SlideShare une entreprise Scribd logo
1  sur  23
Стек на Кривични дела
Поим и видови на стек
Стекот на кривичните дела обично се дефинира како извршување повеќе кривични дела од
страна на еден сторител за кои се уште не е пресудено.
Теоријата и практиката прават разлика помеѓу идеален и реален стек.
Имено чл.44 ст.1 од КЗ започнува со зборовите:
„Ако сторителот со едно дејствие или со повеќе дејствија сторил повеќе кривични дела за
кои истовремено му се суди, судот претходно ќе ги утврди казните за секое од тие дела,
па за сите дела ќе изрече ќе изрече единствена казна“
• Идеален стек
•
• Постои тогаш кога сторителот со едно дејствие (пропуштање) извршува
повеќе кривични дела за кои едновремено му се суди.
• Пр.терористички напади со кои преку масовните медиуми се среќаваме
речиси секојден,некој во една изјава изнесува невистинити факти со кои
може да им наштети на честа и угледот на повеќе лица.
• Разликуваме хомоген и хетероген идеален стек.
• Кај хомогениот идеален стек едно дејствие се сторуваат повеќе исти
кривични дела.
• Кај хетероген идеален стек со едно дејствие се сторуваат повеќе различни
кривични дела.
• Реален стек
•
• Постои тогаш кога сторителот со повеќе дејствија извршува повеќе кривични
дела за кои едновремено му се суди.
• Пр.секојдевно краде кај што ке стигне
• И во реалниот и во идеалниот стек може да се најдат две или повеќе
еднородни или разнородни кривични дела.
• Во првиот случај зборуваме за хомоген стек (пр.една бомба во авиот, смрт
на стотина патници- пр. За хомоген идеален стек; некој извршува повеќе
тешки кражби со провалување во различни станови-пр.за хомотен реален
стек).
• И во реалниот стек разликуваме хомоген и хетероген реален стек.
• Хомоген реален стек значи дека сторителот со повеќе дејствија сторил
повеќе исти кривични дела.
• Хетероген реален стек- сторителот со повеќе дејствија сторил повеќе
различни крични дела.
• На прв поглед може да изгледа дека реалниот стек е потежок од иделаниот,
зашто и криминилошки гледано, тој значи повторување на престапничкото
поведение.
• Меѓутоа, во присуство на човек, што, сакајќи да постигне цел (да убие
определена личност, на пример.да постигне еден политички ефект: атентати
на ИРА во Обединетото Кралство, на ЕТА во Шпанија, на АЛ КАЕДА и на
ИСЛАМСКАТА Држава ширум светот) , не се стега тоа да го стори со
жртвување наполно невини лица, идеалниот стек не само што може да
изгледа,туку најчесто и е многу потежок поради пројавената безобѕирност
одошто реалниот стек, при чиешто извршување сторителот вложил
грижливо насочени усилби штетните последици да ги ограничи само врз
жртвите што од сопствени причини сакал да ги лиши од живот.
• Како што во стек (идеален и реален) може да бидат различни кривични
дела, така може да се најдат и дела извршени со различни видови вина. Во
случајот со идеален стек може да се најдат умислен обид за убиство на едно
лице и небрежно убиство на друго лице.
• Привиден стек
•
• Привидниот стек може да се нарече учење за стек од негативно
стојалиште.Стекот постои само доколку не се работи за привиден стек.
• За овој пак се зборува во оние животни ситуации, во кои сторителот со едно
или повеќе дејствија остварува законски битија на повеќе кривични дела,
иако всушност постои само едно кривично дело.
• Само навидум изгледа дека сторителот извршил повеќе кривични едка, па
оттука и името „привиден стек“ што ќе рече дека тоа и не е некаков
вистински стек, туку само стек на закони.
• Деф. Привиден стек постои кога сторителот со едно или повеќе дејствија
остварува законски битија за повеќе кривични дела, а всушност постои
едно кривично дело.
• Пр.Некој провалува во туѓ стан и извршува кражба, оваа негова дејност формално
може да се подведе под неколку законски битија:
• 1).под чл.236 ст.1 т.1 КЗ –тешка кражба со провалување во затворени простории
• 2).чл.243 ст.1 КЗ (оштетување туѓи предмети ,во случајот-вратата или прозорецот
преку кој е провалено)
• 3).чл.145 ст.1 КЗ (нарушување на неповредливоста на домот)
• Тука всушност се работи за едно кривично дело (тешка или провална кражба) или
тешка кражба извршена со провалување.
• Токму провалувањето во туѓ затворен простор со оштетување на вратата или
прозорецот е она што обичната кражба ја претвора во тешка кражба.
Преку казнувањето на тешката кражба сторителот се казнува и за оштетување на
вратата или прозорецот и за нарушување на приватноста на туѓиот дом.
• Привиден стек ќе постои тогаш кога содржината на неправото и содржината на
вината на едно човеково криминално поведение се исцрпува во целост со
примената на една законска одредба што доаѓа предвид (заедно со една или
повеќе други одредби) за примена врз даденит случај, така што казнувањето и
според другите одредби би преставувало двократно (или повеќе кратно)
казнување за едно исто поведение.
• Идеален привиден стек
•
• Има неколку видови идеален привиден стек, што во теоријата се означени со
посебни имиња:специјалитет, супсидијаритет, консумпција и алтернативитет.
• Специјалитет-
•
• Две кривични дела се во однос на специјалитет кога едното (посебното) ги
содржи сите обележја на другото (општото), а по него се разликува по некое
натамошно обележје/а што таа криминална содржина ја опфаќаат од посебен
аспект.
• Пр.Кривично дело силување чл.186 ст.1 КЗ ги содржи сите обележја на кривично
дело присилба чл.139 ст.1 КЗ, а од него се разликува по тоа што значи
специфицирање на присилбата на посебен вид трпење (обљуба), така што целата
криминална содржина на присилбата ја опфаќа од еден посебен аспект (од аспект
на слободата на самоопределување во сферата на сексот).Силувањето е, значи
посебен, потежок вид присилба.Двеве дела стојат во однос на посебното спрема
општото,а во однос на видот спрема родот.
• Едно поведение на човекот што ги содржи обележјата на едно посебно
кривично дело едновремено ги содржи и обележјата на општото кривично
дело, па затоа за специјалитетот важи правилото lex specialis derogate legi
generali (посебен закон дерогира општиопт закон).
• Специјалитетот како форма на привиден стек ќе постои секогаш кога се
работи за оснод повеѓу едно основно дело и неговите квалифицирани
односно привилегирани видови.
• Пр. убиство од чл.123 ст.1 КЗ како основно и неговите посебни видови
квалифицираните: сите оние од чл.123 ст.1 1-8 КЗ, убиство на преставници
од највисоките државни органи од чл.309 КЗ, од друга страна
привелегираните: убиство од благородни побуди од чл.124 КЗ, убиство на
миг од чл.125 КЗ, убиство од небрежност од чл.126 КЗ итн)
