SlideShare une entreprise Scribd logo
1  sur  21
Télécharger pour lire hors ligne
ГОДИШЕН
ИЗВЕШТАЈ
2021
MAKEDONSKI
CENTAR ZA
ME|UNARODNA
SORABOTKA
Никола Парапунов 41а
п. фах 55, 1060 Скопје
Тел.: 02/3065-381
факс: 02/3065-298
mcms@mcms.mk
www.mcms.mk
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 2
ВИЗИЈА И МИСИЈА
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на
граѓанското општество што верува во мир, хармонија и просперитет на луѓето
во Македонија, на Балканот и глобално.
МЦМС ја заснова визијата на универзалните принципи на граѓанското
општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамномерен
и одржлив социоекономски развој, ненасилство, почит и меѓузависност и
културна разноличност.
Мисијата на МЦМС е да предводи промени со нови и алтернативни решенија
на општествените проблеми, кои влијаат на другите актери и кои се вклучуваат
во главните текови.
ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ
» Вкоренето и влијателно граѓанско општество
» Добро владеење и борба против корупцијата;
» Социјална инклузија и кохезија;
» Поддржан процес на евроинтеграција;
» Подготвеност за миграциски предизвици;
» МЦМС, независна и организација со кредибилитет – тивок но видлив
поврзувач;
» МЦМС, атрактивна и иновативна организација.
АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ
МЦМС активностите ги остварува преку:
» Застапување (информирање, градење свест, едукација, креирање и
влијание на политики, следење и барање одговорност);
» Развојна поддршка (капацитети и инфраструктура);
» Социјално- хуманитарна поддршка.
Организациските методи се раководење и спроведување.
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА
СОРАБОТКА
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021
3
МЦМС продолжи да функционира и да се соочува со
светскиот предизвик, пандемијата предизвикана од
Ковид-19. На крајот на годината, покрај здравствената и
константната политичка криза, почна да се навестува и
новата криза поврзана со енергијата.
Во такви услови, МЦМС спроведуваше вкупно 37 проекти
со буџет од околу 125 милиони денари.
Во „Цивика мобилитас“ се спроведуваа 94 грантови.
Граѓанските организации се прилагодија на новото време
па дел од настаните се одржуваа онлајн, комбинирано или
хибридно и во живо. Темите на настаните беа диктирани
од плановите за годината но, и од актуелните случувања
како што беше пописот на населението, новата локална
власт и 30-годишнината од независноста на државата.
Направена е првата Процена на корисниците и новиот
Индекс на граѓанското општество. Издадени се и четири
броја од списанието Граѓаните за промени. Граѓанскиот
ресурсен центар одржа пет обуки и работилници за 70
претставници на граѓански организации за програмата
за градење капацитети заврши со Квиз на знаење. Се
одржаа три онлајн настани за околу 420 претставници на ГО. Канцеларијата за поддршка
одговори на154 барања од граѓански организации или од граѓани, а беа одржани вкупно126
настани на други организации во просториите на ресурсните центри или преку Зум што го
обезбеди ГРЦ. Преку активностите на програмата Одржливо граѓанско општество-Државно
финансирање за ГО продолжи следењето на државните финансии за граѓански организации.
Главните активности сепак беа насочени кон саморегулацијата. Подготвен е Кодекс на ГО кој
до крајот на годината го потпишаа 61 организација. МЦМС го подготви осмиот Извештај за
овозможувачката околина за развој на граѓанското општество.
Партнерите од програмата Регионална мрежа за антикорупција беа активни во
застапување на политики и промени во нивните држави. Подготвени се 22 новинарски
стории за справување со корупција. Се одржа годишниот Анти-корупциски форум на кој
беше презентиран Регионалниот извештај за анти-корупција – Западен Балкан 2020:
Ризици од заробена држава и реформи на политиките пред околу 150 учесници. Објавен е и
Националниот извештај за проценка на корупција и издадени се четири броја на е-Билтенот
на СЕЛДИ.
Започна програмата Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во
заедницата. Одржани се пет обуки и работилници за 81 претставник на засегнати страни,
а спроведени се и осум фокус групи со 39 учесници и една анкета. Податоците се дел од
посебна Основна студија.
Како дел од Мали развојни иницијативи (МРИ), заедно со Комисијата за спречување
и заштита од дискриминација направена е мини кампања наречена „Фудбалот против
дискриминацијата“ која, покрај другото овозможи да се подобри видливоста на Комисијата.
Во проектот ЕУро Фокус, актуелните теми поврзани со евроинтеграциите на Македонија
беа анализирани и дискутирани во 3 телевизиски емисии, поткрепени со една телефонска
анкета. Се одржа конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во
процесот на интеграции во ЕУ“.
Александар Кржаловски
Директор
ПОРАКА ОД РАКОВОДСТВОТО
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 4
ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА
ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО
„ЦИВИКА МОБИЛИТАС“
ВКОРЕНЕТО
И
ВЛИЈАТЕЛНО
ГРАЃАНСКО
ОПШТЕСТВО
ЦЕЛ: Постигнување општествени промени во Македонија кои се поттикнати
од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите,
што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно
управување на централно и на локално ниво.
94 АКТИВНИ
ГРАНТОВИ
160 УЧЕСНИЦИ
НА 9 ОБУКИ И
РАБОТИЛНИЦИ
4 НАСТАНИ ЗА НАД 850
УЧЕСНИЦИ И ОКОЛУ
56.000 ТЕЛЕВИЗИСКИ
ГЛЕДАЧИ
ОБЈАВЕНИ НАД 580
ИНФОРМАЦИИ НА
ПРОГРАМАТА И
ГРАНТИСТИТЕ
12 ГРАНТИСТИ
ЈА ЗАВРШИЈА
ПРОГРАМАТА ЗА
МЕНТОРИРАЊЕ
ПОДГОТВЕНИ ПРВАТА
ПРОЦЕНКА НА
КОРИСНИЦИТЕ И ИГО
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021
5
Цивика мобилитас го актуелизираше прашањето на регионалните депонии за отпад на
Националниот форум што се одржа на крајот од јуни 2021 година во Скопје.
„Експертите предлагаат и креираат решенија кои се безбедни за сите. Од друга страна,
граѓаните и граѓанските организации треба да бидат вклучени во процесот на планирање и
имплементација, за да бидат сигурни дека надлежните институции ќе управуваат со отпадот
на правилен начин“, рече на отворањето на Форумот НЕ Амбасадорката на Швајцарија, Сибил
Сутер Техада.
Претставниците на граѓанските организации дебатираа со панелистите, градоначалниците
на Куманово и Гостивар, Максим Димитриевски и Арбен Таравари како и со Ана Мазнева-
Каранфилова од Министерството за животна средина и просторно планирање. Тие
апелираа на континуитет во стратегиите за управување со цврст отпад, на соработката меѓу
институциите, општините и граѓанскиот сектор за јакнење на инспекцискиот надзор во оваа
област, и на едукација на населението за придобивките од регионалните депонии.
За Мазнева-Каранфилова граѓанските организации се клучни за подигање на јавната
свест за ова прашање. „Тие се најкомпетентни за ова прашање и можат да работат многу
со граѓаните“, рече таа. Градоначалниците се осврнаа на цените на услугите односно на тоа
колку тие се реални и на локациите за регионални депонии.
Учесниците инсистираа на граѓанска контрола во инспекцискиот надзор и предложија
воспоставување комунална полиција и измени во Законот за отпад.
За прв пат пред јавноста беше презентирана бизнис идејата на Зока енерџи солушн која се
однесува на менаџирање со отпад и производство на енергија од него. Проектот предвидува
собирање на отпад од 74% од територијата на државата и 48% од населението, што ќе доведе
до затварање на сите депонии. Лазе Филипов, претставникот на компанијата истакна дека во
Македонија има три пати повеќе депонии од бројот на населени места и нивното решение
веќе функционира во повеќе европски градови. Презентација новите модели на селекција на
отпад имаа и претставници на Пакомак.
ВО ЗЕМЈАВА ИМА ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ
ДЕПОНИИ ОД НАСЕЛЕНИ МЕСТА
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 6
НАЦИОНАЛЕН РЕСУРСЕН ЦЕНТАР НА
ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
ВКОРЕНЕТО
И
ВЛИЈАТЕЛНО
ГРАЃАНСКО
ОПШТЕСТВО
ЦЕЛ:Обезбедениуслугизаградењенакапацитетинаграѓанскиорганизации,
за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери и придонес кон
опкружување кое е поволно за граѓанското општество.
3 НАСТАНИ ЗА НАД
420 УЧЕСНИЦИ
70 УЧЕСНИЦИ
НА 5 ОБУКИ И
РАБОТИЛНИЦИ
2 КОНСУЛТАТИВНИ
СРЕДБИ СО ГО НА
БАРАЊЕ НА ДЕУ
213 РЕЛЕВАНТНИ
ИНФОРМАЦИИ
СПОДЕЛЕНИ СО ГО
154 БАРАЊА ОД ГО И
ГРАЃАНИ ОДГОВОРЕНИ
ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА
ПОДДРШКА
12 ПРЕГЛЕДИ ЗА
ФИНАНСИСКИ
МОЖНОСТИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021
7
Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) ја затвори својата програма за градење капацитети со
квиз на знаење во чие спроведување се вклучија 50 граѓански организации.
„Имаме импресивни бројки на граѓански активисти кои беа дел од нашите обуки“, вели
Валентина Величковска, координаторка на ресурсните центри. „Од февруари 2018 година,
своите знаења и вештини на различни теми ги подобрија повеќе од 450 претставници на
граѓанските организации. Сметавме дека квизот е забавен, а сепак продуктивен начин да се
проверат и обноват тие знаења и да се нагласат постигнувањата во оваа област“, додава таа.
Центарот за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“ од Кочани
победи во финалето од Квизот на знаење кое се одржа на 25 август 2021г. во хотел Белви
во Скопје. Здружението ја освои главната награда, финансиска поддршка од 2.000 евра за
спроведување на проектната идеја за организациски развој со која се пријавија на квизот.
„Победата е уште една потврда за знаењето со кое располага нашата организација на теми
какоразвивањепроектнаидеаиподготвувањепроектнаапликација,мобилизирањересурси,
добро управување итн. Наградата што ја освоивме ќе ја искористиме за организациски развој
и надоградување на нашите капацитети“, вели Мустафа Саидов од „Светла иднина“.
