery rhymes, песнички со
повторливи зборови
(chants) и песнички, како:
Old MacDonald Had a Farm;
Mary Had a Little Lamb; The
Animals on the Farm; Three
Little Kittens; Head,
Shoulders, Knees and Toes;
Clap Your Hands; Rainbow
единици на теми поврзани со
животни и нивните малечки /
прехранбени продукти (храна,
пијалоци и оброци) / делови од
телото.
3.2.1. Ја опише својата
непосредна околина со усвоените
лексички единици и основните
реченични модели;
3.2.2. Зема учество во кус дијалог
на теми поврзани со својата
непосредна околина под услов
другото лице да зборува бавно и
јасно, со прилагодено темпо
соодветно на возраста на
учениците;
3.2.3. Одговара на едноставни
прашања на теми поврзани со
својата непосредна околина
преку правилна примена на
граматичките структури и
основните реченични модели.
3.3.1. Се опише физички себеси и
различните животни со примена
на усвоените лексички единици и
основните реченични модели;
3.3.2. Зема учество во кус дијалог
на теми поврзани со себеси и
различните животни (физички
опис) под услов другото лице да
11
3.4. Употребува соодветни форми за
искажување допаѓање /
недопаѓање во однос на
одредени прехранбени
продукти.
Придавки (бои): orange, pink, grey, purple
Глаголи: eat, like/don`t like, look
Present Simple tense of TO BE: I am / You
are / She is / He is / It is / They are
Present Simple tense of TO HAVE / HAVE
GOT: I have got 2 kittens. She has got
short hair.
Едноставни исказни реченици: I have a
cat. It is big. My cat is black and white. /
Look, it’s a green banana!
г) Интеркултурни содржини и
медиумска писменост:
Valentine’s Day: hugs and kisses, flowers,
heart, party, Cupid
I love you!
Easter: a basket, hunt, chick, lamb, tulips
Happy Easter!
Colors Song; Apples and
Bananas; In the Jungle (Lion
King).
● Боење.
● Изработки: 3Д моделирање
(пластелин, глина),
отпечаток од раце, шаблони
од сунѓер (crafts).
Пристапи/методи:
● Учење во заедница
(Community Language
Learning).
● Комуникативен
(Communicative).
● Настава базирана на
содржина (Content-Based
Instruction).
● Лексички (Lexical).
● Природен (Natural).
● Структурален (Structural).
● Невро-лингвистичко
програмирање (Neuro-
Linguistic Programming).
● Настава базирана на задача
(Task-Based Language
Teaching).
● Еклектичен (Eclectic).
● Аудио-лингвален (Audio-
Lingual).
● Аудио-визуелен (Audio-
Visual).
● Ситуациски (Situational
Language Teaching).
● Сугестологија
(Suggestopedia).
зборува бавно и јасно, со
прилагодено темпо соодветно на
возраста на учениците;
3.3.3. Одговара на едноставни
прашања на теми поврзани со
себеси и различните животни
(физички опис) преку правилна
примена на граматичките
структури и основните
реченични модели.
3.4.1. Одговара со невербален
јазик на едноставни прашања
поврзани со своето мислење
(допаѓање/недопаѓање) кон
одредени прехранбени продукти;
3.4.2. Зема учество во кус дијалог
поврзан со своето мислење
(допаѓање/недопаѓање) кон
одредени прехранбени продукти
под услов другото лице да
зборува бавно и јасно, со
прилагодено темпо соодветно на
возраста на учениците;
3.4.3. Одговара на едноставни
прашања поврзани со своето
мислење (допаѓање/недопаѓање)
кон одредени прехранбени
продукти преку правилна
примена на граматичките
структури и основните
реченични модели.
12
● Метод на целосен физички
одговор (TPR).
● Директен (Direct).
ТЕМА 4. ЈАС И ДРУГИТЕ ВО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ
Ред.
број
Резултати од учење Содржини и поими Активности и пристапи/методи Стандарди на оценување
4 Ученикот/ученичката Ученикот/ученичката
ќе биде способен/а да: може да:
4.1.
4.2.
Разбере значење на слушнати
лексички единици на теми
поврзани со слободното време
и истите да ги репродуцира;
Се извини, замоли, се
заблагодари и побара нешто
на учтив начин;
а) Јазични функции:
Учтиво изразување (извинување,
замолување, заблагодарување, барање
со CAN): Please. I’m sorry. Thank you.
Can I play with your car? Can I have a
pen, please?
Изразување способност со CAN: I can
swim.
б) Лексички единици:
Годишни времиња (одмори): spring,
summer, autumn, winter, holidays
Денови во седмицата: Monday,
Tuesday, Wednesday, weekend
Делови од денот: day, night, morning,
afternoon, evening
Временски услови (придавки): sunny,
rainy, snowy, cloudy
Активности:
● Бура на идеи
(brainstorming).
● Вежби за интонација,
невербални елементи,
итн.
● Слушање аудио /
видеоснимки и говорот на
наставникот.
● Именување по визуелни
прикази (флеш карти,
постер) или реалиа
(realia).
● Конкретно (не)вербално
посочување на лица и
предмети.
● Слушање искази и
реагирање на нив со
гестови и цртежи.
● Игри на меморија
(memory games).
● Игри на асоцијации
(association games).
4.1.1. Следи едноставни куси
инструкции и невербално
реагира на истите;
4.1.2. Идентификува и
разликува временски услови и
изрази по кус слушнат исказ;
4.1.3. Репродуцира и
самостојно продуцира усвоени
лексички единици на теми
поврзани со слободното време.
4.2.1. Репродуцира јазични
форми на учтиво изразување;
4.2.2. Идентификува и
разликува јазични форми на
учтиво изразување преку
слушнат контекст;
4.2.3. Зема учество во кус
дијалог преку употреба на
јазичните форми на учтиво
изразување соодветни на
контекстот под услов другото
13
4.3.
4.4.
Изразува способност за
одредена активност;
Даде опис на своите
активности во слободното
време.
Изрази: listen to music, read a book,
catch a fish, watch TV, play ball
в) Граматички структури:
Лични заменки: I, you, it, they
Придавки (бои): purple, grey
Глаголи (активности): eat, sleep, draw,
sing, play, run, listen, watch tv, camp,
throw
Present Simple tense of TO BE: Today is
Monday.
Present Simple tense (одредени
глаголи): I eat ice-cream in summer.
г) Интеркултурни содржини и
медиумска писменост:
Happy birthday!
Best wishes (on your birthday)!
Thank you for your help!
Travel safe!
● Игри со погодување
(guessing games).
● Игри како: Bingo, Simon
says, Hot potato, Musical
chairs, Treasure Hunt,
What’s in the box?
● Репродуцирање на
слушната лексичка
единица (drills).
● Одговарање на прашања
од типот точно / неточно
или отворени прашања.
● Вежби со користење
пантомима.
● Драмска импровизација,
куклена театарска
претстава.
● Nursery rhymes, песнички
со повторливи зборови
(chants) и песнички, како:
We’re Going on a Bear
Hunt; The Ants Go
Marching; Row, Row, Row
the Boat; Mr. Golden Sun;
Twinkle Twinkle, Little
Star.
● Боење.
● Изработки: 3Д
моделирање (пластелин,
глина), отпечаток од раце,
шаблони од сунѓер
(crafts).
Пристапи/методи:
лице да зборува бавно и јасно,
со прилагодено темпо
соодветно на возраста на
учениците.
4.3.1. Одговара со невербален
јазик на реченици кои
изразуваат способност за
одредена активност;
4.3.2. Репродуцира и
самостојно продуцира јазични
форми на изразување
способност за одредена
активност;
4.3.3. Зема учество во кус
дијалог поврзан со изразување
способност за одредена
активност, правилно
применувајќи ги граматичките
структури, под услов другото
лице да зборува бавно и јасно,
со прилагодено темпо
соодветно на возраста на
учениците.
4.4.1. Опише активности кои ги
изведува во своето слободно
време со усвоените лексички
единици и основните
реченични модели;
4.4.2. Зема учество во кус
дијалог на теми поврзани со
14
● Учење во заедница
(Community Language
Learning).
● Комуникативен
(Communicative).
● Настава базирана на
содржина (Content-Based
Instruction).
● Лексички (Lexical).
● Природен (Natural).
● Структурален (Structural).
● Невро-лингвистичко
програмирање (Neuro-
Linguistic Programming).
● Настава базирана на
задача (Task-Based
Language Teaching).
● Еклектичен (Eclectic).
● Аудио-лингвален (Audio-
Lingual).
● Аудио-визуелен (Audio-
Visual).
● Ситуациски (Situational
Language Teaching).
● Сугестологија
(Suggestopedia).
● Метод на целосен
физички одговор (TPR).
● Директен (Direct).
активности во своето слободно
време под услов другото лице
да зборува бавно и јасно, со
прилагодено темпо соодветно
на возраста на учениците;
4.4.3. Одговара на едноставни
прашања поврзани со
активности во своето слободно
време преку правилна примена
на граматичките структури и
основните реченични модели.
15
Оценување на постигањата на
учениците
Постигањата на учениците редовно се следат и соодветно се вреднуваат, а и се прибираат показатели во текот на