• Супсидијаритет
•
• Една законска одредба се применува само во случај кога не постои друга
што би доаѓала предвид за пресудување на настанот (ако помагалот се
приклучил кон извршување на кривично дело тој ќе биде казнет како
соизвршител , а не и како помагач.
• Помагањето е тука супсидијарна активност и нејзиното казнување се
исклучува преку казнувањето на примарната (извршителската дејсност).
• Освен многубројните случаи на молкумен супсидијаритет, чиешто
постоење мора да се открива преку вредносно оценување на меѓусебниот
однос на различни кривично-правни одредби, во законите понекогаш се
среќаваат и случаи на т.н експлицитен (изречен) супсидијаритет.
• Пр.чл.276 ст.1 КЗ недозволено производство, каде што е речено дека за тоа
дело ќе се казнува „ако не постојат обележја на некое друго потешко дело“ и
во чл.277 ст.1 (недозволена трговија) каде што исто така се вели дека
сторителот ќе се казни за тоа дело „ако не постојат обележја на некое друго
дело“
• Консумпција
•
• Се дефинира како однос на две законски битија во кој целокупниот криминален
квантитет на едното е содржано во другото или поинаку едното е консумирано од
другото сообразно со максимата.
• До заклучокот за постоење на комсумпција се доаѓа преку вредносно оценување
на дадената ситуација.
Така не е речено не е речено дека едно кривично дело секогаш ќе консумира едно
полесно дело.
• Пр.тешка кражба чл.236 ст.1 т.1 КЗ извршена со обивање (кршење додека истата
дејност во чл.348 ст.2 КЗ ја означува како обивање). Редовно го консумира
оштетувањето туѓи предмети од чл.243 ст.1 КЗ, остварено со кршење.
• Ориентационен критериум при ова вредносно оценување би можел да биде
објектот на заштитата:ако едно или повеќе човекови дејствија се насочени смао
против едно правно добро,постои предвиден стек.
• Напротив ако со едно или повеќе дејствија се напаѓаат различни заштитни правни
добра, ќе се работи за стек на кривични дела.
• Нема стек помеѓу кривично дело лажно преставување и кривично дело
измама ако сторителот, со намера за прибавуваање противправна имотна
корист, лажно му се преставил на оштетениот како воено лице, со што го
довел во заблуда и го навел да постапи на штета на својот имот, зашто
лажното преставување, иако во законот е предвидено како посебно
кривично дело, во склопот на изведената измама во случајот преставува
само елемент од сценарио на измамата и тоа е консумирано со казнувањето
на кривичното дело измама.
• Консумцијата може да се јави во три вида:
• 1.однос на главно и претходно дело (неказниво,консумирано е претходното
дело.
• 2.однос на главно и придружно дело (неказниво, консумирано е
придружното дело)
• 3.однос на главно и дополнително дело (неказниво консумирано е
дополнителното дело).
• 1.Неказниво претходно дело постои тогаш кога едно законско битие
остварено пред а заради извршување на главното дело, но нема никаква
смисла за него сторителот посебно да се казнува, зашто тоа не ја зголемува
ни содржнината на неправото, ниту пак содржината на вината ( пр.телесно
повредување што задолжително му претходи на убиството)
•
• 2.Неказниво придружно дело (инклузија) постои тогаш кога со една дејност
на сторителот, што значи извршување на едно главно дело, едновремено се
остварува и законското битие на друго кривично дело.
• Пр.кога некој силува една жена, при совладувањето на нејзиниот отпор
може да изврши и многубројни други дејствија што, секое за себе, значат
целосно остварување на законски битија на посебни кривични дела(да и ја
испокине облеката, оштетување туѓи предмети).
• Сите овие придружни дела во однос спрема главното се толку беззначајни,
што нивното посебно казнување нема никаква смисла и тие се консумирани
од главното дело.
• 3.Неказниво дополнително дело постои во случај кога сторителот на едно
кривично дело презема некоја друга дејност, што и самата значи
остварување на битието на кривичното дело, но останува неказнета зашто
значи само реализација на користа остварена со главното кривично дело.
• Пр.кривично дело дело фалсификување исправа од чл.378 КЗ може да се
јави во два вида:
• 1.правење лажна исправа со намера да се употреби како вистинска
• 2.употреба на лажна или преправена исправа како вистинска
• Ако некој направи лажна исправа, а потем и ја употреби, со тоа никако не
врши две кривични дела,туку само едно: ќе одговара за првото што го
консумира второто.
• Алтернативитет
•
• Дејноста на сторителот во еден конкретен случај може да се подведе под
два или повеќе посебни законски битија, зашто со неа се остварени нивните
конститутувни елементи.
• Ова најчесто ќе биде случај кога законот предвидува повеќе квалификаторни
околности што на едно основно дело му даваат потежок вид, а во дејноста
на сторителот ќе се стекнат две или повеќе околности: пр убиство од
користољубие извршено на подмолен а свиреп начин.Еден човек е убиен, а
сторителот одговара за три убиства: убиство од користољубие чл.123 ст.2 т.4
КЗ + убиство на подмочен начин чл.123 ст.2. т.1 КЗ + убиство на свиреп начин
чл.123 ст.2 т.1 КЗ
• Продолжено кривично дело
• Чл.45
• 1.На сторителот кој со умисла ќе изврши две или повеќе временски
поврзани дејствија што преставуваат повеќекратни остварување на исто
дело,искористувајки исти траен однос, исти прилики или други слични
околности, судот ќе му изрече единствена казна во границите на казната
пропишана за тоа дело.
• 2.На сторителот кој под услов од став 1 ќе изврши две или повеќе временски
поврзани дејствија што преставуваат остварување на истородни дела, судот
ќе му изрече казна во границите на казната пропишана за најтешкото тело.
• 3.Ако со дејствијата од став 1 и 2 сторителот како вкупна последица ја
оствари последицата на некое потешко кривично дело, ќе се казни со
казната пропишана за тоа дело.
• 4.Одредбите од ст.1 и 2 не се применуваат на дејстијата извршени по
подигање на обвинението.
• Продолжено кривично дело преставува серија од истовидни дела кои се
третираат како едно кривично дело а дејствието на кривичното дело се
третира како сукцесивно преземање на истовидни дејствија.
• Разликуваме објективна и субјективна концепција, како и компромис меѓу
нив да се јави една мешовита, објективно-субјективна концепација.
• Објективната концепција околностите што повеќе криви дела ги обединува
во едно единствено продолжено кривично дело се исклучиво од објективна
природа:истородноста на кривичните дела во серијата, определена
временската поврзаност на одделните дела од серијата, според некои и
истоветноста на оштетениот.