Второто место му припадна на здружението на граѓани „АГОРА Центар за промовирање
на граѓански вредности“ – Скопје, а третата позиција ја освои тимот на Асоцијацијата на
советници за развој на кариера – АСК, исто така од Скопје. Двете организации добија грант
од по 1.000 евра за организациски развој.
Натпреварувачите изразија задоволство од можноста на овој начин да го покажат знаењето,
но и да си го потврдат. Тие истакнаа дека покрај тоа што им било многу интересно, во целиот
процес научиле многу нови работи.
Во финалето на Квизот на ГРЦ се пласираа најдобрите 11 организации од прелиминарната
фаза. Вкупно 20 финалисти одговараа на прашања на теми поврзани со одржливо, ефективно
и отчетно работење на граѓанските организации.
ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊАТА НА
ГРАЃАНСКИТЕ АКТИВИСТИ
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 8
ОДРЖЛИВО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО-
ДРЖАВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА
ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
ВКОРЕНЕТО
И
ВЛИЈАТЕЛНО
ГРАЃАНСКО
ОПШТЕСТВО
ЦЕЛ: Ефективни, транспарентни и отчетни граѓански организации кои
делуваат во поддржувачка финансиска околина.
ПОДГОТВЕН КОДЕКС
НА ГО
61 ГРАЃАНСКА
ОРГАНИЗАЦИЈА ГО
ПОТПИША КОДЕКСОТ
84 УЧЕСНИЦИ НА 3
РАБОТИЛНИЦИ
1 ИЗВЕШТАЈ -
ФИНАНСИРАЊЕ НА
ГО ВО ВРЕМЕ НА
КОВИД-19...
5 МРЕЖИ ГИ ЗАЈАКНАА
КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА
ТРАНСПАРЕНТНО И
ОТЧЕТНО РАБОТЕЊЕ
2 ОБЈАВЕНИ
ИНФОГРАФИЦИ
ЗА ДРЖАВНОТО
ФИНАНСИРАЊЕ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021
9
Во текот на 2021 година МЦМС заедно со 50 други организации го иницираше, подготви и
потпиша Кодексот за граѓански организации. „Особено сме горди што на 30-годишнината
на граѓанскиот активизам во Македонија се создаде критична маса на организации кои
заеднички и самостојно воспоставија повисоки стандарди во работата“, рече Александра
Савевска, координаторка на Програмата.
Кодексот е алатка со која граѓанскиот сектор самиот се издигна и покажа дека јавниот интерес
и особено интересите на граѓаните лежат во основата на постоењето на секоја организација.
Потписничките очекуваат дека почитувањето и применувањето на овој Кодекс ќе влијаат
позитивно на градењето на доверба помеѓу нив и граѓаните. Практикувањето поширока
отчетностзаработатаевоцентаротнаосумтеаспиративнизаложбии44конкретнистандарди
и принципи по кои организациите ќе се водат во иднина.
Граѓанските организации се согласуваат дека нивниот легитимитет произлегува од
квалитетот на работата и од дадената поддршка од луѓето со и за кои работат, од членовите,
донаторите, пошироката јавност, државните и меѓународните институции. Затоа, императив
е ГО да покажат дека можат и умеат да воспостават систем на саморегулација преку кој ќе
обезбедат работа базирана на добро управување, отчетност, транспарентност и ефикасност.
Од друга страна, овој Кодекс ќе биде и движечка сила за развој на целокупното општество
преку работа која е базирана на почитување на човековите права, залагање за поголема
транспарентност и отчетност за сите институции и поддржување на демократските процеси
генерално.
На крајот на 2021 година, 61 граѓанска организација го потпиша Кодексот. Тие се различни
региони на земјата, делуваат во различни области и еко-средини, а работат за постигнување
позитивни влијанија во македонското општество. Кодексот е доброволен, а секоја граѓанска
организација која ќе му пристапи презема одговорност за почитување и практикување на
заложбите, вредностите и стандардите утврдени во него.
КОДЕКС НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 10
РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА АНТИКОРУПЦИЈА
ДОБРО
ВЛАДЕЕЊЕ
И
БОРБА
ПРОТИВ
КОРУПЦИЈА
ЦЕЛ: Да ги прошири и продлабочи антикорупциските дејствија од законска
постапка кон по основано економско делување, како што се решавањето
на врската меѓу корупцијата и скриената економија и корупцијата и
организираниот криминал.
ОБЈАВЕН
РЕГИОНАЛНИОТ
ИЗВЕШТАЈ ЗА АНТИ-
КОРУПЦИЈА
1 АНТИКОРУПЦИСКИ
ФОРУМ ЗА 150
УЧЕСНИЦИ
ОБЈАВЕН НАЦИОНАЛЕН
ИЗВЕШТАЈ ЗА
ПРОЦЕНКА НА
КОРУПЦИЈАТА
22 НОВИНАРСКИ
СТОРИИ ЗА
СПРАВУВАЊЕ СО
КОРУПЦИЈА
4 ИЗДАНИЈА НА
Е-БИЛТЕНОТ НА СЕЛДИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021
11
Годишниот анти-корупциски форум на најголемата антикорупциска мрежа во Југоисточна
Европа СЕЛДИ ја отвори дискусијата за анти-корупциската агенда на земјите од Западен
Балкан за следната деценија. Претставници од мрежата СЕЛДИ го презентираа најновиот
Регионален извештај за анти-корупција – Западен Балкан 2020: Ризици од заробена држава
и реформи на политиките.
Според Извештајот, притисокот за заробеност на државите во регионот останува на високо
ниво. Во секоја од земјите има критични нарушувања во функционирањето на демократските
и економските контроли и рамнотежa. Степенот до кој се толерира корупцијата во јавноста
е важен показател за интегритетот на јавните функции. Системот за следење на корупцијата
на СЕЛДИ, кој мери поситни форми на корупција (мито), покажува дека прифатливоста
на корупцијата останува релативно висока во Западен Балкан. Највисока е во Босна и
Херцеговина, Северна Македонија и Косово.
Заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив
развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, посочи дека пристапот на владата се потпира
на дигитализација на јавните услуги и регистри, со што ќе се отстрани било какво субјективно
влијание во административните постапки.
Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија и Џулио Венери
одГенералниотдиректоратнаЕвропскатакомисијазасоседствоипреговоризапроширување
(ДГ НЕАР) ја потенцираа и потребата од демонстрирање на политичка волја за видливи
реформи во земјите од Западен Балкан. Тие истакнаа дека спроведувањето на одобрениот
Економски и инвестициски план за Западен Балкан оди рака под рака со заложбите за
справување со измамите, корупцијата, перењето пари и злоупотребата на службена должност
со ефективни, убедливи и санкции пропорционални на кривичните дела.
Панелистите се согласија дека справувањето со корупцијата е комплексно прашање кое може
да трае со децении. Земјите не треба да го губат мотивот за реформи, ниту да потклекнат под
економските или политичките влијанија на претставници на полу-авторитарните режими.
АНТИКОРУПЦИСКИ РЕФОРМИ ВО
ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН: ПОГЛЕД
НАНАЗАД ЗА СЛЕДНАТА ДЕКАДА
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 12
ПАТ КОН ОТПОРНОСТ И РЕИНТЕГРАЦИЈА
НА РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО
ЗАЕДНИЦАТА
СОЦИЈАЛНА
ИНКЛУЗИЈА
И
КОХЕЗИЈА
ЦЕЛ: Иницирање целовити пристапи за одржлива реинтеграција на
ранливите семејства (вклучувајќи ги и оние со повратници) во Северна
Македонија.
8 ФОКУС ГРУПИ СО 39
УЧЕСНИЦИ
5 ОБУКИ И
РАБОТИЛНИЦИ ЗА
81 ПРЕТСТАВНИК НА
ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ
1 СПРОВЕДЕНА АНКЕТА
ПОДГОТВЕНА ОСНОВНА
СТУДИЈА
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021
13
Повратниците од странските боишта и нивните семејства, нивната ресоцијализација,
реинтеграција и рехабилитација се релативно нов феномен за македонското општество.
Затоа, МЦМС ги истражуваше перцепциите на граѓаните за нив. Со телефонска анкета
беа опфатени 800 граѓани од општините Арачиново, Бутел, Гази Баба, Куманово, Сарај,
Студеничани, Тетово и Чаир. Изборот е направен за потребите на програмата, односно, оние
кои се соочуваат подиректно со овој феномен. Истражувањето покажа дека мнозинство од
анкетираните граѓани од опфатените општини гледаат закана во повратниците од странските
боишта. Како општа закана ги гледаат 55% од испитаниците, а тој процент расте до 59% кога
е во прашање ширењето на радикална идеологија, а уште поголем е за негативното влијание
во заедницата и изнесува 63%.
Сепак,вопоширокатасликанапроблеми,граѓанитепредностимдаваатнаегзистенцијалните
прашања,аекстремниоттероризамена12местоизанегосеизјаснилепод1%одиспитаниците.
Дури и кога е во прашање безбедноста на земјата, испитаниците прво помислуваат на
политичката нестабилност (48,7%).
Во светло на реинтеграцијата на овие луѓе, мнозинство анкетирани граѓани сметаат дека
треба да им се даде втора шанса (67,4%) и пристап до услугите што државата им ги дава
на ранливите категории граѓани (66,0%). Нивните семејства најмногу придонесуваат за
реинтеграцијата (64,9%). Веднаш по нив се Центрите за социјална работа, граѓанските
организации и верските заедници.
Некои од резултатите покажуваат дека заедницата има извесна отпорност кон феномените
насилен екстремизам и тероризам. Мнозинство од испитаниците би разговарале со свој/а
близок/ска за нивната намера да одат на странските боишта. На следното прашање, поголема
е подготвеноста за реакција. Малку над 10% нема да ја пријават оваа намера во било која од
институциите.
Примерокот е репрезентативен за општините опфатени со анкетата. Анкетирањето е
направено во периодот од 20 до 28 октомври 2021 година. Анкетата ја спроведе М-Проспект,
анонимно, според сите стандарди за доверливост и заштита на личните податоци.
ПЕРЦЕПЦИИ ЗА ПОВРАТНИЦИТЕ ОД
СТРАНСКИТЕ КОНФЛИКТИ
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 14
ЕУРО ФОКУС
ПОДДРЖАН
ПРОЦЕС
НА
ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
ЦЕЛ: Подобрување на активното учество на медиумите и граѓанските
организации во процесот на пристапување на земјата во Европската Унија.
3 ТЕЛЕВИЗИСКИ
ЕМИСИИ ЗА
ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
1 ИСТРАЖУВАЊЕ
1 ФАКТОГРАФ
1 КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА
80 УЧЕСНИЦИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021
15
„Многу е тешко да се прават реформи, многу е тешка битката за правда, борбата против