целиот наставен процес за нивната континуирана активност, мотивираност за учење, соработка со соучениците при
работа во пар или помала група, и редовност во извршувањето на зададената домашна работа. Оттука, наставникот
во една кохезивна рамка систематски го следи напредокот на секој ученик и неговото постигнување, т.е. врши
формативно оценување. Ваквото оценување континуирано им дава на наставникот и на учениците персонализирани
информации за тоа до каде се во циклусот поучување-учење.
Секоја активност на часот при која учениците ја искажуваат јазичната активност, било на рецептивно,
репродуктивно или продуктивно ниво, дава можност за воочување на нивниот напредок и соодветно евалуирање.
Значи, евалуацијата се врши како интегрален дел на секој наставен час, а не како независен и изолиран чин. Важно
е да се спомене автентичното евалуирање, односно природно евалуирање, кое се одвива во реалниот свет или
симулира некоја ситуација позната за учениците, со постапки кои драстично не се разликуваат од вообичаените
активности на часот, наместо да се создава вештачка средина за евалуирање на нивното познавање на јазикот. Се
поддржува развојот на секој ученик засебно, сосредочен на детската љубопитност, вештини, интереси и искуства.
Во процесот на оценување наставникот треба особено да ги земе предвид силните страни на ученикот, односно што
тој знае, и неговите индивидуални потреби и интереси, па врз основа на тој збир информации да се опише
напредокот на ученикот. Клучно е секој напредок, макар и мал, да се награди соодветно бидејќи на учениците од
оваа возраст им е потребна повратна информација за постигнатиот успех, што може да биде усна пофалба или
позитивна реакција изразена преку насмевка од страна на наставникот, стикер во тетратка, и слично.
Особено внимание треба да се обрне на учениците со посебни образовни потреби, како и за талентираните ученици,
за кои наставникот треба да изработи ИОП (Индивидуален Образовен План) за секој ученик, земајќи ги предвид
неговите/нејзините способности.
16
Вреднувањето на учениците во второ одделение ќе се врши описно при што наставникот има обврска континуирано
да го следи напредокот на учениците. Пожелно е да се воведе Европско јазично портфолио, кое освен на учениците,
ќе им овозможи увид и на родителите во напредокот на нивните деца во поглед на учење на јазикот.
Дидактички препораки
Со наставниот план за предметот англиски јазик во второ одделение е предвидено по 2 часа неделно, односно 72
часа годишно.
Во планирањето на содржините за второ одделение земени се предвид содржините во наставните програми по
другите предмети кои се изучуваат во второ одделение, односно почитуван е принципот на меѓупредметно
поврзување по однос на целите и содржините, со акцент на интегрирано поврзување со содржините од мајчиниот
јазик.
При изборот на активностите треба да се води сметка за диференцијацијата и разновидноста на истите кои би
соодејствувале согласно можностите и способностите на учениците. Значи, при планирањето на часот, треба да се
земат предвид различните потреби на учениците и нивните стилови на учење, на секој ученик индивидуално
(диверсификација) со цел секој ученик во целост да ги оствари своите потенцијали. Наставата по англиски јазик за
учениците на оваа возраст се заснова на мултисензорно (визуелно, аудитивно, тактилно, и др.) и холистичко учење
кое ги опфаќа когнитивните, афективните и моторните аспекти на учениците, односно наставникот ги интегрира
различните компоненти со што јазикот се учи на функционален начин.
Согласно горенаведеното, во наставата по англиски како странски јазик не може да се издвојат, односно не може
да се планира бројот на часови по одделни компоненти заради интегрираниот пристап. Важно е да се напомене дека
изучувањето на англискиот јазик не се темели на посебно изучување на дадени јазични елементи, како што се
лексиката, граматиката и јазичните функции, туку потребно е избалансирано и интегрирано изучување на овие
елементи во контекст. Особено граматиката не треба да се изучува со меморирање на правилата и дефинициите за
употреба, туку контекстуално (со примери), за да се сфати значењето и автентичната примена во јазикот.
Нивоата на изучувањето на странскиот јазик се темелат на компетенциите од Заедничката европска референтна
рамка за јазици.3
3
Како ориентација во однос на рамништата на јазчни компетенции кои учениците би требало да ги постигнат на крајот на поедини воспитно-образовни периоди на
основното образование, земени се предвид насоките од Заедничката европска референтна рамка за јазиците во која се разликуваат вкупно шест рамништа на
комуникативно користење на странскиот јазик: Во подрачјето на елементарно рамниште тоа се рамништата А1 (подготвително рамниште/Breakthrough) и А2 (темелно
рамниште/Waystage), во подрачјето на самостојно користење на јазикот - рамништата B1 (преодно рамниште/Threshold) и B2 (самостојно рамниште/Vantage) и во
подрачјето на компетентно користење на јазикот рамниште C1 (напредно рамниште/Effective Operational Proficiency) и C2 (највисоко рамниште/Mastery).
17
Тежиштето на работата на часовите по англиски јазик во второ одделение е на усното искажување кое се поврзува
со дадена ситуација во училницата, преку игри, драматизација, песни или движења со поттикнување на фантазијата
и на креативноста на ученикот. Генерално, учениците ги усвојуваат содржините механички (со репродукција), но
важно е да се провери правилното разбирање на значењето на пораката, вклучувајќи ги тука и културолошките
елементи (мултикултурализам). Тие можат да стапат во интеракција на едноставен начин, но комуникацијата е
сосема зависна од повторување, изменување и корекција на искажаното. Учениците се воведуваат во јазикот, па
фокусот е ставен на вештините слушање и говорење со разбирање. Треба да се даде доволно време додека секој
ученик се ослободи и почне да зборува. Периодот на продукција на јазикот не треба да се форсира, туку треба да
биде поддржан со поголема изложеност на јазикот.
Наставниците треба да ги воведат учениците во содржинските концепти, односно полека да почнат да ги
изложуваат на места во нивната непосредна околина, како и на разни медиуми на комуникација (уметност, драма,
литература, музика). Сето ова треба да го направат преку активности кои се соодветни за хронолошката возраст на
учениците, како и за нивниот когнитивен развој, т.е. активности со кои би се задржало вниманието на учениците.
Исто така, учениците треба редовно да ја извршуваат зададената домашна работа.
Литература и други извори
- Одобрен прирачник/учебнички комплет од министерот за образование и наука;
- Пакет прирачен материјал за наставникот (флеш карти, постери и друго);
- ЦД, ДВД;
- Други практични извори на учење во непосредна околина – предмети, нагледни средства, во просторијата каде
се изучува англискиот јазик (пластелин, глина, хартија во боја, колаж, шаблони, отпечатоци);
- ЛЦД проектор;
- Интерактивна табла;
- Интернет, образовни софтвери, веб страници и апликации; на пример: Scratch (https://scratch.mit.edu/), Prezi
(https://prezi.com/presentation-template/), SurveyMonkey (https://www.surveymonkey.com/), Edmodo
(https://new.edmodo.com/?go2url=%2Fhome), Quizstar (http://quizstar.4teachers.org/indexi.jsp), и др.
- Речници, списанија, весници за наставникот и учениците.
Почеток на имплементација на
наставната програма
Учебна 2020/2021 година
Во условите на учење на англискиот јазик во Република Северна Македонија учениците после првите три години на учење на англиски јазик (I-III одделение) можат
делумно да го постигнат рамништето А1 (подготвително рамниште), после следните три години на учење на англискиот јазик (IV-VI одделение) можат целосно да го
постигнат рамништето A1 (подготвително рамниште) и можат делумно да го постигнат рамништето A2 (темелно рамниште), a после 9 години на учење (по
завршувањето на IX одделение) можат целосно да го постигнат рамништето A2 (темелно рамниште). Постигнувањето на компетенциите согласно наведените нивоа ќе
бидат прикажани преку очекуваните резултати во програмата за деветто одделение.
18
Институција/
носител на програмата
Биро за развој на образованието (БРО)
Потпис и датум на донесување на
наставната програма
бр. 12-1750/2
30.1.2020 година
МИНИСТЕР,
Dr. Arbёr Ademi