• За субјективната концепција бите обединувачки елемент е единствената
вина, според едни во вид на умисла, според други во вид на нежбрежност.
• Објективно-субјективната концепција ги обединува постулатите на
поретходните две концепции.
• Продолжително кривично дело преставува скривено извршување
временски поврзана серија исти еднородни дејствија што значат целосно
остварување на сликата на законското битие на исто или слично кривично
дело од страна на ист сторител во определена прилика, за кое казната се
одмерува во законските рамки на кривичното дело под кое, зависно од
криминалниот резултат, се супсумира целата серија.
• Разликуваме постојани и променливи конститутувни елементи на поимот
продолжено кривично дело
• Постојани констутивни елементи се:
• 1.идентите на сторителот
• 2.истородност на дејствијата (пропуштање) во серија
• 3.временската поврзаност.
• 1.Барање на идентитетот на сторителот значи две нешта: од една страна
треба да се работи за еден ист извршител на целата серија, а од друга страна
дека треба да постои и идентитет на формата на неговото учество во
делото.За постоење на продолжено кривично дело не е важно дали едни
дејствија ги сторил заедно со едни лица, а други во заедница со други лица.
• 2.Додека став 1 бара да се состои од исти дела, став 2 од законот допушта
серијата да ја сочинуваат и истородни дела.Кога станува збор за правата
ситуација, не се бара да се работи за исто законско битие, туку за исто дело,
а тој услов ќе биде задоволен и кога серијата се состои од дела што може да
се супсумираат под различни законски одредби, под услов да се работи за
квалифицирани односно привелегирани видови на едно исто основно дело
(кражба+ситна+тешка кражба).Единствената последица во ваков случај е
дека квалифицираноста на едното дејствие се распостира врз целото
продолжително кривично дело.
• Ако едно кривично дело е конципирано така што може да се изврши и со
дејствие и со пропуштање,продолжителното кривично дело ќе може да биде
составено и од сторување и од несторување.
• Постои согласност дека барањето за идентитет на делото е запазено и тогаш
кога едно дело останало во обид, а другото или другите биле довршени.
• Пр.обвинетиот во една прилика безуспешно се обидел да провали во
визбата на еден ресторат, а пет дена потем успеал со провалата на истото
место.
• 3.Временската поврзаност
• За да преставуваат продолжено кривично дело дејствијата на сторителот
мора да бидат „временски поврзани“ , тоа значи дека делата мора да бидат
направени во текот на неколку дена или месеци т.с пр.кражбите се вршени
во текот на неколку викенди едноподруго, додека сопствениците се отсутни.)
• Променливи конститутивни елементи
•
• За разлика од постојаните чиишто присуство е секогаш потребно за постоење на
продолжено кривично дело, за променливите не се бара во дадениот случај да
бидат присутни сите заедно, туку е достатно да постои и само еден од нив како
нужен дополнителен лигамент.
• Законот наведува два такви елемента допуштајќи и други слични околности.
• Во теоријата најчесто се наведуваат:
• 1.Иста прилика-се подразбира искористување иста или многу слична поволна
ситуација.
• 2.Ист траен однос се подразбира пр.работниот однос, но и меѓусебен човечки
однос од каков и да е друг вид,односот на наставник и ученик (повеќе кратна
сексуална злоупотреба на ученилк/чка од стран на неговиот наставник)
• 3.Иста крајна цел на делото –фалсификување повеќе јавни исправи (пасоши) од
страна на група млади луѓе со цел да патуваат во странство, фалсификување
возачки дозволи заради пордавање и оставарување противправна имотна корист.
• 4.Просторно единство- кражба на повеќе предмети од иста стоковна куќа,
еден магацин, каде што сторителот провалил.
• 5.Збирност на предмети-кражба од некаква колекција пр.музејска или од
случаен збор предмети (гардероба,паркиралиште).
• Правни последици
•
• Основни правни последици од законското прифаќање на поимот
продолжено кривично дело се исклучувањето на реалниот стек на кривични
дела и распростирањето на правосилноста на една пресудена серија врз
сите одделни дејствија извршени пред пресудата (подигнување на
обвинението).
• ОД ПРАКТИКАТА
• ПРОДОЛЖЕНО ДЕЛО Е ЕДНО ДЕЛО СО ПРВОСТЕПЕНАТА ПРЕСУДА СТОРЕНА Е
СУШТЕСТВЕНА ПОВРЕДА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗКП ОД ЧЛ 355 СТ. Т 11, БИДЕЈЌИ
ОБЖАЛЕНАТА ПРЕСУДА Е НЕЈАСНА И НЕРАЗБИРЛИВА..СО ПРВОСТЕПЕНАТА
ПРЕСУДА ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД ЗА ДЕЛ ОД ДЕЈСТВИЈАТА ДОНЕЛ ОСУДИТЕЛНА
ПРЕСУДА , А ДОДЕКА ЗА ДРУГО ДЕЈСТВИЕ ДОНЕЛ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА.
• “БИДЕЈЌИ СЕ РАБОТИ ЗА ПРОДОЛЖЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО ВО СМИСЛА НА ЧЛ
45 ОД КЗ, А ТАКВОТО ДЕЛО ПРЕТСТАВУВА ЕДНО ДЕЛО ВО КОЕ СЕ ОПФАТЕНИ
ДВЕ ИЛИ ПОВЕЌЕ ДЕЈСТВИЈА ОД СЕРИЈАТА НА ПОВЕЌЕКРАТНОТО
ОСТВАРУВАЊЕ НА СООДВЕТНОТО ИСТО ДЕЛО.ДОКОЛКУ, ПРВОСТЕПЕНИОТ
СУД СМЕТАЛ ДЕКА ЗА ЕДНИ ДЕЈСТВИЈА ПОСТОЈАТ ДОКАЗИ, ОСУДИТЕЛНАТА
ПРЕСУДА ТРЕБАЛО ДА СЕ ДОНЕСЕ САМО ЗА ТИЕ ШТО СЕ ДОКАЖАНИ, А
ДОДЕКА ВО ОБРАЗЛОЖЕНИЕТО НА ПРЕСУДАТА ТРЕБАЛО ДА СЕ ОСВРНЕ НА
ФАКТИТЕ ПОРАДИ КОИ СМЕТА ДЕКА ДРУГИТЕ ДЕЈСТВИЈА НЕ СЕ ДОКАЖАНИ
ОД ПРОДОЛЖЕНОТО КРИВИЧНО ДЕЛО.”
•
• РЕШЕНИЕ НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО ШТИП КЖ-669/12
• 2.„НЕОСНОВАНИ СЕ ЖАЛБЕНИТЕ НАВОДИ КАКЈ ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД
ПОГРЕШНО ГО ПРИМЕНИЛ КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК, КОГА ОБВИНЕТИОТ ГО
ОГЛАСИЛ ЗА ВИНОВЕН ЗА ПРОДОЛЖЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО ИЗМАМА ОД
ЧЛ,247 СТ.4 В.В.СТ.1 ОД КЗ И ДЕКА ВО ДЕЈСТВИЕТО НА ОБВИНЕТИОТ СЕ
СОДРЖАНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ПРОДОЛЖЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО ИЗМАМА ОД
ЧЛ.247 СТ.3, БИДЕЈЌИ НАЈГОЛЕМАТА ПРОТИВПРАВНА ИМОТНА КОРИСТ БИЛА
ОД ПОГОЛЕМА ИМОТНА ВРЕДНОСТ.
• ВО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ ИМАЈЌИ ВО ВИД ДЕКА ЗБИРОТ НА СЕКОЕ
ПОЕДИНЕЧНО ДЕЈСТВИЕ КОЕ Е ОД ПОГОЛЕМА ВРЕДНОСТ КАКО ВКУПНА
ПОСЛЕДИЦА НА СИТЕ ПОЕДИНЕЧНИ ДЕЈСТИВЈА ОД ЕДИНСТВЕНОТО ДЕЛО Е
ОСТВАРЕНА ВКУПНА ИМОТНА КОРИСТ ОД 2.186.490,ОО ДЕНАРИ ШТО Е ОД
ЗНАЧИТЕЛНА ВРЕДНОСТ, ПРАВИЛНО ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД ЗА КОНКРЕТНОТО
КРИВИЧНО ДЕЛО ГО ПРИМЕНИЛ ЧЛ.45 СТ.3 ОД КЗ, СПОРЕД КОЈ АКО СО
ДЕЈСТВИЈАТА ОД СТ. 1 И 2 СТОРИТЕЛОТ КАКО ВКУПНА ПОСЛЕДИЦА ЈА
ОСТВАРИ ПОСЛЕДИЦААТА НА НЕКОЕ ПОТЕШКО КРИВИЧНО ДЕЛО, ЌЕ СЕ
КАЗНИ СО КАЗНА ЗА ТОА КРИВИЧНО ДЕЛО.
• ПРЕСУДА НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО ШТИП КЖ.БР.331/14.