корупцијата и авторитарните тенденции ако нема слобода на медиумите“, рече Никола
Димитров, заменик претседател на Владата на РСМ задолжен за европски прашања во своето
обраќање на Конференцијата на тема „Улогата на медиумите и граѓанските организации
во процесот на интеграции во ЕУ“. Тој истакна дека граѓанскиот сектор „има исклучително
важна улога во демократизацијата на општеството и како извор на знаење и како контролор и
критичарнавласта“. Спореднего,реформитесезаграѓанитеисамиотпроцеснапристапување
е поважен од целта. „Ако утре станеме членка на ЕУ, работите нема значајно да се сменат.
Тие ќе се сменат ако нашето општество стане нормална европска демократија со независно
судство каде работата на медиумите ќе биде врвен приоритет каде правната држава ќе
овозможи економски развој и ќе резултира со просперитетна демократија“, истакна тој.
НЕ Дејвид Гир (HE David Geer), Амбасадорот на ЕУ во РСМ, истакна дека медиумите и
граѓанските организации треба да работат на поддршката од јавноста. „Ова е национален
проект, и сите треба да бидат ангажирани во него“, рече тој.
Амбасадорката на Шведска, НЕ Кристин Форсгрен Бенгтсон (Kristin Forsgren Bengts-
son), истакна дека здрава демократија има силно и живо граѓанско општество, независни
и слободни медиуми – „сите вие имате значајна улога во општеството во обезбедувањето
информации базирани на факти, анализи и објективно известување, охрабрување на јавни
дебати и организирање дискусии со политичарите и институциите, подигање на свеста и
знаењето за ЕУ и пристапниот процес но исто и барање отчетност за работењето“, рече таа.
НаКонференцијатазборувааиШерифеИсмаилиКасапи,одКанцеларијатанаООНзапроектни
услуги (УНОПС) и Тања Мишчевиќ, заменик на Генералниот секретар на Регионалниот совет
за соработка. МЦМС и Телевизија Телма со ЕУро Фокус споделија квалитетни и корисни
содржини за процесот на евроинтеграции, отворија дебати за многу теми и ја јакнеа јавната
свест.
ЕВРОПСКАТА ПРИКАЗНА НА ЗЕМЈАТА Е
МОЖНА СО ПРИТИСОКОТ НА МЕДИУМИТЕ
И ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 16
ОДНОСИ СО АКТЕРИТЕ
ПРИСТАП КОН ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ
МЦМС подготви и поднесе пет концепти или пријави за проекти. До крајот на годината
одобрени се три и исто толку се одбиени. Одговор се чека за две пријави. Дел од пријавите
се поднесени во претходната година.
ВОЛОНТЕРСТВО
И покрај пандемијата предизвикана од Ковид-19, МЦМС прими четири писма за интерес од
страна на четири волонтери и одлучи двајца од нив да ги вклучи во своите активности во
периодот јули-септември. Една од нив беше ангажирана за дополнителни два месеци, а во
последниот месец од годината беше ангажирана и странска волонтерка која виртуелно се
вклучи во работата на организацијата и спроведување на дел од активностите.
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА
МЦМС редовно информира за своите активности преку повеќе информациски канали. Во
2021 година беа издадени12 броја на е-билтенот на МЦМС. Подготвен е и објавен Годишниот
извештај за работата во 2020 година, а веб-страната на МЦМС е целосно функционална и
постојано се ажурира.
Дел од содржините се публикуваат и на други социјални медиуми овозможувајќи на тој
начин што е можно поголема видливост на работењето на МЦМС. Во 2021 г. веб-страната
имала 33.857 посети во кои посетителите прегледале 74.980 статии.
МЦМС редовно комуницираше со медиумите преку прес соопштенија, директни контакти на
презентации и промоции. Контактите резултираа со 281 објава.
ПОДДРШКА – ОДРЖЛИВ МЦМС
ПАРТНЕРСТВА,
ОДНОСИ
СО
ЈАВНОСТ
И
ПОДДРШКА
Во2021година,соработкатасодомашнитеистранскитеграѓанскиорганизации,министерства
и државни институции беше реализирана во рамки на редовните програми на МЦМС, со
динамика се уште условена од пандемијата предизвикана од Ковид-19.
Претставници на МЦМС учествуваа на неколку консултативни сесии организирани од
Владата и министерствата, а претставници на Владата учествуваа на настаните на МЦМС.
Имаше соработката и со општините.
Соработниците учествуваа на настани во земјата, во регионот и пошироко. Најголем дел од
настаните, заради тековната здравствена криза, се одвиваа онлајн.
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021
17
ОРГАНИЗАЦИЈА
Советот на МЦМС одржа две седници на која беше усвоен Годишниот извештај за работата на
МЦМС за 2020 година со Финансиски извештај и Извештај од независниот ревизор, избран
новиот состав на Советот и избран новиот состав на Управниот одбор.
Управниот одбор одржа пет седници.
СОВЕТ НА МЦМС
» Благица Петрески (Фајнанс Тинк)
» Виктор Арнаудоски (ЗЕЛС)
» Герман Филков (ЦГК)
» Данела Арсовска (ССК)
» Дејан Страчковски (МПЦ)
» Драган Секуловски (ЗНМ)
» Елена Кочоска (Полио плус)
» Ирсал Јакупи (ИВЗ)
» Лулзим Хазири (АДИ)
» Марија Ацковски (Евангелско-
методистичка црква (ЕМЦ)
» Марко Трошановски (ИДСЦС)
» Назим Рашиди (Диверзити медиа)
» Никица Кусиникова (Конект)
» Никица Мојсоска Блажевски
(Македонија 2025)
» Самет Скендери (ИнСок)
» Сања Васиќ (Македонски институт за
медиуми )
» Сашо Клековски (приватен сектор)
» Тетјана Лазаревска (МРФП)
» Томе Христоски (општина Крушево)
УПРАВЕН ОДБОР
» Елена Кочовска, претседавач, Полио
плус – движење против хендикеп
» Назим Рашиди, заменик- претседавач,
уредник во Алсат М телевизија
и претседател на здружението
„Диверзити медиа“
» Самет Скендери, член на ХДЗР
„Месечина“- Гостивар
» Насер Селмани, поранешен
претседател на Здружение на
новинарите на Македонија
» Неда Милевска Костова, директор на
Институтот за социјални иновации од
Скопје и виш научен соработник
» Бобан Митевски, Македонска
православна црква
» Сања Васиќ, уредник во националната
телевизија Телма и дописник на Гласот
на Америка
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 18
ПЕРСОНАЛ – ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА
На крајот на 2021 г. во МЦМС работеа 23 соработници. Речиси половина од вработените
(10) имаат засновано работен однос на неопределено време. Во текот на 2021 година,
индивидуално или групно, соработниците посетиле 9 обуки од кои четири за групно и пет за
индивидуално усовршување.
ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ
» Директор
Александар Кржаловски
akr@mcms.mk
ГРУПА ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
» Валентина Атанасовска
vat@mcms.mk
» Јасмина Ристовска
jrs@mcms.mk
» Снежана Камиловска Трповска
skt@mcms.mk
» Александра Савевска
asv@mcms.mk
» Валентина Чичева
vch@mcms.mk
» Наташа Сердаревиќ
nsr@mcms.mk
» Дарко Димов
ddm@mcms.mk
» Јасмина Чаушоска
jch@mcms.mk
» Сара Мустафа
sms@mcms.mk
» Наташа Димова
niv@mcms.mk
» Фанија Ивановска
fiv@mcms.mk
» Александар Костадинов
(до септември)
» Јелмаз Дервиши
jdr@mcms.mk
» Кристина Весиќ
kvs@mcms.mk
» Блинера Реџепи
brd@mcms.mk
» Флоријан Мехмети
fmh@mcms.mk
ГРУПА ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ
» Горан Стаматоски
gst@mcms.mk
ГРУПА ЗА ИНФОРМАЦИИ
» Гонце Јаковлеска
gjk@mcms.mk
» Борис Ристовски
brs@mcms.mk
АДМИНИСТРАТИВНА ГРУПА
» Милка Божиновска Миова
mmv@mcms.mk
» Адис Рахиќ
arh@mcms.mk
» Борче Јакимовски
bjk@mcms.mk
» Данило Митов
dmv@mcms.mk
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021
19
НЕЗАВИСНО РЕВИЗОРСКО МИСЛЕЊЕ
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 20
ПРИХОДИ 2021 2020
ДОНАЦИИ И ГРАНТОВИ
Европска унија 19.759 10.617
Швајцарска агенц. за разв. и сораб. 80.226 77.512
Шведска агенција за меѓунар. развој 93 2.136
ГЦЕРФ 6.729 0
Тутунски компании 0 440
Други донатори 1.487 1.694
Вкупно донации и грантови 108.294 92.398
СОПСТВЕНИ ПРИХОДИ
Мак. развојна фонд. за претпријатија 1.947 1.674
НИРАС (Цивика мобилитас) 13.694 13.772
Други сопствени приходи 339 2.840
Вкупно сопствени приходи 15.980 18.287
Камати и позитивни курсни разлики 2.274 2.445
Вонредни приходи 1.846 2.053
ВКУПНО ПРИХОДИ 128.393 115.183
РАСХОДИ 2021 2020
ДОБРОТВОРНИ РАСХОДИ
Цивика мобилитас (ПЦМ) 77.689 68.895
Национален ресурсен центар (НРЦ) 1.499 5.059
Државно финансирање на ГО (ДФГ) 505 3.727
Регионална мрежа за антикорупција 11.466 337
Поддржан процес на евроинтеграции 17 786
Ресоцијал. и реинтегр. на повратници 3.416 0
Социјална инклузија и кохезија (СИК) 677 1.423
Трошоци по завршени проекти 0 221
Вкупно добротворни расходи 95.270 80.449
Вкупно оперативни расходи 29.863 29.189
ВКУПНО РАСХОДИ 125.133 109.638
БИЛАНС пред оданочување 3.260 5.546
Данок на вишок на прих. над расходи 187 198
БИЛАНС 3.073 5.348
БИЛАНС НА СОСТОЈБА 2021 2020
СРЕДСТВА
Постојани средства
Основни средства 5.232 8.138
Нематеријални вложувања 960 960
Долгорочни кредити, депозити и заеми 90.224 0
Фонд за домување 2.902 3.210
Вкупно постојани средства 99.319 12.309
Обртни средства
Парични средства 27.242 28.913
Аванси 45 45
Побарувања од купувачите 1.772 3.983
Краткорочни финансиски побарувања 1.027 90.185
Останати побарувања 20.782 14.131
Вкупно обртни средства 50.868 137.257
ВКУПНО СРЕДСТВА 150.186 149.566
ОБВРСКИ И ФОНДОВИ
Краткорочни обврски
Обврски спрема добавувачите 340 181
Други краткорочни обврски 396 16.128
Вкупно краткорочни обврски 737 16.309
Пасивни временски разграничувања 0 0
Примени приходи за следни години 36.102 36.073
Долгорочни обврски 15.531 2.225
Вкупно обврски 52.370 38.298
Фондови и резерви
Фондови 94.959 89.611
Разлика прих/расх во тековен период 2.858 5.348
Вкупно фондови и резерви 97.817 94.959
ВКУПНО ОБВРСКИ и ФОНДОВИ 150.186 149.566
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ
Издавач
Македонски центар за
меѓународна соработка
Адреса на издавачот
ул. „Никола Парапунов“ 41а
п. фах 55, 1060 Скопје
Северна Македонија
Контакт информации
Тел.: 02/3065-381
факс: 02/3065-298
mcms@mcms.mk
www.mcms.mk
facebook.com/mcms.mk
Извршен директор
Александар Кржаловски
Одговорен уредник
Гонце Јаковлеска
Фотографии
Фотоархива на МЦМС
Графички дизајн
Борис Ристовски