Contenu connexe

Similaire à Nastavna_programa-Angliski_jazik-II_odd.pdf

Close up im (tematsko planiranje)
Close up im (tematsko planiranje)Close up im (tematsko planiranje)
Close up im (tematsko planiranje)
Ivana Nikolovska
 
MK-Godishen globalen plan-Let's Go 1-4th ed.-III odd_.docx
MK-Godishen globalen plan-Let's Go    1-4th ed.-III odd_.docxMK-Godishen globalen plan-Let's Go    1-4th ed.-III odd_.docx
MK-Godishen globalen plan-Let's Go 1-4th ed.-III odd_.docx
DuskaMilcovska
 

Similaire à Nastavna_programa-Angliski_jazik-II_odd.pdf (18)

Close up im (unit 11)
Close up im (unit 11)Close up im (unit 11)
Close up im (unit 11)
 
годишно глобално и тематско планирање за V одд
годишно глобално и тематско планирање за V оддгодишно глобално и тематско планирање за V одд
годишно глобално и тематско планирање за V одд
 
септември
септемврисептември
септември
 
музичко образование за Iv одд 2015 16
музичко образование за Iv одд 2015 16музичко образование за Iv одд 2015 16
музичко образование за Iv одд 2015 16
 
јуни 2017
јуни 2017јуни 2017
јуни 2017
 
Maj 2017
Maj 2017Maj 2017
Maj 2017
 
Close up im (tematsko planiranje)
Close up im (tematsko planiranje)Close up im (tematsko planiranje)
Close up im (tematsko planiranje)
 
Godishna programa 2 oddelenie konecno
Godishna programa 2 oddelenie  konecnoGodishna programa 2 oddelenie  konecno
Godishna programa 2 oddelenie konecno
 
ГТМ планирање за IV одд.2014/15
ГТМ планирање за IV  одд.2014/15ГТМ планирање за IV  одд.2014/15
ГТМ планирање за IV одд.2014/15
 
јануари 2018
јануари 2018јануари 2018
јануари 2018
 
Close up im (unit 10)
Close up im (unit 10)Close up im (unit 10)
Close up im (unit 10)
 
MK-Godishen globalen plan-Let's Go 1-4th ed.-III odd_.docx
MK-Godishen globalen plan-Let's Go    1-4th ed.-III odd_.docxMK-Godishen globalen plan-Let's Go    1-4th ed.-III odd_.docx
MK-Godishen globalen plan-Let's Go 1-4th ed.-III odd_.docx
 
Close up im (unit 1)
Close up im (unit 1)Close up im (unit 1)
Close up im (unit 1)
 
Close up im (unit 9)
Close up im (unit 9)Close up im (unit 9)
Close up im (unit 9)
 
5 одд. 24.10 - 28.10 2022.docx
5 одд. 24.10 - 28.10 2022.docx5 одд. 24.10 - 28.10 2022.docx
5 одд. 24.10 - 28.10 2022.docx
 
Close up im (unit 8)
Close up im (unit 8)Close up im (unit 8)
Close up im (unit 8)
 