Contenu connexe

Tendances

Promjene u građi i broju hromozoma
Promjene u građi i broju hromozomaPromjene u građi i broju hromozoma
Promjene u građi i broju hromozoma
Sasa Lalevic
 
Brosura ergonomija u poljoprivredi
Brosura ergonomija u poljoprivrediBrosura ergonomija u poljoprivredi
Brosura ergonomija u poljoprivredi
instituttam
 
Etika e sjelljes
Etika e sjelljesEtika e sjelljes
Etika e sjelljes
Anida Ago
 
Menaxhimi i riskut dhe i sigurimeve
Menaxhimi i riskut dhe i sigurimeveMenaxhimi i riskut dhe i sigurimeve
Menaxhimi i riskut dhe i sigurimeve
BlueWesT
 

Tendances (20)

Promjene u građi i broju hromozoma
Promjene u građi i broju hromozomaPromjene u građi i broju hromozoma
Promjene u građi i broju hromozoma
 
Brosura ergonomija u poljoprivredi
Brosura ergonomija u poljoprivrediBrosura ergonomija u poljoprivredi
Brosura ergonomija u poljoprivredi
 
људска права и слободе
људска права и слободељудска права и слободе
људска права и слободе
 
L135 - Fizika - Buka - Lidija Rajković - Slavoljub Radulović
L135 - Fizika - Buka - Lidija Rajković - Slavoljub RadulovićL135 - Fizika - Buka - Lidija Rajković - Slavoljub Radulović
L135 - Fizika - Buka - Lidija Rajković - Slavoljub Radulović
 