Contenu connexe

Similaire à Годишен извештај 2021 - МЦМС

Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантовиПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантовиМЦМС | MCIC
 
Знак дека може
Знак дека можеЗнак дека може
Знак дека можеCatalyst Balkans
 
МЦМС годишен извештај 2007 година
МЦМС годишен извештај 2007 годинаМЦМС годишен извештај 2007 година
МЦМС годишен извештај 2007 годинаМЦМС | MCIC
 
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I делПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I делМЦМС | MCIC
 
Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...
Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...
Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...МЦМС | MCIC
 
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...МЦМС | MCIC
 
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...МЦМС | MCIC
 
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica MobilitasАд хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica MobilitasМЦМС | MCIC
 
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...МЦМС | MCIC
 
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општествоЦели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општествоМЦМС | MCIC
 
ГДЛН – искуство и практики на Град Скопје
ГДЛН – искуство и практики на Град СкопјеГДЛН – искуство и практики на Град Скопје
ГДЛН – искуство и практики на Град Скопје МЦМС | MCIC
 
Презентација на спроведени активности и резултати во рамките на МЕК
Презентација на спроведени активности и резултати во рамките на МЕКПрезентација на спроведени активности и резултати во рамките на МЕК
Презентација на спроведени активности и резултати во рамките на МЕКПроект МЕК
 
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално ниво
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално нивоСоработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално ниво
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално нивоМЦМС | MCIC
 
Соработка помеѓу локалните власти и ГО: Практики на Градот Белград
Соработка помеѓу локалните власти и ГО:Практики на Градот БелградСоработка помеѓу локалните власти и ГО:Практики на Градот Белград
Соработка помеѓу локалните власти и ГО: Практики на Градот БелградМЦМС | MCIC
 
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Coalition of youth organizations SEGA
 
Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013МЦМС | MCIC
 
Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)rzk_kn
 
Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)rzk_kn
 

Similaire à Годишен извештај 2021 - МЦМС (20)

Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантовиПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
 
Знак дека може
Знак дека можеЗнак дека може
Знак дека може
 
МЦМС годишен извештај 2007 година
МЦМС годишен извештај 2007 годинаМЦМС годишен извештај 2007 година
МЦМС годишен извештај 2007 година
 
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I делПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
 
Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...
Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...
Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...
 