IV Тематско 1.docx
IV Тематско 1.docxIV Тематско 1.docx
IV Тематско 1.docx
 
Close up im (unit 12)
Close up im (unit 12)Close up im (unit 12)
Close up im (unit 12)
 

Nastavna_programa-Angliski_jazik-II_odd.pdf

  • 1. Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08,167/10 и 51/11) и член 30 став 3 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/2019 ) министерот за образование и наука ја утврди наставната програма по наставниот предмет англиски јазик за II (второ) одделение на деветгодишното основно образование.
  • 2. 1 МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО Наставна програма АНГЛИСКИ ЈАЗИК за II (второ) одделение Скопје, 2019 година
  • 3. 2 Назив на наставната програмa Англиски јазик за второ одделение за деветгодишно основно образование Тип на наставна програма Прв странски јазик Одделение II (второ) одделение Број на часови неделно/годишно за реализација на наставната програма 2/72 Цели на наставна програма1 Ученикот/ ученичката: - да се оспособи слухово и визуелно да препознава конкретни лексички единици поврзани со дадените теми; - да репродуцира говорно засебни лексички единици и куси искази од најнепосреден интерес со правилен изговор и интонација; - да воспостави основен општествен контакт со користење на наједноставните облици на формално и неформално поздравување и збогување, како и формите на учтиво изразување и моделите на културно однесување; - да воспостави и води едноставна комуникација (говорна интеракција) со примена на усвоените лексички единици, граматички структури и јазични функции соодветни за возраста; - да развива свест за вредностите на сопствената и почит кон другите култури и традиции (мултикултурализам), правата и обврските на детето, грижата за животната средина, како и свест за одредени универзални животни вредности; - да се оспособи да работи во пар или помала група, придонесувајќи со свој удел и преземајќи одговорност за своите дејства, со цел заедничка соработка и градење врски со соучениците. 1 Целите на наставната програма за второ одделение се дел од целите предвидени во првата развојна фаза за изучување странски јазик (I - III одделение) во која се предвидува учениците делумно да го достигнат подготвителното рамниште А1 за владеење на јазикот (согласно Заедничката европска референтна рамка за јазици) прогресирајќи од одделение во одделение преку постепено зголемување на бројот на лексичките единици, видот на јазичните функции и сложеноста на граматичките структури.
  • 4. 3 Материјално-технички и просторни услови Програмата во однос на просторните услови за реализација се темели на Нормативот за простор, опрема и наставни средства за деветгодишното основно образование. Просторните услови и опременоста на училниците за успешна реализација на наставната програма за второ одделение треба да се во согласност со општиот норматив за опременост за реализирање на наставните програми. Поттикнувајќи рамноправност на сите ученици, инклузија на ученици со посебни образовни потреби, како и полесен визуелен и комуникативен контакт помеѓу сите ученици, се препорачува клупите да се постават во форма на буквата П или во круг, со што секој ученик ќе биде ученик од прв ред. По потреба, клупите може да се прегрупираат за соодветна реализација на различни активности, на пример работа во мали мешани инклузивни групи, симулација, драматизација и слично. Норматив за наставен кадар - завршени студии по англиски јазик и книжевност/литература - наставна насока, VII/1 или VIA според МРК и 240 ЕКТС; - завршени студии по англиски јазик и книжевност (со звање професор по англиски јазик и книжевност), VII/1 или VIA според МРК и 240 ЕКТС; - завршени студии по англиски јазик и книжевност/литература - друга насока и со здобиена соодветна педагошко-психолошка и методска подготовка на акредитирани високообразовни установи, VII/1 или VIA според МРК и 240 ЕКТС; - завршени студии за одделенска настава со модул за англиски јазик – VII/1 или VIA според МРК и 240 ЕКТС.
  • 5. 4 ТЕМА 1: ЈАС И ДРУГИТЕ ВО ДОМOT2 Ред. број Резултати од учење Содржини и поими Активности и пристапи/методи Стандарди на оценување 1 Ученикот/ученичката Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да: може да: 1.1. Разбере значење на слушнати лексички единици на теми поврзани со членовите на потесното и поширокото семејство, просториите во домот и предметите во нив и истите да ги репродуцира; а) Јазични функции: Поздравување / збогување (неформално): Hi! Hey! Hello! Bye! See you! Претставување себеси и членови на семејство: What’s your name? My name is Sibel. / This is my cousin. / How old are you? I’m seven. Заповедување: Open (close) your book / Be quiet / Look at this / Sit down / Point up (down) / Stand up! / Touch your nose! б) Лексички единици: Членови на потесно и пошироко семејство: mother, father, grandparents, aunt, uncle, cousin Активности: ● Бура на идеи (brainstorming). ● Вежби за интонација, невербални елементи, итн. ● Слушање аудио / видеоснимки и говорот на наставникот. ● Именување по визуелни прикази (флеш карти, постер) или реалиа (realia). ● Конкретно (не)вербално посочување на лица и предмети. ● Слушање искази и реагирање на нив со гестови и цртежи. ● Игри на меморија (memory games). ● Игри на асоцијации (association games). 1.1.1. Следи едноставни инструкции и невербално реагира на истите; 1.1.2. Идентификува и разликува усвоени лексички единици на теми поврзани со членовите на потесното и поширокото семејство, просториите во домот и предметите во нив по слушнат исказ; 1.1.3. Репродуцира и самостојно продуцира усвоени лексички едници на теми поврзани со членовите на потесното и поширокото семејство, просториите во домот и предметите во нив. 2 Темите се формулирани според четирите широки подрачја: јавниот домен, личниот домен, образовниот домен и професионалниот домен. Истите се прилагодени на возраста на учениците и подготвителното рамниште А1 за владеење на јазикот (согласно Заедничката европска референтна рамка за јазици) и може да бидат именувани на различен начин.
