3. МАТИЧНА ПЛОЧА
Главниот дел во куќиштето е матичната плоча –
mother board - (плоча мајка).
Сите делови на компјутерот се поврзани со
матичната плоча – како деца со мајка.
6. Карактеристики на секој процесор се:
•Производител
•Модел
•Брзина на работа
На пример:
производител модел Брзина
Intel Core 2Duo 2GHz
AMD Athlon™64 X2 Dual-Core 2.2 GHz
Брзината на работа на процесорот се
изразува во единица мерка Гига Херц (GHz).
7. ROM меморија
ROM е меморија во која фабрички се запишани
инструкции за работа на компјутерот.
Тие се читаат први, веднаш по вклучувањето на
компјутерот.
8. ROM меморијата го „буди“ компјутерот и
контролира дали сите хардверски и софтверски
делови се присутни, исправни и подготвени за
работа.
Ако не е се во ред, ROM меморијата му испраќа на
корисникот на екранот текстуални пораки или
звучни предупредувања за проблемот.
На пример, компјутерот не може да работи ако не се
приклучени правилно тастатурата и глувчето.
9. RAM меморија
RAM е работна меморија затоа што во неа се
сместуваат оние програми и податоци со кои во
моментот се работи на компјутерот.
Од големината на RAM меморијата зависи:
• брзината на работа со програмите
•бројот и големината на програмите со кои во
исто време може да се работи на компјутерот.
Кога ќе се исклучи компјутерот од струја РАМ
меморијата се брише.
Таа е меморија за привремено чување на
податоците.
10. ХАРД ДИСК
•Хард дискот е мемориски уред.
•Поставен е во куќиштето
•Служи за трајно чување на програмите и
податоците со кои се работи на компјутерот.
•Податоците и програмите сместени на хард дискот
не се бришат по исклучување на компјутерот од
струја.
11. Хард дискот, RAM меморијата и процесорот
меѓусебе си разменуваат податоци.
12. ЕЛЕКТРОНСКИ КАРТИЦИ
Картици се електронски уреди преку кои некои
периферни уреди (монитор, звучници и др.) се
поврзуваат со матичната плоча.
Видови електронски картици:
• Видео картица,
• звучна картица
• мрежна картица и др.
13. ИЗВОР ЗА НАПОЈУВАЊЕ СО ЕЛ. ЕНЕРГИЈА
Секој компјутер за да работи мора да има уред за
работа со електрична енергија.
До изворот за напојување има вентилатор кој гo
разладува за да не се прегреe.