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...
Стратегија за соработка на Општина Битола со граѓанскиот сектор и негов посто...
 
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
 
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica MobilitasАд хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
 
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
Стратегија за соработка на Општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постој...
 
Повик за учество_Академија за одржливост
Повик за учество_Академија за одржливостПовик за учество_Академија за одржливост
Повик за учество_Академија за одржливост
 
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општествоЦели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
Цели, методологија и активности на Цивикус– Индексот на граѓанското општество
 
ГДЛН – искуство и практики на Град Скопје
ГДЛН – искуство и практики на Град СкопјеГДЛН – искуство и практики на Град Скопје
ГДЛН – искуство и практики на Град Скопје
 
Презентација на спроведени активности и резултати во рамките на МЕК
Презентација на спроведени активности и резултати во рамките на МЕКПрезентација на спроведени активности и резултати во рамките на МЕК
Презентација на спроведени активности и резултати во рамките на МЕК
 
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално ниво
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално нивоСоработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално ниво
Соработка помеѓу ЕЛС и граѓанските организации на локално ниво
 
Соработка помеѓу локалните власти и ГО: Практики на Градот Белград
Соработка помеѓу локалните власти и ГО:Практики на Градот БелградСоработка помеѓу локалните власти и ГО:Практики на Градот Белград
Соработка помеѓу локалните власти и ГО: Практики на Градот Белград
 
Multimedia Center Avizo - Company Profile
Multimedia Center Avizo - Company ProfileMultimedia Center Avizo - Company Profile
Multimedia Center Avizo - Company Profile
 
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
 
Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013
 
Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)
 
Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)Konsalting stiudija (1)
Konsalting stiudija (1)
 

Plus de МЦМС | MCIC

Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022МЦМС | MCIC
 
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022МЦМС | MCIC
 
Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3МЦМС | MCIC
 
Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2МЦМС | MCIC
 
Вклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГОВклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГОМЦМС | MCIC
 
Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6МЦМС | MCIC
 
Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5МЦМС | MCIC
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2МЦМС | MCIC
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1МЦМС | MCIC
 

Plus de МЦМС | MCIC (20)

Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
 
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
 
MCIC Annual Report 2021
MCIC Annual Report 2021MCIC Annual Report 2021
MCIC Annual Report 2021
 
MCMS Raport Vjetor 2021
MCMS Raport Vjetor 2021MCMS Raport Vjetor 2021
MCMS Raport Vjetor 2021
 
MCMS Raport Vjetor 2020
MCMS Raport Vjetor 2020MCMS Raport Vjetor 2020
MCMS Raport Vjetor 2020
 
MCIC Annual Report 2020
MCIC Annual Report 2020MCIC Annual Report 2020
MCIC Annual Report 2020
 
Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3
 
Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2
 
Вклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГОВклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГО
 
Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1
 
Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4
 
Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3
 
Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2
 
Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1
 
Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8
 
Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7
 
Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6
 
Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
 

Годишен извештај 2021 - МЦМС

  • 1. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021 MAKEDONSKI CENTAR ZA ME|UNARODNA SORABOTKA Никола Парапунов 41а п. фах 55, 1060 Скопје Тел.: 02/3065-381 факс: 02/3065-298 mcms@mcms.mk www.mcms.mk
  • 2. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 2 ВИЗИЈА И МИСИЈА Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на граѓанското општество што верува во мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално. МЦМС ја заснова визијата на универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамномерен и одржлив социоекономски развој, ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност. Мисијата на МЦМС е да предводи промени со нови и алтернативни решенија на општествените проблеми, кои влијаат на другите актери и кои се вклучуваат во главните текови. ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ » Вкоренето и влијателно граѓанско општество » Добро владеење и борба против корупцијата; » Социјална инклузија и кохезија; » Поддржан процес на евроинтеграција; » Подготвеност за миграциски предизвици; » МЦМС, независна и организација со кредибилитет – тивок но видлив поврзувач; » МЦМС, атрактивна и иновативна организација. АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ МЦМС активностите ги остварува преку: » Застапување (информирање, градење свест, едукација, креирање и влијание на политики, следење и барање одговорност); » Развојна поддршка (капацитети и инфраструктура); » Социјално- хуманитарна поддршка. Организациските методи се раководење и спроведување. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • 3. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021 3 МЦМС продолжи да функционира и да се соочува со светскиот предизвик, пандемијата предизвикана од Ковид-19. На крајот на годината, покрај здравствената и константната политичка криза, почна да се навестува и новата криза поврзана со енергијата. Во такви услови, МЦМС спроведуваше вкупно 37 проекти со буџет од околу 125 милиони денари. Во „Цивика мобилитас“ се спроведуваа 94 грантови. Граѓанските организации се прилагодија на новото време па дел од настаните се одржуваа онлајн, комбинирано или хибридно и во живо. Темите на настаните беа диктирани од плановите за годината но, и од актуелните случувања како што беше пописот на населението, новата локална власт и 30-годишнината од независноста на државата. Направена е првата Процена на корисниците и новиот Индекс на граѓанското општество. Издадени се и четири броја од списанието Граѓаните за промени. Граѓанскиот ресурсен центар одржа пет обуки и работилници за 70 претставници на граѓански организации за програмата за градење капацитети заврши со Квиз на знаење. Се одржаа три онлајн настани за околу 420 претставници на ГО. Канцеларијата за поддршка одговори на154 барања од граѓански организации или од граѓани, а беа одржани вкупно126 настани на други организации во просториите на ресурсните центри или преку Зум што го обезбеди ГРЦ. Преку активностите на програмата Одржливо граѓанско општество-Државно финансирање за ГО продолжи следењето на државните финансии за граѓански организации. Главните активности сепак беа насочени кон саморегулацијата. Подготвен е Кодекс на ГО кој до крајот на годината го потпишаа 61 организација. МЦМС го подготви осмиот Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. Партнерите од програмата Регионална мрежа за антикорупција беа активни во застапување на политики и промени во нивните држави. Подготвени се 22 новинарски стории за справување со корупција. Се одржа годишниот Анти-корупциски форум на кој беше презентиран Регионалниот извештај за анти-корупција – Западен Балкан 2020: Ризици од заробена држава и реформи на политиките пред околу 150 учесници. Објавен е и Националниот извештај за проценка на корупција и издадени се четири броја на е-Билтенот на СЕЛДИ. Започна програмата Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата. Одржани се пет обуки и работилници за 81 претставник на засегнати страни, а спроведени се и осум фокус групи со 39 учесници и една анкета. Податоците се дел од посебна Основна студија. Како дел од Мали развојни иницијативи (МРИ), заедно со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација направена е мини кампања наречена „Фудбалот против дискриминацијата“ која, покрај другото овозможи да се подобри видливоста на Комисијата. Во проектот ЕУро Фокус, актуелните теми поврзани со евроинтеграциите на Македонија беа анализирани и дискутирани во 3 телевизиски емисии, поткрепени со една телефонска анкета. Се одржа конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции во ЕУ“. Александар Кржаловски Директор ПОРАКА ОД РАКОВОДСТВОТО
  • 4. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 4 ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО „ЦИВИКА МОБИЛИТАС“ ВКОРЕНЕТО И ВЛИЈАТЕЛНО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО ЦЕЛ: Постигнување општествени промени во Македонија кои се поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување на централно и на локално ниво. 94 АКТИВНИ ГРАНТОВИ 160 УЧЕСНИЦИ НА 9 ОБУКИ И РАБОТИЛНИЦИ 4 НАСТАНИ ЗА НАД 850 УЧЕСНИЦИ И ОКОЛУ 56.000 ТЕЛЕВИЗИСКИ ГЛЕДАЧИ ОБЈАВЕНИ НАД 580 ИНФОРМАЦИИ НА ПРОГРАМАТА И ГРАНТИСТИТЕ 12 ГРАНТИСТИ ЈА ЗАВРШИЈА ПРОГРАМАТА ЗА МЕНТОРИРАЊЕ ПОДГОТВЕНИ ПРВАТА ПРОЦЕНКА НА КОРИСНИЦИТЕ И ИГО
  • 5. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021 5 Цивика мобилитас го актуелизираше прашањето на регионалните депонии за отпад на Националниот форум што се одржа на крајот од јуни 2021 година во Скопје. „Експертите предлагаат и креираат решенија кои се безбедни за сите. Од друга страна, граѓаните и граѓанските организации треба да бидат вклучени во процесот на планирање и имплементација, за да бидат сигурни дека надлежните институции ќе управуваат со отпадот на правилен начин“, рече на отворањето на Форумот НЕ Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада. Претставниците на граѓанските организации дебатираа со панелистите, градоначалниците на Куманово и Гостивар, Максим Димитриевски и Арбен Таравари како и со Ана Мазнева- Каранфилова од Министерството за животна средина и просторно планирање. Тие апелираа на континуитет во стратегиите за управување со цврст отпад, на соработката меѓу институциите, општините и граѓанскиот сектор за јакнење на инспекцискиот надзор во оваа област, и на едукација на населението за придобивките од регионалните депонии. За Мазнева-Каранфилова граѓанските организации се клучни за подигање на јавната свест за ова прашање. „Тие се најкомпетентни за ова прашање и можат да работат многу со граѓаните“, рече таа. Градоначалниците се осврнаа на цените на услугите односно на тоа колку тие се реални и на локациите за регионални депонии. Учесниците инсистираа на граѓанска контрола во инспекцискиот надзор и предложија воспоставување комунална полиција и измени во Законот за отпад. За прв пат пред јавноста беше презентирана бизнис идејата на Зока енерџи солушн која се однесува на менаџирање со отпад и производство на енергија од него. Проектот предвидува собирање на отпад од 74% од територијата на државата и 48% од населението, што ќе доведе до затварање на сите депонии. Лазе Филипов, претставникот на компанијата истакна дека во Македонија има три пати повеќе депонии од бројот на населени места и нивното решение веќе функционира во повеќе европски градови. Презентација новите модели на селекција на отпад имаа и претставници на Пакомак. ВО ЗЕМЈАВА ИМА ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ ДЕПОНИИ ОД НАСЕЛЕНИ МЕСТА
  • 6. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 6 НАЦИОНАЛЕН РЕСУРСЕН ЦЕНТАР НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВКОРЕНЕТО И ВЛИЈАТЕЛНО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО ЦЕЛ:Обезбедениуслугизаградењенакапацитетинаграѓанскиорганизации, за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери и придонес кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество. 3 НАСТАНИ ЗА НАД 420 УЧЕСНИЦИ 70 УЧЕСНИЦИ НА 5 ОБУКИ И РАБОТИЛНИЦИ 2 КОНСУЛТАТИВНИ СРЕДБИ СО ГО НА БАРАЊЕ НА ДЕУ 213 РЕЛЕВАНТНИ ИНФОРМАЦИИ СПОДЕЛЕНИ СО ГО 154 БАРАЊА ОД ГО И ГРАЃАНИ ОДГОВОРЕНИ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ПОДДРШКА 12 ПРЕГЛЕДИ ЗА ФИНАНСИСКИ МОЖНОСТИ
  • 7. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021 7 Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) ја затвори својата програма за градење капацитети со квиз на знаење во чие спроведување се вклучија 50 граѓански организации. „Имаме импресивни бројки на граѓански активисти кои беа дел од нашите обуки“, вели Валентина Величковска, координаторка на ресурсните центри. „Од февруари 2018 година, своите знаења и вештини на различни теми ги подобрија повеќе од 450 претставници на граѓанските организации. Сметавме дека квизот е забавен, а сепак продуктивен начин да се проверат и обноват тие знаења и да се нагласат постигнувањата во оваа област“, додава таа. Центарот за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“ од Кочани победи во финалето од Квизот на знаење кое се одржа на 25 август 2021г. во хотел Белви во Скопје. Здружението ја освои главната награда, финансиска поддршка од 2.000 евра за спроведување на проектната идеја за организациски развој со која се пријавија на квизот. „Победата е уште една потврда за знаењето со кое располага нашата организација на теми какоразвивањепроектнаидеаиподготвувањепроектнаапликација,мобилизирањересурси, добро управување итн. Наградата што ја освоивме ќе ја искористиме за организациски развој и надоградување на нашите капацитети“, вели Мустафа Саидов од „Светла иднина“. Второто место му припадна на здружението на граѓани „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ – Скопје, а третата позиција ја освои тимот на Асоцијацијата на советници за развој на кариера – АСК, исто така од Скопје. Двете организации добија грант од по 1.000 евра за организациски развој. Натпреварувачите изразија задоволство од можноста на овој начин да го покажат знаењето, но и да си го потврдат. Тие истакнаа дека покрај тоа што им било многу интересно, во целиот процес научиле многу нови работи. Во финалето на Квизот на ГРЦ се пласираа најдобрите 11 организации од прелиминарната фаза. Вкупно 20 финалисти одговараа на прашања на теми поврзани со одржливо, ефективно и отчетно работење на граѓанските организации. ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊАТА НА ГРАЃАНСКИТЕ АКТИВИСТИ