  • 6. 5 1.2. 1.3. Поздравува / се збогува на неформален начин и да се претстави себеси и членовите на своето семејство при остварување прв контакт со соговорници со цел воспоставување позитивни врски; Даде опис на својот дом. Простории (соби) во домот: a bedroom, a bathroom, a living room, a dining room, а kitchen Предмети во домот: a chair, a bed, a table, a lamp, a mirror, a cabinet, a toy box, a window в) Граматички структури: Лични заменки: I, you, he, she, it, they Показни заменки: This is… Предлози за место: on, in, under Присвојни придавки: my, your, his, her, its, their / My aunt / His grandmother Present Simple Tense of TO BE: I am / You are / He is / She is / They are Present Simple of TO HAVE / HAVE GOT: I have got two brothers. / You have got four chairs in the dining room. г) Интеркултурни содржини и медиумска писменост: Halloween: dark, trick-or-treating, a ghost, a broom, a bat, candy, costumes, scared Happy Halloween! Trick or treat! ● Игри со погодување (guessing games). ● Игри како: Bingo, Simon says, Hot potato, Musical chairs, Treasure Hunt, What’s in the box? ● Репродуцирање на слушната лексичка единица (drills). ● Одговарање на прашања од типот точно / неточно или отворени прашања. ● Вежби со користење пантомима. ● Драмска импровизација, куклена театарска претстава. ● Nursery rhymes, песнички со повторливи зборови (chants) и песнички, како: One Little Finger; Trick or Treat Song. ● Боење. ● Изработки: 3Д моделирање (пластелин, глина), отпечаток од раце, шаблони од сунѓер (crafts). Пристапи/методи: ● Учење во заедница (Community Language Learning). ● Комуникативен (Communicative). 1.2.1. Воспостави прв контакт на неформален начин и да се претстави себеси и членовите на своето семејство; 1.2.2. Зема учество во кус дијалог преку соодветно возвраќање (надоврзување) на неформални поздрави, внимателно следејќи го соговорникот, под услов другото лице да зборува бавно и јасно, со прилагодено темпо соодветно на возраста на учениците; 1.2.3. Одговара на едноставни прашања поврзани со информации за себе и членовите на своето семејство преку правилна примена на граматичките структури и основните реченични модели. 1.3.1. Го опише својот дом со усвоените лексички единици и основните реченични модели; 1.3.2. Зема учество во кус дијалог на теми поврзани со својот дом под услов другото лице да зборува бавно и јасно, со прилагодено темпо соодветно на возраста на учениците;
  • 7. 6 1.4. Даде и одговори на кратка заповед. Boo! ● Настава базирана на содржина (Content-Based Instruction). ● Лексички (Lexical). ● Природен (Natural). ● Структурален (Structural). ● Невро-лингвистичко програмирање (Neuro- Linguistic Programming). ● Настава базирана на задача (Task-Based Language Teaching). ● Еклектичен (Eclectic). ● Аудио-лингвален (Audio- Lingual). ● Аудио-визуелен (Audio- Visual). ● Ситуациски (Situational Language Teaching). ● Сугестологија (Suggestopedia). ● Метод на целосен физички одговор (TPR). ● Директен (Direct). 1.3.3. Одговара на едноставни прашања на теми поврзани со својот дом преку правилна примена на граматичките структури и основните реченични модели. 1.4.1. Одговара со невербален јазик на кратки заповедни реченици; 1.4.2. Невербално прикаже усвоени кратки заповедни реченици со соодветни движења на телото; 1.4.3. Репродуцира и самостојно продуцира усвоени кратки заповедни реченици. ТЕМА 2. ЈАС И ДРУГИТЕ ВО УЧИЛИШНАТА СРЕДИНА Ред. број Резултати од учење Содржини и поими Активности и пристапи/методи Стандарди на оценување 2 Ученикот/ученичката Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да: може да:
  • 8. 7 2.1. 2.2. Разбере значење на слушнати лексички единици на теми поврзани со училишната средина, облека и геометриски форми (облици) и истите да ги репродуцира; Поздравува / се збогува на формален начин со примена на моделите на културно однесување и да се претстави себеси при остварување прв контакт со соговорници со цел воспоставување позитивни врски; а) Јазични функции: Поздравување / збогување (формално): Good morning, Miss/Mr/Mrs Jones! Have a good day! Good afternoon! Good evening! Good night! Модели на културно однесување: How are you today? I`m fine, thank you. And you? / How do you do? Претставување себеси: My name is… / I come from…. / I live in… Броење до 20: one, two, three… б) Лексички единици: Училиште: a board, a clock, a ruler, a crayon, a desk Облека: a school uniform, trainers, shoes, a T-shirt, a skirt, jeans, (a pair of) trousers, a hat Геометриски форми (облици): circle, triangle, rectangle, ball, pyramid в) Граматички структури: Лични заменки (вклучувајќи и трето лице еднина/множина): I, you, he/she/it, they Активности: ● Бура на идеи (brainstorming). ● Вежби за интонација, невербални елементи, итн. ● Слушање аудио / видеоснимки и говорот на наставникот. ● Именување по визуелни прикази (флеш карти, постер) или реалиа (realia). ● Конкретно (не)вербално посочување на лица и предмети. ● Слушање искази и реагирање на нив со гестови и цртежи. ● Игри на меморија (memory games). ● Игри на асоцијации (association games). ● Игри со погодување (guessing games). ● Игри како: Bingo, Simon says, Hot potato, Musical chairs, Treasure Hunt, What’s in the box? ● Репродуцирање на слушната лексичка единица (drills). ● Одговарање на прашања од типот точно / неточно или отворени прашања. 2.1.1. Следи едноставни инструкции и соодветно реагира на истите; 2.1.2. Идентификува и разликува лексички единици на теми поврзани со училишната средина, облека и геометриски форми (облици) по кус слушнат исказ; 2.1.3. Репродуцира и самостојно продуцира усвоени лексички едници на теми поврзани со училишната средина, облека и геометриски форми (облици). 2.2.1. Воспостави прв контакт на формален начин и да се претстави себеси; 2.2.2. Зема учество во кус дијалог преку соодветно возвраќање (надоврзување) на формални поздрави со примена на моделите на културно однесување, внимателно следејќи го соговорникот, под услов другото лице да зборува бавно и јасно, со прилагодено темпо соодветно на возраста на учениците;
  • 9. 8 2.3. 2.4. Брои од 1 до 20; Повикува на активност преку реченици со LET’S. Присвојни придавки: My, your, his, her, its, their Глаголи: jump, shake, catch, kick Present Simple tense of TO BE: I am / You are / She is / He is / It is / They are Present Simple tense of TO HAVE / HAVE GOT: I have a crayon on my desk. / I have got 3 hats. / She has got new trainers! Едноставни исказни реченици (повикување на активност) со LET’S: Let`s sit! Let`s sing! Let`s dance! г) Интеркултурни содржини и медиумска писменост: Christmas: lights, a candy cane, Christmas carols, angel, bells, cookies and milk, elf, hot chocolate Merry Christmas! Happy New Year! ● Вежби со користење пантомима. ● Драмска импровизација, куклена театарска претстава. ● Nursery rhymes, песнички со повторливи зборови (chants) и песнички, како: Shapes Song; How Many Fingers? ● Боење. ● Изработки: 3Д моделирање (пластелин, глина), отпечаток од раце, шаблони од сунѓер (crafts). Пристапи/методи: ● Учење во заедница (Community Language Learning). ● Комуникативен (Communicative). ● Настава базирана на содржина (Content-Based Instruction). ● Лексички (Lexical). ● Природен (Natural). ● Структурален (Structural). ● Невро-лингвистичко програмирање (Neuro- Linguistic Programming). ● Настава базирана на задача (Task-Based Language Teaching). ● Еклектичен (Eclectic). 2.2.3. Одговара на едноставни прашања поврзани со информации за себе и присвојност преку правилна примена на граматичките структури и основните реченични модели. 2.3.1. Одговара со невербален јазик на поставена слушната задача поврзана со броеви од 1 до 20. 2.3.2. Идентификува и разликува броеви од 1 до 20 по кус слушнат исказ. 2.3.3. Репродуцира и самостојно продуцира усвоени лексички единици поврзани со броеви од 1 до 20 во едноставни исказни реченици. 2.4.1. Одговара со невербален јазик на едноставни реченици со LET’S кои повикуваат на активност; 2.4.2. Идентификува и разликува глаголи кои укажуваат на активност; 2.4.3. Репродуцира и самостојно продуцира усвоени реченици со LET’S кои повикуваат на активност.
