Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...
Dihromatizam tikva maslo
1. ДИХРОМАТИЗАМ КАЈ МАСЛО ОД ТИКВИНИ СЕМКИ
Емилија Динева 9б ,
ОУ Вера Циривири-Трена , Скопје
Презентација за месец на науката 11/2017
Соработка: Јулијана Савиќ-Динева инж.технолог прехрана и
биотехнологија ,консултант за Супер Груп , Скопје
2. Дихроматизам кај масло од тиквини семки
• Маслото од тиквини семки, се добива со пресување на семките од голосемена тиква (Cucurbita pepo L ).
Течниот дел се остава да се бистри со таложење , а сувиот дел по цедењето на маслото се меле во
обезмастено високо протеинско брашно.
• Кај маслото во тенок слој со дебелина (до 0,5 mm) се забележува жолтозелена боја , но во подебел слој
бојата на маслото е темно црвена. Оваа појава се нарекува дихроматизам.
• На микроскопски вертикален пресек на тиквината семка истражувале каде е протохлорофилот пигмент кој
апсорбира дел од спектарот на видлива светлина во подрачјето на сино-виолетова и црвена.
http://www.univie.ac.at/asem/Graz_MC_09/papers/90767.pdf
3. Дихроматизам кај масло од тиквини семки
• Кога слојот од масло го осветлуваме со природна светлина, маслото го апсорбира делот од светлината кој
е во сино-виолетово подрачје а го пропушта делот од спектарот кој е во золто-зелено и блиско црвено
подрачје. Приказ на молекулата на пигментот протохлорофил.
• https://chem.nlm.nih.gov/chemidplus/structure/viewer/14751-08-7
Молекулата на Хлорофилот има својство кога ќе прими
енергија од фотон од видливата светлина да ја
реемитира и повторно се врати во својата состојба,
оваа појава е флуоресценција.
Приказ на фотони со различна енергија
4. Дихроматизам кај масло од тиквини семки
• Појавата на дихроматизам кај маслото од тиквини семки се објаснува со пропустливоста на светлината ,
кај подебелиот слој масло за црвениот дел од спектарот пропустливоста е останата иста како и за тенкиот
слој масло , но за сино-зелено-жолтиот дел од спектарот пропустливоста е речиси нула кај подебелиот
слој масло.
• Експериментот се состои од осветлување на потенок и подебел слој масло и набљудување на појавата.
5. Дихроматизам кај масло од тиквини семки
• Овој дел од појавата кој е поврзан со набљудувањето треба да ја земе во предвид и градбата на окото.
Кај човекот перцепцијата на боја во окото и градбата и бројот на трите вида рецепторите во ретината
, за боја од кои најголем број рецептори се за зелена и црвена боја но многу мал дел се за сина.
• Покрај квалитативно постои и квантитативно опишување на оваа појава со помош на индекс Крефтов
дихроматски индекс .Тиквиното масло е една од супстанците со најголеми вредности на овој индекс кои
се движат од -9 до -44, кога слојот на масло се зголемува во дебелина од 0,5 mm кон 2 mm.
• Користена литература
• https://en.wikipedia.org/wiki/Dichromatism
• http://www.univie.ac.at/asem/Graz_MC_09/papers/90767.pdf
• https://www.slideshare.net/chinthapallibhaskarrao/chapter-3photosynthesis-aa
• https://www.reddit.com/r/CoolPhysics/comments/4dsuc7/the_rare_property_of_pumpkin_seed_oil/
• http://www.pas.rochester.edu/~blackman/ast104/bohr.html
6. Дихроматизам кај масло од тиквини семки
• Тиквиното масло е со интензивен вкус, и интересно е за консумирање како дел од здравата
исхрана , во вид на зачин за свежи салати и зимница салати, по состав е богато со незаситени масни
киселини и присуството на минералот цинк, како дел од микро елементите кои го подржуваат
здравјето на човекот, почнувајќи од системот за имунитет до репродуктивниот систем кај мажите.
• Состав на тиквини семки од производната програма на Супер Груп, Скопје, (податоците за
нутритивните вредности се од Агенција за Храна и Ветерина , Скопје)
Протеини 34,53 g/100g
Јаглехидрати 1,27 g/100g
Шеќери g/100g
Фибер целулозни влакна
6,83
g/100g
Масти 46,41 g/100g
Заситени масни кис 7,92
g/100g
Незаситени масни кис g/100g
Влага 6,24 g/100g
Пепел 4,72 g/100g
7. Дихроматизам кај масло од тиквини семки
• Состав на тиквино масло од производната програмата на Супер Груп, Скопје, (податоците за нутритивните
вредности се од Агенција за Храна и Ветерина , Скопје)
Протеини g/100g
Јаглехидрати g/100g
Шеќери g/100g
Фибер целулозни влакна g/100g
Масти 99,87 g/100g
Заситени масни кис 18,39
g/100g
Незаситени масни кис 81,48 g/100g
Влага 0,42 g/100g
Пероксиден број 0,055 g/100g
Пепел 0,00 g/100g
Цинк
0,1527 mg/100g
Омега 3 масни киселини: 0,03 g/100g
Омега 6 масни киселини: 50,62 g/100g
Омега 9 масни киселини: 30,42 g/100g
мононезаситени масни киселини: 30,77 g/100g
полинезаситени масни киселини: 50,71 g/100g
транс масни киселини: 0,13 g/100g
палмитинска масни киселини: 11,67 g/100g
палмитоолеинска масни киселини: 0,14 g/100g
стеаринска масни киселини: 5,31 g/100g
олеинска масни киселини: 30,42 g/100g
алфа линоленска масни киселини: 0,00 g/100g