Prost kamatni racun
Prost kamatni racunProst kamatni racun
Prost kamatni racun
 
Čovjekove životne potrebe
Čovjekove životne potrebeČovjekove životne potrebe
Čovjekove životne potrebe
 
Adaptacija ucenika prvog razreda na nasu skolu
Adaptacija ucenika prvog razreda na nasu skoluAdaptacija ucenika prvog razreda na nasu skolu
Adaptacija ucenika prvog razreda na nasu skolu
 
Etika e sjelljes
Etika e sjelljesEtika e sjelljes
Etika e sjelljes
 
Burimet e Se Drejtes
Burimet e Se DrejtesBurimet e Se Drejtes
Burimet e Se Drejtes
 
τι είναι το χρώμα;
τι είναι το χρώμα;τι είναι το χρώμα;
τι είναι το χρώμα;
 
ciljevi i grane psihologije
ciljevi i grane psihologijeciljevi i grane psihologije
ciljevi i grane psihologije
 
Doracak Etike Ligjore dhe Profesionale
Doracak Etike Ligjore dhe ProfesionaleDoracak Etike Ligjore dhe Profesionale
Doracak Etike Ligjore dhe Profesionale
 
Drustvene organizacije i institucije
Drustvene organizacije i institucijeDrustvene organizacije i institucije
Drustvene organizacije i institucije
 
Nervni sistem
Nervni sistemNervni sistem
Nervni sistem
 
E drejta e punës dhe sigurimit social
E drejta e punës dhe sigurimit socialE drejta e punës dhe sigurimit social
E drejta e punës dhe sigurimit social
 
алуминијум
алуминијумалуминијум
алуминијум
 
Proizvodi od drveta
Proizvodi od drvetaProizvodi od drveta
Proizvodi od drveta
 
Menaxhimi i riskut dhe i sigurimeve
Menaxhimi i riskut dhe i sigurimeveMenaxhimi i riskut dhe i sigurimeve
Menaxhimi i riskut dhe i sigurimeve
 