  • 10. 9 ● Аудио-лингвален (Audio- Lingual). ● Аудио-визуелен (Audio- Visual). ● Ситуациски (Situational Language Teaching). ● Сугестологија (Suggestopedia). ● Метод на целосен физички одговор (TPR). ● Директен (Direct). ТЕМА 3. ЈАС И ДРУГИТЕ ВО МОЈАТА НЕПОСРЕДНА ОКОЛИНА Ред. број Резултати од учење Содржини и поими Активности и пристапи/методи Стандарди на оценување 3 Ученикот/ученичката Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да: може да: 3.1. Разбере значење на слушнати лексички единици на теми поврзани со непосредната околина / животни и нивните малечки / прехранбени продукти (храна, пијалоци и оброци) / делови од телото, и истите да ги репродуцира; а) Јазични функции: Претставување на животни и нивните малечки: It is a cat. They are kittens. Опишување на животни: My rabbit is small. It is white. It has got a nose and ears. Опишување себеси: I have got small eyes. I have got long hair. Активности: ● Бура на идеи (brainstorming). ● Вежби за интонација, невербални елементи, итн. ● Слушање аудио / видеоснимки и говорот на наставникот. ● Именување по визуелни прикази (флеш карти, постер) или реалиа (realia). 3.1.1. Следи едноставни инструкции и соодветно реагира на истите; 3.1.2. Прикаже животни и нивните малечки / прехранбени продукти (храна, пијалоци и оброци) / делови од телото преку нивно цртање и правилно обојување, како и гласовно имитирање; 3.1.3. Репродуцира и самостојно продуцира усвоени лексички
  • 11. 10 3.2. 3.3. Даде опис на својата непосредна околина; Даде физички опис на себеси и различни животни; Искажување допаѓање / недопаѓање: I like ice-cream. I don't like milk. б) Лексички единици: Места: a market, a supermarket, the jungle, a zoo Животни и нивните малечки: cat/kitten, dog/puppy, hen/chicken, sheep/lamb, a snake, a spider, an elephant, a tiger, a crocodile, a frog Прехранбени продукти (храна, пијалоци и оброци): eggs, meat, pizza, sandwich, pasta, apple, pear, banana, carrot, cheese, chocolate, tomato, potato, watermelon, water, milk, tea, breakfast, lunch, dinner, snack Делови од телото: head (eyes, ears, nose, hair, mouth), shoulders, arms, hands, fingers, legs, knees, feet, toes в) Граматички структури: Лични заменки: I, you, he, she, it, they Еднина и правилна множина (именки): banana/bananas, egg/eggs, finger/fingers - единствено неправилна множина кај foot/feet Описни придавки: It is a big apple. / She is a good friend. / I have ten small chickens. ● Конкретно (не)вербално посочување на лица и предмети. ● Слушање искази и реагирање на нив со гестови и цртежи. ● Игри на меморија (memory games). ● Игри на асоцијации (association games). ● Игри со погодување (guessing games). ● Игри како: Bingo, Simon says, Hot potato, Musical chairs, Treasure Hunt, What’s in the box? ● Репродуцирање на слушната лексичка единица (drills). ● Одговарање на прашања од типот точно / неточно или отворени прашања. ● Вежби со користење пантомима. ● Драмска импровизација, куклена театарска претстава. ● Nursery rhymes, песнички со повторливи зборови (chants) и песнички, како: Old MacDonald Had a Farm; Mary Had a Little Lamb; The Animals on the Farm; Three Little Kittens; Head, Shoulders, Knees and Toes; Clap Your Hands; Rainbow единици на теми поврзани со животни и нивните малечки / прехранбени продукти (храна, пијалоци и оброци) / делови од телото. 3.2.1. Ја опише својата непосредна околина со усвоените лексички единици и основните реченични модели; 3.2.2. Зема учество во кус дијалог на теми поврзани со својата непосредна околина под услов другото лице да зборува бавно и јасно, со прилагодено темпо соодветно на возраста на учениците; 3.2.3. Одговара на едноставни прашања на теми поврзани со својата непосредна околина преку правилна примена на граматичките структури и основните реченични модели. 3.3.1. Се опише физички себеси и различните животни со примена на усвоените лексички единици и основните реченични модели; 3.3.2. Зема учество во кус дијалог на теми поврзани со себеси и различните животни (физички опис) под услов другото лице да
  • 12. 11 3.4. Употребува соодветни форми за искажување допаѓање / недопаѓање во однос на одредени прехранбени продукти. Придавки (бои): orange, pink, grey, purple Глаголи: eat, like/don`t like, look Present Simple tense of TO BE: I am / You are / She is / He is / It is / They are Present Simple tense of TO HAVE / HAVE GOT: I have got 2 kittens. She has got short hair. Едноставни исказни реченици: I have a cat. It is big. My cat is black and white. / Look, it’s a green banana! г) Интеркултурни содржини и медиумска писменост: Valentine’s Day: hugs and kisses, flowers, heart, party, Cupid I love you! Easter: a basket, hunt, chick, lamb, tulips Happy Easter! Colors Song; Apples and Bananas; In the Jungle (Lion King). ● Боење. ● Изработки: 3Д моделирање (пластелин, глина), отпечаток од раце, шаблони од сунѓер (crafts). Пристапи/методи: ● Учење во заедница (Community Language Learning). ● Комуникативен (Communicative). ● Настава базирана на содржина (Content-Based Instruction). ● Лексички (Lexical). ● Природен (Natural). ● Структурален (Structural). ● Невро-лингвистичко програмирање (Neuro- Linguistic Programming). ● Настава базирана на задача (Task-Based Language Teaching). ● Еклектичен (Eclectic). ● Аудио-лингвален (Audio- Lingual). ● Аудио-визуелен (Audio- Visual). ● Ситуациски (Situational Language Teaching). ● Сугестологија (Suggestopedia). зборува бавно и јасно, со прилагодено темпо соодветно на возраста на учениците; 3.3.3. Одговара на едноставни прашања на теми поврзани со себеси и различните животни (физички опис) преку правилна примена на граматичките структури и основните реченични модели. 3.4.1. Одговара со невербален јазик на едноставни прашања поврзани со своето мислење (допаѓање/недопаѓање) кон одредени прехранбени продукти; 3.4.2. Зема учество во кус дијалог поврзан со своето мислење (допаѓање/недопаѓање) кон одредени прехранбени продукти под услов другото лице да зборува бавно и јасно, со прилагодено темпо соодветно на возраста на учениците; 3.4.3. Одговара на едноставни прашања поврзани со своето мислење (допаѓање/недопаѓање) кон одредени прехранбени продукти преку правилна примена на граматичките структури и основните реченични модели.
