Ce diaporama a bien été signalé.
Le téléchargement de votre SlideShare est en cours. ×

Регулација-на-дигестија.pptx

Publicité
Publicité
Publicité
Publicité
Publicité
Publicité
Publicité
Publicité
Publicité
Publicité
Publicité
Publicité
Chargement dans…3
×

Consultez-les par la suite

1 sur 20 Publicité

Plus De Contenu Connexe

Diaporamas pour vous (20)

Plus par Nela Najdoska (20)

Publicité

Plus récents (20)

Регулација-на-дигестија.pptx

  1. 1. Регулација на дигестија Професор Изработила Нела Најдоска Василевска Рефие Лутишоска
  2. 2. • Во процесот на дигестија,организмот од храната ја обезбедува потребната енергија за животни функции. • Механизмите за регулација на консумирањето на храна имаат за цел да ја одржат рамнотежата помеѓу количеството внесена храна и енергетската потрошувачка на организмот. • Доколку дојде до нарушување на оваа рамнотежа,се јавува дебелеење или неухранетост (настануваат од различни причини и за двете е потребна лекарска терапија).
  3. 3. Регулација на консумирањето храна Потребата на организмот од храна зависи од гладот,апетитот и ситоста.  Гладот е потреба за внесување храна,а се манифестира со грчеви во желудник,нервна напнатост и нерасположение. Внесот се регулира преку нервните центри во продолжениот мозок кои се во врска со лимбичката кора и во некои центри на големиот мозок како промената на концентрации на дигерираните состојки во крвта.  Нервни центри за внесување храна (центар за глад и ситост) кои се сместени во хипоталамусот.Со нив се регулира количинскиот однос меѓу внесената храна и искористената материја во катаболизмот.
  4. 4.  Концентрација на продуктите на дигерираните состојки на храната во крвта (глукоза,аминокиселини,масни киселини). Се базираат врз принципите на негативната повратна врска (тоа значи колку е повисоко нивото на овие соединенија во крвта,помалку се надразнува центарот за глад во хипоталамусот и обратно).  Кората во продолжениот мозок има значајна улога во безусловното внесување на храна.
  5. 5. Регулацијата може да биде долгорочна и краткорочна. o Долгорочна -преку неа се воспоставува врска која е постојана меѓу внесувањето на храна и енергетската потрошувачка и со тоа се обезбедува одржување на физиолошкото ниво на глукоза,аминокиселиин,масни киселини. • Краткорочна -се остварува секој ден преку формирањето навика ( безусловни рефлекси),за разлика од долгорочната која се остварува во текот на неделата.
  6. 6. Регулација на секреција на дигестивни ензими Регулацијата на лачењето на дигестивните сокови се остварува по нервен и хуморален пат. • Регулација на секреција на плунка -секрецијата е рефлексна по безусловен и условен пат.  Безусловно лачење – настанува со надразнување на хеморецепторите со внесената храна.Доаѓа до секреција на плунка кога по нервен пат,стимулот се пренесува до плунковите жлезди за секреција.
  7. 7.  Условно лачење -настанува по вегетативен пат со надразнување на сетилата за вид и мирис и помислата на храна. Секрецијата на разредената плунка ја стимулираат парасимпатичките нерви,додека концентрираната плунка ја стимулираат симпатичките нерви.
  8. 8. Регулација на активноста на желудочната лигавица Состав на желудочниот сок - ензими: пепсин, лаб-фермент, желудочна липаза, муцин, хлороводородна киселина и вода. • Прва фаза-психичка,условно-рефлексно лачење -оваа фаза започнува со навлегувањето на храна во усната празнина и со тоа се надразнуваат вегетативните центри во продолжениот мозок и преку нервот скитник –вагус се стимулираат желудочните клетки на секреција.
  9. 9. • Втора фаза-желудочна,хемиска -преку хормонот гастрин кој се лачи од желудникот и се стимулира секреција на желудочен сок. • Трета фаза-цревна,нервна-хуморална -нервна регулација-состојките на химусот ја намалуваат желудочната секреција преку ентерогастричниот рефлекс кој е изграден од вегетативни симпатички и парасимпатички нерви. -хуморална регулација-хормоните ентерогастрин,секретин и холецистокинин кои се лачат од ѕидот на дуоденумот и извршуваат инхибиција на желудочната секреција.
  10. 10. Составна панкреасен сок ензими: амилаза, малтаза, трипсин, химотрипсин, панкреасна липаза, деоксирибонуклеоза, рибонуклеоза. • Регулација на секреција на панкреасен сок -нервна-преку n.vagus ја поттикнува секрецијата на сокот; -хуморална-преку хормонот секретин,се излачува од лигавицата на дуоденум и ја стимулира секрецијата на сокот од страна на ацинусите на панкреасот.
  11. 11. Состав на жолчен сок -органски дел: жолчни бои и киселини, холестерол, лецитин, муцин; -неоргански дел:вода,бикарбонати,хлориди,Na- јони. • Регулација на секреција на жолчен сок -хормоните гастрин,секретин и холецистокинин ги стимулираат хепатоцитите на секреција на овој сок и преку контракцијата на сфинктерот го поттикнуваат празнењето на жолчното ќесе.
  12. 12. Регулација на секреција на дигестивните сокови во долните делови на дигестивниот тракт • Со тоа што навлегува храната во желудникот,се стимулира секрецијата на желудочниот сок (преку ефектите на вагусот). • Потоа желудочниот сок го поттикнува лачењето на хормонот гастрин (тој влијае врз намалувањето на pH во желудникот,а со тоа се инхибира лачењето на гастрин). • Преку навлегувањето на химусот во дуоденум се стимулира лачењето на секретин,холецистокинин и други. • Секрецијата на панкреатичните сокови ја поттикнуваат присуството на пептици добиени со хидролиза. • Се инхибира желудочна секреција со тоа што со искористувањето на ентерогастрин во активација на трипсиноген во трипсин.
  13. 13. Дневно лачење на дигестивните сокови
  14. 14. Изглед на панкреас
  15. 15. Хемотрипсин
  16. 16. Хормонот Гастрин
  17. 17. Муцин
  18. 18. Амилаза
  19. 19. Пепсин

×