  • 8. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 8 ОДРЖЛИВО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО- ДРЖАВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВКОРЕНЕТО И ВЛИЈАТЕЛНО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО ЦЕЛ: Ефективни, транспарентни и отчетни граѓански организации кои делуваат во поддржувачка финансиска околина. ПОДГОТВЕН КОДЕКС НА ГО 61 ГРАЃАНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ГО ПОТПИША КОДЕКСОТ 84 УЧЕСНИЦИ НА 3 РАБОТИЛНИЦИ 1 ИЗВЕШТАЈ - ФИНАНСИРАЊЕ НА ГО ВО ВРЕМЕ НА КОВИД-19... 5 МРЕЖИ ГИ ЗАЈАКНАА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ТРАНСПАРЕНТНО И ОТЧЕТНО РАБОТЕЊЕ 2 ОБЈАВЕНИ ИНФОГРАФИЦИ ЗА ДРЖАВНОТО ФИНАНСИРАЊЕ
  • 9. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021 9 Во текот на 2021 година МЦМС заедно со 50 други организации го иницираше, подготви и потпиша Кодексот за граѓански организации. „Особено сме горди што на 30-годишнината на граѓанскиот активизам во Македонија се создаде критична маса на организации кои заеднички и самостојно воспоставија повисоки стандарди во работата“, рече Александра Савевска, координаторка на Програмата. Кодексот е алатка со која граѓанскиот сектор самиот се издигна и покажа дека јавниот интерес и особено интересите на граѓаните лежат во основата на постоењето на секоја организација. Потписничките очекуваат дека почитувањето и применувањето на овој Кодекс ќе влијаат позитивно на градењето на доверба помеѓу нив и граѓаните. Практикувањето поширока отчетностзаработатаевоцентаротнаосумтеаспиративнизаложбии44конкретнистандарди и принципи по кои организациите ќе се водат во иднина. Граѓанските организации се согласуваат дека нивниот легитимитет произлегува од квалитетот на работата и од дадената поддршка од луѓето со и за кои работат, од членовите, донаторите, пошироката јавност, државните и меѓународните институции. Затоа, императив е ГО да покажат дека можат и умеат да воспостават систем на саморегулација преку кој ќе обезбедат работа базирана на добро управување, отчетност, транспарентност и ефикасност. Од друга страна, овој Кодекс ќе биде и движечка сила за развој на целокупното општество преку работа која е базирана на почитување на човековите права, залагање за поголема транспарентност и отчетност за сите институции и поддржување на демократските процеси генерално. На крајот на 2021 година, 61 граѓанска организација го потпиша Кодексот. Тие се различни региони на земјата, делуваат во различни области и еко-средини, а работат за постигнување позитивни влијанија во македонското општество. Кодексот е доброволен, а секоја граѓанска организација која ќе му пристапи презема одговорност за почитување и практикување на заложбите, вредностите и стандардите утврдени во него. КОДЕКС НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
  • 10. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 10 РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА АНТИКОРУПЦИЈА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ И БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА ЦЕЛ: Да ги прошири и продлабочи антикорупциските дејствија од законска постапка кон по основано економско делување, како што се решавањето на врската меѓу корупцијата и скриената економија и корупцијата и организираниот криминал. ОБЈАВЕН РЕГИОНАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА АНТИ- КОРУПЦИЈА 1 АНТИКОРУПЦИСКИ ФОРУМ ЗА 150 УЧЕСНИЦИ ОБЈАВЕН НАЦИОНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЦЕНКА НА КОРУПЦИЈАТА 22 НОВИНАРСКИ СТОРИИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОРУПЦИЈА 4 ИЗДАНИЈА НА Е-БИЛТЕНОТ НА СЕЛДИ
  • 11. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021 11 Годишниот анти-корупциски форум на најголемата антикорупциска мрежа во Југоисточна Европа СЕЛДИ ја отвори дискусијата за анти-корупциската агенда на земјите од Западен Балкан за следната деценија. Претставници од мрежата СЕЛДИ го презентираа најновиот Регионален извештај за анти-корупција – Западен Балкан 2020: Ризици од заробена држава и реформи на политиките. Според Извештајот, притисокот за заробеност на државите во регионот останува на високо ниво. Во секоја од земјите има критични нарушувања во функционирањето на демократските и економските контроли и рамнотежa. Степенот до кој се толерира корупцијата во јавноста е важен показател за интегритетот на јавните функции. Системот за следење на корупцијата на СЕЛДИ, кој мери поситни форми на корупција (мито), покажува дека прифатливоста на корупцијата останува релативно висока во Западен Балкан. Највисока е во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово. Заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, посочи дека пристапот на владата се потпира на дигитализација на јавните услуги и регистри, со што ќе се отстрани било какво субјективно влијание во административните постапки. Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија и Џулио Венери одГенералниотдиректоратнаЕвропскатакомисијазасоседствоипреговоризапроширување (ДГ НЕАР) ја потенцираа и потребата од демонстрирање на политичка волја за видливи реформи во земјите од Западен Балкан. Тие истакнаа дека спроведувањето на одобрениот Економски и инвестициски план за Западен Балкан оди рака под рака со заложбите за справување со измамите, корупцијата, перењето пари и злоупотребата на службена должност со ефективни, убедливи и санкции пропорционални на кривичните дела. Панелистите се согласија дека справувањето со корупцијата е комплексно прашање кое може да трае со децении. Земјите не треба да го губат мотивот за реформи, ниту да потклекнат под економските или политичките влијанија на претставници на полу-авторитарните режими. АНТИКОРУПЦИСКИ РЕФОРМИ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН: ПОГЛЕД НАНАЗАД ЗА СЛЕДНАТА ДЕКАДА
  • 12. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 12 ПАТ КОН ОТПОРНОСТ И РЕИНТЕГРАЦИЈА НА РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ЗАЕДНИЦАТА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА И КОХЕЗИЈА ЦЕЛ: Иницирање целовити пристапи за одржлива реинтеграција на ранливите семејства (вклучувајќи ги и оние со повратници) во Северна Македонија. 8 ФОКУС ГРУПИ СО 39 УЧЕСНИЦИ 5 ОБУКИ И РАБОТИЛНИЦИ ЗА 81 ПРЕТСТАВНИК НА ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ 1 СПРОВЕДЕНА АНКЕТА ПОДГОТВЕНА ОСНОВНА СТУДИЈА
  • 13. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021 13 Повратниците од странските боишта и нивните семејства, нивната ресоцијализација, реинтеграција и рехабилитација се релативно нов феномен за македонското општество. Затоа, МЦМС ги истражуваше перцепциите на граѓаните за нив. Со телефонска анкета беа опфатени 800 граѓани од општините Арачиново, Бутел, Гази Баба, Куманово, Сарај, Студеничани, Тетово и Чаир. Изборот е направен за потребите на програмата, односно, оние кои се соочуваат подиректно со овој феномен. Истражувањето покажа дека мнозинство од анкетираните граѓани од опфатените општини гледаат закана во повратниците од странските боишта. Како општа закана ги гледаат 55% од испитаниците, а тој процент расте до 59% кога е во прашање ширењето на радикална идеологија, а уште поголем е за негативното влијание во заедницата и изнесува 63%. Сепак,вопоширокатасликанапроблеми,граѓанитепредностимдаваатнаегзистенцијалните прашања,аекстремниоттероризамена12местоизанегосеизјаснилепод1%одиспитаниците. Дури и кога е во прашање безбедноста на земјата, испитаниците прво помислуваат на политичката нестабилност (48,7%). Во светло на реинтеграцијата на овие луѓе, мнозинство анкетирани граѓани сметаат дека треба да им се даде втора шанса (67,4%) и пристап до услугите што државата им ги дава на ранливите категории граѓани (66,0%). Нивните семејства најмногу придонесуваат за реинтеграцијата (64,9%). Веднаш по нив се Центрите за социјална работа, граѓанските организации и верските заедници. Некои од резултатите покажуваат дека заедницата има извесна отпорност кон феномените насилен екстремизам и тероризам. Мнозинство од испитаниците би разговарале со свој/а близок/ска за нивната намера да одат на странските боишта. На следното прашање, поголема е подготвеноста за реакција. Малку над 10% нема да ја пријават оваа намера во било која од институциите. Примерокот е репрезентативен за општините опфатени со анкетата. Анкетирањето е направено во периодот од 20 до 28 октомври 2021 година. Анкетата ја спроведе М-Проспект, анонимно, според сите стандарди за доверливост и заштита на личните податоци. ПЕРЦЕПЦИИ ЗА ПОВРАТНИЦИТЕ ОД СТРАНСКИТЕ КОНФЛИКТИ
  • 14. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 14 ЕУРО ФОКУС ПОДДРЖАН ПРОЦЕС НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ ЦЕЛ: Подобрување на активното учество на медиумите и граѓанските организации во процесот на пристапување на земјата во Европската Унија. 3 ТЕЛЕВИЗИСКИ ЕМИСИИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ 1 ИСТРАЖУВАЊЕ 1 ФАКТОГРАФ 1 КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА 80 УЧЕСНИЦИ