  • 13. 12 ● Метод на целосен физички одговор (TPR). ● Директен (Direct). ТЕМА 4. ЈАС И ДРУГИТЕ ВО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ Ред. број Резултати од учење Содржини и поими Активности и пристапи/методи Стандарди на оценување 4 Ученикот/ученичката Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да: може да: 4.1. 4.2. Разбере значење на слушнати лексички единици на теми поврзани со слободното време и истите да ги репродуцира; Се извини, замоли, се заблагодари и побара нешто на учтив начин; а) Јазични функции: Учтиво изразување (извинување, замолување, заблагодарување, барање со CAN): Please. I’m sorry. Thank you. Can I play with your car? Can I have a pen, please? Изразување способност со CAN: I can swim. б) Лексички единици: Годишни времиња (одмори): spring, summer, autumn, winter, holidays Денови во седмицата: Monday, Tuesday, Wednesday, weekend Делови од денот: day, night, morning, afternoon, evening Временски услови (придавки): sunny, rainy, snowy, cloudy Активности: ● Бура на идеи (brainstorming). ● Вежби за интонација, невербални елементи, итн. ● Слушање аудио / видеоснимки и говорот на наставникот. ● Именување по визуелни прикази (флеш карти, постер) или реалиа (realia). ● Конкретно (не)вербално посочување на лица и предмети. ● Слушање искази и реагирање на нив со гестови и цртежи. ● Игри на меморија (memory games). ● Игри на асоцијации (association games). 4.1.1. Следи едноставни куси инструкции и невербално реагира на истите; 4.1.2. Идентификува и разликува временски услови и изрази по кус слушнат исказ; 4.1.3. Репродуцира и самостојно продуцира усвоени лексички единици на теми поврзани со слободното време. 4.2.1. Репродуцира јазични форми на учтиво изразување; 4.2.2. Идентификува и разликува јазични форми на учтиво изразување преку слушнат контекст; 4.2.3. Зема учество во кус дијалог преку употреба на јазичните форми на учтиво изразување соодветни на контекстот под услов другото
  • 14. 13 4.3. 4.4. Изразува способност за одредена активност; Даде опис на своите активности во слободното време. Изрази: listen to music, read a book, catch a fish, watch TV, play ball в) Граматички структури: Лични заменки: I, you, it, they Придавки (бои): purple, grey Глаголи (активности): eat, sleep, draw, sing, play, run, listen, watch tv, camp, throw Present Simple tense of TO BE: Today is Monday. Present Simple tense (одредени глаголи): I eat ice-cream in summer. г) Интеркултурни содржини и медиумска писменост: Happy birthday! Best wishes (on your birthday)! Thank you for your help! Travel safe! ● Игри со погодување (guessing games). ● Игри како: Bingo, Simon says, Hot potato, Musical chairs, Treasure Hunt, What’s in the box? ● Репродуцирање на слушната лексичка единица (drills). ● Одговарање на прашања од типот точно / неточно или отворени прашања. ● Вежби со користење пантомима. ● Драмска импровизација, куклена театарска претстава. ● Nursery rhymes, песнички со повторливи зборови (chants) и песнички, како: We’re Going on a Bear Hunt; The Ants Go Marching; Row, Row, Row the Boat; Mr. Golden Sun; Twinkle Twinkle, Little Star. ● Боење. ● Изработки: 3Д моделирање (пластелин, глина), отпечаток од раце, шаблони од сунѓер (crafts). Пристапи/методи: лице да зборува бавно и јасно, со прилагодено темпо соодветно на возраста на учениците. 4.3.1. Одговара со невербален јазик на реченици кои изразуваат способност за одредена активност; 4.3.2. Репродуцира и самостојно продуцира јазични форми на изразување способност за одредена активност; 4.3.3. Зема учество во кус дијалог поврзан со изразување способност за одредена активност, правилно применувајќи ги граматичките структури, под услов другото лице да зборува бавно и јасно, со прилагодено темпо соодветно на возраста на учениците. 4.4.1. Опише активности кои ги изведува во своето слободно време со усвоените лексички единици и основните реченични модели; 4.4.2. Зема учество во кус дијалог на теми поврзани со
  • 15. 14 ● Учење во заедница (Community Language Learning). ● Комуникативен (Communicative). ● Настава базирана на содржина (Content-Based Instruction). ● Лексички (Lexical). ● Природен (Natural). ● Структурален (Structural). ● Невро-лингвистичко програмирање (Neuro- Linguistic Programming). ● Настава базирана на задача (Task-Based Language Teaching). ● Еклектичен (Eclectic). ● Аудио-лингвален (Audio- Lingual). ● Аудио-визуелен (Audio- Visual). ● Ситуациски (Situational Language Teaching). ● Сугестологија (Suggestopedia). ● Метод на целосен физички одговор (TPR). ● Директен (Direct). активности во своето слободно време под услов другото лице да зборува бавно и јасно, со прилагодено темпо соодветно на возраста на учениците; 4.4.3. Одговара на едноставни прашања поврзани со активности во своето слободно време преку правилна примена на граматичките структури и основните реченични модели.
  • 16. 15 Оценување на постигањата на учениците Постигањата на учениците редовно се следат и соодветно се вреднуваат, а и се прибираат показатели во текот на целиот наставен процес за нивната континуирана активност, мотивираност за учење, соработка со соучениците при работа во пар или помала група, и редовност во извршувањето на зададената домашна работа. Оттука, наставникот во една кохезивна рамка систематски го следи напредокот на секој ученик и неговото постигнување, т.е. врши формативно оценување. Ваквото оценување континуирано им дава на наставникот и на учениците персонализирани информации за тоа до каде се во циклусот поучување-учење. Секоја активност на часот при која учениците ја искажуваат јазичната активност, било на рецептивно, репродуктивно или продуктивно ниво, дава можност за воочување на нивниот напредок и соодветно евалуирање. Значи, евалуацијата се врши како интегрален дел на секој наставен час, а не како независен и изолиран чин. Важно е да се спомене автентичното евалуирање, односно природно евалуирање, кое се одвива во реалниот свет или симулира некоја ситуација позната за учениците, со постапки кои драстично не се разликуваат од вообичаените активности на часот, наместо да се создава вештачка средина за евалуирање на нивното познавање на јазикот. Се поддржува развојот на секој ученик засебно, сосредочен на детската љубопитност, вештини, интереси и искуства. Во процесот на оценување наставникот треба особено да ги земе предвид силните страни на ученикот, односно што тој знае, и неговите индивидуални потреби и интереси, па врз основа на тој збир информации да се опише напредокот на ученикот. Клучно е секој напредок, макар и мал, да се награди соодветно бидејќи на учениците од оваа возраст им е потребна повратна информација за постигнатиот успех, што може да биде усна пофалба или позитивна реакција изразена преку насмевка од страна на наставникот, стикер во тетратка, и слично. Особено внимание треба да се обрне на учениците со посебни образовни потреби, како и за талентираните ученици, за кои наставникот треба да изработи ИОП (Индивидуален Образовен План) за секој ученик, земајќи ги предвид неговите/нејзините способности.