Čulo vida
Čulo vidaČulo vida
Čulo vida
 
Mendimi politik
Mendimi politikMendimi politik
Mendimi politik
 

Stek Na krivicni dela.pptx

  • 1. Стек на Кривични дела Поим и видови на стек Стекот на кривичните дела обично се дефинира како извршување повеќе кривични дела од страна на еден сторител за кои се уште не е пресудено. Теоријата и практиката прават разлика помеѓу идеален и реален стек. Имено чл.44 ст.1 од КЗ започнува со зборовите: „Ако сторителот со едно дејствие или со повеќе дејствија сторил повеќе кривични дела за кои истовремено му се суди, судот претходно ќе ги утврди казните за секое од тие дела, па за сите дела ќе изрече ќе изрече единствена казна“
  • 2. • Идеален стек • • Постои тогаш кога сторителот со едно дејствие (пропуштање) извршува повеќе кривични дела за кои едновремено му се суди. • Пр.терористички напади со кои преку масовните медиуми се среќаваме речиси секојден,некој во една изјава изнесува невистинити факти со кои може да им наштети на честа и угледот на повеќе лица. • Разликуваме хомоген и хетероген идеален стек. • Кај хомогениот идеален стек едно дејствие се сторуваат повеќе исти кривични дела. • Кај хетероген идеален стек со едно дејствие се сторуваат повеќе различни кривични дела.
  • 3. • Реален стек • • Постои тогаш кога сторителот со повеќе дејствија извршува повеќе кривични дела за кои едновремено му се суди. • Пр.секојдевно краде кај што ке стигне • И во реалниот и во идеалниот стек може да се најдат две или повеќе еднородни или разнородни кривични дела. • Во првиот случај зборуваме за хомоген стек (пр.една бомба во авиот, смрт на стотина патници- пр. За хомоген идеален стек; некој извршува повеќе тешки кражби со провалување во различни станови-пр.за хомотен реален стек). • И во реалниот стек разликуваме хомоген и хетероген реален стек. • Хомоген реален стек значи дека сторителот со повеќе дејствија сторил повеќе исти кривични дела.
  • 4. • Хетероген реален стек- сторителот со повеќе дејствија сторил повеќе различни крични дела. • На прв поглед може да изгледа дека реалниот стек е потежок од иделаниот, зашто и криминилошки гледано, тој значи повторување на престапничкото поведение. • Меѓутоа, во присуство на човек, што, сакајќи да постигне цел (да убие определена личност, на пример.да постигне еден политички ефект: атентати на ИРА во Обединетото Кралство, на ЕТА во Шпанија, на АЛ КАЕДА и на ИСЛАМСКАТА Држава ширум светот) , не се стега тоа да го стори со жртвување наполно невини лица, идеалниот стек не само што може да изгледа,туку најчесто и е многу потежок поради пројавената безобѕирност одошто реалниот стек, при чиешто извршување сторителот вложил грижливо насочени усилби штетните последици да ги ограничи само врз жртвите што од сопствени причини сакал да ги лиши од живот. • Како што во стек (идеален и реален) може да бидат различни кривични дела, така може да се најдат и дела извршени со различни видови вина. Во случајот со идеален стек може да се најдат умислен обид за убиство на едно лице и небрежно убиство на друго лице.
  • 5. • Привиден стек • • Привидниот стек може да се нарече учење за стек од негативно стојалиште.Стекот постои само доколку не се работи за привиден стек. • За овој пак се зборува во оние животни ситуации, во кои сторителот со едно или повеќе дејствија остварува законски битија на повеќе кривични дела, иако всушност постои само едно кривично дело. • Само навидум изгледа дека сторителот извршил повеќе кривични едка, па оттука и името „привиден стек“ што ќе рече дека тоа и не е некаков вистински стек, туку само стек на закони. • Деф. Привиден стек постои кога сторителот со едно или повеќе дејствија остварува законски битија за повеќе кривични дела, а всушност постои едно кривично дело.
  • 6. • Пр.Некој провалува во туѓ стан и извршува кражба, оваа негова дејност формално може да се подведе под неколку законски битија: • 1).под чл.236 ст.1 т.1 КЗ –тешка кражба со провалување во затворени простории • 2).чл.243 ст.1 КЗ (оштетување туѓи предмети ,во случајот-вратата или прозорецот преку кој е провалено) • 3).чл.145 ст.1 КЗ (нарушување на неповредливоста на домот) • Тука всушност се работи за едно кривично дело (тешка или провална кражба) или тешка кражба извршена со провалување. • Токму провалувањето во туѓ затворен простор со оштетување на вратата или прозорецот е она што обичната кражба ја претвора во тешка кражба. Преку казнувањето на тешката кражба сторителот се казнува и за оштетување на вратата или прозорецот и за нарушување на приватноста на туѓиот дом. • Привиден стек ќе постои тогаш кога содржината на неправото и содржината на вината на едно човеково криминално поведение се исцрпува во целост со примената на една законска одредба што доаѓа предвид (заедно со една или повеќе други одредби) за примена врз даденит случај, така што казнувањето и според другите одредби би преставувало двократно (или повеќе кратно) казнување за едно исто поведение.
  • 7. • Идеален привиден стек • • Има неколку видови идеален привиден стек, што во теоријата се означени со посебни имиња:специјалитет, супсидијаритет, консумпција и алтернативитет. • Специјалитет- • • Две кривични дела се во однос на специјалитет кога едното (посебното) ги содржи сите обележја на другото (општото), а по него се разликува по некое натамошно обележје/а што таа криминална содржина ја опфаќаат од посебен аспект. • Пр.Кривично дело силување чл.186 ст.1 КЗ ги содржи сите обележја на кривично дело присилба чл.139 ст.1 КЗ, а од него се разликува по тоа што значи специфицирање на присилбата на посебен вид трпење (обљуба), така што целата криминална содржина на присилбата ја опфаќа од еден посебен аспект (од аспект на слободата на самоопределување во сферата на сексот).Силувањето е, значи посебен, потежок вид присилба.Двеве дела стојат во однос на посебното спрема општото,а во однос на видот спрема родот.
  • 8. • Едно поведение на човекот што ги содржи обележјата на едно посебно кривично дело едновремено ги содржи и обележјата на општото кривично дело, па затоа за специјалитетот важи правилото lex specialis derogate legi generali (посебен закон дерогира општиопт закон). • Специјалитетот како форма на привиден стек ќе постои секогаш кога се работи за оснод повеѓу едно основно дело и неговите квалифицирани односно привилегирани видови. • Пр. убиство од чл.123 ст.1 КЗ како основно и неговите посебни видови квалифицираните: сите оние од чл.123 ст.1 1-8 КЗ, убиство на преставници од највисоките државни органи од чл.309 КЗ, од друга страна привелегираните: убиство од благородни побуди од чл.124 КЗ, убиство на миг од чл.125 КЗ, убиство од небрежност од чл.126 КЗ итн)
