Publicité
podgotovka-za-ozv-kontrolori-na-emocii (1).doc
podgotovka-za-ozv-kontrolori-na-emocii (1).doc
Prochain SlideShare
Emocionalna InteligencijaEmocionalna Inteligencija
Chargement dans ... 3
1 sur 2
Publicité

Contenu connexe

Publicité

podgotovka-za-ozv-kontrolori-na-emocii (1).doc

  1. ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ Програмска тема I: Личен развој Име на работилницата:Контролори на емоции Дата на одржаната работилница :21 октомври 2012 година Училишен психолог: Јасминка Ѓорѓевиќ Цели на работилницата:  да знае за постоењето разлика меѓу „приватното“ и „јавното“ јас,  да сфати дека во вреднувањето на однесувањето на поединецот има разлики од страна на другите,  да умее да дискутира за причините во разликите на мислењата за нас од околината (различни групи). Методи на работа:  Дискусија со цела група,  Игровни активности. Форми на работа:  Фронтална,  индивидуална,  во група. Наставни средства:  Работен лист за учениците: контролори на емоции,  Прибор за пишување.
  2. Активност Опис на активноста Време Воведна активност Игровна активност: Торбичка со чувства 5 мин. Главна активност Сите се делат во шест групи и секоја група извлекува по еден претходно исечен дел од работниот лист за учениците: Емоции и треба сите можни варијации во пројавување на таа емоција ( по интензитет, начин на покажување, дали е позитивна или негативна итн.) да ги запише на голем лист хартија. Потоа по еден претставник од група го залепува листот на видно место и го чита напишаното пред останатите. 10 мин. Дискусија Прашања: 1.Што мислите која група беше најбирана? По моја статистика... ♦Зошто се определивте токму за мислењето на таа група? (Сите наведени групи не ни значат исто. Обично секој ја бира групата која најмногу му значи односно можеби најдобро го познава...) 2.Дали сите од околината имаат исто мислење за нас? Не. ♦ Зошто? (Затоашто со различни луѓе споделуваме различни искуства и различни аспекти од нашата личност). 3.Што мислите дали мислењето на другите се совпаѓа со мислењето што секој го има за себе? Не мора секогаш. ♦ Зошто? (Затоашто има индивидуални разлики меѓу нас,. Некои се можеби лоши проценувачи, некои можеби сметаат дека не сме доволно отворени,, дека не секогаш јасно го изнесуваме она што го мислиме, чувствуваме. Некои прават проценка врз основа на она што го знаат од порано за поединецот, а не врз основа на она што тој го дал како материјал- изјава, постапка, израз...) 4. Дали има разлика помеѓу „јавното“ јас (она што го претставуваме пред другите) и „приватното“ јас – она што сме? Очекуван одговор- ДА. ♦ Зошто? Кои се причините поради кои има разлика меѓу нашето „јавно“ јас и „приватно“ јас? (Во периодот на адолесценцијата меѓу главните одлики е и желбата да се остави впечаток пред другите,да се направи нешто што ќе ги воодушеви, да експериментираат, да се искажат, но и страв, несигурност, страв од одбивање ако се покаже автентичното однесување, потоа тука е и потребата за самостојност и приватност. 5. Што се случува со овие две слики во натамошниот развој на личноста? Постои тенденција за интеграција на личноста и приближување на овие две слики па дури и совпаѓање на „приватното“ јас и „јавното “ јас. 5 мин. до 10 мин. Завршна активност Игровна активност:Име + емоција 5 мин. Рефлексија  Што правевме денеска?  Како се чувствувавте?  Што научивме?  Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот 5 мин.
Publicité