  • 15. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021 15 „Многу е тешко да се прават реформи, многу е тешка битката за правда, борбата против корупцијата и авторитарните тенденции ако нема слобода на медиумите“, рече Никола Димитров, заменик претседател на Владата на РСМ задолжен за европски прашања во своето обраќање на Конференцијата на тема „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции во ЕУ“. Тој истакна дека граѓанскиот сектор „има исклучително важна улога во демократизацијата на општеството и како извор на знаење и како контролор и критичарнавласта“. Спореднего,реформитесезаграѓанитеисамиотпроцеснапристапување е поважен од целта. „Ако утре станеме членка на ЕУ, работите нема значајно да се сменат. Тие ќе се сменат ако нашето општество стане нормална европска демократија со независно судство каде работата на медиумите ќе биде врвен приоритет каде правната држава ќе овозможи економски развој и ќе резултира со просперитетна демократија“, истакна тој. НЕ Дејвид Гир (HE David Geer), Амбасадорот на ЕУ во РСМ, истакна дека медиумите и граѓанските организации треба да работат на поддршката од јавноста. „Ова е национален проект, и сите треба да бидат ангажирани во него“, рече тој. Амбасадорката на Шведска, НЕ Кристин Форсгрен Бенгтсон (Kristin Forsgren Bengts- son), истакна дека здрава демократија има силно и живо граѓанско општество, независни и слободни медиуми – „сите вие имате значајна улога во општеството во обезбедувањето информации базирани на факти, анализи и објективно известување, охрабрување на јавни дебати и организирање дискусии со политичарите и институциите, подигање на свеста и знаењето за ЕУ и пристапниот процес но исто и барање отчетност за работењето“, рече таа. НаКонференцијатазборувааиШерифеИсмаилиКасапи,одКанцеларијатанаООНзапроектни услуги (УНОПС) и Тања Мишчевиќ, заменик на Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка. МЦМС и Телевизија Телма со ЕУро Фокус споделија квалитетни и корисни содржини за процесот на евроинтеграции, отворија дебати за многу теми и ја јакнеа јавната свест. ЕВРОПСКАТА ПРИКАЗНА НА ЗЕМЈАТА Е МОЖНА СО ПРИТИСОКОТ НА МЕДИУМИТЕ И ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
  • 16. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 16 ОДНОСИ СО АКТЕРИТЕ ПРИСТАП КОН ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ МЦМС подготви и поднесе пет концепти или пријави за проекти. До крајот на годината одобрени се три и исто толку се одбиени. Одговор се чека за две пријави. Дел од пријавите се поднесени во претходната година. ВОЛОНТЕРСТВО И покрај пандемијата предизвикана од Ковид-19, МЦМС прими четири писма за интерес од страна на четири волонтери и одлучи двајца од нив да ги вклучи во своите активности во периодот јули-септември. Една од нив беше ангажирана за дополнителни два месеци, а во последниот месец од годината беше ангажирана и странска волонтерка која виртуелно се вклучи во работата на организацијата и спроведување на дел од активностите. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА МЦМС редовно информира за своите активности преку повеќе информациски канали. Во 2021 година беа издадени12 броја на е-билтенот на МЦМС. Подготвен е и објавен Годишниот извештај за работата во 2020 година, а веб-страната на МЦМС е целосно функционална и постојано се ажурира. Дел од содржините се публикуваат и на други социјални медиуми овозможувајќи на тој начин што е можно поголема видливост на работењето на МЦМС. Во 2021 г. веб-страната имала 33.857 посети во кои посетителите прегледале 74.980 статии. МЦМС редовно комуницираше со медиумите преку прес соопштенија, директни контакти на презентации и промоции. Контактите резултираа со 281 објава. ПОДДРШКА – ОДРЖЛИВ МЦМС ПАРТНЕРСТВА, ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И ПОДДРШКА Во2021година,соработкатасодомашнитеистранскитеграѓанскиорганизации,министерства и државни институции беше реализирана во рамки на редовните програми на МЦМС, со динамика се уште условена од пандемијата предизвикана од Ковид-19. Претставници на МЦМС учествуваа на неколку консултативни сесии организирани од Владата и министерствата, а претставници на Владата учествуваа на настаните на МЦМС. Имаше соработката и со општините. Соработниците учествуваа на настани во земјата, во регионот и пошироко. Најголем дел од настаните, заради тековната здравствена криза, се одвиваа онлајн.
  • 17. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021 17 ОРГАНИЗАЦИЈА Советот на МЦМС одржа две седници на која беше усвоен Годишниот извештај за работата на МЦМС за 2020 година со Финансиски извештај и Извештај од независниот ревизор, избран новиот состав на Советот и избран новиот состав на Управниот одбор. Управниот одбор одржа пет седници. СОВЕТ НА МЦМС » Благица Петрески (Фајнанс Тинк) » Виктор Арнаудоски (ЗЕЛС) » Герман Филков (ЦГК) » Данела Арсовска (ССК) » Дејан Страчковски (МПЦ) » Драган Секуловски (ЗНМ) » Елена Кочоска (Полио плус) » Ирсал Јакупи (ИВЗ) » Лулзим Хазири (АДИ) » Марија Ацковски (Евангелско- методистичка црква (ЕМЦ) » Марко Трошановски (ИДСЦС) » Назим Рашиди (Диверзити медиа) » Никица Кусиникова (Конект) » Никица Мојсоска Блажевски (Македонија 2025) » Самет Скендери (ИнСок) » Сања Васиќ (Македонски институт за медиуми ) » Сашо Клековски (приватен сектор) » Тетјана Лазаревска (МРФП) » Томе Христоски (општина Крушево) УПРАВЕН ОДБОР » Елена Кочовска, претседавач, Полио плус – движење против хендикеп » Назим Рашиди, заменик- претседавач, уредник во Алсат М телевизија и претседател на здружението „Диверзити медиа“ » Самет Скендери, член на ХДЗР „Месечина“- Гостивар » Насер Селмани, поранешен претседател на Здружение на новинарите на Македонија » Неда Милевска Костова, директор на Институтот за социјални иновации од Скопје и виш научен соработник » Бобан Митевски, Македонска православна црква » Сања Васиќ, уредник во националната телевизија Телма и дописник на Гласот на Америка
  • 18. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 18 ПЕРСОНАЛ – ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА На крајот на 2021 г. во МЦМС работеа 23 соработници. Речиси половина од вработените (10) имаат засновано работен однос на неопределено време. Во текот на 2021 година, индивидуално или групно, соработниците посетиле 9 обуки од кои четири за групно и пет за индивидуално усовршување. ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ » Директор Александар Кржаловски akr@mcms.mk ГРУПА ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО » Валентина Атанасовска vat@mcms.mk » Јасмина Ристовска jrs@mcms.mk » Снежана Камиловска Трповска skt@mcms.mk » Александра Савевска asv@mcms.mk » Валентина Чичева vch@mcms.mk » Наташа Сердаревиќ nsr@mcms.mk » Дарко Димов ddm@mcms.mk » Јасмина Чаушоска jch@mcms.mk » Сара Мустафа sms@mcms.mk » Наташа Димова niv@mcms.mk » Фанија Ивановска fiv@mcms.mk » Александар Костадинов (до септември) » Јелмаз Дервиши jdr@mcms.mk » Кристина Весиќ kvs@mcms.mk » Блинера Реџепи brd@mcms.mk » Флоријан Мехмети fmh@mcms.mk ГРУПА ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ » Горан Стаматоски gst@mcms.mk ГРУПА ЗА ИНФОРМАЦИИ » Гонце Јаковлеска gjk@mcms.mk » Борис Ристовски brs@mcms.mk АДМИНИСТРАТИВНА ГРУПА » Милка Божиновска Миова mmv@mcms.mk » Адис Рахиќ arh@mcms.mk » Борче Јакимовски bjk@mcms.mk » Данило Митов dmv@mcms.mk
  • 19. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021 19 НЕЗАВИСНО РЕВИЗОРСКО МИСЛЕЊЕ
  • 20. МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 20 ПРИХОДИ 2021 2020 ДОНАЦИИ И ГРАНТОВИ Европска унија 19.759 10.617 Швајцарска агенц. за разв. и сораб. 80.226 77.512 Шведска агенција за меѓунар. развој 93 2.136 ГЦЕРФ 6.729 0 Тутунски компании 0 440 Други донатори 1.487 1.694 Вкупно донации и грантови 108.294 92.398 СОПСТВЕНИ ПРИХОДИ Мак. развојна фонд. за претпријатија 1.947 1.674 НИРАС (Цивика мобилитас) 13.694 13.772 Други сопствени приходи 339 2.840 Вкупно сопствени приходи 15.980 18.287 Камати и позитивни курсни разлики 2.274 2.445 Вонредни приходи 1.846 2.053 ВКУПНО ПРИХОДИ 128.393 115.183 РАСХОДИ 2021 2020 ДОБРОТВОРНИ РАСХОДИ Цивика мобилитас (ПЦМ) 77.689 68.895 Национален ресурсен центар (НРЦ) 1.499 5.059 Државно финансирање на ГО (ДФГ) 505 3.727 Регионална мрежа за антикорупција 11.466 337 Поддржан процес на евроинтеграции 17 786 Ресоцијал. и реинтегр. на повратници 3.416 0 Социјална инклузија и кохезија (СИК) 677 1.423 Трошоци по завршени проекти 0 221 Вкупно добротворни расходи 95.270 80.449 Вкупно оперативни расходи 29.863 29.189 ВКУПНО РАСХОДИ 125.133 109.638 БИЛАНС пред оданочување 3.260 5.546 Данок на вишок на прих. над расходи 187 198 БИЛАНС 3.073 5.348 БИЛАНС НА СОСТОЈБА 2021 2020 СРЕДСТВА Постојани средства Основни средства 5.232 8.138 Нематеријални вложувања 960 960 Долгорочни кредити, депозити и заеми 90.224 0 Фонд за домување 2.902 3.210 Вкупно постојани средства 99.319 12.309 Обртни средства Парични средства 27.242 28.913 Аванси 45 45 Побарувања од купувачите 1.772 3.983 Краткорочни финансиски побарувања 1.027 90.185 Останати побарувања 20.782 14.131 Вкупно обртни средства 50.868 137.257 ВКУПНО СРЕДСТВА 150.186 149.566 ОБВРСКИ И ФОНДОВИ Краткорочни обврски Обврски спрема добавувачите 340 181 Други краткорочни обврски 396 16.128 Вкупно краткорочни обврски 737 16.309 Пасивни временски разграничувања 0 0 Примени приходи за следни години 36.102 36.073 Долгорочни обврски 15.531 2.225 Вкупно обврски 52.370 38.298 Фондови и резерви Фондови 94.959 89.611 Разлика прих/расх во тековен период 2.858 5.348 Вкупно фондови и резерви 97.817 94.959 ВКУПНО ОБВРСКИ и ФОНДОВИ 150.186 149.566 ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ
  • 21. Издавач Македонски центар за меѓународна соработка Адреса на издавачот ул. „Никола Парапунов“ 41а п. фах 55, 1060 Скопје Северна Македонија Контакт информации Тел.: 02/3065-381 факс: 02/3065-298 mcms@mcms.mk www.mcms.mk facebook.com/mcms.mk Извршен директор Александар Кржаловски Одговорен уредник Гонце Јаковлеска Фотографии Фотоархива на МЦМС Графички дизајн Борис Ристовски