  • 9. • Супсидијаритет • • Една законска одредба се применува само во случај кога не постои друга што би доаѓала предвид за пресудување на настанот (ако помагалот се приклучил кон извршување на кривично дело тој ќе биде казнет како соизвршител , а не и како помагач. • Помагањето е тука супсидијарна активност и нејзиното казнување се исклучува преку казнувањето на примарната (извршителската дејсност). • Освен многубројните случаи на молкумен супсидијаритет, чиешто постоење мора да се открива преку вредносно оценување на меѓусебниот однос на различни кривично-правни одредби, во законите понекогаш се среќаваат и случаи на т.н експлицитен (изречен) супсидијаритет. • Пр.чл.276 ст.1 КЗ недозволено производство, каде што е речено дека за тоа дело ќе се казнува „ако не постојат обележја на некое друго потешко дело“ и во чл.277 ст.1 (недозволена трговија) каде што исто така се вели дека сторителот ќе се казни за тоа дело „ако не постојат обележја на некое друго дело“
  • 10. • Консумпција • • Се дефинира како однос на две законски битија во кој целокупниот криминален квантитет на едното е содржано во другото или поинаку едното е консумирано од другото сообразно со максимата. • До заклучокот за постоење на комсумпција се доаѓа преку вредносно оценување на дадената ситуација. Така не е речено не е речено дека едно кривично дело секогаш ќе консумира едно полесно дело. • Пр.тешка кражба чл.236 ст.1 т.1 КЗ извршена со обивање (кршење додека истата дејност во чл.348 ст.2 КЗ ја означува како обивање). Редовно го консумира оштетувањето туѓи предмети од чл.243 ст.1 КЗ, остварено со кршење. • Ориентационен критериум при ова вредносно оценување би можел да биде објектот на заштитата:ако едно или повеќе човекови дејствија се насочени смао против едно правно добро,постои предвиден стек. • Напротив ако со едно или повеќе дејствија се напаѓаат различни заштитни правни добра, ќе се работи за стек на кривични дела.
  • 11. • Нема стек помеѓу кривично дело лажно преставување и кривично дело измама ако сторителот, со намера за прибавуваање противправна имотна корист, лажно му се преставил на оштетениот како воено лице, со што го довел во заблуда и го навел да постапи на штета на својот имот, зашто лажното преставување, иако во законот е предвидено како посебно кривично дело, во склопот на изведената измама во случајот преставува само елемент од сценарио на измамата и тоа е консумирано со казнувањето на кривичното дело измама. • Консумцијата може да се јави во три вида: • 1.однос на главно и претходно дело (неказниво,консумирано е претходното дело. • 2.однос на главно и придружно дело (неказниво, консумирано е придружното дело) • 3.однос на главно и дополнително дело (неказниво консумирано е дополнителното дело).
  • 12. • 1.Неказниво претходно дело постои тогаш кога едно законско битие остварено пред а заради извршување на главното дело, но нема никаква смисла за него сторителот посебно да се казнува, зашто тоа не ја зголемува ни содржнината на неправото, ниту пак содржината на вината ( пр.телесно повредување што задолжително му претходи на убиството) • • 2.Неказниво придружно дело (инклузија) постои тогаш кога со една дејност на сторителот, што значи извршување на едно главно дело, едновремено се остварува и законското битие на друго кривично дело. • Пр.кога некој силува една жена, при совладувањето на нејзиниот отпор може да изврши и многубројни други дејствија што, секое за себе, значат целосно остварување на законски битија на посебни кривични дела(да и ја испокине облеката, оштетување туѓи предмети).
  • 13. • Сите овие придружни дела во однос спрема главното се толку беззначајни, што нивното посебно казнување нема никаква смисла и тие се консумирани од главното дело. • 3.Неказниво дополнително дело постои во случај кога сторителот на едно кривично дело презема некоја друга дејност, што и самата значи остварување на битието на кривичното дело, но останува неказнета зашто значи само реализација на користа остварена со главното кривично дело. • Пр.кривично дело дело фалсификување исправа од чл.378 КЗ може да се јави во два вида: • 1.правење лажна исправа со намера да се употреби како вистинска • 2.употреба на лажна или преправена исправа како вистинска • Ако некој направи лажна исправа, а потем и ја употреби, со тоа никако не врши две кривични дела,туку само едно: ќе одговара за првото што го консумира второто.
  • 14. • Алтернативитет • • Дејноста на сторителот во еден конкретен случај може да се подведе под два или повеќе посебни законски битија, зашто со неа се остварени нивните конститутувни елементи. • Ова најчесто ќе биде случај кога законот предвидува повеќе квалификаторни околности што на едно основно дело му даваат потежок вид, а во дејноста на сторителот ќе се стекнат две или повеќе околности: пр убиство од користољубие извршено на подмолен а свиреп начин.Еден човек е убиен, а сторителот одговара за три убиства: убиство од користољубие чл.123 ст.2 т.4 КЗ + убиство на подмочен начин чл.123 ст.2. т.1 КЗ + убиство на свиреп начин чл.123 ст.2 т.1 КЗ
  • 15. • Продолжено кривично дело • Чл.45 • 1.На сторителот кој со умисла ќе изврши две или повеќе временски поврзани дејствија што преставуваат повеќекратни остварување на исто дело,искористувајки исти траен однос, исти прилики или други слични околности, судот ќе му изрече единствена казна во границите на казната пропишана за тоа дело. • 2.На сторителот кој под услов од став 1 ќе изврши две или повеќе временски поврзани дејствија што преставуваат остварување на истородни дела, судот ќе му изрече казна во границите на казната пропишана за најтешкото тело. • 3.Ако со дејствијата од став 1 и 2 сторителот како вкупна последица ја оствари последицата на некое потешко кривично дело, ќе се казни со казната пропишана за тоа дело. • 4.Одредбите од ст.1 и 2 не се применуваат на дејстијата извршени по подигање на обвинението.
  • 16. • Продолжено кривично дело преставува серија од истовидни дела кои се третираат како едно кривично дело а дејствието на кривичното дело се третира како сукцесивно преземање на истовидни дејствија. • Разликуваме објективна и субјективна концепција, како и компромис меѓу нив да се јави една мешовита, објективно-субјективна концепација. • Објективната концепција околностите што повеќе криви дела ги обединува во едно единствено продолжено кривично дело се исклучиво од објективна природа:истородноста на кривичните дела во серијата, определена временската поврзаност на одделните дела од серијата, според некои и истоветноста на оштетениот. • За субјективната концепција бите обединувачки елемент е единствената вина, според едни во вид на умисла, според други во вид на нежбрежност.