  • 17. 16 Вреднувањето на учениците во второ одделение ќе се врши описно при што наставникот има обврска континуирано да го следи напредокот на учениците. Пожелно е да се воведе Европско јазично портфолио, кое освен на учениците, ќе им овозможи увид и на родителите во напредокот на нивните деца во поглед на учење на јазикот. Дидактички препораки Со наставниот план за предметот англиски јазик во второ одделение е предвидено по 2 часа неделно, односно 72 часа годишно. Во планирањето на содржините за второ одделение земени се предвид содржините во наставните програми по другите предмети кои се изучуваат во второ одделение, односно почитуван е принципот на меѓупредметно поврзување по однос на целите и содржините, со акцент на интегрирано поврзување со содржините од мајчиниот јазик. При изборот на активностите треба да се води сметка за диференцијацијата и разновидноста на истите кои би соодејствувале согласно можностите и способностите на учениците. Значи, при планирањето на часот, треба да се земат предвид различните потреби на учениците и нивните стилови на учење, на секој ученик индивидуално (диверсификација) со цел секој ученик во целост да ги оствари своите потенцијали. Наставата по англиски јазик за учениците на оваа возраст се заснова на мултисензорно (визуелно, аудитивно, тактилно, и др.) и холистичко учење кое ги опфаќа когнитивните, афективните и моторните аспекти на учениците, односно наставникот ги интегрира различните компоненти со што јазикот се учи на функционален начин. Согласно горенаведеното, во наставата по англиски како странски јазик не може да се издвојат, односно не може да се планира бројот на часови по одделни компоненти заради интегрираниот пристап. Важно е да се напомене дека изучувањето на англискиот јазик не се темели на посебно изучување на дадени јазични елементи, како што се лексиката, граматиката и јазичните функции, туку потребно е избалансирано и интегрирано изучување на овие елементи во контекст. Особено граматиката не треба да се изучува со меморирање на правилата и дефинициите за употреба, туку контекстуално (со примери), за да се сфати значењето и автентичната примена во јазикот. Нивоата на изучувањето на странскиот јазик се темелат на компетенциите од Заедничката европска референтна рамка за јазици.3 3 Како ориентација во однос на рамништата на јазчни компетенции кои учениците би требало да ги постигнат на крајот на поедини воспитно-образовни периоди на основното образование, земени се предвид насоките од Заедничката европска референтна рамка за јазиците во која се разликуваат вкупно шест рамништа на комуникативно користење на странскиот јазик: Во подрачјето на елементарно рамниште тоа се рамништата А1 (подготвително рамниште/Breakthrough) и А2 (темелно рамниште/Waystage), во подрачјето на самостојно користење на јазикот - рамништата B1 (преодно рамниште/Threshold) и B2 (самостојно рамниште/Vantage) и во подрачјето на компетентно користење на јазикот рамниште C1 (напредно рамниште/Effective Operational Proficiency) и C2 (највисоко рамниште/Mastery).
  • 18. 17 Тежиштето на работата на часовите по англиски јазик во второ одделение е на усното искажување кое се поврзува со дадена ситуација во училницата, преку игри, драматизација, песни или движења со поттикнување на фантазијата и на креативноста на ученикот. Генерално, учениците ги усвојуваат содржините механички (со репродукција), но важно е да се провери правилното разбирање на значењето на пораката, вклучувајќи ги тука и културолошките елементи (мултикултурализам). Тие можат да стапат во интеракција на едноставен начин, но комуникацијата е сосема зависна од повторување, изменување и корекција на искажаното. Учениците се воведуваат во јазикот, па фокусот е ставен на вештините слушање и говорење со разбирање. Треба да се даде доволно време додека секој ученик се ослободи и почне да зборува. Периодот на продукција на јазикот не треба да се форсира, туку треба да биде поддржан со поголема изложеност на јазикот. Наставниците треба да ги воведат учениците во содржинските концепти, односно полека да почнат да ги изложуваат на места во нивната непосредна околина, како и на разни медиуми на комуникација (уметност, драма, литература, музика). Сето ова треба да го направат преку активности кои се соодветни за хронолошката возраст на учениците, како и за нивниот когнитивен развој, т.е. активности со кои би се задржало вниманието на учениците. Исто така, учениците треба редовно да ја извршуваат зададената домашна работа. Литература и други извори - Одобрен прирачник/учебнички комплет од министерот за образование и наука; - Пакет прирачен материјал за наставникот (флеш карти, постери и друго); - ЦД, ДВД; - Други практични извори на учење во непосредна околина – предмети, нагледни средства, во просторијата каде се изучува англискиот јазик (пластелин, глина, хартија во боја, колаж, шаблони, отпечатоци); - ЛЦД проектор; - Интерактивна табла; - Интернет, образовни софтвери, веб страници и апликации; на пример: Scratch (https://scratch.mit.edu/), Prezi (https://prezi.com/presentation-template/), SurveyMonkey (https://www.surveymonkey.com/), Edmodo (https://new.edmodo.com/?go2url=%2Fhome), Quizstar (http://quizstar.4teachers.org/indexi.jsp), и др. - Речници, списанија, весници за наставникот и учениците. Почеток на имплементација на наставната програма Учебна 2020/2021 година Во условите на учење на англискиот јазик во Република Северна Македонија учениците после првите три години на учење на англиски јазик (I-III одделение) можат делумно да го постигнат рамништето А1 (подготвително рамниште), после следните три години на учење на англискиот јазик (IV-VI одделение) можат целосно да го постигнат рамништето A1 (подготвително рамниште) и можат делумно да го постигнат рамништето A2 (темелно рамниште), a после 9 години на учење (по завршувањето на IX одделение) можат целосно да го постигнат рамништето A2 (темелно рамниште). Постигнувањето на компетенциите согласно наведените нивоа ќе бидат прикажани преку очекуваните резултати во програмата за деветто одделение.
  • 19. 18 Институција/ носител на програмата Биро за развој на образованието (БРО) Потпис и датум на донесување на наставната програма бр. 12-1750/2 30.1.2020 година МИНИСТЕР, Dr. Arbёr Ademi