  • 17. • Објективно-субјективната концепција ги обединува постулатите на поретходните две концепции. • Продолжително кривично дело преставува скривено извршување временски поврзана серија исти еднородни дејствија што значат целосно остварување на сликата на законското битие на исто или слично кривично дело од страна на ист сторител во определена прилика, за кое казната се одмерува во законските рамки на кривичното дело под кое, зависно од криминалниот резултат, се супсумира целата серија. • Разликуваме постојани и променливи конститутувни елементи на поимот продолжено кривично дело • Постојани констутивни елементи се: • 1.идентите на сторителот • 2.истородност на дејствијата (пропуштање) во серија • 3.временската поврзаност.
  • 18. • 1.Барање на идентитетот на сторителот значи две нешта: од една страна треба да се работи за еден ист извршител на целата серија, а од друга страна дека треба да постои и идентитет на формата на неговото учество во делото.За постоење на продолжено кривично дело не е важно дали едни дејствија ги сторил заедно со едни лица, а други во заедница со други лица. • 2.Додека став 1 бара да се состои од исти дела, став 2 од законот допушта серијата да ја сочинуваат и истородни дела.Кога станува збор за правата ситуација, не се бара да се работи за исто законско битие, туку за исто дело, а тој услов ќе биде задоволен и кога серијата се состои од дела што може да се супсумираат под различни законски одредби, под услов да се работи за квалифицирани односно привелегирани видови на едно исто основно дело (кражба+ситна+тешка кражба).Единствената последица во ваков случај е дека квалифицираноста на едното дејствие се распостира врз целото продолжително кривично дело.
  • 19. • Ако едно кривично дело е конципирано така што може да се изврши и со дејствие и со пропуштање,продолжителното кривично дело ќе може да биде составено и од сторување и од несторување. • Постои согласност дека барањето за идентитет на делото е запазено и тогаш кога едно дело останало во обид, а другото или другите биле довршени. • Пр.обвинетиот во една прилика безуспешно се обидел да провали во визбата на еден ресторат, а пет дена потем успеал со провалата на истото место. • 3.Временската поврзаност • За да преставуваат продолжено кривично дело дејствијата на сторителот мора да бидат „временски поврзани“ , тоа значи дека делата мора да бидат направени во текот на неколку дена или месеци т.с пр.кражбите се вршени во текот на неколку викенди едноподруго, додека сопствениците се отсутни.)
  • 20. • Променливи конститутивни елементи • • За разлика од постојаните чиишто присуство е секогаш потребно за постоење на продолжено кривично дело, за променливите не се бара во дадениот случај да бидат присутни сите заедно, туку е достатно да постои и само еден од нив како нужен дополнителен лигамент. • Законот наведува два такви елемента допуштајќи и други слични околности. • Во теоријата најчесто се наведуваат: • 1.Иста прилика-се подразбира искористување иста или многу слична поволна ситуација. • 2.Ист траен однос се подразбира пр.работниот однос, но и меѓусебен човечки однос од каков и да е друг вид,односот на наставник и ученик (повеќе кратна сексуална злоупотреба на ученилк/чка од стран на неговиот наставник) • 3.Иста крајна цел на делото –фалсификување повеќе јавни исправи (пасоши) од страна на група млади луѓе со цел да патуваат во странство, фалсификување возачки дозволи заради пордавање и оставарување противправна имотна корист.
  • 21. • 4.Просторно единство- кражба на повеќе предмети од иста стоковна куќа, еден магацин, каде што сторителот провалил. • 5.Збирност на предмети-кражба од некаква колекција пр.музејска или од случаен збор предмети (гардероба,паркиралиште). • Правни последици • • Основни правни последици од законското прифаќање на поимот продолжено кривично дело се исклучувањето на реалниот стек на кривични дела и распростирањето на правосилноста на една пресудена серија врз сите одделни дејствија извршени пред пресудата (подигнување на обвинението).
  • 22. • ОД ПРАКТИКАТА • ПРОДОЛЖЕНО ДЕЛО Е ЕДНО ДЕЛО СО ПРВОСТЕПЕНАТА ПРЕСУДА СТОРЕНА Е СУШТЕСТВЕНА ПОВРЕДА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗКП ОД ЧЛ 355 СТ. Т 11, БИДЕЈЌИ ОБЖАЛЕНАТА ПРЕСУДА Е НЕЈАСНА И НЕРАЗБИРЛИВА..СО ПРВОСТЕПЕНАТА ПРЕСУДА ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД ЗА ДЕЛ ОД ДЕЈСТВИЈАТА ДОНЕЛ ОСУДИТЕЛНА ПРЕСУДА , А ДОДЕКА ЗА ДРУГО ДЕЈСТВИЕ ДОНЕЛ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА. • “БИДЕЈЌИ СЕ РАБОТИ ЗА ПРОДОЛЖЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО ВО СМИСЛА НА ЧЛ 45 ОД КЗ, А ТАКВОТО ДЕЛО ПРЕТСТАВУВА ЕДНО ДЕЛО ВО КОЕ СЕ ОПФАТЕНИ ДВЕ ИЛИ ПОВЕЌЕ ДЕЈСТВИЈА ОД СЕРИЈАТА НА ПОВЕЌЕКРАТНОТО ОСТВАРУВАЊЕ НА СООДВЕТНОТО ИСТО ДЕЛО.ДОКОЛКУ, ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД СМЕТАЛ ДЕКА ЗА ЕДНИ ДЕЈСТВИЈА ПОСТОЈАТ ДОКАЗИ, ОСУДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ТРЕБАЛО ДА СЕ ДОНЕСЕ САМО ЗА ТИЕ ШТО СЕ ДОКАЖАНИ, А ДОДЕКА ВО ОБРАЗЛОЖЕНИЕТО НА ПРЕСУДАТА ТРЕБАЛО ДА СЕ ОСВРНЕ НА ФАКТИТЕ ПОРАДИ КОИ СМЕТА ДЕКА ДРУГИТЕ ДЕЈСТВИЈА НЕ СЕ ДОКАЖАНИ ОД ПРОДОЛЖЕНОТО КРИВИЧНО ДЕЛО.” •
  • 23. • РЕШЕНИЕ НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО ШТИП КЖ-669/12 • 2.„НЕОСНОВАНИ СЕ ЖАЛБЕНИТЕ НАВОДИ КАКЈ ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД ПОГРЕШНО ГО ПРИМЕНИЛ КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК, КОГА ОБВИНЕТИОТ ГО ОГЛАСИЛ ЗА ВИНОВЕН ЗА ПРОДОЛЖЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО ИЗМАМА ОД ЧЛ,247 СТ.4 В.В.СТ.1 ОД КЗ И ДЕКА ВО ДЕЈСТВИЕТО НА ОБВИНЕТИОТ СЕ СОДРЖАНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ПРОДОЛЖЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО ИЗМАМА ОД ЧЛ.247 СТ.3, БИДЕЈЌИ НАЈГОЛЕМАТА ПРОТИВПРАВНА ИМОТНА КОРИСТ БИЛА ОД ПОГОЛЕМА ИМОТНА ВРЕДНОСТ. • ВО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ ИМАЈЌИ ВО ВИД ДЕКА ЗБИРОТ НА СЕКОЕ ПОЕДИНЕЧНО ДЕЈСТВИЕ КОЕ Е ОД ПОГОЛЕМА ВРЕДНОСТ КАКО ВКУПНА ПОСЛЕДИЦА НА СИТЕ ПОЕДИНЕЧНИ ДЕЈСТИВЈА ОД ЕДИНСТВЕНОТО ДЕЛО Е ОСТВАРЕНА ВКУПНА ИМОТНА КОРИСТ ОД 2.186.490,ОО ДЕНАРИ ШТО Е ОД ЗНАЧИТЕЛНА ВРЕДНОСТ, ПРАВИЛНО ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД ЗА КОНКРЕТНОТО КРИВИЧНО ДЕЛО ГО ПРИМЕНИЛ ЧЛ.45 СТ.3 ОД КЗ, СПОРЕД КОЈ АКО СО ДЕЈСТВИЈАТА ОД СТ. 1 И 2 СТОРИТЕЛОТ КАКО ВКУПНА ПОСЛЕДИЦА ЈА ОСТВАРИ ПОСЛЕДИЦААТА НА НЕКОЕ ПОТЕШКО КРИВИЧНО ДЕЛО, ЌЕ СЕ КАЗНИ СО КАЗНА ЗА ТОА КРИВИЧНО ДЕЛО. • ПРЕСУДА НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО ШТИП КЖ.БР.331/14.